По последните случувања на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија помеѓу Силекс и Шкендија, би сакале да го дадеме следново соопштение: „Министерството за спорт најостро ги осудува свирежите на националната химна од страна на навивачите на Шкендија, но уште повеќе нè загрижува однесувањето на играчите кои одбија да ги примат медалите по завршувањето на натпреварот. Во последниов период имаше повеќе настани што доаѓаат од повеќе страни ...

Во април е регистриран годишен раст од 9,3 отсто на вкупните депозити и од 13,3 проценти на вкупната кредитна поддршка - Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,3%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“, се наведува во соопштението од Народна Банка. На годишна основа, вкупните кредити, пак, забележале раст од 13,3 отсто, како резултат на зголеменото ...

Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова денеска присуствуваше на отворањето на Центарот за дневен престој за лица со попреченост и индивидуален третман „Во мојот свет“, во општината Ѓорче Петров, Скопје. Во рамките на посетата, директорката на Центрите за индивидуален третман, Ангела Чингоска, ја претстави мисијата и долгогодишната работа на Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на покана на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска и утре ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, што ќе се одржи во Хелсингборг, Кралството Шведска. Како што соопшти МНРиНТ во рамките на состанокот, министрите ќе дискутираат за прашања поврзани со инвестициите во одбраната, состојбите во Украина, развојот на ...

Пронајдено е тело на жена со прострелна рана во главата, во скопско, покрај неа пронајден е и пиштолот на нејзиниот сопруг, информираа денеска од Јавното обвинителство. -Јавен обвинител при Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на СВР Скопје извршија увид на самото место во село Копаница, Скопско, каде беше пронајдено тело на почината 37-годишна жена со прострелна рана во главата. По наредба на јавниот обвинител телото на починатата е ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против лицето И. Ш. во својство на градоначалник на општина Врапчиште поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето од чл. 353 ст. 3 в.в со ст. 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Како што стои во соопштението, пријавениот И. Ш. во текот на 2025 година ги ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека интензивно се работи на сите портфолија за претстојниот период од реформската агенда и нагласи оти очекува позицијата први во регионот Западен Балкан - 6 во јануарскиот извештај да се потврди и во јунскиот извештај за Македонија. Премиерот, одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар за новата транша за земјата од 65,7 милиони евра во рамките на планот за раст за Западен Балкан и ...

Македонија следната година ќе учествува на изборот за песна на „Евровизија“, потврди директорот на МРТ, Зоран Ристоски. На Јавната седница на програмскиот совет на МРТ, на која присуствуваат претставници на еснафски здруженија, медиумски организации и релевантни институции, Ристоски сподели дека имал средби со претставници од Европскиот радиодифузен сојуз (ЕБУ) и дека со сигурност може да каже дека Македонија ќе испрати претставник на ...

ЕСМ вложи жалба за одлуката на Основото јавно обвинителство за гонење организиран криминал за прекинување на истрагата за случајот „Мазут“ , информира премиерот Христијан Мицкоски, кој очекува Вишото јавно обвинителство правилно да одлучи. Одговарајќи на новинарски прашања по обраќањето по повод 10-годишнината од своето присуство и работење во Македонија на германската компанија „Костал“ во Охрид, премиерот рече дека ќе ја почека одлуката на ...

Вкупно 1.822 вработени во јавните здравствени установи во државата поднеле тужби против своите работодавачи. Вкупниот износ на тужбените барања достигнува 134,6 милиони денари - околу 2,18 милиони евра. Тужби се поднесени во 62 од вкупно 108 јавни здравствени установи, повеќе од половина од сите во земјата, беше соопштено на денешниот брифинг во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Директорот на ФЗО, Сашо Клековски појасни дека главниот ...

Германската компанија „Костал“ во Охрид е инвестиција што претставува инспирација за сите нас да продолжиме заедно и во годините што следуваат - да се надополнуваме, да се поддржуваме и заеднички да напредуваме - истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на прославата по повод 10-годишнината од работењето на „Костал“ во Македонија. Една деценија, според него, е доволно долг период за да можеме да се навратиме наназад и да ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во изјава за МИА во врска со пишувањата во медиумите за наводна шпионска афера во нејзиниот Кабинет рече дека треба да се почитуваат одредбите од Законот за кривичната постапка и во поглед на пресумцијата на невиност, но и во поглед на собирање податоци и евентуално отворање кривична постапка. - Прво, квалификацијата шпионска афера и слично не сакам да ја коментирам. Второ, кога зборуваме за ...

Голем број станови и објекти, особено оние изградени пред 2000 година, имаат несогласувања меѓу реалната и катастарски евидентираната површина, а дел од недвижностите и натаму немаат уредени сопственички права, посочи денеска претседателот на Комората на друштва за геодетски работи Никола Рибарски, на промоцијата на општествено-економската кампања „Провери, потврди, поседувај – твојот имот, твоја сигурност“. Рибарски на прес-конференција ...

Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот, а клучен приоритет е енергетската стабилност - порачала денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на ресорскиот состанок, на кој биле разгледани тековните активности во енергетскиот сектор. На состанокот, на кој присуствувале претставници од релевантните институции од енергетиката, се разговарало на повеќе теми во насока на навремена реализација ...

Времето во следните денови ќе се задржи променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец - над 50 километри на час. Утре и за време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопштија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Според информациите од синоптичарите, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, ...

По повод Спасовден што е слава на Белград, во главниот град на Србија од синоќа од Света Гора од манастирот Ватопед пристигна една од најголемите реликвии – Појасот на Пресвета Богородица. Појасот е стар 2.000 години и е како што се верува, единствена драгоценост сочувана од Богородичниот земски живот. Според предание, таа сама го исплела од камилски влакна и се смета за симбол на плодноста, исцелението и духовната заштита. Богородица го ...

Елиминирањето на трговските бариери меѓу земјите од Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора – сè повеќе се смета за клучен фактор за економскиот развој на регионот, јавува Косовската радио-телевизија. Повикувајќи се на истражувањето објавено во рамките на „Балкански барометар“ на веб-страницата на Советот за регионална соработка (РСС), медиумот нотира дека мнозинството од фирмите силно ...

За прв пат во Македонија, младите фудбалски таленти ќе имаат можност да бидат дел од официјалниот AC Milan Academy Camp, кој ќе се одржи во Скопје од 10 до 14 јуни 2026, на терените на Фудбалската федерација на Македонија, објави организаторот на настанот. Кампот на Милан во Скопје ќе се реализира со поддршка од Италијанската амбасада и Фудбалската федерација на Македонија. Кампот е наменет за момчиња и девојчиња на возраст од 5 до 17 ...

Кајли Миног проговори за долгорочните ефекти од нејзината борба со ракот на дојка, велејќи дека искуството низ коешто минала во 2005 година и денес сè уште влијае на нејзиниот живот. Дијагнозата ја добила на 36 години, што довело и до откажување на многу концерти. Подоцна се откри дека болеста првично била погрешно дијагностицирана. Инаку, австралиската пејачка со години зборува за нејзиното закрепнување и емоционалните последици. Во ново ...

Владејачката унгарска партија Тиса доцна синоќа во парламентот поднесе предлог за уставен амандман со кој премиерскиот мандат би се ограничил на најмногу осум години, што законски би го оневозможило враќањето на поранешниот претседател на владата, Виктор Орбан, на таа функција. Актуелниот премиер Петер Маѓар, кој на изборите во април го собори од власт Орбан по 16 години владеење, изјави дека ќе го искористи двотретинското мнозинство во ...

Австриското правосудство покрена кривична истрага против еден австриски државјанин и уште едно засега непознато лице под сомнение дека како „снајпер-туристи“ плаќале за да пукаат во цивили за време на опсадата на Сараево, пренесува германската новинска агенција ДПА. Како што јавува магазинот „Шпигел“, официјалната истражна постапка се води од 25 април, а Министерството за правда на Австрија ги потврди овие наводи во одговор на парламентарно ...

Плановите беа објавени во поднесокот за хартии од вредност, што е неопходен за секоја компанија која планира да излезе на берза. Првичната јавна понуда, според познавачите, би го направила извршниот директор на „Спејс-Икс“, Илон Маск, уште побогат и воедно прв трилионер во светот, што според аналитичарите е пресвртница која покажува колку е навистина богата технолошката индустрија. Се очекува првичната јавна понуда на „Спејс-Икс“ да ...

Американскиот претседател Доналд Трамп упати ултиматум до Иран, нагласувајќи дека САД се подготвени да почекаат уште само неколку дена за „вистинскиот одговор“ околу мировниот договор, во спротивно следуваат нови напади. Трамп демантираше дека на Техеран му се понудени олеснувања на нафтените санкции и порача дека воената опција е подготвена доколку преговорите пропаднат, иако, како што вели, сака да избегне војна. Одговорот од Техеран ...

По освојувањето на Купот на Македонија, Силекс доби честитки и признание за прикажаната игра и заслужениот триумф во финалето. Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ упати искрени честитки до фудбалерите, стручниот штаб и раководството на кратовскиот клуб, истакнувајќи дека тимот заслужено стигнал до трофејот. Тој оцени дека натпреварот бил одлично организиран, одигран во фер услови и со квалитетно судење, а на Силекс му посака многу успех во ...

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, го сподели своето мислење за ривалот пред финалето на Лигата на шампионите против Арсенал. - Мислам дека заслужија да ја освојат Премиер лигата – имаа брилијантна сезона. Игравме против овој тим на Арсенал минатата сезона, па знаеме што се способни. Без топка, тие се најдобриот тим на светот, а со топка можат да постигнат многу голови. Тоа е одлична комбинација за нив. Логично е дека тие се наши противници во ...

Сан Антонио и Њу Орлеанс ќе играат натпревари од регуларната сезона на НБА-лигата сезона 2026/27 во Париз и во Манчестер. Натпреварите ќе се одржат на 14 и 17 јануари 2027 година, објави „ESPN“. Ова ќе бидат првите натпревари од регуларната сезона на Њу Орлеанс во странство. Тимот претходно играше претсезонски натпревари во Кина во 2016 година и во Европа во 2008 година. Овие натпревари ќе вклучуваат младински кошаркарски школи, семинари за ...

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, рече дека по помалку успешната минатата сезона, е задоволен од тоа како тој и тимот се прилагодиле на заедничката работа. – Се чувствувам многу добро. Потребно беше многу време мене и на тимот да го пронајдеме вистинскиот баланс на двете страни, а минатата сезона беше тешка со оглед на тоа што престанавме да работиме на автомобилот. Направивме многу промени и внатрешно и во нашите фабрички операции. И ...

Соочени со потенцијална казна од Фудбалската федерација на Македонија, раководството на Шкендија излезе со соопштение со кое ја објаснува ситуацијата по синоќешното финале од националниот куп. Имено, фудбалерите на Шкендија не се упатија да ги примат сребрените медали намените за поразениот, откако загубија од Силекс со 1:0 на мечот одигран на „Тодор Проески“ во Скопје. Во соопштението на Шкендија стои: -Ја прифаќаме одговорноста за ...

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, предложи Украина да добие статус на „придружена членка“ на Европска Унија како преоден чекор кон полноправно членство, што според него би можело да помогне во постигнување договор за завршување на војната. Според предлогот, украинските претставници би можеле да учествуваат на самитите и министерските состаноци на Европска Унија, но без право на глас. Фридрих Мерц смета дека таквиот модел би можел да ги ...

Европска Унија и Обединето Кралство го осудија однесувањето на израелските власти кон приведените активисти од флотилата со хуманитарна помош за Појасот Газа. Според извештаите, израелски полицајци ги натерале активистите да клекнат на земја со рацете врзани зад грб, во присуство на крајнодесничарскиот министер за внатрешна безбедност, Итамар Бен-Гвир. Објавувањето на видео-снимката од страна на Итамар Бен-Гвир предизвика критики и од ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
0.89
46%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
46%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
49%
1011
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
44%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.17
65%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68