Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
На 25.05.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје Б.С.(71) од Скопје пријави дека неговиот 12-годишен внук, додека се движел по улица на подрачјето на Драчево, му се приближил мотор управуван од едно лице, на кој сопатник бил А.Х.(18) од Скопје, кого го познавал. Потоа А.Х. го фатил детето за рака, а возачот на моторот продолжил да вози, по што тоа паднало и било влечено по улицата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На ...
Претпладне сончево со летни температури, а во среда и четврток попладне невреме со дожд, на места и град, засилен ветер и чести електрични празнења најави УХМР. Поизразено нестабилно време ќе имаме задутре. - Во четврток процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Од петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, изјави Марија ...
Највисоки казни и барање за одземање на лиценци по свлечиштето на булеварот „Теодосиј Гологанов“. Инспекциските служби во вонредниот надзор констатирле сериозни неправилности на градилиштето, како и свлечиште на земјиштето кое предизвикало оштетување на коловозот, тротоарите, канализационата мрежа и уличното осветлување. Инспекциските служби утврдија дека постои свлечиште на земјиштето, по што веднаш се изречени најстроги законски казни и ...
Со 65 гласа „за“ и 14 против Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра. Парите ќе се користат за капитални инвестиции, сервисирање на обврски од буџетот, како и за враќање на старите долгови, меѓу кои и еврообврзницата од 700 милиони евра, земена во 2020 година. Државата се задолжува кај конзорциум од осум банки. Рокот на отплата е седум години, со вклучен грејс-период од три години. Опозициската СДСМ која не ...
Продлабочување на соработката меѓу Македонија и Хрватска, регионалната стабилност, ,економските односи ,инвестициите ,инфраструктурното поврзување енергетиката ,европската перспектива како и глобалните случувања кои влијаат врз целиот европски простор и заедничките предизвици, се главните теми денеска во Охрид на средбата меѓу македонскиот премиер Христијан Мицкоски и неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ, кој престојува во официјална ...
Во првиот квартал годинава вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 9.348.000 и е намален за 5 проценти во однос на првиот квартал од 2025 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 4,7 проценти, во приградскиот превоз за 8,8 проценти, а зголемување има во меѓуградскиот превоз за 9,2 проценти и во меѓународниот превоз за 1,3 процент. ...
Само една вечер со минусна темепратура беше доволна да ја запечати судбината на годинашната реколта од овошните насади во Лакавичката котлина. Овоштарите велат дека мразот за само една ноќ избришал месеци труд, инвестиции и надеж за добра сезона. Температурата се спушти во најчувствителниот период, кога овошките беа во цвет или се формираа плодовите. Во Лакавичката котлина, која важи за еден од позначајните овоштарски региони, производителите ...
Само Филипче му верува на Радев кој тврди дека уставните измени се последната препрека за влез во ЕУ. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тоа е само првиот од многуте чекори кои бугарските власти ги имаат кон Македонија, а се однесуваат на македонскиот јазик, култура и идентитет, повикувајќи се и на изјави на актуелниот бугарски премиер. Само Филипче му верува на Радев кој тврди дека уставните измени се последната препрека за влез во ЕУ. Од ВМРО-ДПМНЕ ...
Во Охрид денеска се одржува дипломатска средба на највисоко ниво меѓу Македонија и Хрватска, во рамки на официјалната посета на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На аеродромот „Св. Апостол Павле“, премиерот Христијан Мицкоски го пречека својот хрватски колега, по што започна програмата на билатерални разговори и средби меѓу двете делегации. Во фокусот на разговорите се очекува да бидат билатералната соработка, европската интеграција и ...
Изолирана појава на нестабилност утре и нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер в четврток на повеќе места прогнозира Управата за хистрометеоролошки работи. -Локално утре и во четврток процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град, соопшти УХМР. Според прогнозата на Управата, преодно стабилизирање на времето ќе има ...
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, како и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари за литар - соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ не се менува. За 0,330 денари поскапува „мазутот М-1 НС“ и еден килограм ќе чини 51,144 денар. МИА Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, ...
Денешната посета не претставува само дипломатска средба меѓу две влади, туку и потврда на едно пријателство што со години се градело - односи темелени на меѓусебна почит, разбирање, соработка и искрена поддршка. Тоа го истакна претседателот на владата, Христијан Мицкоски, на заедничката прес-конференција со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, по денешната средба во Охрид. Како што рече, Хрватска е близок партнер на Македонија, пријателска ...
Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во првиот квартал годинава во однос на претходниот квартал се зголемени за 0,8 проценти, трошоците за материјали за 1 процент, a трошоците за вработените за 0,4 проценти - објави денеска Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје од годинава, во однос на истото тримесечје од претходната година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се ...
Жозе Мурињо нема да ја преземе функцијата тренер на Реал Мадрид доколку Флорентино Перез ги изгуби претседателските избори. Според „As“, Мурињо, кој моментално е тренер на Бенфика, се согласил на двегодишен договор со мадридскиот клуб, со опција за продолжување за уште една сезона доколку ја освојат Ла Лига. Сепак, потпишувањето на договорот е одложено до завршувањето на претседателски избори. Доколку Перез не биде реизбран, Мурињо ќе ја ...
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп им забранила на клучни американски здравствени службеници задолжени за заразни болести директна комуникација со претставници на Светската задравствена организација (СЗО). Како што објави „Си-Ен-Ен“, со тоа практично им е оневозможено учество во дел од глобалните дискусии за епидемии. Според директивата на која се повикува американската телевизија, на вработени во Националниот институт за алергии ...
Портпаролката на француската влада, Мод Брежон, денеска соопшти за седум смртни случаи, меѓу кои пет предизвикани од давење, кои се поврзани со топлотниот бран што ја зафати Франција во последните неколку дена. - Она што можам да ви го кажам денеска е дека се случија седум смртни случаи кои се директно или индиректно поврзани со топлото време – изјави Брежон за каналот ТФ1 (TF1), додавајќи дека ситуацијата дополнително ќе се прецизира по ...
Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран, таргетирајќи локации за лансирање ракети и ирански чамци за кои тврди дека се обидувале да постават мини, и покрај тековниот прекин на огнот. – Американските сили денеска извршија напади во самоодбрана во јужен Иран за да ги заштитат нашите војници од заканите што ги претставуваат иранските сили – изјави синоќа портпаролот на Централната команда на САД (CENTCOM). Американската ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека збогатениот ураниум на Иран или ќе биде испратен во САД за да биде уништен или ќе биде уништен на друго место додека продолжуваат преговорите за рамковен договор за ставање крај на војната со Иран. Збогатениот ураниум или веднаш ќе им биде предаден на САД и таму ќе биде уништен, или ќе биде уништен на самото место, или на друга прифатлива локација во координација со Техеран, напиша ...
Германската полиција уапси 20-годишен државјанин на Авганистан под сомнение дека извршил силување врз 11-годишно девојче во училиште за деца со посебни потреби во градот Кобленц, јавуваат локалните медиуми повикувајќи се на обвинителството. Според официјалните информации од истражните органи, инцидентот се случил во училиштето „Ханс Цулигер“. Осомничениот, заедно со уште едно лице, неовластено влегол во училишниот двор за време на наставата. ...
Њујорк ноќеска го победи Кливленд во четвртиот натпревар од полуфиналето на плејофот на НБА со 130:93. Натпреварот се одигра во Кливленд. Најдобар стрелец на натпреварот беше Донован Мичел, кој постигна 31 поен, но и тоа не беше доволно Кавалирс да го избегнат поразот. Во победничкиот тим најдобри кошаркари беа: Таунс (19 поени + 14 скока), Ануноби (17) и Шамет (16). Њујорк ја доби серијата со максимални 4:0. Тие во финалето на плејофот на ...
Албанија и Европската Унија денеска во Брисел ќе ја одржат 8-та Меѓувладина конференција за процесот на преговори за пристапување. – Тоа се смета за важен момент во тековната фаза на преговорите, бидејќи се фокусира на заклучување на привремените услови што го одредуваат понатамошното темпо на процесот на европска интеграција на Албанија, објавија албанските медиуми. Според агендата објавена од ЕУ, Конференција ќе се одржи на маргините на ...
Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ и британскиот боксер Тајсон Фјури ќе имаа бокс меч на 1 август. Се очекува борбата да се одржи во Даблин, Ирска. Засега нема информации за официјалното емитување на борбата Ибрахимовиќ против Фјури. Деталите може да станат познати поблиску до датумот на борбата. Триесет и седумгодишниот Фјури е светски шампион во WBC, WBA, IBF, WBO и The Ring. Неговиот рекорд е 35 победи (24 со нокаут), 2 порази и 1 ...
Македонскиот фудбалски шампион Вардар и официјално го назначи Кристијан Фабијани за нив тренер. - Аргентинскиот стратег со богато фудбалско и тренерско искуство пристигнува во ФК Вардар со јасна визија – модерен, офанзивен и дисциплиниран фудбал. „Болен сум по тактика“ – порака која најдобро го опишува новиот кормилар, човек кој носи јужноамериканска енергија, страст и амбиција да го подигне Вардар на уште повисоко ниво. Пред нас е нова ера ...
Француските власти ќе им забранат на навивачите на ПСЖ да одржат парада доколку тимот го освои трофејот во Лигата на шампионите, објави градското собрание на Осмиот арондисман на Париз. Маршот на „Шанзелизе“ нема да се одржи за да се избегнат потенцијални немири во француската престолнина. - Полициската управа презеде мерки за да ја осигури безбедноста на луѓето и имотот таа вечер. Во случај на победа, за разлика од минатата година, не е ...
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, би можел да го промени клубот во летниот преоден рок, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Аргентинскиот напаѓач не е во суштински разговори со мадридскиот клуб за продолжување на договорот. Неговиот тековен договор важи до 2030 година. ПСЖ, Барселона и неколку клубови од Премиер лигата покажуваат интерес за Алварез. Романо забележува дека раководството на Атлетико ќе има тешкотии да го задржи ...
Според синоптичарите, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до 32 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Се очекува ...
Собранието денеска треба да ја продолжи 102. седница, на чиј дневен ред преостанати се уште три точки. Пред пратениците денеска е предлог-законот за задолжување за општи буџетски потреби, во износ од 260 милиони евра, кој се носи по скратена постапка. Според Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај КфВ ИПЕКС-Банк ГмбХ (KfW IPEX-Bank GmbH), Банко Билбао Визкаја Аргентариа, С.А. (Banco Bilbao Vizcaya ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ќе биде домаќин на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. Како што соопшти Владата, денеска во 10:00 часот премиерот Мицкоски заедно со министрите ќе го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Според агендата, по пречекот, во премиерската вила ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерите Мицкоски и ...
„Кроација ерлајнс“ ги продолжува намалувањата на фреквенциите на своите летови од Загреб до Скопјe и до Сараево, објави специјализираниот сајт „Екс ју авијација“. - Во текот на јуни, авиокомпанијата ќе опслужува во просек по седум летови неделно до Скопјe, што е намалување од девет неделно во јуни минатата година, додека Сараево ќе има просечно девет до десет летови неделно, во споредба со единаесет минатата година. Превозникот ги намалува ...
Почина поранешниот министер, амбасадор и новинар Мартин Треневски, соопшти неговото семејство. Треневски беше роден во 1949 во Скопје и во текот на својата богата професионална кариера остави значаен белег во новинарството, државните институции, дипломатијата и врските со македонското иселеништво. Треневски дипломирал на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата англиски јазик и литература. ...