Кортина, 15 февруари 2026 (МИА) - Италијанската алпска скијачка Федерика Брињоне победи во денешниот велеслалом на Зимските олимписки игри 2026. Триесет и петгодишната Брињоне ги заврши двете трки за 2 минути и 13,5 секунди. Ова е втор златен медал за Брињоне на Олимписките игри во Милано/Кортина, откако претходно беше најбрза во супер-велеслаломската трка. Швеѓанката Сара Хектор и Норвежанката Теа Луиз Стјернесунд се најдоа на делба на ...

Кортина, 15 февруари 2026 (МИА) - Италијанската биатлонка Лиза Витоци го освои златниот медал во денешната трка на 10 км потера на Олимписките игри 2026. Триесет и едногодишната домашна натпреварувачка патеката ја помина за 30 минути и 11,8 секунди. Ова е нејзин прв златен олимписки медал. Норвежанката Марен Киркеиде го освои сребрениот медал, завршувајќи 28,8 секунди зад водечката. Таа ќе го освоеше златото доколку беше попрецизна на ...

Скопје, 15 февруари 2026 (МИА) – Во натпревар на поранешните македонски фудбалски шампиони, Вардар попладнево како гостин го победи Работнички со убедливи 3:0. Ова беше 15 победа сезонава за „црвено-црните“ во 18 натпревари од Првата македонска фудбалска лига. На вториот денешен натпревар од 18. коло, Струга на свој терен загуби од Силекс со 2:3. Стружани водеа во два наврата, но на крајот останаа со празни раце. Табела: Вардар 48 бода (18 ...

Милано, 15 февруари 2026 (МИА) – Холандската лизгачка Фемке Кок го освои златниот медал на 500 метри на Олимписките игри во 2026 година. Дваесет и петгодишната лизгачка оствари време од 36,49 секунди, освојувајќи го својот прв златен олимписки медал. Втората Холанѓанка која беше фаворит за највисок пласман, Јута Лирдам, го освои сребрениот медал со 0,66 секунди побавно време зад сонародничката. Јапонката Михо Такаги заврши трета (0,78 секунди ...

DW Модните синџири уништуваат огромни количини непродадена облека секоја година. ЕУ сега строго го ограничува тоа трошење ресурси, иако со заобиколни аргументи: дека се создаваат тони штетен CO2. Колку и да е застрашувачки, тоа е вообичаена практика на речиси сите модни синџири и текстилната индустрија: непродадената облека првично се нуди со одреден попуст, но овој попуст никогаш не смее да биде преголем. Кој ќе купи, на пример, фармерки за ...

Канбера, 15 февруари 2026 (МИА) - Австралија ќе потроши 3,9 милијарди австралиски долари (2,76 милијарди американски долари) за изградба на бродоградилиште што ќе помогне во испораката на нуклеарни подморници во рамките на трилатералниот одбранбен договор Аукус што го има со САД и Велика Британија. Австралискиот премиер Ентони Албанезе изјави дека средствата ќе бидат инвестирани во ново бродоградилиште за нуклеарни подморници во Осборн, ...

Братислава, 15 февруари 2026 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио ја продолжува својата турнеја низ Европа со посета на две земји управувани од блиски сојузници на американскиот претседател Доналд Трамп. Рубио пристигна во Словачка утрово и подоцна во текот на денот ќе биде во Унгарија во дводневна посета. Во говорот на Минхенската безбедносна конференција вчера, државниот секретар ги повика Европејците да ги поддржат ставовите ...

Њујорк, 15 февруари 2026 (МИА) - Нов извештај од Федералните резерви на Њујорк го покажува она за што економистите долго време предупредуваат, товарот на царините речиси целосно го носат граѓаните и компаниите на земјата што ги наметнува. Со други зборови, земјата што наметнува царини, во овој случај САД, всушност ги оданочува сопствените потрошувачи и економија, јави Си-Ен-Ен. Според податоците од таа институција, во текот на 2025 година, ...

Газа, 15 февруари 2026 (МИА) – Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас. Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек. ...

Минхен, 15 февруари 2026 (МИА) - САД му понудија на Киев 15-годишни безбедносни гаранции, но Украина сака повеќе и смета на период од најмалку 30 години, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Минхенската безбедносна конференција. Според него, Украина работи со сите партнери за безбедносни гаранции. „Општо земено, ние сме блиску до тој проект. Имавме средба со американски сенатори. Рековме дека навистина сакаме да ...

„Моето име е д-р Паиви Расанен. Служам како член на финскиот Парламент од редовите на Христијанско-демократската партија од 1995 година, а дополнително бев министер за внатрешни работи од 2011 до 2015 година. Исто така сум лекар и горда баба на дванаесет внуци. Финска е демократија изградена врз владеење на правото и основните слободи. Овие вредности ми се длабоко важни како Европејка и како христијанка“, вака го започна своето сведочење ...

Лондон, 15 февруари 2026 (МИА) - Епидемија на мали сипаници избувна во северен Лондон каде повеќе од 60 деца се заразени, објавија здравствените власти, повикувајќи за вакцинација на деца, јавија денеска британските медиуми. Епидемијата на мали сипаници брзо се прошири во седум училишта и градинка во северен Лондон, при што на некои деца им е потребно болничко лекување, објави „Сандеј тајмс“. Агенцијата за безбедност на здравјето на Велика ...

Минхен, 15 февруари 2026 (МИА) - Каја Калас, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, изјави дека не мисли дека земјите-членки се подготвени да ѝ дадат на Украина конкретен датум за членство. „Моето чувство е дека земјите-членки не се подготвени да дадат конкретен датум“, изјави Калас на панел-дискусија на Минхенската безбедносна конференција. „Има многу работа што треба да се направи, а потоа (приоритетот) и итна ...

Виена, 15 февруари 2026 (МИА) - Во 2025 година, Австрија вратила 208 лица во нивните матични земји за да ги издржат своите казни, објави австрискиот јавен радиодифузен сервис повикувајќи се на бројки од австриското Министерство за правда. Тоа е најголем број странци осудени во Австрија откако податоците почнаа да се евидентираат во 2013 година. Лани, бројот беше 167, а пред десет години, 144. Покрај тоа, вкупно 394 лица со забрана за влез или ...

Mинхен, 15 февруари 2026 (МИА) - Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас ја отфрли идејата дека Европа се соочува со „цивилизациско бришење“, што ја изнесе администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп. Калас го изјави тоа за време на Минхенската безбедносна конференција, еден ден откако американскиот државен секретар Марко Рубио испрати извесна охрабрувачка порака до европските сојузници. Таа алудираше на критиките во ...

Киев, 15 февруари 2026 (МИА) - Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) денеска објави дека поранешниот министер за енергетика Герман Галушченко, кој поднесе оставка лани по откривањето на голем корупциски скандал, е приведен на границата додека се обидувал да ја напушти земјата. „Денеска, истражните тела на НАБУ го приведоа поранешниот министер за енергетика како дел од операцијата Мидас додека се обидувал да ја ...

Рим, 15 февруари 2026 (МИА) – Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето. Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението. Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош. Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по ...

Братислава, 15 февруари 2026 (МИА) – Словачка се надева дека следната година ќе потпише договор со американската компанија „Вестингхаус“ за водење на конзорциум за изградба на нова нуклеарна централа, изјави премиерот Роберт Фико по средбата со американскиот државен секретар Марко Рубио во Братислава. Тој наведе и дека Словачка е заинтересирана за купување на уште четири авиони ловци Ф-16 од САД, за да има вкупно 18 авиони. Фицо истакна дека ...

Будимпешта, 15 февруари 2026 (МИА) – Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан во годишното обраќање до нацијата истакна дека Европа првпат од пронаоѓањето на парната машина е надвор од големите светски промени и оти 21-от век ќе биде „век на понижување на Европа“. Тој синоќа потенцира дека тоа што минатата години го тврдел сега се остварило. Орбан во минатогодишниот говор наведе дека унгарската влада, како сојузник на американскиот претседател ...

Братислава, 15 февруари 2026 (МИА) – Американскиот државен секретар Марко Рубио во Братислава изјави дека САД не сакаат Европа да биде „зависна“ или „вазал“ на Вашингтон. - Не сакаме Европа да биде зависна и не сакаме Европа да биде вазал на САД, туку да биде партнер - наведе Рубио по средбата со словачкиот премиер Роберт Фицо. Рубио се осврна и на наводите на пет европски држави дека рускиот опозиционер Алексеј Навални бил отруен од токсин ...

Будимпешта, 15 февруари 2026 (МИА) – Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска пристигна во главниот град на Унгарија, Будимпешта. Предвидено е Рубио на утрешната средба со шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто да потпишат договор за нуклеарна соработка и да разговара за билатералните односи и перспективите за мир во Украина. Потоа Рубио ќе се сретне со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, со кој ќе разговара со билатералните ...

Белград, 15 февруари 2026 (МИА) - Денеска е Ден на српската државност во знак на сеќавање на 15 февруари 1804 година, кога започнало Првото српско востание, а на истиот датум во 1835 година бил донесен првиот српски Устав. Празникот ќе се одбележи со низа настани, а централната државна церемонија ќе се одржи во Орашац, а ќе ја води премиерот Ѓуро Мацут. Во зградата на старото собрание во Крагуевац ќе се одржи Сретенска академија, бидејќи ...

Белград, 15февруари 2026 (МИА) - Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска изјави дека размислува за реконструкција на владата, и нагласи дека не е задоволен од работата на некои министри. „Владата работи одговорно, но не сум задоволен од фактот што некои министри се појавуваат само на Инстаграм, се фотографираат и тоа е нивниот единствен придонес. Важно е објавените резултати да ја одразуваат работата на министерствата. Секако не сум најзадоволен ...

Тирана, 15 февруари 2026 ,(МИА) - Меѓународните претставници ги засилија апелите до политичките партии во Албанија да седнат на масата, како комисија за изборни реформи, за да се решат законските празнини и исполнат препораките на ОБСЕ/ОДИХР. -Ја охрабруваме работата на ад хок комисијата за изборна реформа и се надеваме дека таа наскоро ќе ги продолжи своите активности. Постојат некои проблеми поврзани со изборниот закон, кој според нашата ...

Тирана, 15 февруари 2026 (МИА) - На 19 февруари премиерот Еди Рама ќе биде во Белата куќа во Вашингтон, каде што ќе учествува на официјалното формирање на Одборот за мир. Ова го потврди лично премиерот за време на неделниот подкаст „Фласим“(зборуваме), отфрлајќи ги тврдењата на опозицијата дека воопшто не е поканет за учество на овој настан. - Деновиве добив покана од претседателот на Соединетите американски држави, да го посетам Вашингтон и ...

15 февруари 2026 Кој во власта дозволил да се одгледува марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони, нелегално? Поминаа 15 дена и сè уште нема одговор за најголемиот нарко-скандал во регионот – како 5 тони дрога поминале преку македонската граница и кој ќе одговара, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го објавува интегрално. Сите молчат. Мицкоски. Тошковски. Николовски. Тарчуловски. Томовски… Соочени со фактот за сопствената ...

15 февруари 2026 Наместо спин и манипулација, Филипче и СДС да одговорат за поврзаноста со сопственикот на фирмата во која се запленија 30 тони дрога, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го објавува интегрално. По се што Филипче и СДС, се обидуваат да и сервираат на јавноста околу темата за канабис, редно е да дадат и објаснување за фотографијата со Тони Котев, сопственикот на фирмата „ЦБД Медплант“, поврзана со илегална марихуана. ...

15 февруари 2026 СДСМ го осудува навредливото однесување на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на маргините на Минхенската безбедносна конференција 2026 година. Познат по тоа што ги навредува сите оние кои не ги делат неговите ставови или му пречат, овој пат негова цел беше Радмила Шекеринска, заменик-генерален секретар на НАТО, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го објавува интегрално. Вучиќ малициозно нагласи дека „оваа жена и ...

Денеска објавуваме уште една бомба, нова фирма, уште една меѓу омилените за власта. 74 тендери вредни 17,6 милиони евра за само две години добила оваа фирма, „Ленди Груп“ ДООЕЛ Скопје, рече Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ, на прес-конференција што МИА ја објавува интегрално. 15 февруари 2026 53 дена, речиси два месеци, толку време поминаа досега а нема ниту една институционална реакција на скандалите и криминалните ...

Скопје, 15 февруари 2026 Излезе на виделина поврзаноста на Филипче и Заев со бизнисот со марихуана. Фирмата ЦБД Медплант ДОО од с.Борисово на Тони Котев, на која и беа запленети 30 тони дрога, добива одобрение од владата за одгледување марихуана за медицински цели во 2020 година, рече денеска Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција што МИА ја пренесува интегрално. Во тој период Филипче е министер за здравство и тој ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
8.75
62%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
1.03
74%
1026
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
86%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
3.15
88%
1033
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.28
79%
1027
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
6.69
60%
1026
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1025
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
2.57
81%
1034
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
2.68
63%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
8.75
61%
1031
Currency

61.6238

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Злато

166253.76

Рутениум

47358.05

Иридиум

231355.22

Кобалт

66.14

Бакар

11.73

Алуминиум

3.42

Родиум

372948.66

Цинк

3.24

Паладиум

51794.85

Калај

50.64

Платина

68963.35

Сребро

2711.59