Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД или ќе постигнат добар договор со Иран или ќе дејствуваат против Исламската Република „на друг начин“ – Вашингтон ќе ѝ даде целосна шанса на дипломатијата за таа да успее пред да се разгледуваат „алтернативни“ опции, изјави шефот на американската дипломатија во Делхи. – На маса има многу сериозен предлог во врска со нивните можности да ja отворат Ормуска Теснина и да започнат ...

Осум лица се тешко повредени во пожар што избувна на товарен брод закотвен во пристаништето во Хамбург, соопшти денеска противпожарната служба на овој северногермански град, пренесува агенцијата ДПА. Седуммина од повредените, меѓу кои и еден пожарникар, се хоспитализирани во болница, додека на осмото лице со повреди помош му била укажана од страна на болничарите на самото место на настанот. Пожарот избувнал во товарниот дел на бродот, кој е ...

Властите во Демократска Република Конго соопштија дека бројот на случаи на сомнителна зараза со ебола во земјата надминал 900, пренесува ДПА. Од почетокот на епидемијата во ДР Конго се регистрирани 904 сомнителни случаи на зараза, од кои 101 се потврдени, соопшти Министерството за комуникации во објава на Икс. Властите го ревидираа бројот на сомнителни смртни случаи на 119, што е помалку од претходно објавените 204, додека бројот на ...

САД ќе ја задржат поморската блокада на иранските бродови во Ормуска Теснина сè додека договорот не биде потпишан, порача американскиот претседател Доналд Трамп, додека високи претставници на неговата администрација тврдат дека преговарачите би имале рок од 60 дена за постигнување конечен договор. Американската блокада на иранските бродови во Ормуска Теснина „ќе остане целосно vo сила сè додека договорот не биде постигнат, заверен и ...

Интересот на студенти за запишување на универзитетите во Србија во изминатите години бележи пад, па поради тоа Универзитетот во Белград планира да запише 595 бруцоши помалку од лани во следната студенстка година, додека некои други универзитети исто така бележат пад на интересот за студирање. За следната учебна година од седум факултети на Белградскиот универзитет најавија зголемена сума за школарина – од вкупно 31 факултет, Факултетот за ...

Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови повторно се очекува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во четврток. Според прогнозата на УХМР денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен северен ветер. Попладне претежно во јужните делови ќе има услови за локална појава на ...

По повеќе од шест часови изгаснат е големиот пожар кој избувна синоќа во Радовиш во кругот на поранешен „Декортекс“, каде изгореа магацин и машини, соопштија од ТППЕ Радовиш. Според информацијата од радовишките пожарникари, при гаснењето неколку пожарникари вдишале чад и се здобиле со полесни изгореници, но сите кои учествувале во гаснењето се чувствуваат добро. Пожарот го гаснеа пожарникари од ТППЕ Радовиш, а на помош биле повикани ...

Голем пожар избувна вчера во Радовиш во кругот на поранешен „Декортекс“. Според информациите оттаму гореле погони и машини, а пожарот избувнал доцна попладне. Пожарот го гаснеле пожарникари од ТППЕ Радовиш, а на помош биле повикани пожарникари од Струмица, како и од доброволните против пожарни друштва од Злеово и Конче. Голем пожар избувна вчера во Радовиш во кругот на поранешен „Декортекс“. Според информациите оттаму гореле погони и ...

Дејан Лазаров од фолклорниот ансамбл „Осоговски извор“ од кочанско Оризари е добитник на наградата „Гајдата на Пеце Атанасовски“ на годинешниот 52-ри Фестивал на народни песни и инструменти. Додека пак Гран при наградата годинава ја понесе фолклорниот ансамбл „Седенка“ од Скопје. Лазаров не ги криеше емоциите за наградата која ја освои. Гајда активно свири од 2011 година, од свои 3 години на тамбура. „Многу кај гајдата ме привлекуваа ...

Вистинскиот патриотизам е интеграција на Македонија во Европската унија, порачуваат денеска од СДСМ. На одбележувањето на денот на Светите Кирил и Методиј, од партијата велат дека се горди што го заштитиле македонскиот јазик. Според опозицијата, благодарение на нивните храбри и државнички одлуки и со договорот со Фронтекс, македонскиот јазик денес е признат и рамноправен и во Европската унија и во Обединетите нации. За жал загубивме години ...

Апелацискиот судија Ѓоко Ристов кај кој беа пронајдени 350 илјади евра заѕидани во домот на неговите родители, седнува на обвинителна клупа.. Првото судско рочиште ќе се одржи во четврток, а предметот ќе го води судијката Билјана Коцевска.. Според обвинението, Ристов се гони за противправно стекнување и прикривање имот и перење пари, бидејќи во текот на истрагата судијата не докажал дека легално ги стекнал парите.. Според граѓанските ...

Вистински хорор преживеала 18год девојка од Битола, која се враќала од својата матурска прослава. Нејзиниот 40г партнер ја пресретнал, ја затворил во автомобил и го одзел телефонот и брутално ја претепал. За овој случај, Основното јавно обвинителство Битола побара итен притвор поради опасност од бегство и повторување на делото. „Оштетената го молела да ја пушти да излезе и кога запреле на една локација се обидела да го напушти возилото, но ...

Нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина .Ако се држиме цврство и обединето без оглед на тоа кој е на другата страна ќе останеме цврсти а споделената мака е помала мака.Токму тоа јадро било разнишувано и удирано во историската судбина на Македонија. Македонија се соочува со сериозна и неправедна блокада во нејзините интеграции истакна премиерот Христијан Мицкосоки на свечената академија Од слово до вечност на одбележувањето на денот на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го уверил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие, соопшти израелски претставник. Според него, за време на синоќешниот телефонски разговор на Трамп со израелскиот премиер, американскиот претседател јасно посочил дека останува цврст во преговорите во однос на своето барање за долгорочен прекин на иранската нуклеарна програма и ...

Конечно по три дена неизвесност од КК Црвена Звезда објавија дека соработката со нивниот досегашен тренер Саша Обрадовиќ е раскината. Прекинот се должи на неуспехот во АБА лигата и елиминацијата по два натпревара од големиот ривал Партизан. Обрадовиќ оваа сезона го освои Купот на Србија и успеа да избори „плеј-ин“ во Евролигата каде Ц.Звезда беше елиминирана од Барселона. До крајот на сезоната во рамки на првенството на Србија на клупата на ...

Кирил и Методиј го изградија и се вградија во темелот на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, меѓу кои и на македонскиот. Нивниот подвиг не се состои само во создавањето на азбуката, туку и во отворањето на можноста човекот да ги артикулира својата мисла, вера и културна самосвест на јазикот што го разбира, нагласува претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова во честитката по повод Денот на светите браќа Кирил ...

Денеска (24.05.2026) во 06:30 часот на подрачје на СВР Куманово-ОВР К.Паланка од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција, сопрен е автобус „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки. Од извршената контрола констатирано е дека автобусот е управуван од страна на Х.У. државјанин на Р.Турција. Од страна на Н.Ц. косовски државјанин кој бил во улога на водич во автобусот ...

На 24.05.2026 во 02:50 часот кај Фонтана во Градски парк во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ф.Ф.(25) од Тетово. При преглед во возилото „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, пронајдена е и одземена марихуана. Додека, при преземање мерки за негово лишување тој физички нападнал полициски службеник кој преземал службени дејствија, по што е лишен од слобода и приведен во полициска станица. По ...

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје, објави денеска на Фејсбук, директорот на Јавното претпријатие „Железници инфраструктура“, Синиша Ивановски. Објавувајќи фотографии и видео од чистењето на Железничката станица, Ивановски порача дека Железничката станица треба да претставува гордост на главниот град. -Декади запуштеност и немање институционална и општествена грижа, за жал, ја претворија во тотално ...

Делото на светите браќа Кирил и Методиј е длабоко вкоренето во македонската национална историја, а денешниот ден не потсетува на нашата обврска достојно да го чуваме и негуваме македонскиот јазик, порачува ВМРО-ДПМНЕ во честитката по повод 24 Мај - Денот на сесловенските просветители. -Нивното дело претставува еден од најзначајните темели на словенската цивилизација, култура и образование. Со создавањето на првата словенска азбука, ...

Ноќеска (24.05.2026) во 02:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Н.Џ. од село Двориште, беровско. Во близина на угостителски објект во Струмица, полициски службеници извршиле преглед над лицето и патничко возило „фолксваген голф“ со беровски регистарски ознаки, во кое бил затекнат. Притоа, кај него била пронајдена бела прашкаста материја, за која тој во службен разговор изјавил дека е кокаин. ...

Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи и племиња сакате да бидат слепи и глуви? Дали Господ го сметате толку бессилен тоа да не може да го даде, или завидлив, па тоа да не го сака? Со овие зборови Константин Филозоф, подоцна прославен со калуѓерското име Кирил, во 9 век го бранел ...

На 23.05.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во летниковец на Средно Водно -„Видиковец“ е пронајден починат Б.П.(64) од Скопје, за кој претходно беше пријавено дека се оддалечил од домот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. На 23.05.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во летниковец на Средно Водно -„Видиковец“ е пронајден ...

На 23.05.2026 во 22:23 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Виничка“ во Пробиштип, патничко возило „фолксваген голф“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од ,Ј.Ј.(18) од Пробиштип, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип. На 23.05.2026 во 22:23 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ...

Браќата Кирил и Методиј испратиле порака која и денес е современа и моќна - секој народ има право на образование, култура, духовен израз и свој јазик. Народ кој не ја познава својата писменост и култура лесно станува туѓ во сопствената историја, порача премиерот Христијан Мицкоски од свечената академија што се одржува во Охрид по повод Денот на сесловенските просветители. Од црквата „Света Софија“ каде се одржува свечената академија ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека неговиот мандат наскоро ќе истече и можно е да поднесе оставка, наведувајќи дека нема да го скрати својот мандат како што некогаш го правеше поранешниот претседател на таа држава Борис Тадиќ. „Значи, можно е наскоро да поднесам оставка“, им рече Вучиќ на новинарите во Пекинг на почетокот од неговата посета на Кина, пренесоа белградските медиуми. Тој, исто така, рече дека некои собири, ...

Полската војска утринава ја активираше својата воена авијација во националниот воздушен простор како превентивна мерка за заштита на границите по масовните руски ракетни напади врз соседна Украина. Од воената команда на Полска нагласуваат дека целта е да се осигура безбедноста на полското небо, особено во подрачјата кои граничат со загрозените украински региони. Истовремено, во Киев одекнаа нови силни експлозии. Властите информираа дека ...

Силни експлозии го потресоа Киев во првите часови од денешниот ден, веднаш по предупредувањето на локалните власти за масовен руски напад со балистички ракети. Пред самиот напад, во градот беше прогласена воздушна тревога. Раководителот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, преку апликацијата Телеграм апелираше до граѓаните да останат во засолништата поради ризик од нови удари, информирајќи дека се погодени најмалку четири ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Меморандумот за разбирање за мировен договор со Иран е „во голема мера договорен“ и дека тој предвидува отворање на Ормуската Теснина, но иранската новинска агенција Фарс подоцна ги демантираше овие тврдења во однос на контролата врз водниот пат. Трамп преку социјалните мрежи истакна дека очекуваниот договор ќе го деблокира овој клучен воден пат, чие затворање ги наруши глобалните енергетски ...

Владимир Путин на почетокот на мај пристигна со руски теренец пред хотел во центарот на Москва, облечен неформално во фармерки и лесна јакна. Носејќи букет цвеќе, тој без брзање влезе во лобито и ја прегрна својата поранешна учителка Вера Гуревич, која го бакна по двата образи. Потоа ѝ помогна на Гуревич да влезе во неговиот автомобил и ја одвезе на вечера во Кремљ. Ова се случи само еден ден откако неколку западни медиуми, повикувајќи се на ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.18
43%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
54%
1013
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.87
66%
1012
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.93
44%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.66
43%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
56%
1012
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
43%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
40%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.78
45%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
51%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
55%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
1.45
63%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39