Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Дигиталните алатки сè повеќе влијаат врз начинот на кој младите учат и размислуваат. Според експертите, прекумерното користење мобилни телефони, социјални мрежи и вештачка интелигенција ја намалува концентрацијата и критичкото размислување кај учениците. Истражувањата покажуваат дека читањето од книга и понатаму овозможува подобро разбирање и полесно усвојување на знаењето отколку содржините на екран. - Употребата на вештачката интелигенција ...
13 годишно дете загина возејќи електричен тротинет по судар со автомобил во кумановско. Како што соопшти полицијата несреќата се случила синоќа околу 21 часот на регионалниот пат Куманово-Скопје во селото Черкези. - На 28.05.2026 околу 21:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје во с.Черкези, кумановско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки ...
Продолжениот викенд во Македонија го стави на тест новиот европски систем за гранична контрола, отворајќи ја летната сезона со гужви, нервоза и повеќечасовни чекања на излез од државата. Од вчера, земјава ја напуштиле над 13.000 лица, од кои најголем дел се упатиле кон Грција и Србија. Најоптовареен е граничниот премин Богородица кон Грција, каде патниците сведочат дека за влез во соседната земја се чека со часови. Причината за забавувањето е ...
Тиват ќе биде местото каде што германскиот канцелар Мерц ќе ги открие целосните детали за неговиот план за асоцијативно членство на Украина и постепена интеграција на Западен Балкан, брифираат извори од Европскиот совет. Самитот на ЕУ со Западен Балкан ќе се одржи на 5 јуни во Црна Гора. Иако засега идејата не е прифатлива за неколку држави членки на ЕУ, меѓу кои Унгарија и Словачка, но и за самата Украина, ова ќе биде прва прилика за неа да ...
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен северозападен ветер. Утринските температури ќе се дижат од 4 до 14 степени, а максималните дневни од 19 до 31 степен. Како што информира УХМР, во недела и понеделник во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник и среда времето ќе биде променливо ...
Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Сараево ѝ гостува на Босна и Херцеговина, пред соочувањето со Турција, в понеделник во Истанбул, во двата контролни натпревари кои новиот селектор Гоце Седлоски ги најави како генерална подготовка за настапот во новиот циклус во Лигата на нации оваа есен. Седлоски за двата натпревари повика 27 фудбалери, вклучувајќи петмина дебитанти (Дин Аломеровиќ, Георгије Јанкулов, Дарко Анѓелески, Дарко ...
Две лица се повредени откако руски дрон удри во станебан зграда во градот Галац во Источна Романија за време на синокешниот напад на Москва врз Русија, соопштија романскте власти. По ударот избувнал пожар. 70 жители се евакуирани од објектот. Градот Галац се наога во близина на границите со Молдавија и Украина. Според романското министесрво за одбрана, дронот влегол во романскиот воздушен простор но романските вооржени сили немале доволно ...
Пакет нови мерки, со акцент на дополнителното зајакнување на информатичките системи за побрзо спроведување на контролите, како и разгледување на можноста за изградба на привремени технички решенија за олеснување на протокот на патници и возила, било одлучено на вчерашниот состанок што го свика заменик-министерот за внатрешни работи на Грција надлежен за областите Македонија и Тракија, Константинос Гулекас во однос на ситуацијата на ...
Тринаесетгодишно дете од кумановско загина во сообраќајна несреќа, што се случи синоќа на регионалниот пат Куманово-Скопје во село Черкези. Сообраќајната несреќа, како што наведуваат од СВР Куманово, се случила помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од дваесет и четиригодишниот Ф.С. од Куманово и електричен тротинет управуван од тринаесетгодишниот малолетник од село Черкези. -По несреќата, малолетникот ...
Мицкоски нека ги внесе малцинствата во Уставот или нека излезе пред граѓаните и јавно да признае дека не сака членство во ЕУ, велат денеска од опозициската СДСМ и потсетуваат дека остануваат уште два дена од ветувањето на премиерот за исполнување на точките од Реформската агенда. Остнуваат уште само 2 дена до 1 јуни, до кога Христијан Мицкоски јавно вети пред граѓаните дека целосно ќе ги исполни сите точки од Реформската агенда и обврските ...
Црквата денес ја одбележува Задушница, ден посветен на сеќавањето и молитвата за покојните. Верниците денес и утре ги посетуваат вечните почивалишта на своите најблиски, и заедно со свештениците молат посебни молитви посветени на овој ден. Во текот на годината, православната црква предвидела Задушница да се одбележува во три наврати, како потсетник на духовната врска меѓу живите и упокоените. Отец Кирил Фидански од Македонската православна ...
Бројот на невработени лица во првото тримесечје од 2026 година е намален за еден отсто во споредба со четвртото тримесечје од 2025 година, а за 2,3 проценти е намален во споредба со истото тримесечје минатата година. Од вкупниот број невработени лица, мажи се 62,4 отсто, а жени 37,6 проценти. Како што информира Државниот завод за статистика, бројот на вработени лица бележи намалување од 0,3 отсто. Од вкупниот број вработени, 57,9 отсто се ...
Љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата, вели премиерот Христијан Мицкоски, во однос на предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц за постепена интегрција на во Европската унија. Мицкоски, денеска во одговор на новинарско прашање потврди присуство на претстојниот Самит на ЕУ и Западен Балкан во Тиват, каде очекува да слушне повеќе за овие концепти и идеи. - Тие размислувања и идеи ги слушаме веќе подолго време, не би можел да ...
На 28.05.2026 година во 19:10 часот, од страна на Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, од слобода бил лишен М.И. (24) од Куманово. Истиот ден, на автопатот во правец од Граничниот премин Табановце кон Куманово, било сопрено патничко моторно возило „Фиат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.И. При извршената контрола, во возилото биле пронајдени неколку пакувања со бела прашкаста ...
Во 2025 година е забележан пораст на бројот на пријавени полнолетни сторители на кривични дела, но истовремено и намалување на бројот на обвинети и осудени лица, покажуваат најновите статистички податоци. Во исто време, кај кривичните дела доминираат имотните деликти и прекршоците во сообраќајот, како кај полнолетните лица, така и кај малолетниците. Согласно последните податоци на Државниот завод за статистика, вкупно 14.237 полнолетни лица ...
Кога политиката сака послушен суд, тогаш има проблем со Уставот, а не со судиите - оценува претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, нагласувајќи дека токму „послушноста“ во минатото довела до „разнишана правна држава и недоверба кај граѓаните“, додека денешната „нервоза“ кај политичките структури е показател дека Судот излегол од компромисноста и си ја врши работата. Во интервју за „Нова Македонија“ Костадиновски се осврнува на ...
Денеска (29.05.2026) околу 05:00 часот, од страна на полициски службеници од Регионалниот центар Запад, приведени се четири лица од Република Албанија кои биле затекнати при вршење незаконит риболов во водите на Преспанското Езеро, во период кога е во сила активна забрана за риболов. Од извршените проверки било констатирано дека лицата нелегално ја преминале државната граница. На местото на настанот бил пронајден крап со вкупна тежина од ...
Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи поради безобѕирно управување со моторни возила. Во Скопје, четири лица управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, додека две лица од Кавадарци управувале мотоцикли без положен возачки испит. Исто така, возач од Скопје управувал мотоцикл без возачка дозвола, а моторциклот бил и без важечка регистрација. Во ...
Министерството за внатрешни работи информира дека ОВР Крива Паланка поднесе кривична пријава против И.С. (50) и едно правно лице од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Според информациите, во периодот од 2021 до 2025 година, првопријавениот, во својство на сопственик и управител на правното лице, како инвеститор, зазел делови од три катастарски парцели во државна сопственост со вкупна површина ...
Полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода две лица на возраст од 58 и 37 години, двајцата од села во тетовското подрачје, по пријава за кривично дело поврзано со сексуално насилство врз малолетничка. Како што информираат од полицијата, пријавата била поднесена вчера околу 16:45 часот од страна на 62-годишно лице, баба на оштетената девојка. Според неа, 58-годишниот осомничен извршил кривично дело „полово вознемирување“ со елементи ...
- Министерството за правда внимателно ги следи информациите објавени во јавноста во врска со наводите дека Никола Груевски стекнал унгарско државјанство. Независно од сите шпекулации и неофицијални информации за евентуалниот статус што го има во Унгарија, Никола Груевски останува државјанин на Република Северна Македонија и е лице кое е предмет на правосилни судски одлуки и активни постапки - се вели во соопштението од Министерството за ...
Македонската кикбокс елита во поход на балкански медали – 108 членови на репрезентацијата ќе настапат во Нови Сад Во периодот од 29 до 31 мај 2026 година во Нови Сад, Република Србија, ќе се одржи Балканското кикбокс првенство за сите возрасни категории, во организација на WAKO Balkan. Кикбокс Маитаи Федерацијата на Македонија на ова значајно регионално натпреварување најголемиот дел од трошоците ги покрива самостојно, но вредно е да се ...
Советот на Европската Унија одлучи дека Украина, во рамките на седмата редовна исплата на помош од Инструментот на ЕУ, ќе добие 2,8 милијарди евра, соопштено е денеска во Брисел. Исплатите се поврзани со Планот за Украина, кој ги утврдува мерките за нејзино закрепнување од војната, реконструкција и модернизација, како и роковите за реформи во согласност со нејзината цел за прием во ЕУ. Претходната, шеста исплата, во декември 2025 година ...
Потенцијалниот договор на САД со Иран ќе зависи од одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска американскиот министер за финансии Скот Бесент и повтори дека Трамп „нема да направи лош договор за американскиот народ“. - Сè зависи од тоа што тој сака да направи – рече Бесент за време на брифинг со новинари во Белата куќа. Тој одби да сподели детали од прелиминарниот договор што го постигнале тимовите на САД и Иран, но ...
Ракета „Блу Ориџин“ експлодираше на лансирна рампа во Флорида за време на тестирање на моторот. Снимките од местото на настанот покажуваат огромна огнена топка како го проголтува објектот во Кејп Канаверал, а компанијата во сопственост на Џеф Безос потврди дека имало проблем, објави Би-Би-Си . Во објава на социјалните мрежи, „Блу Ориџин“ соопшти дека доживеале аномалија за време на тестот за палење на моторот на лансирната рампа и потврдиле ...
Нестабилната безбедносна ситуација во источно Демократска Република Конго (ДРК) е најголемата пречка за сопирање на епидемијата на ебола во оваа земја, изјави доцна синоќа генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, јави ДПА. Само во текот на изминатиот месец околу 100.000 лица се дополнително раселени поради борбите во земјата, што го отежнува сопирањето на болеста, рече Тедрос, кој отпатува ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени. Утре ...
Денес (29.05.2026) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градски гробишта „Бутел“ ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по улицата „Бутелска“, потоа лево по улицата „Александар ...
Идната сабота почнува полагањето на екстерните испити од матурата за повеќе од 14 500 ученици кои завршуваат средно образование во учебната 2025/2026 година. Во согласност со измените на Законот за средното образование, оваа година матурантите ќе полагаат три типа матурски испит - државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура. За секој испит (предмет) од типовите матура се изработени посебни испитни програми врз основа на ...
Во првиот кваратл годинава во споредба со истиот период лани, цените на услугите во секторот за транспорт и складирање пораснале за 6.5 проценти, објави Државниот завод за статистика. Според видовите транспорт, цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат пораст од 6.7 проценти, додека кај поштенските и курирските услуги остануваат непроменети. Во истиот период, цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пораст ...