Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
На 09.05.2026 во 22:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.С.(49) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата мајка. На 09.05.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С.(34) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата сопруга. На 09.05.2026 во 17:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Б.(40), постапувајќи по претходна ...
Медицинските сестри и акушерки се јадрото на здравствениот систем. Без нив е невозможно да се замисли ниту еден процес од превенција, преку дијагноза, па сè до рехабилитација и поддршка на пациентите и нивните семејства, изјави министерот за здравство Азир Алиу на денешното одбележување во Скопје на Неделата на сестринството, што е од 5 до 12 мај. Петти мај се одбележува како Ден на акушерките, а 12 -ти како Меѓународниот ден на медицинските ...
Епидемиологот д-р Драган Даниловски во врска со појавата на хантавирусот вели дека јавноста не прави разлика меѓу науката и стравот од хантавирусот создаден на интернет и оти е крајно време да научиме да правиме разлика меѓу реален јавно-здравствен ризик и интернет-фантазија што живее од колективниот страв. На јавноста ѝ се потребни точни информации, трезвеност и превенција, а не паника, порачува д=р Даниловски. -Хантавирусот деновиве стана ...
Крузерот што е во центарот на епидемијата на хантавирус стигна во близина на шпанскиот остров Тенерифе, од каде се очекува да се истоварат 147 патници како дел од внимателно организирана меѓународна операција за нивно враќање во нивните матични земји. Бродот „Хондиус“ ќе се закотви во пристаништето Гранадиља на Канарските Острови, а потоа ќе продолжи кон Холандија. Откако бродот ја напушти Аргентина минатиот месец, три смртни случаи се ...
Танкер со течен природен гас од Катар најверојатно поминал низ Ормуската Теснина што е прв извоз на земја од регионот на Персискиот Залив од почетокот на војната во Иран, јави денес Блумберг. Танкерот „Ал Хараитијат“, што беше натоварен во објектот Рас Лафан претходно овој месец, ја напушти теснината и се наоѓа во Оманскиот Залив, а Пакистан е наведен како негова следна дестинација, според Агенцијата за следење на бродови. Минувањето на тој ...
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека според него - украинскиот конфликт се ближи кон крајот и додаде дека ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски само кога ќе се постигне траен мировен договор. „Мислам дека прашањето се ближи кон крај“, изјави Путин за војната во Украина. На прашањето дали е подготвен да се вклучи во разговори со лидерите на Европската Унија, Путин им рече на новинарите во Кремљ дека го ...
Светскиот индекс на цените на храната се зголеми трет месец по ред во април, поттикнат од зголемувањето на трошоците за енергија и нарушувањата на пазарот предизвикани од конфликтот на Блискиот Исток, наведе во најновиот извештај Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО). Индексот на цените на храната на ФАО во просек изнесуваше 130,7 поени во април, што е зголемување од 1,6 проценти во однос на ревидираното ниво во март и 2 ...
Во Хрватска во периодот 2013 – 2017 година, е зголемен бројот на хоспитализации поради намерно самоповредување, односно намерно нанесување повреда на себеси без потребната желба за смрт, кога беа евидентирани повеќе од 7.500, а највисоки стапки се регистрирани кај девојчиња на возраст од 15 до 19 години, според податоците на Хрватскиот завод за здравствена заштита. Податоците за хоспитализациите поради намерно самоповредување во Хрватска од ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, наведе дека македонскиот народ застана на вистинската страна - антифашистичката и како природни и докажани Европјани, должни сме да го осудиме и да му се спротивставиме на било кој облик на фашизам или слични идеологии. -9 Мај за нас е двоен празник: Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа. Македонскиот народ застана на правата страна - ...
Стотици пожарникари продолжуваат да се борат со шумскиот пожар во забранетата зона околу поранешната нуклеарна централа во Чернобил во Украина. Украинските власти соопштија дека ситуацијата е под контрола и нема опасност од радијација. Пожарот бил предизвикан во четвртокот од две руски беспилотни летала. Досега се изгорени повеќе од 1.200 хектари, а за гасење на пожарот се ангажирани 374 пожарникари. Забранетата зона е воспоставена по ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ...
Во рамки на еколошката акција „Генералка викенд“, во Штип и денеска продолжи расчистувањето на дивите депонии и градежниот шут. На терен се ангажирани градежни машини за отстранување на шутот, додека поголема група учесници собираат расфрлан отпад, пластични ќеси и амбалажа. Во акцијата се вклучени јавните претпријатија, Армијата, пожарникарите, локалната самоуправа, извидници, волонтери и граѓани. -Навиките кои несовесните, неодговорните ...
Вештачка интелигенција што го следи и намалува загадувањето на воздухот, му асистира на докторот во операциона сала, но и овозможува одгледување растенија без почва со цел да се избегнат бактерии и пестициди- токму тоа е физичката вештачка интелигенција. Технологија што не останува само на анализа, туку директно решава реални проблеми. Оваа визија веќе не е далечна иднина, таа се гради и во Скопје, во новиот технолошки парк N99 кој амбиција ...
Во текот на 2025 година биле отворени нови 15.000 работни места, а според заменик министерот за економија, Марјан Ристески, тоа се должи пред се на ТИРЗ зоните, но и на домашното стопанство кое реинвестирало во постојните објекти со зголемување на обемот на работа и потребата од работна сила. Тука секако свој удел имале и владините мерки за вработување, особено на младите до 29 години. „Да напоменам дека историски се овие бројки. Прв пат ...
Цените на становите рушат рекорди. Добрите познавачи посочуваат дека има енормно зголемување, ако изминатите години становите се продаваа по 1100 евра за метар квадратен сега истите станови достигнуваат нереален пораст од преку 3 илјади евра. Ваквата состојба се должи пред се на геополитичките фактори и војните и внатрешните фактори кои влијаат на цените на градежните материјали. Охрид и Скопје остануваат најатрактивни на пазарот на ...
Германија предупредува – можно е масовно откажување на летови и поскапување на авионските карти, поради недостог на керозин. Првиот човек на Здружението на германски воздухоплови, Ралф Бајзел, за неделникот Велт изјавил дека авиопревозниците, посебно нискобуџетните, во екот на туристичката сезона можно е да ги откажуваат летовите кои им се помалку важни за туризмот. -Во најлош случај, некои аеродроми се соочуваат со пад на капицитетот од 10 ...
Европа е нашиот единствен пат, треба да разговараме за решенија со кои ќе одиме напред, порача Премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста пред Владата по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, под слоганот „Победа, принципи и вредност“. Тој во говорот истакна дека не смееме да дозволиме подвигот на загинатите борци да биде заборавен или релативизирани повика на обединување во заедничката борба за подобар живот на ...
ОВР Прилеп поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат”. Пријавениот, со лажно претставување дека е наставник по англиски јазик од основно училиште во Виница, креирал профил и стапил во контакт со вработена во Министерство за образование и наука, која му укажала дека разговорите со наставници не треба да се водат на социјални мрежи и му ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, од кои осум возеле без дозвола, а еден со активна забрана. Пет возачи во Скопје (од кои двајца малолетници), и по еден во Штип, Струга и Македонски Брод управувале возило без возачка дозвола. Кај возачот во Македонски Брод било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле ...
По претходна пријава во СВР Велес од страна на граѓанин чие малолетно дете било во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, кој се враќал од екскурзија, дека автобусот неколку пати останувал дефект по пат, на 08.05.2026 во 22:50 часот, на наплатна станица „Отовица“, на автопатот Велес-Скопје, од страна на полициски службеници од СВР Велес, бил сопрен автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки управуван ...
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска изјави дека Јавното сообраќајно претпријатие и градот ја очекуваат понудата за сервисирање и дефектажа на Жичницата на Водно, која по контрола од страна на компанијата изведувач било констатирано дека е во катастрофално лоша состојба. Засега не може да каже за колку време ќе се направат овие поправки на Жичницата и кога таа повторно би била ставена во функција и оти веднаш штом бидат ...
Петар Маѓар положи сцвечерна заклетва како нов Премиер на Унгарија, со што заврши 16-годишното владеење на Виктор Орбан. На свечената церемонија во Парламентот во Будимпешта, за прв пат по 10 години беше истакнатао знамето на ЕУ. Новиот премиер најави дека негов главен приоритет ќе биде обновување на односите со Брисел. Грчките власти истражуваат сериозен безбедносен инцидент откако кај островот Лефкада беше пронајден воен морски дрон, ...
Под засилени ебзбедносни мерки и скромна воена парадда Русија го одбележа 9 мај, Денот на победата. Традиционалното дефиле на тенкови, балистички ракети и оклопни возила на Црвениот плоштад изостана. Парадата по повод 81-годишнината од победата над нацистичка Германија беше сведена исклучиво на воени единици и традиционално прелетување на борбени авиони а за првпат на Црвениот плоштад учествуваа и Севернокорејски трупи. Во својот говор на ...
Руското Министерство за одбрана денеска ја обвини Украина за кршење на тридневниот прекин на огнот склучен со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува ДПА. Украинските сили ги нападнале руските воени позиции и цивилната инфраструктура со беспилотни летала и артилерија во регионите Калуга, Тула, Смоленск, Курск, Брјанск и Белгород, како и во Чеченската Република и регионите Ставропол и Краснодар во јужна Русија. Од ...
Фудбалерот на аргентинската репрезентација, Лионел Меси, во интервју за „Ло де Поло“ забележа дека отсекогаш имал добар однос со Кристијано Роналдо. – Јас бев во Барселона, а тој беше во Реал Мадрид. Бевме ривали во сè, па луѓето секогаш нè споредуваа. Но, нашиот однос отсекогаш беше добар и респектабилен. Денес сме во различни фази од нашите животи, но она што се случи беше големо спортско ривалство, изјави Меси. Аргентинецот играше за ...
Италијанската служба за помош на лица со зависност (SERD) го регистрираше првиот случај на зависност од вештачка интелигенција во државата. Пациентка е 20-годишна девојка, јавија италијански медиуми. „Токсичното пријателство“ со текот на времето се претворило во зависност. Случајот е регистриран во службата за лекување зависности на локалните здравствени власти во Венеција. Девојката наводно била во постојана комуникација со систем за ...
На 9 Мај Европа ја слави годишнината од „Шумановата декларација“, која го даде првиот поттик на она што доведе до создавање на денешната Европската Унија. Тогашниот француски министер за надворешни работи Роберт Шуман на 9 мај 1950 година ја промовираше идејата за нова политичка соработка во Европа како средство за драстично намалување на можностите за нова војна меѓу европските народи, што подоцна стана позната како „Шуманова декларација“. ...
Најмногу дожд во изминатите 24 часа, заклучно со 8 часот утрово, наврна во Претор, 33 литри на метар квадратен. Следуваат Битола со 23, Охрид, 19, Струмица, 12, Гевгелија, 11, Тополчани, 10, Прилеп, Kрушево и Демир Капија, 8, Кавадарци, 7, Берово, 6, Велес, 5, Скопје-Зајчев Рид, 4, Тетово, Mаврови Анови и Попова Шапка, 3, Крива Паланка и Пожаране, 2 и 1 во Скопје-Петровец, Штип и Виница, информира Управата за хидрометеоролошки работи. ...
Премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа порача дека не смееме да дозволиме подвигот на илјадниците борци кои ги положија своите животи за слободата која ја живеме денес да биде заборавен или релативизиран. - Во годините на Втората светска војна, македонскиот народ, рамо до рамо со своите сограѓани Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи и Бошњаци, застана на вистинската страна на ...
Денеска се навршуваат единаесет години од вооружената престрелка во кумановско „Диво насеље“. На 9 и 10 мај 2015 загинаа осум припадници на безбедносните сили. Во 28-часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст. Во ...