Музички точки со кругови од оган, факели, прскалки и пиротехника-Обвинителството во судница презентираше настапи на изведувачи во Пулс низ годините, кои самата дискотека си ги објавувала на социјалните мрежи. “Дали ја слушнавте приказната на Пулс и огнот?” е напишано во една од објавите каде танчери изведуваат точка со оган. Со ова Обвинителството ќе докажува дека пиротехника се користело често во дискотеката, од сликите кои беа прикажани во ...

Со изведување нови докази од страна на обвинителството, денеска продолжи судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, што избувна на 16 март 2025 година, при што загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, пренесе МИА. На почетокот на рочиштето, еден од бранителите се осврна на претходно презентираните снимки од безбедносни камери, посочувајќи дека според нивните проценки, во критичниот момент во и околу дискотеката ...