Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска престојува во работна посета на Брисел, каде што ќе учествува на редовниот годишен економски и финансиски дијалог помеѓу ЕУ и регионалните партнери, земјите од Западен Балкан, Молдавија, Турција и Украина. Како што информираат од Министерството за финансии, во рамки на 12. економски и финансиски дијалог ќе се дискутира за економскиот развој, предизвиците и ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - Собраниската комисија за образование, наука и спорт даде поддршка на предлогот на закон за основање Факултет за медицински науки и здравство во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. Членовите на комисијата на денешното прво читање на предложениот закон го отворија патот на решението со кое се овозможува трансформација на Високата медицинска школа во Битола во Факултет за медицински науки и ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се обратил на првиот ден на конференцијата на спикери на парламенти на земјите членки на ЕУ и на земјите кандидати за членство, која денеска и утре се одржува во Копенхаген, на темата „Европа во променливиот светски поредок: безбедност, проширување и улогата на парламентарната соработка“. Во воведот на темата, како што информираат од собраниската прес-служба, било нагласено ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - Вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали денеска го означи почетокот на кампањата „Мај - месец на Европа“ заедно со евроамбасадорот во земјата Михаил Рокас, други амбасадори на европски земји, меѓународни партнери и претставници на домашните институции. Како што стои во соопштението на Министерството за европски прашања, со оваа иницијатива Владата има цел да оди подалеку од традиционалното ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил средба со вршителката на должност амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс, на која ја потврдиле заедничката определба за натамошно зацврстување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. - Разговаравме за продлабочување на соработката во областите на безбедноста, владеењето на правото и заедничкиот одговор на ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Ереван учествувала на панел-дискусијата организирана од страна на францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони, во рамките на активностите на Европската коалиција против дрогата (ECAD). Како што соопшти Кабинетот на претседателката, во своето обраќање таа посочила дека Западен Балкан претставува транзитна зона за трговијата со ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на учеството на 8. Самит на Европската политичка заедница, кој се одржува во Ереван, Ерменија, денеска се обрати на тркалезната маса на тема „Зајакнување на поврзаноста и економската безбедност во контекст на зелената транзиција“. Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, таа оцени дека актуелните глобални конфликти и енергетски турбуленции ...
Вашингтон, 30 април 2026 (МИА) - Дилан Картер, пејач и учесник во американското музичко шоу „The Voice“ (Гласот), кој со својата изведба на аудицијата речиси го расплака жирито,загина во тешка сообраќајна несреќа на само 24-годишна возраст. Картер, на само 20 години се појави во 24-та сезона на музичкото шоу „The Voice“ (Гласот), стекнувајќи се со значајно внимание уште при првото појавување, кога по изведба на песната „Гледам во тебе“ („I ...
Лас Вегас, 3 мај 2026 (МИА) – Мексиканскиот боксер Давид Бенавидез со победа над сонародникот Гилберто Зурд Рамирез во Лас Вегас ги освои титулите во крузер категорија во верзиите WBA и WBO, со што ја освои круната во третата категорија во тежина. Бенавидез (29), кој е шампион во суперсредна и полутешка категорија, остана непоразен во својата 32 борба, нокаутирајќи го Рамирез во шестата рунда. Од своето професионално деби, Бенавидез во 26 ...
Лондон, 30 април 2026 (МИА) - Во Велика Британија е воведена нова здравствена стратегија насочена кон заштита на новороденчињата преку вакцинација на бремените жени против респираторниот синцицијален вирус (РСВ) - инфекција која секоја година погодува илјадници бебиња во првите месеци од животот. Иако често се смета за обична настинка, овој вирус може да има сериозни последици кај новороденчињата, предизвикувајќи отежнато дишење, проблеми со ...
Скопје, 3 мај 2026 (МИА) - МВР соопшти дека во рамки на вчерашната акција на подрачјето на Скопје се санкционирани 113 возачи на мотоцикл, од нив четворица поради управување мотоцикл со несоодветна категорија, 17 санкции за управување велосипед со помошен мотор без возачка потврда и 45 поради возење без заштитна кацига. Три мерки се изречени за нерегистрирани мотоцикли, три санкции за неносење сообраќајна дозвола, две за движење по несодветна ...
Гелзенкирхен, 3 мај 2026 (МИА) – Фудбалерите на Шалке изборија враќање во Бундеслигата на две кола до крајот на сезоната во втората германска лига, со триумф пред своите гледачи над Фортуна Диселдорф со 1-0. Шалке е убедливо прв на табелата со 68 бодови, десет повеќе од второпласираниот Падерборн и 11 повеќе од Хановер на третото место. Иако и двата тима имаат натпревар помалку, сепак, третопласираниот Хановер веќе ниту математички не може ...
Техеран, 3 мај 2026 (МИА) - Иран испрати нов мировен предлог до Соединетите Американски Држави преку Пакистан со цел да се стави крај на војната во рок од 30 дена и планира да го трансформира сегашниот прекин на огнот во траен мир. Ал џезира го детализира најновиот трифазен план на Иран. Според изворите, иранскиот план се состои од три главни фази. Предлогот, исто така, предвидува обврска за ненапаѓање, што би се однесувало и на Израел, со ...
Крива Паланка, 3 мај 2026 (МИА) – Кошаркарките на Крива Паланка триумфираа вечерва на домашен терен над Бадел 1862 со 88-76 и поведоа со 2-0 во финалната серија до три победи во разигрувањето за титулата во Првата „Шпаркасе Лајф“ лига. Натпреварот број 2 од финалната плејоф серија во салата „Бранители 2001“ наликуваше на случувањата од првиот натпревар. Веќе во првиот период домашната екипа се стекна со двоцифрено водство (28:17), кое успеа ...
Софија, 30 април 2026 (МИА) - Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија синоќа беше отворена изложбата на уметникот Исмет Рамиќевиќ, комплексен мултимедијален и концептуален проект, кој се издвојува како значајна современа уметничка рефлексија на глобалната воено-политичка и еколошка реалност. Настанот привлече голем интерес од културната јавност, дипломатски претставници, уметници и публика, која активно ја следи современата ...
Куманово, 30 април 2026 (МИА) - Здружението „Форма“ од Куманово ги привршува подготовките за годинашното издание на Графити фест, кое ќе понуди богата програма со улична уметност, музика и едукација, соопштија на денешната прес-конференција организаторите. -Го привршуваме подготовките, се тече во најдобар ред. Оваа година очекуваме осум до девет артисти за графити и петмина за изработка на мурали. Од 5 мај започнуваме со изработка на мурали ...
Вашингтон, 3 мај 2026 (МИА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска изјави дека е запознаен со новиот ирански предлог и го смета за неприфатлив, тврдејќи дека Израел немаше да постои ако не беа тој и премиерот на земјата, Бенјамин Нетанјаху. Во изјава за израелскиот јавен сервис Кан, Трамп рече дека „го разгледал новиот ирански предлог и дека не е прифатлив за нив“, нагласувајќи дека „операцијата оди одлично“. ...
Техеран, 3 мај 2026 (МИА) - Иран го доби одговорот на САД на неговиот предлог од 14 точки преку Пакистан и моментално го разгледува, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи. Багеи изјави за иранските медиуми дека Техеран е во процес на анализа на американскиот одговор, кој беше доставен преку Пакистан, според Ал џезира. Тој нагласи дека планот на Иран од 14 точки е исклучиво поврзан со ...
4 мај 2026 Ереван - Осмиот самит на Европската политичка заедница, кој оваа година се одржува под мотото „Градење на иднината: Единство и стабилност во Европа“, ќе ги собере лидерите на 48 европски земји, а ќе го водат претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и премиерот на Ерменија Никол Пашинјан. Ереван - Започнува дводневниот самит ЕУ-Ерменија, на кој Унијата ќе ја претставува претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта со ...
Скопје, 3 мај 2026, (МИА) -Самопрогласени „синдикални лидери“ шират невистини, лаги и манипулации за изградбата на автопатот Охрид - Кичево - реагираше на својот ФБ профил министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николоски. Тој го наведува тврдењето на, како што ги нарекува, „самопрогласените“, дека автопатот ќе чинел „милијарда евра, никогаш немало да се заврши“ и слично, нарекувајќи ги таквите тврдења „небулози“. И додава: ...
Вашингтон, 3 мај 2026 (МИА) - САД дополнително го зголемија економскиот притисок врз Иран со блокирање на извозот на нафта и финансиските текови, додека Техеран, и покрај загубите од стотици милиони долари дневно, одбива да се откаже од својата нуклеарна програма, изјави денеска американскиот министер за финансии Скот Бесент. Во интервју за Фокс њуз, Бесант изјави дека кампањата наречена „Операција Економски бес“ има за цел дополнително да ги ...
Берлин, 3 мај 2026 (МИА) - Германското Министерство за економија денеска објави дека е во контакт со Европската комисија, која е во преговори со Вашингтон, по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ги зголеми царините за увоз на автомобили од Европската Унија. „Ќе се координираме тесно во рамките на ЕУ за следните чекори“, се вели во соопштението на Министерството, во кое се нагласува потребата од заеднички одговор на ...
Барселона, 3 мај 2026 (МИА) – Во финалето во Лигата на шампиони на 23 мај во Осло на стадионот „Улевал“ ќе играат фудбалерките на Барселона и Лион. Барселона обезбеди место во финалето откако вечерва го совлада со 4-2 и со вкупен резултат од 5-3 го елиминираше германскиот клуб. Претходно во саботата, фудбалерките на Лион го совладаа на домашен терен бранителот на титулата Арсенал со 3-1 и ја надоместија негативата од 1-2 од првиот натпревар ...
Лондон, 3 мај 2026 (МИА) - Товарен брод во Ормуската Теснина бил нападнат од неколку мали чамци, соопштија денеска Обединетите поморски трговски операции (УКМТО), повикувајќи се на капетанот на трговскиот брод што се движел кон север. Најновиот инцидент во последните неколку недели напади што ги поткопаа глобалните текови на нафта се случил 11 наутички милји западно од иранскиот град Сирик, според британското поморско тело, кое соопшти дека ...
Скопје, 3 мај 2026 (МИА) – Во двата завршни натпревари од 30. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), АП Брера извојува гостинска победа над Струга со 1-0, додека Тиквеш и Арсими одиграа нерешено 1-1 во Кавадарци. Фудбалерите на АП Брера освоија важни бодови во битката за опстанок, триумфирајќи над третопласираната Струга со голот на Петровиќ во 88 минута, откако домашниот тим остана со фудбалер помалку на теренот поради ...
Техеран, 3 мај 2026 (МИА) - Иран им предложи на Соединетите Американски Држави двете земји да ги решат своите разлики во следните 30 дена за да се стави крај на војната, наместо да се продолжи сегашното примирје, соопштија ирански медиуми. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека разгледува нов ирански предлог за завршување на војната, но исто така изрази сомнеж дека тоа ќе доведе до договор. Во својот предлог од 14 точки, ...
Берлин, 3 мај 2026 (МИА) - Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул го повика Иран повторно да ја отвори Ормуската Теснина и да ја запре нуклеарната програма. Вадефул разговараше со својот ирански колега за ова прашање, објави Ал џезира. „Како блиски сојузници на Соединетите Американски Држави, ја делиме истата цел: Иран мора целосно и проверливо да се откаже од своето нуклеарно оружје и веднаш да ја ослободи Ормуската Теснина, ...
Киев, 3 мај 2026 (МИА) - Штабот на украинската армија попладнево објави дека регистрирал 45 обиди за руски напредувања од рано утрово. Борбите беа најинтензивни во регионот Донецк, на истокот од земјата, соопшти украинската армија во соопштение на социјалните мрежи. Армијата додаде дека имало 16 руски офанзиви во регионот Покровска и 12 други кон Костјантиновски. Украинската армија, исто така, пријави неколку обиди за руски напредувања кон ...
Неготино, 3 мај 2026 (МИА) - После изминатите два дена, каде во вечерните часеви температурата се спушти под 0, денес направен е увид на дел од лозовите насади, каде веќе се забележуваат мрзнења на лозјата , особено по должината на реката Вардар. За ова попладнево информираше градоначалничката на Неготино, Марија Нацева. - Ќе ја следиме ситуацијата оваа недела и доколку се процени дека има оштетувања, Општина Неготино ќе формира комисија за ...
Скопје, 3 мај 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Ереван оствари средба со претседателот на Република Еременија, Вахан Хачатурјан, на којашто обајцата изразија подготвеност за продлабочување на пријателските односи и унапредување на соработката. -Препознаваме почеток на ново поглавје во меѓусебните односи и можности за конкретна соработка во: информатичките технологии и дигиталните услуги, земјоделството, ...