Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Лос Анџелес, 16 февруари 2026 (МИА) – Американскиот актер Роберт Дувал, добитник на наградата Оскар за улогата во филмот „Нежни милости“ (Tender Mercies) и добитник на две награди Еми, почина на 94-годишна возраст, соопшти неговата сопруга Лусијана Педраза Дувал во објава на Фејсбук. Дувал, пишува „Варајети“ (Variety), остана запаметен по воздржаниот, суров натурализам кој ја одбележа генерацијата актери меѓу кои беа Роберт де Ниро, Дастин ...
Скопје, 16 февруари 2026 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 40-годишната Г.Ш. од скопското село Бојане, поради сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење проституција“. Истовремено, пријава е поднесена и против 60-годишниот Г.Н. од Тетово, осомничен за „помагање“ при извршување на делото. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, пријавената Г.Ш., во текот на 2024 и 2025 ...
Неготино, 16 февруари 2026 (МИА) - Полициски службеници од ОВР - Неготино лишиле од слобода 27-годишен неготинец синоќа во 21:10 часот, постапувајќи по претходна пријава дека во домот, физички ја нападнал неговата 19-годишна невенчана сопруга, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес. - Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и Центар за социјални работи - Неготино, а по документирање на настанот, ...
Неготино, 16 февруари 2026 (МИА) - Бидејќи возеле иако имале забрана, едниот и под дејство на алкохол, приведени биле двајца возачи во Тиквешко, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес. - Рано утрово во 2:25 часот на автопатот Неготино-Демир Капија, кај наплатна станица Демир Капија, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишиле од слобода П.П., на возраст од 31 година од демиркаписко село. При сообраќајна контрола било ...
Струга, 16 февруари 2026 (МИА) - Лице од струшкото село Радолишта управувало патничко моторно возило со активна забрана, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, вчера во 17 часот и 32 минути полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Е.Д.(31) од струшкото село Радолишта. - При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фолксваген голф“ со струшки ...
Скопје, 16 февруари 2026 (МИА) - Мобилните царински тимови во текот на 2025 година оствариле 271 случај на заплени, при што во 39 случаи запленети се 5.500 штеки цигари и 27,5 килограми тутун за наргиле, во четири случаи 195,5 килограми дрога, во 14 случаи 230 илјади евра, а запленети се и над 39 илјади парчиња лекови. Царинската управа соопшти дека е постигнат значителен напредок и во заштитата на правата од интелектуална сопственост, при ...
Скопје, 16 февруари 2026 (МИА) - Од 9 до 16 февруари 2026 системот „Безбеден град“ во градовите и на коридорите, каде што се поставени камери, регистрира вкупно 4.490 прекршоци, што е помалку за 10 проценти во споредба со првата седмица во февруари кога беа регистрирани 4.991 прекршок, соопшти Министерството за внатрешни работи. Најголем број од прекршоците, односно 4.297, се за управување возило со брзина поголема од дозволената, 33 за ...
Скопје, 17 февруари 2026 (МИА) - Сојузот на синдикатите денеска со блолада на пристапите кон Владата ќе бара зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите други плати за 100 евра. Владата е третата институција што ќе биде блокирана од Синдикатот откога минатата недела беа блокирани Собранието и Стопанската комора. Блокадата, како што појаснуваат од ССМ, е поради тоа што Владата и работодавачите не се договориле за зголемување на ...
Скопје, 16 февруари 2026 (МИА) - Пратеничката група за соработка со парламентите на државите од Централна Азија денеска одржа средба со амбасадорите на Република Казахстан, Киргистанската Република, Република Таџикистан, Република Узбекистан и Туркменистан, акредитирани во Република Северна Македонија. Претседателот на пратеничката група, пратеникот Никола Коњановски, им посакал добредојде на присутните и истакнал дека ваквите средби ...
Скопје, 16 февруари 2026 (МИА) – Македонија е меѓу првите земји кои го достигнаа прагот од 2 отсто од БДП за вложување во одбраната и дека тоа е можеби најважното прашање на министерските состаноци во НАТО, изјави вечерва министерот за одбрана Владо Мисајловски во гостување на Тема на денот на Сител телевизија. Мисајловски нагласи дека Македонија дава историски придонес во безбедноста, што е признаено од НАТО, вклучувајќи ги и проектите на ...
Скопје, 16 февруари 2026, (МИА) -Македонија има стратешки пријатели, не само во НАТО, туку и надвор од НАТО, соседи, имаме стабилна и безбедна ситуација што е многу важно за една целосна безбедносна слика, изјави вечерва во своето гостување во Тема на денот на Сител телевизија министерот за одбрана, Владо Мисајловски. Мисајловски рече дека планот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп е за поздравување, бидејќи веќе четири години во ...
Скопје, 16 февруари 2026, (МИА) -Процесот на проширување премногу трае и дека некои земји час поскоро треба да влезат. Ова со години се кажува, прозорец на можности има, но постојано се вели дека нешто дополнително треба да направиме. Но, премиерот постојано истакнува што е направено овие 30 години за ние уште да бидеме во чекалната, изјави во своето гостување во Топ Тема на Сител телевизија министерот за одбрана Владо Мисајловски. Една од ...
Скопје, 17 февруари 2026 (МИА) - Советот на јавните обвинители денеска треба да ја одржи 38. седница, на чиј дневен ред е само една точка - давање мислење на Владата на РСМ по предлог за именување јавен обвинител на Република Северна Македонија. Советот на јавните обвинители, во согласност со законските рокови, треба во рок од 15 дена да даде позитивно или негативно мислење до Владата по што таа до Собранието предлага еден од кандидатите што ...
Скопје, 17 февруари 2026 (МИА) - Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржи 28. седница. На дневен ред на седницата е усвојување на посебниот извештај за утврдените состојби во финансирањето изборна кампања за избор на градоначалници и советници во општините во Република Северна Македонија 2025 година, како и избор на заменик-претседател на Државната комисија. Членовите на Комисијата ќе постапуваат по предмети и по ...
Скопје, 17 февруари 2026 (МИА) - Владиниот авион е користен во согласност со со прописите, а секој надлежен орган има право и обврска да изврши увид и контрола и ние немаме што да криеме, порача денеска Владата оценувајќи дека и опозицијата шири хипокризија и сензационализам. - Јавно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, во согласност со правилникот за ...
Скопје, 17 февруари 2026 (МИА) - Унапредување на билатералната соработка, заедничките приоритети и можностите за продлабочување на партнерството во области од заемен интерес биле темите за кои разговарале денеска премиерот Христијан Мицкоски и вршителката на должност амбасадор на САД Никол Варнс. За средбата информира Мицкоски преку својот Фејсбук профил, нагласувајќи дека средбата минала во пријателски дух и заедничка заложба за натамошно ...
Кочани, 14 февруари 2026 (МИА) - Во Центарот за култура „ Бели мугри“ во Кочани неделава инсталирана е комплетно нова, современа и мобилна кино- опрема од реномирани производители од САД, Јапонија и Австрија во вредност од 1 2000 000 денари, набавена преку донација од Агенцијата за електронска комуникација. Ваквото подновување во кочанската Национална установа со ново платно, ласерски проектор, миксета, озвучување се прави после повеќе ...
Скопје, 17 февруари 2026 (МИА) - Со нова градинка во општина Ѓорче Петров до помали листи на чекање за прием на деца. Премиерот Христијан Мицкоски на својата фејсбук-страница утрово информира за изградбата на градинката во населеното место Дексион во општина Ѓорче Петров. - Објектот е со површина од 900 квадратни метри и капацитет за 120 деца, проектиран според највисоки европски стандарди за безбедност, пристапност и енергетска ефикасност. ...
ХРОНИЧНА ГРАНУЛОМАТОЗНА БОЛЕСТ (ХГБ)/CHRONIC GRANULOMATOUS DISEASE (CGD)/MORBUS GRANULOMATOUS CHRONICUS MKБ-10 D71 ПРЕВАЛЕНЦА Ова нарушување има проценета преваленца од околу 1/100 000 до 1/217 000 живородени деца, и почесто се појавува кај мажите поради врската со Х-хромозомот. ВОВЕД Хроничната грануломатозна болест (ХГБ) е ретко, наследно, имунолошко нарушување кое се карактеризира со неспособноста на белите крвни зрнца (фагоцити) да ...
Обландите се традиционален домашен десерт што често се подготвува за празници, семејни собири или за секојдневно уживање со кафе или чај. Овој рецепт е едноставен, а резултатот е богат, карамелизиран фил со ореви и бисквити, кој совршено се вклопува меѓу крцкавите листови обланда. Состојки: 1 литар млеко 500 грама шеќер 1 маргарин 100 грама чоколадо 200 грама мелени ореви 200 грама мелени бисквити 1 голема обланда (со повеќе листови) ...
Лос Анџелес, 16 февруари 2026 (МИА) – Легендарниот НБА кошаркар, членот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, рече дека сè уште не знае дали ќе продолжи да игра по неговата рекордна 23. сезона. -Во овој момент не знам. Кога ќе одлучам, ќе дознаете и вие. Сега навистина Немам поим. Само сакам да живеам, тоа е сè, изјави за „ЕSPN“ 41-годишниот Американец. Џејмс е со Лејкерси од 2018 година. Тој е четирикратен шампион на НБА (2012, 2013, 2016, ...
Милано, 16 февруари 2026 (МИА) - Завршена е групната фаза од турнирот во хокеј на мраз за мажи на Зимските олимписки игри во Италија 2026, при што се познати првите четири четвртфиналисти и учесниците во квалификациската рунда. По групната фаза, сите екипи беа рангирани од 1. – 12. место во генералниот пласман. Канада, САД, Словачка и Финска веќе се пласираа во четвртфиналето. Тие ќе играат против победниците од квалификациските парови. ...
Инглвуд, 16 февруари 2026 (МИА) - НБА Ол-Стар натпреварот 2026 се играше ноќеска во Инглвуд во салата на Лос Анџелес клиперс. Во финалето на мини-турнирот, „Старс“ ги победија „Страјпс“ со 47:21 Натпреварот траеше 12 минути. Најдобар стрелец на натпреварот беше бекот Тајрис Макси (од Филаделфија кој играше за „Старс“), постигна девет поени. Во групната фаза на Ол-Стар натпреварот, „Старс“ загубија од „Страјпс“ (40:42) и победија против ...
Скопје, 16 февруари 2026 (МИА) - Советот на јавните обвинители утре треба да ја одржи 38. седница, на чиј дневен ред е само една точка - давање мислење на Владата на РСМ по предлог за именување на јавен обвинител на Република Северна Македонија. Советот на јавните обвинители, во согласност со законските рокови, треба во рок од 15 дена да даде позитивно или негативно мислење до Владата по што таа до Собранието предлага еден од кандидатите што ...
Штип, 16 февруари 2026 (МИА) - Иницијатива за основање иновациски центар во Штип помеѓу Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, Општина Штип и Стопанската комора на Северна Македонија ќе биде потпишана денеска од градоначалникот на општината, Иван Јорданов, претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, и ректорот, проф. д-р Дејан Мираковски. Иницијативата, како што наведуваат од Стопанската комора, ја претставува определбата на трите ...
Скопје, 16 февруари 2026 (МИА) - Во Собранието денеска се одржуваат повеќе активности и собраниски работни тела. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе одржи неформален седмичен брифинг со новинрите, а членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, во прво читање, ќе го разгледаат предлог-законот за органско земјоделско производство. Во собраниската сала „Борис Трајковски“, пак, ќе се одржи јавната расправа по ...
Скопје, 16 февруари 2026 (МИА) - Министерството за образование и наука од денеска почнува со посета на универзитетите во земјава во рамките на јавната расправа за Законот за високото образование. Како што најави министерката за образование и наука Весна Јаневска, МОН ќе има средба со сите професори што ќе сакаат да присуствуваат на јавната расправа, каде што ќе бидат дискутирани спорните членови. Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање ...
Санторини, 13 февруари 2026 (МИА) - Туристите на грчкиот остров Санторини со години јаваат магариња од старото пристаниште до градот Фира, кој се наоѓа на врвот на карпата. Сепак, поради екстремно стрмната рута со камени скали, големиот метеж и зголемените предупредувања од организациите за заштита на животните, локалните власти воведоа построги правила. Сега секој што сака да јава магаре не смее да тежи повеќе од 100 килограми, објави ...
Вашингтон, 13 февруари 2026 (МИА) - Принцот Хари ги поддржа родителите што ги загубиле своите деца и повеле судска постапка против интернет-компаниите порачувајќи дека од нивната борба ќе произлезат „вистината, правдата и одговорноста“. Хари им се обрати на семејствата по почетокот на судењето во Калифорнија, во кое се разгледува дали платформите „Инстаграм“ и „Јутјуб“ имаат штетно влијание врз менталното здравје на младите. Тужбата е ...
Скопје, 15 февруари 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги лишија од слобода К.А.(31), М.Д.(52) и Г.Д.(25), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.Ш.(50) и М.А.(24), двајцата од Гостивар, поради постоење ...