Водечките европски кардиолози објавија нови препораки за исхрана за пациенти со срцеви заболувања, нагласувајќи дека треба да му дадат приоритет на готвењето дома за да се избегне ултра-преработена храна. Лекарите, исто така, ја нагласуваат важноста на јадењето побавно и избегнувањето оброци доцна навечер. Европското здружение за кардиологија (ЕЗК, со седиште во Софија Антиполис, Франција) нагласува дека ултра-преработената храна „стана ...

Екипите на Кристал Палас од Англија и на Рајо Ваљекано од Шпанија ќе играат во финалето на Конференциската лига што ќе се игра на 27. мај во Лајпциг. Премиерлигашот Кристал Палас и во реваншот постигна победа против украински Шахтјор со 2:1 и со вкупни 5:2 го елиминира ривалот. Кристал Палас поведе со автоголот на Педро Хенрик во 25. минута, а изедначи Егиналдо во 34. минута. Конечните 2:1 ги постави Исмаила Сар во 52. минута. Рајо Ваљекано ...

Екипите на Астон Вила и Фрајбург се изборија за пласман во финалето на Лига Европа откако синоќа постигнаа победи на реванш полуфиналните дуели. Во пресметката на премиерлигашите и поранешни европски шампиони Астон Вила го победи Нотингем Форест со 4:0. Астон Вила поведе со голот на Оли Воткинс во првиот дел и на тој начин ја анулираше предноста на ривалот од првиот натпревар. Во второто полувреме на 2:0 од пенал зголеми Емилијано Буендиа, а ...

Министерот за правда на Србија, Ненад Вујиќ синоќа соопшти дека првата верзија од измените на пакетот судски закони ќе биде испратена денеска до известителите на Венецијанската комисија, по што одредени делови ќе им бидат објаснети за време на онлајн состанок. На втората јавна расправа одржана вчера, за можни решенија за измена на пакетот судски закони во согласност со Уставот, законите и препораките на експертите на Венецијанската комисија, ...

Бугарскиот Парламент се очекува денеска да го изгласа предлог-кабинетот на кандидатот за премиер Румен Радев, номиниран од партијата „Прогресивна Бугарија“. Претседателката Илијана Јотова вчера му го врачи првиот мандат за состав на влада на Радев, како претставник на најголемата пратеничка група во 52. Народно собрание, кој веднаш го врати мандатот како исполнет. Предложената владина структура предвидува четворица вицепремиери и 18 ...

Ребрендирање е тоа што го очекуваат политичките аналитичари од претстојната реконструкција на владиниот кабинет на Мицкоски. Промените во Владата на половина мандат се очекувани со цел да се амортизира незадоволството што вообичаено се појавува кај гласачите, вели аналитичарот Арсовски. Затоа тој очекува Мицкоски прво да направи темелни партиски промени, и тоа на најниско ниво во општинските комитети, а потоа да се занимава и со ресорите на ...

Со посета на дечиња од детските градинки и презентирање на пристигнатите ликовни и литаратурни творби од конкурсот на тема „ Полицајците - тивки херои на нашето време“, во Секторот за внатрешни работи Струмица беше одбележан 7 Мај-Денот на македонската полиција. Во седиштето на Секторот за внатрешни работи Струмица на посета беа дечиња од Детска градинка „Детска радост Струмица“ кои на симболичен начин на полициските службеници им ќе го ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нема „имунитет“ за непријателите на Израел откако командант на Хезболах беше убиен во Бејрут. Израелската армија вчера објави дека го убила Ахмед Али Балут, командант на единицата Радван на проиранската милитантна група Хезболах, во напад врз јужните предградија на Бејрут. Тоа беше првиот израелски напад врз либанската престолнина по прогласувањето на прекинот на огнот минатиот месец. ...

Во кругот на Министерството за внатрешни работи во Скопје денеска ќе се одржи централна прослава за одбележување на Денот на македонската полиција - 7 Мај. На настанот обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев. На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и министри и други гости, како и претставници на дипломатскиот кор во ...

Населението во Македонија старее, а општините не се заинтересирани за отворање домови за стари лица. Само Кавадарци и Крива Паланка аплицирале на годишниот јавен повик од министерството за социјала. Од таму информираат дека проектите од Пробиштип и Кратово се во фаза на разгледување, а во Берово побарале проширување на капацитетот. Имаше отворен повик и со програмата А и со унгарскиот кредит. Тука требаше да конкурираат и со детски градинки и ...

7мо одделенец од Битола се заканувал по животот на своите соученици во ОУ Стив Наумов. Нов инцидент на врсничко насилство ја разбранува јавноста.Се работи за закана која ученикот ја упатил преку социјалните мрежи како што пријавуваат родителите. Во порака напишал дека ќе ги убие. Родителите реагираат дека овој ученик веќе подолг период ги малтретира соучениците. По реакција на родителите, училиштето одлучило ученикот извесен период да следи ...

Со законското решение кое има добиено позитивно мислење од Венецијанската комисија според заминик министерот за правда се гарантира избор на најквалитетните кандидати за членови на Советот, се зајакнува транспарентноста и дисциплинската одговорност на обвинителите. Во иднина, Советот на јавни обвинители ќе може да иницира и разрешување на државниот јавен обвинител пред собранието. Пратениците на СДСМ не го поддржаа законот. Според нив, ...

Уставни измени нема да има, ниту македонската влада е подготвена за менување на Уставот за да се вметнат на бугарите, дециден е шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски. По пораките од Софија дека новата влада која треба да ја предводи Румен Радев, нема да ги менува позициите во надворешната политика, Муцунски порача дека Македонија е подготвена за разговори, но потребна е волја за дијалог и во Бугарија. Во Бугарија пак Радев денеска го добива ...

Вицепремиерот Арбен Фетаи и министерот за социјала Фатмир Лимани веројатно веќе ги имаат спакувано своите канцеларии бидејќи за нив, извесно е дека нема да има место во Владата по реконструкцијата која премиерот ја најавува за идниот месец. Фетаи веќе се одјавил кај Мицкоски а Лимани самиот кажа дека тој и ВРЕДИ се завршена приказна. По губењето на еден пратеник, нова распределба на ресори може да очекуваат и во ЗНАМ. Премиерот денеска не ...

Регулаторна ќе прави анализа за блоковите по кои електричната енергија се продава на домаќинствата. Првиот човек на РКЕ вели, овој модел е неправичен. -Неправичност е што иста енергија се плаќа по различна цена. Енергијата е роба, цена. И тој што ја произведува, ја продава по иста цена. Значи, сѐ другото е социјална категорија којашто треба исто така да се усогласува со државата. Инаку, не може да постојат пет цени за ист производ. „Значи, ...

12 години затвор доби Стојанче Јовановски, за тепањето на неговата сопруга, загрозување на нејзината сигурност и наведување на самоубиство. Судијата Ивица Стефановски му ги пресуди максималните казни за сите три кривични дела. Иако тие изнесуваат 13 години, според законските регулативи збирот на сите казни мора да е помал од поединечната казна, па затоа му беа пресудени максимални 12 години. Обвинителството е задоволно од пресудата за ...

Трошоците на животот во април 2026 година, во однос на април лани, бележат зголемување од 5.7 %, а цените на мало раст од 5.0 %, објави Државниот завод за статистика. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април 2026 година, во однос на март 2026 година, изнесува 1.3 %. Во април 2026 година, во однос на март 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 10.1 %, ...

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m2), а ќе има и појава на грмежи, соопшти УХМР. Потоа следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, попладне ќе биде нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и ...

Силата на една држава се гледа преку силата на нејзините институции. Кога институциите функционираат, граѓаните имаат чувство на сигурност, доверба и ред. Токму затоа улогата на македонската полиција денес е исклучително значајна, особено во време на комплексни безбедносни предизвици и нови закани што не познаваат граници - порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на одбележувањето на 7 Мај - Денот на македонската полиција, на ...

Здравствениот систем е сериозен предизвик за сите нас и мораме да се однесуваме кон него како таков - изјави премиерот Христијан Мицкоски по Германско-македонскиот самит во Скопје и најави ново проширување на лековите од позитивната листа. Според премиерот Мицкоски, Владата прави сè за да ги заштити интересите на граѓаните, но потребни се корекции кај поединци и нивното однесување во здравството. - Тоа што ние го правиме во здравствениот ...

Пратениците на денешната 100-та седница со 64 гласови „за”,15 „против” го донесоа Законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, кој е дел од реформската агенда. Заменик министерот за правда Ален Дерeбан истакна дека новиот Закон е изработен во транспарентна процедура, вклучени експерти од областа и сите опфатени со неговата примена и е директен одговор на сите детектирани слабости на претходниот закон. - Законот ...

Германско-македонскиот бизнис самит е настан кој веќе прераснува во важна платформа за економски дијалог, нови партнерства и теми кои се суштински за иднината на нашата економија, но и на нашето стратешко македонско-германско партнерство, рече попладнево министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во обраќањето на Германско–македонскиот бизнис самит 2026, организиран од Германската стопанска комора и Македонско-германското ...

Секторот за внатрешни работи-Штип потврди дека во стан во Штип е пронајдена 20-годишна државјанка на Република Турција. Во соопштението од СВР-Штип се вели дека денеска во 14.48 часот во СВР Штип било пријавено дека во стан во Штип било пронајдено почината женско лице. Полициските службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за У.Е ( 20) , државјанка на Република Турција. Увид врши екипа на СВР штип и се преземаат мерки ...

Приведени се 18 возачи за безобѕирно возење на територија на цела држава од кои 16 биле без возачка, а двајца со активна забрана. Министерството за внатрешни работи соопшти дека осум возачи се од Скопје (од кои двајца малолетници), тројца се од Гевгелија, двајца во Кичево и по еден во Тетово, Радовиш и Дебар. Кај еден од возачите во Скопје била пронајдена и марихуана, додека кај возачот во Тетово биле измерени и 1,46 промили алкохол во ...

Инфлација од 5,7 отсто во април измери државнaта статистика. Скок на цените има кај сите приоиводи, а најголем, од 8 отсто кај храната и над 10 кај пијалоците и тутунот. На месечно ниво пак, од март до април, инфлацијата е зголемена за 1,3 процентни поени. За еден месец најмногу поскапел транспортот, над 10 отсто и храната за 0,7 отсто. Цените на мало се зголемила за 5%. Премиерот вели – очекувал вакви бројки бидејќи толку се движи ...

Холандскиот туристички брод Хондиус чии патници и екипаж се во излоациаја поради ширењето на хантавирусот плови кон шпанскиот остров Тенерифе, каде има клиника специјализирна за епидемии. На Хондиус има вкупно 146 луѓе од 23 земји. На бродот досега се потврдени три смртни случаи брачна двојка од Холандија и еден патник од Германија и осум заболени лица. Хантавирусот кај луѓето може да предизвика треска и тешки респираторни заболувања. ...

Ник Норвиц, докторанд на Харвард и поддржувач на кетогената исхрана, одлучил да види што би се случило со неговиот организам откако ќе внесе преголема количина храна. За таа цел, за само еден месец изел дури 720 јајца, што во просек изнесува 24 јајца дневно. По добиените резултати од крвта се увидело дека таканаречениот „лош“ холестерол значително се намалил, што дополнително ги збунило докторите. Значаен дел од експериментот било јајцата да ...

Финалето на 71. издание на елитното европско клупско фудбалско натпреварување ќе донесе пресметка меѓу Арсенал и бранителот на титулата ПСЖ. Финалето на Лигата на шампиони ќе се игра на 30 мај во Будимпешта на „Пушкаш Арена“. Лондонски Арсенал дојде до финалето без пораз, со 11 победи и три нерешени, и гол-разлика 29-6. Сепак, во нокаут фазата, англискиот тим постигна само шест голови. Три во осминафиналето против Баер Леверкузен (1-1, 2-0), ...

Загреб е првиот град во Европа што нуди роботакси-услуги, објави хрватската компанија „Верне“, којашто веќе еден месец ја спроведува револуционерната технологија на градските улици. Во соработка со светски реномираната такси-компанија „Убер“ и со системот за самоуправувачко возење на кинеската компанија „Пони.аи“, „Верне“ управува со 10 автоматизирани автомобили за одреден број корисници во градот од 8 април. Услугата засега ја користат ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа им рече на новинарите дека САД имале многу добри разговори со Иран во последните 24 часа, додавајќи дека е многу можно Вашингтон и Техеран да постигнат договор. „Во случајот со Иран, нема да дозволиме Иран да има нуклеарно оружје. Нема да дозволиме тоа да се случи и нема да дозволиме тоа да се случи. И затоа имаме работа со луѓе кои многу сакаат да постигнат договор и ќе видиме дали можат да ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.27
65%
1014
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
1.5
90%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.45
93%
1013
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.47
65%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
5.75
57%
1011
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.39
92%
1012
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
0.45
67%
1015
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.85
69%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.89
60%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
1.34
66%
1010
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
0.89
53%
1013
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 19ᴼ
1.41
59%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Калај

53.60