Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ќе биде домаќин на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. Како што соопшти Владата, денеска во 10:00 часот премиерот Мицкоски заедно со министрите ќе го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Според агендата, по пречекот, во премиерската вила ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерите Мицкоски и ...
„Кроација ерлајнс“ ги продолжува намалувањата на фреквенциите на своите летови од Загреб до Скопјe и до Сараево, објави специјализираниот сајт „Екс ју авијација“. - Во текот на јуни, авиокомпанијата ќе опслужува во просек по седум летови неделно до Скопјe, што е намалување од девет неделно во јуни минатата година, додека Сараево ќе има просечно девет до десет летови неделно, во споредба со единаесет минатата година. Превозникот ги намалува ...
Почина поранешниот министер, амбасадор и новинар Мартин Треневски, соопшти неговото семејство. Треневски беше роден во 1949 во Скопје и во текот на својата богата професионална кариера остави значаен белег во новинарството, државните институции, дипломатијата и врските со македонското иселеништво. Треневски дипломирал на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата англиски јазик и литература. ...
Фондацијата „Фросина Кулакова“ започнува официјална соработка со Министерството за внатрешни работи преку потпишување Меморандум за соработка, насочен кон унапредување на безбедноста во сообраќајот и спречување трагедии. Од Фондацијата информираат дека ова партнерство претставува продолжение на нивната мисија за подигнување на јавната свест, развој на општествено одговорни кампањи и обезбедување психосоцијална и правна поддршка за ...
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека Ормуската Теснина „мора да остане отворена на еден или друг начин“, по новите американски напади врз ирански цели во јужниот дел на земјата. Тој истакна дека слободното поминување низ стратешкиот морски проток е клучно за глобалната безбедност. Рубио од Џајпур посочи дека разговорите со Иран напредуваат, но дека усогласувањето на текстот на евентуален договор може да потрае уште ...
Рускиот претседател, Владимир Путин, потпиша указ со кој им се отпишуваат долговите на новите регрути за војната во Украина и на членовите на нивните семејства, соопшти Кремљ. Мерката е дел од напорите на Русија за зголемување на бројот на војници во конфликтот што трае повеќе од четири години. Според указот, лицата кои потпишале договор со руското Министерство за одбрана по 1 мај, како и нивните сопружници, можат да бидат ослободени од ...
Надежите за брз крај на тримесечната војна меѓу Соединетите Држави и Иран нагло се намалија, откако двете страни јавно ги ублажија очекувањата за итен мировен пробив. Американскиот претседател Доналд Трамп преку својот профил на својата социјална мрежа „Truth Social“ испрати остра порака до домашните критичари, порачувајќи дека нема намера да прави компромиси кои би биле на штета на Вашингтон. Трамп децидно нагласи дека потенцијалниот мировен ...
Големиот пожар што избувна вчера доцна попладне во кругот на поранешната фабрика „Декортекс“ во Радовиш е изгаснат по повеќечасовна интервенција на пожарникарите. Огнот зафатил магацински простор и дел од објектите во кои имало машини и запалив материјал. Во гаснењето учествувале екипи на Територијалната противпожарна единица Радовиш, кои неколку часа работеле на локализирање и целосно ставање под контрола на огнот. - Пожарот беше во ...
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно пет пријави за семејно насилство, додека четири лица се лишени од слобода. Во тетовско село, вчера во 12:40 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.А. (36) од истото село. Претходно, во 12:00 часот во просториите на Одделението за криминалистичка полиција Тетово, неговата 57- годишна мајка, пријави дека во нивниот семеен дом, ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, од кои деветмина управувале возило без возачка дозвола (тројца во прилепско и по еден во Желино, Гостивар, кичевско, Куманово, Скопје и Делчево), двајца под дејство на алкохол (Гевгелија и Скопје) и тројца со активна забрана за управување (Кичево, Куманово и Велес) - соопшти Министерството за ...
Пожар кој избувна синоќа во Радовиш во кругот на поранешен „Декортекс“, настанал во една од халите на фабрика за текстил, во која биле сместени машини и репроматеријали. Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека вчера во 20:08 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, во која биле сместени машини и репроматеријали. По интервенција на ...
Дводневен експертски состанок на претставници на ревизорски институции од Србија, Северна Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Словачка, почна денеска во Белград, чија цел е зајакнување на соработката и започнување заеднички ревизии за користењето на јавните средства за постигнување на Целите за одржлив развој, особено на локално ниво. Генералниот ревизор и претседател на Државната ревизорска институција на Србија, Ивица ...
Премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут денеска во Белград разговараше со претседателката на Националниот совет на Македонското национално малцинство, Зорица Митровиќ, за подобрување на положбата на припадниците македонското малцинство, и во таа прилика изјави дека Србија и Северна Македонија се братски и пријателски земји, ориентирани кон соработка, почитување и заеднички просперитет. „Националните малцинства се вистинското богатство на ...
Премиерот Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе биде домаќин на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. Како што соопшти Владата утре во 10:00 часот премиерот Мицкоски заедно со министрите ќе го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Според агендата по пречекот во премиерската вила ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и премиерот ...
Свлечиште на земјата настанало денеска во општина Центар при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, при што бил затрупан багерот, но лицето кое го управувало навреме излегло, информираат од Министерството за внатрешни работи. -Денеска (25.05.2026) околу 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. “Христо Смирненски” при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, ангажиран од ...
Инспекциските служби на Општина Центар заедно со Министерството за внатрешни работи веднаш излегле на терен во врска со инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде е евидентирано оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на градежен зафат. Општина Центар денеска соопшти дека по извршениот увид, констатирани се оштетувања на коловозот, тротоарската површина, канализационата ...
Руското Министерство за надворешни работи ги предупреди странците да го напуштат украинскиот главен град Киев. Министерството соопшти дека руските сили ќе почнат да вршат серија напади врз објекти на украинската одбранбена индустрија во Киев. Нападите ќе бидат насочени и кон центрите за донесување одлуки и против командните постови во градот. „Нападот на вооружените сили на Украина врз Старобелск ја прели чашата на трпението“, се вели во ...
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изјави дека брзото ширење на епидемијата на ебола во ДР Конго и Уганда ги надминува напорите за одговор и оти претпоставените смртни случаи достигнале 220 лица. – Итно ги забрзуваме операциите, но во моментов епидемијата нè престигнува – рече Гебрејесус и додаде дека земјите кои граничат со ДР Конго, каде што е жариштето на заразата, мора ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во приватни разговори со соработниците изјавил дека Израел има многу ограничена можност да влијае врз донесувањето одлуки на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, во врска со Иран, додека Вашингтон води преговори за можен договор во војната која трае речиси три месеци, наведуваат две лица запознаени со разговорите. Изјавите на Нетанјаху, кои за некои светски агенции ги пренеле двајца израелски ...
Наша должност и обврска е заветот на светите браќа Кирил и Методиј и на нивните ученици да го посведичиме и предадеме со дела на младите поколенија, кои се нашата иднина и наследство, порача епископот Ераклејски, г. Климент на свечената акдемија што се одржа во црквата Света Софија во Охрид по повод Денот на сесловенските браќа Кирил и Методиј. Говорот го пренесуваме во целост: Почитуван премиер и покровител на настанот г. Христијан ...
Со концерт на камерниот ансамбл „Консонанс“, кој вчеравечер се одржа во престижниот амбиент на „Хорти Салустијани“, свечено беше заокружено годинашното чествување на сесловенските просветители во Рим, во рамки на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св. Кирил“. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој е дел од државно-црковната делегација, во своето обраќање истакна дека делото на светите браќа Кирил и Методиј ...
Започна борбата кај средните училишта кој да запише повеќе ученици. Во ситуација каде бројот на деца во државава за жал секоја година е се помал училиштата прават се макар и за ученик плус. Се прават отворени денови, секое училиште се труди своите смерови да ги претстави во најдобро светло, дека тие се иднината на деветтоодделенците. „Добра струка, ја бараат децата и треба да се запишат, затоа што со добивање на дипломата со овој смер ...
Угостителскиот сектор изминативе години поради побарувачката на пазарот стануваа се поатрактивен но сепак проблем во охридскиот регион е сезонскиот ангажман.и заминувањето на младите во странство за поголеми плати што им отежнува на рестораните да најдат стручен кадар особено во екот на летната сезона. Менаџерот според професорката Ангела Паскуале ја има клучната улога во работењето. Оние угостителски објекти кои имаат добар сервис и ...
Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека до крајот на оваа седмица ќе се задржи претпладне променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 40 km/h). Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе ...
На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство вчера е донесена малолетничка со породилни болки. По пријава од Клиниката приведена е нејзината мајка, а со таткото е извршен службен разговор и известен е јавен обвинител. - На 24.05.2026 во 15:50 часот во ЈЗУ УК „Гинекологија и акушерство“ при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 38-годишната С.К. од Скопје, постапувајќи ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска уште еднаш потврди дека планира да поднесе оставка од функцијата, појаснувајќи дека по тој потег ќе се знае дали земјата во рок од 90 дена ќе оди на предвремени претседателски или парламентарни избори. Во изјава за медиумите за време на неговата официјална посета на Кина, Вучиќ посочи дека по неговото повлекување, функцијата и претседателските овластувања, согласно процедурите, ќе ги преземе ...
Најмалку пет луѓе се повредени откако трамвај претпладнево излета од шини во Белград и удри во зграда. Возачката кабина на трамвајот е целосно уништена, прозорците на трамвајот се скршени, а дел седишта се искорнати. „Според податоците од Градското сообраќајно претпријатие (ГСП), во несреќата се повредени пет лица, вклучувајќи го и возачот на трамвајот. Тој е префрлен во Ургентниот центар, изјави за Н1 Иван Банковиќ, претседател на ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја одбранија титулата првак на Македонија откако вечерва во натпреварот број 3 од финалната серија го совладаа дебитантот во лигашката конкуренција Маџари со 80:74 и 3-0 во добиени натпревари. Ова за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром беше 13.та шампионска титула Домаќинот солидно го започна натпреварот и ја доби првата делница со 26:21, но МЗТ возврати во вториот период и замина на паузата со предност од ...
Во Франција е прогласен жолт метеоаларм во 18 департмани поради силниот топлотен бран, а истото предупредување од денеска се воведува и за Париз и неговите предградија, додека британската метеоролошка служба предупредува дека топлотниот бран во таа земја денеска би можел да собори три рекорди. „Метео Франс“ соопшти дека оваа година е обележана со рано доаѓање на исклучително топло време, со утрински температури меѓу 14 и 20 степени ...
Папата Лав XIV денес ќе ја претстави својата прва енциклика, што е без преседан во папската традиција. Папите обично не учествуваат лично кога ги презентираат своите документи, без оглед на нивната важност. „Magnifica humanitas“ (Величественото човештво) се занимава со заштитата на човечката личност во ерата на вештачката интелигенција. Објавена е денес, но Лав XIV ја потпишал на 15 мај, на 135-годишнината од енцикликата Rerum novarum на ...