Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.Т.(58) од општина Чашка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, соопшти МВР. Пријавениот на негов профил на социјална мрежа прикачил видео запис на кој се гледа како тој во дворот од својот дом испукува куршуми во воздух. СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.Т.(58) од општина Чашка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично ...
Македонија е кредибилен сојузник во НАТО и како држава покажавме дека кога е потребно тука сме да застанеме рамо до рамо со сојузниците, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски. По отворањето нова трафостаница „ТС Централна“ во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање, денеска кога се одбележува шест години од членството во НАТО, за тоа дали Македонија е кредибилен сојузник и покрај големата цена што ја плати, Мицкоски забележа дека од ...
Македонските фудбалери не успеаја да изборат финале во баражот за СП 2026 откако вечерва во Копенхаген беа убедливо совладани од домаќинот Данска со 4:0. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски беа конкурентни само во првиот дел од првото полувреме, а тоа што го најавија во завршницата на првото полувреме данските фудбалери го реализираа во вториот дел. Првата посериозна шанса во 14.минута ја имаше домаќинот кога ударот на Хојлунд, Зајков го ...
Македонската фудбалска репрезентација со поразот од 4:0 од Данска во Копенхаген синоќа го заврши настапот во баражот за Светското првенство 2026. Во своето деби селекторот Гоце Седлоски имаше непријатно искуство, особено што по првиот дел резултатот беше 0:0, а на стартот на вториот дел за десет минути Данска постигна три гола. -Се распаднавме. Првиот гол на противникот создаде хаос. Имавме големи проблеми со Густав Исаксен и Микел Дамсгард. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави преземање извршни мерки за исплата на 50.000 работници на аеродромите откога во Конгресот закочи договорот за решавање на недостигот од персонал што го парализира внатрешниот авиосообраќај во САД. Трамп соопшти дека му наложил на Министерството за татковинска безбедност (ДХС) „веднаш да ги исплати агентите на Управата за безбедност во транспортот (ТСА)“ со цел да се реши вонредната состојба и, ...
Во текот на првите три недели од вооружениот конфликт со Иран, американската војска веројатно изгуби до 2,9 милијарди долари во воена опрема, изјави за „Волстрит џурнал“ Елејн Мекаскер, висок функционер за буџетот на Пентагон за време на првата администрација на американскиот претседател Доналд Трамп. Таа ги процени штетите од битката и надоместокот за загубите на приближно 1,4 до 2,9 милијарди долари, при што втората проценка ја одразува ...
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе ...
Делови од Кисела Вода, Карпош и Гази Баба денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, додека без вода поради уличен дефект ќе биде една улица во населбата Нерези. Според информациите од ЕВН Македонија, од 8 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Борис Трајковски“ и фирмите „Милсон“ и „М-Гома“ во општина Кисела Вода, а од 10 до 12 часот деловните простории пред „Термо ...
Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни чинители - Делегацијата на ЕУ, УНИЦЕФ, Светска банка, ГИЗ, УНДП, ЕТФ, Стопанската комора, Швајцарската амбасада, Бирото за развој на образованието, Центарот за развој на стручното образование, ...
Нa 29 март, в недела наутро, точно во 2 часот, стрелките на часовникот се поместуваат на 3 часот. Во тој миг, имаме еден час помалку за сон од нашиот викенд. Правилото е едноставно: Додека наесен стрелките одат еден час наназад, напролет стрелките од часовникот ги поместуваме еден час напред. Со други зборови, се движиме кон летото и подолгите денови… Но, за разлика од некои луѓе, повеќето паметни телефони и часовници автоматски ќе се ...
Советот на јавните обвинители денеска треба да ја одржи 40-тата седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои донесување одлука за избор на виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство - Скопје. На дневен ред е и донесување одлука за избор на јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција - Скопје. Седницата првично беше закажана за 18 март годинава, но беше одложена. МИА Советот ...
Кумановските пожарникари интервенирале на пожар во стан на улицата „Димитрије Туцовиќ“ во центарот на Куманово, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи. Во пожарот нема повредени лица. - Територијалната противпожарна единица интервенирала од 10: 55 часот на пожар во стан на улица. Димитрие Туцовиќ“. Пожарот е успешно локализиран во 12:45 часот, со една екипа и едно противпожарно возило- соопшти РЦУК Куманово ...
Дваесет и петгодишна Шпанка, која е инвалидизирана од половината надолу, вчера беше евтаназирана на нејзино барање по двегодишна правна битка со нејзиниот татко, кој беше против нејзината одлука. Шпанија е една од ретките земји во Европа што ја декриминализираше евтаназијата од 2021 година. Ноелија почина вечерта во болница во град на 40 километри од Барселона. „Сакам сега да си одам во мир, да престанам да страдам, тоа е тоа“, рече Ноелија ...
Државите од еврозоната на денешниот онлајн состанок ќе разговараат за мерките против растот на цените на енергијата предизвикан од последните случувања на Блискиот Исток, се наведува во програмата на Еврогрупата. Европската комисија (ЕК) во работниот документ доставен пред состанокот предупредува дека Унијата се соочува со можни прекини во снабдувањето. Војната во Блискиот Исток предизвика сериозни нарушувања на пазарот на нафта и гас, а ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека косовскиот премиер Албин Курти денеска во Париз ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон и ќе му изнесе две барања, од кои едното е „многу опасно“. Тој ги повика сите светски претставници „да не си играат со тоа“. Вучиќ на телевизијата Прва изјави дека Курти ќе побара од Макрон НАТО да ја напушти копнената безбедносна зона на северот од Косово и Франција да го поддржи ...
Иран го смета мировниот предлог на САД за „едностран и неправеден“, изјави денеска за Ројтерс висок ирански функционер, додавајќи дека може да се постигне напредок само доколку реалноста преовлада во Вашингтон. Иран го пренесе својот став до САД преку посредникот Пакистан, а функционерот рече дека предлогот бил „детално разгледан синоќа од високи ирански функционери и претставник на врховниот лидер на Иран“. „Накратко, предлогот сугерира ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е тешко да се предвидат последиците од конфликтите на Блискиот Исток, но дека нивното потенцијално влијание веќе се споредува со последиците од пандемијата на ковид-19. Според него, конфликтот предизвикува значителна штета на меѓународната логистика, производството и синџирите на снабдување, а во исто време ги става под силен притисок компаниите во секторите за јаглеводороди, метали и ѓубрива ...
– Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Иран истрелал ракета врз британската воена база Диего Гарсија, која „наводно ја нема“, и оти е разочаран од одговорот на членките на НАТО, а особено од Велика Британија, на барањето за помош во војната со Иран. Говорејќи за иранскиот напад со балистички ракети врз британско-американската воена база Диего Гарсија на островите Чагос во Индискиот Океан, Трамп на седницата на кабинетот ...
Израел го целеше и го уби командантот на морнарицата на Иранската исламска револуционерна гарда (ИРЦГ), изјави денеска израелскиот министер за одбрана Израел Кац. Израелската војска го „неутрализираше“ адмиралот Алиреза Тангсири „заедно со високи офицери на поморската команда“, се вели во соопштението на Кац. Засега нема потврда од Иран, пренесе ДПА. Тангсири бил убиен синоќа во воздушен напад, изјави портпаролот на израелската војска. Кац ...
ДУИ бара одговорност од Претседателот на Уставниот суд и воведување на бадентер при гласање за прашања кои ги засегаат етничките заедници. Му замеруваат дека Законот за јазиците го квалификувал како извор на правен и политички хаос, бил судија известител кога Уставен го укина балансерот, имал став дека Сејф сити не треба да испраќа пораки на албански, а натписот во салата на Уставниот суд бил само на македонски. Бараат јавно да ги објаснел ...
Заканата од растечка инфлација ќе ја зголеми потребата од нови мерки кои ќе треба да ги преземе Владата. Намалувањето на ДДВ кај горивата не е доволно, бидејќи кризата на Блискиот Исток ќе потрае, сметаат експертите. Ризикот за раст на цените во светските економии е три пати поголем од кризата во 2022-та, но, за да се спречи неоправдан скок - инспекциите да излезат на терен и да проверуваат, колку поскапувањето е реално. - Се очекува пораст ...
Претседателот на Синдикатот на контролори на летање доби кривична пријава. Според адвокатот на Македонска навигација, Тасевски како вработен користел пет дена за синдикални активности, но наместо на состаноци, тој заминал на приватен одмор. Деновите му биле платени исто како да е на работа, па со тоа ја злоупотребил службената должност и направил штета од околу 1.100 евра. - Господинот во својство на претседател, на овластено службено лице, ...
Во понеделник јавноста ќе има на увид што од забелешките на стручната фела е прифатено во Законот за високо образование. Текстот ќе биде објавен на ЕНЕР за увид во измените кои се направени по неколку неделните јавни дебати на сите универзитети во Македонија. Министерката Јаневска рече дека прифатиле еден труд помалку како критериум за магистерска и докторат, помал процент за банкарска гаранција за приватните универзитети, нови критериуми за ...
Младите не се чувствуваат безбедно кога излегуваат. На полицијата пак наместо фокусот да и е кај вистинските криминалци, таа се занимава со малолетници и казни за ситни прекршоци. Ова се мислењата на средношколците, а проблемите со безбедноста со кои секојдневно се соочуваат денеска и ги претставија на претседателката Силјановска-Давкова. Дел од нив сметаат дека системот е виновен, дека институциите потфрлаат, а за пример ја посочуваат ...
Растот на цените, работата на новиот државен јавен обвинител и корупцијата во фокусот на денешните пратенички прашања кои не можеа а да не поминат без етничките прашања. Опозициската СДСМ бараше мерки од Владата за зауздување на поскапувањето кое доаѓа како резултат на растот на цените на суровата нафта на светските берзи. Од Владата велат, состојбата ја следат, а мерки ќе има ако има и енормно зголемување на цените. Премиерот ги кажа своите ...
И во услови на епска, историски најголема криза со енергентите, платите растат, дефицитот и инфлацијата се намалуваат, го плаќаме солидарниот данок и имаме 3,5 проценти реален раст кога во Европа е речиси еден отсто. И покрај сите предизвици, се справуваме и, наместо коленичење, испраќаме порака на стабилност, сигурност и помагаме - рече денеска премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница. Одговорајќи на пратеничко прашање, ...
Предизвиците со домувањето во Македонија и неможноста младите да дојдат до сопствен дом поради високите цени на становите, кои достигнуваат до 2.500 евра за метар квадратен во Скопје, предизвикаа полемика меѓу пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, и министерот за транспорт, Александар Николоски, на денешната. седница за пратенички прашања во законодавниот дом. Мециновиќ ја обвини Владата за негрижа кон работничките семејства и толерирање ...
Во системот за електронско управување со документи и електронска архива имаме за десет пати зголемување на институции за разлика од времето од пред четири години, истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски од собраниската говорница. Андоновски рече дека кога стапил на функцијата на системот имало приклучено околу 20 државни институции, но во изминатата година ипол приклучени се нови 23 институции, а во тек на ...
Македонскиот кикбоксер Лука Кипровски во сабота (28 март) ќе го има својот прв настап во WAKO PRO, каде ќе се соочи со црногорскиот шампион Лазар Кликавац. Борбата ќе се одржи во хотел „Splendid“ во Црна Гора, во категоријата до 86 килограми, во К1 дисциплината (3 рунди по 3 минути). Кипровски, кој настапува за клубот „Шампион – Магнус Тим“, под водство на тренерот Дејан Митровски Урко, влегува во овој меч како технички подготвен и искусен ...
На првата објавена фотографија е прикажан младиот волшебник Хари Потер во училиштето Хогвортс, а веќе е промовиран и првиот трејлер за серијата. Новата актерска постава ја предводи Доминик Меклафлин во главната улога, додека Арабела Стентон ја толкува Хермиона Грејнџер, а Аластар Стаут е во улогата на Рон Визли. Тимот е комплетиран со Ник Фрост како Хагрид, Џон Литгоу во улогата на Албус Дамблдор и Папа Есиеду како професорот Северус Снејп. ...