Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Директорката на Одделот за подготвеност и превенција од епидемии и пандемии при Светската здравствена организација (СЗО), Марија ван Керхове, денеска изјави дека во САД е потврдено дека лицето кое имало нејасен резултат на тестот, подоцна било негативно на хантавирус, со што вкупниот број на случаи во светот е намален од 11 на 10. Ван Керхове рече дека претходниот извештај на агенцијата вклучувал едно лице со неодреден резултат на тестот, а ...
За 10 години за 30 проценти е намален бројот на новороденчиња. Ако во 2014 имало над 23 000 раѓања во земјата, лани таа бројка беше нешто повеќе од 15 000. Наталитетот е во драматичен минус и освен итни мерки за демографски развој, гинеколозите апелираат и за поголема грижа за женското здравје. -Тоа за нас треба да претставува еден аларм, не само бројка не само статистику, што ќе не наведе да имаме поголема грижа кон жените и целосна поддршка ...
Цените засега стабилни, а кај овошјето и зеленчукот регистриран пад. Зголемување има само кај одредени увозни производи, но трговците ги намалиле маржите, па затоа нема основ да се носат мерки, смета министерот за економија Дурмиши. Државниот Пазарен инспекторат во моментов ги контролира маркетите и ако се утврди зголемување на маржите – владата ќе интервенира. -Немаме основа по која би постапиле. Ќе ја анализираме ситуацијата до крајот на ...
Над 20.000 повици се регистрирани на телефонскиот број 078/274-283 од црните билборди со наслов „Како звучи неодговорно возење?“. Билбордите беа поставени од телекомуникацискиот оператор А1. На бројот не крева никој - како потсетник какви би можеле да бидат ефектите од возење со мобилен во рака. -За жал сме сведоци на сѐ поголем број на сообраќајни незгоди коишто се предизвикани од неодговорно користење на технлогиите, пред сѐ мислам на ...
Од почетокот на годинава регистрирани се 41 пријава за насилство во училиштата. Речиси сите се од загрижени родители, само две се поднесени од ученици што укажува на страв и молк од жртвите на врсничкото насилство. Последниот сериозен инцидент во Ченто во кој ученик беше тешко повреден со нож во училишниот тоалет, ги поттикна институциите данаправат и законски измени со кои ќе се превенира насилството. Предлог текстот е во собраниска ...
Обвинителството ги искривило исказите на инженерите за да ги искористи како изговор да го прекине кривичното гонење во случајот мазут, тврди државната ЕСМ. Оттаму додаваат дека лицата повикани во предистражната постапка не биле ниту овластени, ниту компетентни да даваат коментари за евентуална финансиска штета. Од ЕСМ велат дека надлежната обвинителка побарала инженери за да ги образложат техничките процеси при набавката на мазутот и ...
Во прилепката болница денеска се направи последната аналогна рентген снимка. Со соствени средства во висина од над 9.3 милиони денари болницата набави еден од најсовремените дигитални тавански рентгенски системи со безжичен пренослив детектор. За да го користат овој апарат пациентите од цела Македонија мораа за истото да плаќаат на приватните клиники. Прилеп станува прв од поголемите градски центри кај нас со комплетна дигитализирана рентген ...
На 14.05.2026 на подрачјето Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода Е.И.(26) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „уцена“ по член 259 од Кривичниот законик. Имено, на 13.05.2026 во полициска станица, 61-годишен скопјанец пријавил дека во периодот од 09.05. до 13.05.2026 на мобилна апликација на негов број добивал пораки ...
Кремљ соопшти дека подготовките за претстојната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Кина се завршени. Посетата ќе се случи кусо по посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на земјата, пренесоа руските медиуми. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека сите детали околу посетата се веќе прецизирани и усогласени. Според него, официјално соопштение за посетата ќе биде објавено наскоро по координација со Пекинг, ...
Вардар денеска официјално стана новиот фудбалски шампион на Македонија, откако славеше на гостувањето кај Струга со 0:1. Вардарци успеаа да дојдат до водство уште рано во натпреварот, кога во петтата минута Стефан Цветковиќ успеа да погоди за водство на скопјани. Струга во второто полувреме имаше неколку одлични шанси, но голманот на Вардар Талевски беше сигурен и ја сочува предноста на својот клуб. Со оваа победа Вардар ја осигура титулата ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека односите меѓу САД и Кина се „многу силни“ за време на состанокот со кинескиот претседател Си „Разговаравме за Иран. Се чувствуваме многу слично во врска со тоа како сакаме да му се стави крај. Не сакаме да имаат нуклеарно оружје. Сакаме теснецот да биде отворен. Сега го затвораме. Тие го затворија, потоа ние го затворивме врз нив, но сакаме теснецот да биде отворен. И сакаме да му се ...
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска соопшти дека неколку земји поднеле барање за приклучување кон БРИКС, но оти не се не брза со проширувањето на членството, бидејќи бројот членки последните години двојно се зголемил. „Постојат конкретни барања за полноправно членство. Мислам дека нема смисла тоа јавно да се дискутира“, рече Лавров на прес-конференцијата одржана во рамки на Самитот на БРИКС што се одржува во Њу ...
Африканскиот центар за контрола и превенција од болести (ЦДЦ) денеска соопшти дека во провинцијата Итури во Демократска Република Конго потврдена е епидемија на ебола. Поради избивање на епидемијата ЦДЦ свика итен состанок. ЦДЦ наведе дека е загрижен поради ризикот од понатамошно ширење поради урбаната средина на Бунија и Рвампара, големото движење на населението и мобилноста поврзана со рударските активности во Монгбвалу. Болеста ...
„Инстаграм“ го објави глобалното пуштање на новата функција наречена „Инстанти (Instants)“, која овозможува споделување автентични фотографии што исчезнуваат. Функцијата, по тестирањето со избрани корисници, овозможува споделување фотографии што ќе бидат достапни за преглед само еднаш и ќе останат видливи 24 часа. Апликацијата е инспирирана од социјалните платформи како „Снепчат“, „Локет“ и „Биријал“, нагласувајќи автентична и краткотрајна ...
Поради неопходен зафат, односно дислокација на дел од главниот цевковод од водоводот Росоки – Дебар, утре и следните два дена прекин во снабдувањето ќе има за сите корисници на вода за пиење од водоводот Росоки – Дебар. -Станува збор за реконструкција на дел од патот во близина на село Долно Косоврасти и заштита на главната водоводна цевка, која во должина од 200 метри треба да се дислоцира. Поради оваа причина, на 16, 17 и 18 мај (сабота, ...
Дваесетгодишен возач е лишен од слобода откако вчера во Скопје со автомобил удрил во 13-годишен велосипедист, кој се здобил со тешки телесни повреди. Според информациите од МВР, несреќата се случила на 14 мај околу 16:10 часот на улицата „Коце Металец“ во Скопје, кога патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(20) од Скопје, удрило во велосипед управуван од 13-годишник. Малолетникот со тешки повреди бил пренесен ...
Полицијата презема мерки за утврдување на идентитетот на лицето што го чувало волкот кој пред неколку дена беше заловен во скопската населба Козле. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека интензивно се работи на откривање на локацијата каде што животното било чувано во заробеништво, како и на пронаоѓање на одговорното лице. Според законските прописи во земјава, чувањето диви животни без соодветна дозвола е строго забрането и ...
По новите сознанија поврзани со случајот во Штип, уште две малолетни девојчиња пријавиле несоодветно однесување од страна на 65-годишниот наставник, кој е и сопственик на приватен образовен центар. Откако првично беа евидентирани изјави од три деца, биле поднесени дополнителни две пријави во полиција. И овие девојчиња тврдат дека биле изложени на недозволени допири од страна на наставникот. Поради осетливоста на случајот, СВР –Штип и Центарот ...
Комисијата за заразни болести одржа седница со цел разгледување на состојбата со појавата на кластер со хантавирус – андес варијанта во светски рамки и оцени дека во нашата држава е низок ризикот од појава и ширење на вирусот. Здравствениот систем е подготвен за справување со евентуална појава на инфекцијата, соопшти Министерството за здравство. Институтот за јавно здравје, како што се посочува, располага со реагенси за лабораториско ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека се работи на законските измени со кои ќе се предвидуваат санкции за родителите чии деца прават насилни дела. На денешната прес-конференција министерката рече дека со пратениците веќе се работи на дефинирање на законските измени. - Државниот секретар е во постојан контакт со пратениците. Ммислам дека во овој момент се во Собранието за да ги дооформат овие предлози. Веќе е донесена ...
Реформите не се само промени на Уставот. Ние сме фокусирани на суштинските работи - истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за исполнувањето на реформската агенда по посетата на општина Кичево. Тој вели дека се оптимисти за испорачување на сите од десетте точки во реформската агенда. - Имавме состанок со господинот Герт Јан Копман, кој во рамките на Европската комисија тоа го турка. Сите сме оптимисти дека од ...
Секторот за внатрешни работи Битола со јавен апел, предупредува граѓаните да бидат внимателни во врска со кривични дела „измама“ за лажни сообраќајни несреќи. Од СВР Битола посочуваат дека посебно внимателни треба да бидат повозрасните и да не наседнуваат на измами кои сторителите го прават по пат на телефонска комуникација. Измамниците ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и во текот на ноќта ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималната температура ќе се движи во интервал од 19 до 26 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во делови ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека автопатот од Кичево до Охрид ќе биде завршен во планираниот рок до првиот квартал в година. Истовремено, потенцира, течат работите за изградба на делницата од Тетово до Гостивар, Гостивар - Букојчани. - Пред некој ден со новинарите имавме увид во градежните активности што се одвиваат на автопатот, најпрвин Гостивар - Букојчани, а потоа Кичево - Охрид. Повеќе од една милијарда се инвестира во оваа патна ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека МВР и Министерството за образование и наука координираат активности за справување со безбедносните предизвици во училиштата, при што полициски службеници и стручни лица од средните училишта веќе подолг период спроведуваат превентивни контроли и надзор на терен. На заедничката прес-конференција со главниот извршен директор на А1 Македонија, Методија Мирчев, Тошковски во ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.А.(44) од гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Во периодот од 13.03.2026 до 24.03.2026 пријавениот следел и вознемирувал 15-годишна малолетничка преку апликација на мобилен телефон, соопшти МВР. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.А.(44) од ...
На 13.05.2026 во 11:50 часот во СВР Скопје e пријавено дека на ул.„Багдадска“ во Скопје, товарно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К.(60) од с.Волково, скопско, удрило во 92-годишната М.К. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти МВР. На 13.05.2026 во ...
На 14.05.2026 во 21:50 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници го лишиja од слобода А.Ц.(19) од Тетово поради основано сомнение дека извршил кражба во маркет. Имено, претходно, вработена во маркет пријавила дека две лица во два наврати одзеле алкохолни пијалаци од рафтовите и побегнале. По преземени мерки тој е пронајден, лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно расчистување на случајот, против него ќе ...
На 15.05.2026 година во 04:24 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив било донесено мртво новороденче. Според пријавата, мајката Ѓ.У. (35) од село Конче, радовишко, се породила во домашни услови. Лекарите во болницата констатирале смрт кај новороденчето, а мајката била задржана на Одделението за гинекологија во Клиничката болница Штип. Од полицијата информираат дека извршен е увид на местото и бил извршен ...
Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху вчера изјави дека Ерусалим „засекогаш“ ќе остане под контрола на Израел, инсистирајќи дека државата Израел е „посилна од кога било“, додека во исто време „режимот во Иран е послаб од кога било“. „Ќе ја продолжиме борбата против сите закани на радикалниот ислам“, рече Нетанјаху на церемонијата по повод Денот на Ерусалим, што е празник на Израел. Според неговите зборови, доколку Израел не ја покренеше ...