Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Лос Анџелес, 4 мај 2026 (МИА) - Трговецот на мало со видеоигри „Гејмстоп (GameStop)“ вчера објави понуда за преземање на многу поголемата интернет-продажна платформа „И-беј (eBay)“. - Понудата е вредна околу 56 милијарди долари во готовина и акции... Намерата е да го користиме „И-беј“ за изградба на многу посилен конкурент на „Амазон (Amazon)“. Понудата претставува премија од приближно 20 насто во однос на цената на затворање во петокот, ...
Токио, 4 мај 2026 (МИА) - Јапонски астрономи основаа прва организација во земјата, задолжена за потрагата по вонземен живот, а првите истражувања на радиосигнали се закажани за следното лето. - Тие сигурно постојат некаде во вселената. Возбуден сум што ова го претвораме во конкретна акција, изјави Шинја Нарусава, експерт за астрофизика и претседател на јапонското друштво за СЕТИ (потрага по вонземска интелигенција), пренесоа јапонските ...
Скопје, 3 мај 2026 (МИА) - На 02/03.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.Р.(23), Т.Ј.(19), И.Т.(36) и малолетник, сите од Скопје и П.Б.(26) од Р.Србија, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци. На 02.05.2026 во 14:55 часот во СВР Скопје на крстосница од ул.„Горно Лисиче“ и ...
Скопје, 3 мај 2026 (МИА) - МВР соопшти дека изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив седуммина управувале возило без возачка дозвола (четворица во Скопје, двајца во Тетово и еден во кумановско), еден возач во Дебар управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана, а еден возач во Битола возел под дејство на алкохол. Во Градско, едно ...
Скопје, 3 мај 2026 (МИА) - МВР информира дека изминатото деноноќие се евидентирани четири пријави за семејно насилство и лишени се од слобода три лица. Според МВР, доцна синоќа, во 01:30 часот, во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Д. (55) од Велес, кој престојува во Охрид, постапувајќи по пријава од неговата 21-годишна невенчана сопруга дека во домот во кој престојуваат во Охрид физички ја нападнал, а притоа го ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - Со исказ на Александар Станков, директорот на Судска медицина, како вешто лице, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште на 28 април Обвинителството презентираше медицинска документација и податоци за повредените што се јавиле за укажување медицинска помош по пожарот. Обвинителката ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - Бранителката на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко, адвокатката Ивана Коцевска, реагира на изнесените директни закани за неговиот живот на минатото рочиште и бараше тоа да биде нотирано во записник. На минатото рочиште, некои од оштетените, додека одбраната на првообвинетиот пред судот изнесуваше барање за укинување на притворот, реагираа бурно извикувајќи „пуштете го ние да му пресудиме“. Коцевска, пред почетокот на ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - Исказите на сведоците Дарио Трифунов и Александра Пепеларовска, дадени во Обвинителството во текот на истражната постапка, беа прочитани во судницата во „Идризово“ на денешното судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани откако и двајцата повеќе рочишта не се достапни на органите на прогон. Одбраната се противеше на предлогот на Обвинителството за повлекување на овие сведоци тврдејќи дека се клучни за ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Ѓ. (30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 26.04.2026 полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, управувано од пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. Надворешната канцеларија за ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - МВР соопшти дека е поднесена кривична пријава против четири малолетнички за насилството врз девојче во Ѓорче Петров. Во текот на утрешниот ден, СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава и против родители на инволвираните малолетници. -На 29.04.2026 Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против четири малолетнички (една 17- годишна и три 14-годишни) сите од ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека случајот на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ - Скопје и уште еден случај на Славјанскиот универзитет се пријавени во Јавното обвинителство. - На Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ - Скопје поништуваме осум дипломи на веќе поништени осум уписи и денеска тоа ќе излезе во весниците и на веб ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - Делото и идеите на Гоце Делчев не треба само формално да се чествуваат, туку суштински да се разберат и пренесат на младите генерации преку современ културен израз - порача министерот за култура Зоран Љутков на трибината „Темел на државноста - визија за иднината“, организирана по повод 123 години од смртта на Гоце Делчев. Љутков истакна дека во општеството значајните историски личности често се третираат исклучиво ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - Земјите од регионот, заедно со Европската Унија и нејзините земји членки, интензивно комуницираат и работат на надминување на предизвиците со метежот на граничните премини, кој е поизразени во периоди на зголемена фреквенција, особено во лето - истакна министертот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски. - Ние како земји од регионот комуницираме и заедно со Европската Унија работиме на овој сериозен ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - Карактеристиките на пожарот во дискотеката „Пулс“ се исти како и при многу други пожари во затворен простор - доминантно влијание има јаглероден моноксид, меѓутоа има и дополнителни фактори како чадот, жешкиот воздух, пренатрупаност, односно стампедо што се јавува при настапување на смртен исход, изјави директорот на Институтот за судска медицина Александар Станков, на денешното судење за пожарот на 16 март 2025 во ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - Гоце Делчев работел за самостојна, за автономна, за независна Македонија, и загинал за таа идеја. Да ги почитуваме нашите борци кои работеле на идејата за автономна и независна Македонија, порача пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски од денешната трибина на тема „Наследството на Гоце Делчев низ политичката призма за Македонија“, по повод одбележување на 123 години од загинувањето на македонскиот ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - Министерството за образование и наука објави повик за проверување на способностите за спортски вештини на учениците кои се заинтересирани за запишување во Државното средно училиште „Спортска академија“ за наредната учебна година. -ДСУ „Спортска академија“ Скопје почнува потрага по спортски таленти во Република Северна Македонија, коишто ќе бидат дел од училиштето во паралелките за фудбал, ракомет, кошарка и тенис за ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - Сите обиди за каква било дисквалификација на ликот и делото на Гоце Делчев се достојни за презир и осуда, истакна Ванчо Ѓорѓиев професор на Филозофскиот факултет при УКИМ на трибина по повод одбележувањето на 123. години од загинувањето на македонскиот великан Гоце Делчев на тема „Наследството на Гоце Делчев низ политичката призма за Македонија“, во организација на ВМРО-ДПМНЕ. - Гоце Делчев е синоним на едно време, ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - По кратко боледување, на 64-годишна возраст почина новинарот Рамуш Муарем – Цирко. Тој работеше како новинар, уредник, актер и долгогодишен активист за правата на Ромите. Тој беше познат по својата емисија „Циркотека“ која се емитуваше на БТР, запаметена по неговиот автентичен хумор. Муарем беше гласен борец за правата на ромската заедница и со своите настапи сакаше да придонесе кон поголема еднаквост и разбирање. ...
Скопје, 4 мај 2026 Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) продолжуваат да го поддржуваат инклузивното претприемаштво во Северна Македонија преку потпишување на ЕУР 5 милиони финансиски договор со ПроКредит Банка АД Скопје под програмите Жени во бизнис и Млади во бизнис . Пакетот се состои од: ЕУР 2,5 милиони долгорочен необезбеден кредит под програмата за Западен Балкан Жени во бизнис фаза 2 ЕУР 2,5 милиони ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски очекува проектот „Брза пруга“ на Коридорот 10 да почне да се реализира в година по завршувањето на физибилити-студиите и по потпишувањето договор со потенцијален финансиер. - Продолжуваме со реализација на проектот „Брза пруга“ на Коридорот 10. Физибилити-студијата е веќе при крај и студијата за влијанието врз животната средина е исто така при крај, законско времетраење е 270 дена и ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - Остануваме со убедливо најниска цена на бензините и дизел-горивото во регионот, со намалени акцизи за бензините и за дизелот и намалено ДДВ за бензините - изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. На новинарско прашање Мицкоски рече дека не се планира нова мерка за намалување на ДДВ-то за дизелот истакнувајќи дека според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) државава е меѓу првите три држави во Европа според ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - март 2026 година во однос на периодот јануари - март 2025 се намалил за 3,3 проценти, а во март 2026 во однос на март 2025 година за 2,8 отсто - соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во март 2026 година, во однос на март 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6,9 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2,8 ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - Конечно, во март имаме значаен раст на индустриското производство во споредба со март минатата година, и тоа од 3 проценти, а трговијата на мало расте со двоцифрен број проценти - изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски истакнувајќи дека Владата ќе продолжи да работи на зголемување на куповната моќ на граѓаните. На новинарско прашање Мицкоски посочи дека, за жал, останува сè уште проблемот во секторот рударство, ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари, а цената на дизелот се зголемува за два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,47 отсто. Новата максимална малопродажна цена на „евросупер БС-95“ е 85 денари за литар, ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на САД, Никол Варнс, на која, како што објави на Фејсбук, ја потврдиле заедничката определба – „стратешкото партнерство во енергетиката сега влегува во фаза на конкретна реализација“. -По потпишувањето на Меморандумот за соработка, во рамки на Стратешкиот дијалог со САД, следува ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика денеска даде поддршка и ги проследи на натамошно второ читање предлог-законот за младински додаток и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски зелените зони. Со предлог-законот за младински додаток се продолжува рокот за примена на овој закон до 31 декември 2028 година. Со законот се овозможува на младите лица до 23 ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - Владината коалиција е стабилна, дури, ако има потреба, има и двотретинско мнозинство во македонскиот парламент - вели премиерот Христијан Мицкоски. Додава дека остануваат посветени на реформите и подобар живот на граѓаните. - Не би рекол дека се распаѓа владината коалиција, повеќе би рекол дка се распаѓа СДСМ имајќи предвид дека поранешни видни членови на партијата, градоначалници, актуелни и поранешни, излегуваат ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски вели дека во односите и преговорите со Бугарија како Влада ќе опстојат на она што претставува наш корен, линија на македонскиот идентитет, дека тоа е црвента линија и од тоа нема да отстапи ниту милиметар. Не очекува да се промени наративот од бугарска страна и покрај најавите за формирање стабилна влада сè додека, како што рече, во земјата има политички и општествени структури, кои се ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - По повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, денеска упати политички пораки и критики кон ВМРО-ДПМНЕ обвинувајќи ја партијата за злоупотреба на името, ликот и делото на Делчев. Филипче во своето обраќање истакна дека Гоце Делчев се борел за слободна и праведна Македонија, а денешното раководство на ...
Скопје, 4 мај 2026 (МИА) - Обврската за толкување на историјата лежи кај историчарите, кои зборуваат врз основа на факти и докази и затоа дебатата за историјата треба да им ја оставиме на историчарите. Ние треба да работиме да го браниме она што е најсуштинско за нас, а тоа се корените на нашиот идентитет и нашиот јазик. Не е работа на политичарите да се мешаат во резултатите што ќе ги постигне Историската комисија, но многу е значајно ...