Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека со цел одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит, се воведува Кодекс за облекување за сите вработени и странки кои ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи. Како што посочуваат од МВР, како институција која е постојан сервис на граѓаните, соодветното облекување придонесува за подобра работна атмосфера и почитување на ...

Американската вселенска агенција НАСА најави претставување на четиричлениот екипаж на „Артемис 3“ на 9 јуни во Вселенскиот центар „Џонсон“ во Хјустон, како и ажурирање за напредокот на програмата. Агенцијата, исто така, објави дополнителни информации за подготовките на мисијата. „Артемис 3“ претходно беше планирано како прво слетување во рамките на програмата „Артемис“, којашто има за цел да воспостави подолгорочно човеково присуство на ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го коментираше својот триумф над Французинот Валентин Ројар (6:3, 6:2, 6:7 (7:9), 6:3) во второто коло на Ролан Гарос. - Беше многу, многу тежок натпревар во тешки услови. Голем тест за мене. Искуството многу ми помогна. Ова е многу важна победа. Условите се тешки за играчите. Имав шанси во третиот сет, но по моја вина го изгубив сетот. Се надевам дека нема да сретнам друг француски играч пред крајот на ...

Крајот на месец мај го означува почетокот на новото поглавје во актуелната кошаркарска сезона – младинската репрезентативна кошарка. Согласно со тоа, дефинирани се и стручните штабови на повеќе наши младински национални селекции кои ова лето ќе ја претставуваат Македонија на европската сцена. Македонската кошарка ќе има свои претставници на четири младински Европски првенства во машка и женска конкуренција. Покрај сениорската репрезентација, ...

Потрошувачката кошничка е готова, беше дадена на Економско-социјалниот совет (ЕСС), очекуваме позитивни сигнали од сите и ќе почнеме да ја пресметуваме, изјави денеска заменик министерот за економија, Марјан Ристески. -Потрошувачката кошничка не е некој пандан на синдикалната минимална кошничка, едноставно ќе биде врз база на релевантни показатели, не само од Државниот завод за статистика, туку и од сите други институции во државата - од ...

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад врз американска база во Кувајт. Американската централна команда (ЦЕНТКОМ) соопшти дека соборени се и четири ирански дронови, што претставувале закана околу Ормуска Теснина. – Копнената контролна станица во иранската база Бандар Абас е погодена пред да биде лансирано петтото беспилотно летало, соопшти ЦЕТКОМ, додавајќи оти акцијата била ...

Европската Унија би можела привремено да им го одземе правото на вето на идните земји-членки за да ги спречи да се мешаат во надворешната политика на блокот, објави „Гардијан“, повикувајќи се на извори во ЕУ. Според весникот, Европската комисија сега разгледува план според кој новите членки нема автоматски да добијат овластување да ги блокираат одлуките за надворешна политика или други прашања што бараат едногласност. Мерката би можела да се ...

Во близина на северниот брег на Турција во Црно Море пријавени се напад со беспилотни летала врз три танкери, соопшти турската поморска агенција Трибека. Танкерот „Џејмс II“, што плови под знамето на Палау, е нападнат околу 80 километри северно од областа Туркели во Црно Море. Додека танкерите „Алтура“ и „Велора“, што пловат под знаме на Сиера Леоне, биле нападнати се во истото подрачје додека вршеле претовар. Според Трибека, турски бродови ...

Времето утре и во сабота ќе биде стабилно и со пониски дневни температури. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Од недела се очекува постепен пораст на температурите, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Времето утре и во сабота ќе биде стабилно и со пониски дневни температури. Ќе дува умерен до засилен ...

Состојбата на охридското езеро постојано варира.Врнежите од дожд изминатиот период го зголемија нивото но постојаните осцилации негативно влијаат врз растителниот и животинскиот свет.Охридското езеро од преполно до испразенто предизвикува драстични негативни промени . Екологистите години наназад алармираат дека влијание врз честите осцилации на водостојот покрај временските прилики има и човечкиот фактор со регулирање ан нивото преку ...

Неколку вработени во компанија лоцирана во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип синоќа пријавиле здравствени проблеми кои укажуваат на можно труење со храна. Според првичните информации, повеќе од пет лица почувствувале симптоми како мачнина, повраќање и стомачни болки по консумирање на оброк обезбеден на работното место, дознава М Нет телевизија. Двајца од вработените, поради влошување на состојбата, побарале лекарска помош и ...

Лондонски Кристал Палас го освои првиот европски трофеј во својата 119-годишна историја, откако вечерва во финалето на Лигата на конференции во Лајпциг го совлада Рајо Ваљекано со 1-0 (0-0). Ова беше петто издание на Конференциската лига во кое Кристал Палас стана петтиот клуб кој триумфирал, по Рома, Вест Хем, Олимпијакос и Челзи. Победата на англискиот клуб му ја донесе францускиот репрезентативец Жан – Филип Матета во 51. минута. ...

Крилниот напаѓач на Кристал Палас, Еван Гесан, стана првиот фудбалер во историјата што освои две европски натпреварувања во една сезона. Англискиот тим синоќа го победи Рајо Ваљекано (Шпанија) со 1:0 во финалето на Конференциската лига. Дваесет и четиригодишниот играч од Брегот на Слоновата Коска одигра 10 минути од натпреварот. Гесан се приклучи на лондонскиот клуб како позајмен играч од Астон вила во јануари. Тој одигра седум натпревари од ...

Главната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс, и главната обвинителка на Њу Џерси, Џенифер Девенпорт, објавија дека повикале претставници на ФИФА на суд во врска со случајот со продажба на билети за Светското првенство во 2026 година, објави „EPSN“. Обвинителството побарало интерни информации за тоа како Светската фудбалска асоцијација продавала билети за осум натпревари од Мундијалот закажани да се одржат на стадионот „МетЛајф“ во Ист ...

Во сабота, 30 мај, вечерта на финалето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Арсенал, во Франција ќе биде распоредена голема безбедносна операција. Според „Л’Екип“, ќе бидат распоредени 22.000 полицајци и жандарми, од кои 8.000 ќе бидат на улиците на Париз и околината. Минатата година, за време на финалето на Лигата на шампионите во Минхен, во кое ПСЖ го победи Интер со 5:0, 5.400 полицајци и жандарми беа мобилизирани во регионот на Париз. По ...

Шведскиот стриминг гигант Спотифај официјално ја пушти во употреба новата опција за аудио-статии („narrated articles“), со што продолжува да го збогатува својот содржински каталог и да ја шири понудата настрана од музиката и поткастите. Корисниците на оваа платформа сега можат да слушаат аудио-верзии на ексклузивни текстови од некои од најпрестижните светски списанија, како Вог, Атлантик и Варајети. Во првата фаза, стриминг платформата ќе им ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена. Во Скопје, променливо ...

Армијата на Република Северна Македонија денеска на градскиот стадион во Штип организира презентација на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата. Како што соопшти АРМ, настанот се реализира по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки се изврши оценување на борбената готовност (CREVAL) на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ). -Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со дел од вооружувањето, ...

- На 28.05.2026 во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека во куќа, сопственост на С.К.(45), а во која живеела и нејзината мајка М.В.(85) во населба Пинтија во Скопје, настанал пожар. Од повредите здобиени во пожарот, починала М.В., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информира МВР. Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Полициски екипи во текот на денот ќе извршат увид. - На 28.05.2026 ...

По повод одбележувањето на Светскиот ден на Мултиплекс склероза (МС), Мобилност Скопје со поддршка од страна на град Скопје, единаесетти пат организира мирен марш за силно поткревање на гласот на лицата со МС, Параплегија, Дистрофија и Детска парализа, како и успешно подигнување на јавната свест за овие дијагнози и состојби, постојаната борба за остварување на нивните права и создавање кохезија со заедницата за еднакви можности. По тој повод ...

„Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“ е тема на 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026 кој свечено ќе биде отворен денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Го организираат Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите од Скопје и Институтот за културна дипломатија од Берлин, со ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе изврши увид во градежните активности за темелна реконструкција на државниот студентски дом „Стив Наумов“ во скопската населба Автокоманда. Јаневска пред два месеца изјави дека привршува реконструкцијата на студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје и дека од новата академска 2026/2027 година очекува во нив да почне сместувањето на студентите. - Од 1 ...

Минималната температура изутринава во Берово изнесува 8 степени Целзиусови, во Лазарополе 9, во Mаврови Анови и Попова Шапка, во Крива Паланка и Претор, 11, Битола, 12, Скопје-Петровец, Тетово и Охрид, 13, Прилеп, Штип, Демир Капија и Струмица, 14, Виница, Гевгелија, Kрушево, Куманово и Кавадарци,15, Велес, 16, Скопје-Зајчев Рид, 17. Како што информира УХМР, времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува ...

Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На минатото рочиште се изведуваа материјални докази на обвинителството - видео снимки и слики поврзани со објектот - клубот „Пулс“ од критичната вечер, па и низ годините во минатото кога работел. Досега на судењето на пожарот во ...

Во рамки на теренската посета „Блиску до народот – доследни на зборот“, во организација на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во општина Кисела Вода се одржала средба со граѓаните кои ги споделија своите идеи, предлози и проблеми, информира денеска прес-службата на Град Скопје. На средбата присуствувале претставници на институциите, директори на јавните претпријатија, како и градоначалничката ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.М.(60) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „предизвикување на општа опасност“. На 07.04.2026 на место викано „Тафрачко маало“ во с.Бигла, делчевско, пријавениот намерно предизвикал шумски пожар, во кој биле оштетени површини на девет сопственици на катастарски парцели во с.Бигла. Надворешната канцеларија за ...

Во 2025 година, вистинското работно време на работниците со полно и скратено работно време во ЕУ на возраст од 20 до 64 години во просек изнесувало 35,9 часа, што е намалување од еден час во однос на 2015 година, објави Евростат. Во Македонија, пак, вистинското неделно работно време било 39,5 часа. Од земјите во нашето соседство, според достапните податоци на Евростат, подолга работна недела има во Србија 41,3 часа и во Босна и Хдрцеговина ...

Редот е долг најмалку два километра, се чека со часови, но верата и вербата за благослов, не им дозволуваат да се откажат на десетици илјади православни верници да се поклонат пред Појасот на Пресвета Богородица што е донесен од манастирот Ватопед на Света Гора во храмот Свети Сава во Белград. Во редот нема нервоза, има мир и тишина пред платото на храмот од луѓето кои чекаат да се поклонат пред една од најголемите христијански реликвии. ...

Во пет одвоени случаи во морскиот дел јужно од грчките острови Крит и Гавдос, од синоќа до рано утрово припадниците на крајбрежната служба на Грција и силите на Фронтекс откриле и спасиле вкупно 240 мигранти, јави дописничката на МИА од Атина. Од петте случаи, четири се рано утрово, кога биле откриени четири чамци со 202 мигранти и сите биле безбедно префрлени на пристаништата на Крит и Гавдос. Два чамци со 44 и 60 лица, со помош на воздушно ...

САД воведоа санкции против новоформираната иранска структура која, според Вашингтон, е задолжена за контрола на бродскиот сообраќај низ Ормуската теснина, соопшти американското Министерство за финансии. Техеран на 15 април соопшти дека формирал нов државен орган насловен „Управа за контрола на Персискиот Залив“ (Persian Gulf Strait Authority), со основна задача управување со безбедноста и надзорот на морскиот премин. Во соопштението на ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.89
59%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.02
70%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.9
72%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.02
51%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
64%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.76
76%
1015
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
53%
1016
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
52%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.7
52%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
72%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
68%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.66
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Калај

53.60

Бакар

13.01

Платина

55170.68

Кобалт

45.39