Започна борбата кај средните училишта кој да запише повеќе ученици. Во ситуација каде бројот на деца во државава за жал секоја година е се помал училиштата прават се макар и за ученик плус. Се прават отворени денови, секое училиште се труди своите смерови да ги претстави во најдобро светло, дека тие се иднината на деветтоодделенците. „Добра струка, ја бараат децата и треба да се запишат, затоа што со добивање на дипломата со овој смер ...
Отворен ден на сите пет средни училишта од Штип денеска се одржа во Домот на млади, каде идните средношколци имаа можност одблиску да се запознаат со образовните профили, условите и програмите што ги нудат училиштата. Преку штандови, презентации и практична опрема, училиштата ги претставија струките и можностите за образование. Учениците разговараа со професори и средношколци за насоките кои ги интересираат и условите за упис. Градоначалникот ...

