Скопје, 3 мај 2026 (МИА) - Утрово е најстудено на Попова Шапка, -2 степена, а максимални 8 степени се измерени во Скопје-Зајчев Рид, Велес, Кавадарци и Гевгелија. Како што информира УХМР, до 8:30 часот се измерени и 0 степени во Берово, 1 во Kрушево, Mаврови Анови и Лазарополе, 3 во Крива Паланка и Претор, 4 во Охрид и Виница, 5 во Штип, 6 во Скопје-Петровец, Битола, Прилеп и Струмица, како и 7 степени во Тетово, Куманово и Демир Капија. ...

Скопје, 3 мај 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни. Како што информира ЈП „Македонија пат“, на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. -Апелираме на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на ...

Скопје, 3 мај 2026 (МИА) Неда ДИМОВА ПРОКИЌ Најновиот зафат изведен со врвна технологија е доказ дека Македонија ги следи светските трендови, а дури и предничи во некои оперативни процедури во светот. Последен таков случај е реконструкција на нос со 3Д печатен персонализиран имплант кај пациент којшто го загубил носот поради малигна болест. Со овој зафат, извршен минатиот месец на Универзитетската клиника за пластична хириргија во Скопје, ...

Скопје, 3 мај 2026 (МИА) - Следува период на релативно топло време, а кон крајот на неделата се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утре наутро се очекува времето да биде ведро и постудено, а преку денот сончево со мала облачност. Температурата ќе се движи од минус три до 25 степени Целзиусови. Според УХМР, од вторник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува ...

Скопје, 2 мај 2026 (МИА) Ана ЦВЕТКОВСКА -Системот за управување со отпад во Северна Македонија се наоѓа на пресвртница. Земјата има усвоено солидна законска регулатива усогласена со стандардите на ЕУ, но имплементацијата сè уште заостанува. Системот и понатаму е фрагментиран, со нееднаква покриеност со услуги, многу низок процент на рециклирање и зависност од депонии кои не ги исполнуваат пропишаните стандарди - вели во интервју за МИА Рајан ...

Кавадарци, 2 мај 2026 (МИА) - Меѓународен натпревар за најдобро произведени ракии по четврти пат организира здружението „Ж'та - Македонски ракијари“, информираше денеска претседателот Панче Арсовски, повикувајќи да се пријават производители на ракии од земјава и странство. - Денеска и официјално, јавно испраќаме покана за присуство на нашата автентична манифестација посветена на традицијата, квалитетот и пријателството, „Тиквешка ракијада ...

Кавадарци, 3 мај 2026 (МИА) - Лозовите и овошните насади во атарите на Росоман и селата Сирково и Камен Дол, Сопот, Паликура и Курија претрпеа најголеми штети од ниските мајски температури, вели Драганчо Николов, советник во Подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Кавадарци. Како што изјави Николов за МИА, откако вчера земјоделци се пожалија на последици од студеното време во мај, првичните сознанија ...

Валандово, 3 мај 2026 (МИА) - Усеин Ибраимов од валандовското село Калково, со посебна машина за топол воздух ги спасува дрвцата од јапонските јаболки од нивите што ги обработува, од ниски пролетни температури. Во изјава за МИА, тој подвлече дека за две вакви машини биле платени околу 120 илјади евра, или, отприлика толку, колку што, претходно, за една година се губеле, поради намалениот род како последица на ниски пролетни температури. - ...

Скопје, 3 мај 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Република Ерменија по повод учеството на 8. Самит на Европската политичка заедница што се одржува во Ереван под мотото „Градејќи иднина: единство и стабилност во Европа“. Сиљановска-Давкова, како што соопшти нејзиниот Кабинет, ќе учествува на тркалезната маса „Зајакнување на поврзаноста и економската безбедност во контекст на зелената ...

Скопје, 3 мај 2026 (МИА) - Денеска се навршуваат 109 години од раѓањето на Киро Глигоров, првиот претседател на самостојна Република Македонија. Роден е на 3 мај 1917 година во Штип, а функцијата претседател ја извршуваше во два мандата, од 1991 до 1999 година. Глигоров е политичка најбитна фигура во процесот на стекнувањe независност на Македонија по мирен пат. Обезбеди стратешко партнерство со САД што и овозможи стабилност на Македонија во ...

Барселона, 2 мај 2026 (МИА) – Тренерот на Барселона, Ханси Флик, најави дека шпанскиот репрезентативец Ламин Јамал, кој во моментов е повреден, ќе биде подготвен за Светското првенство, кое започнува на 11 јуни. „Тој се справува добро со повредата. Мислам дека ќе го видиме на Светското првенство“, изјави Флик на прес-конференцијата пред денешниот натпревар од Ла Лига против Осасуна. „Има доволно време да се опорави и да се врати, што е она ...

Анкара, 2 мај 2026 (МИА) – Турските сили за безбедност уапсија вкупно 198 лица во операции против шеснаесет различни криминални групи во 16 региони во земјата, соопшти турската државна телевизија „ТРТ Хабер“. Операциите се извршени во градовите Ерзурум, Сакарија, Ајдин, Кајсери, Адана, Мугла, Ескишехир, Битлис, Кахраманмараш, Маниса, Баликесир, Тунџели, Текирдаг, Синоп, Гиресун и Агри. Операциите се спроведени во координација со одделите за ...

Техеран, 2 мај 2026 (МИА) - Две лица се погубени во Иран поради наводно шпионирање за израелската разузнавачка служба Мосад за време на војната меѓу САД и Израел против Иран. Агенцијата Фарс, блиска до Корпусот на Исламската револуционерна гарда, објави дека станува збор за Јакуб Каримпур и Насер Бекерзаде. Бекерзаде е обвинет за собирање податоци за важни владини, религиозни и покраински личности и за давање информации за важни центри во ...

Брисел, 2 мај 2026 (МИА) - НАТО работи со САД за да ги разјасни деталите од одлуката за планираното повлекување на американските трупи од Германија, изјави денеска портпаролката на НАТО, Алисон Харт. „Работиме со САД за да ги разбереме деталите од нивната одлука за распоредување на сили во Германија“, изјави таа на платформата „X“ Харт рече дека ова е прилагодување на военото распоредување, што дополнително ја нагласува потребата европските ...

Хелсинки, 2 мај 2026 (МИА) – Во Финска денеска почнуваат артилериските вежби „Северен удар 26“, недалеку од границата со Русија. Во рамките на оваа вежба, како и на повеќе маневри кои ќе се одржуваат до крајот на мај, сојузничките трупи од десет различни земји ќе вежбаат одбрана на Финска под команда на финската војска. Маневрите кои започнуваат денеска се одржуваат на полигонот „Вуосанка“ во општината Кухмо, која се наоѓа на околу 70 ...

Тирана, 2 мај 2026 (МИА) - Албанија се рангира меѓу земјите со најсилно намалување на населението во светот во периодот 2000–2025 година, според податоците од Меѓународниот монетарен фонд. На листата од 24 земји со најголем демографски пад, Албанија е на 10-то место, со намалување на населението од 13% во последните 25 години. -Овој индикатор ја става земјата пред неколку земји во регионот и многу блиску до земјите кои историски се соочувале ...

Скопје, 2 мај 2026 ДУИ ја смета за целосно неодговорна континуираната тишина на Бурим Латифи, кој и по три дена не дал никакво објаснување пред јавноста во врска со штетата од околу 6 милиони евра што ѝ ја нанел на државата, се вели во соопштението од ДУИ, кое МИА го објавува интегрално. Неприфатливо е за вакво сериозно прашање, кое се однесува на управување со јавни средства и институционална одговорност, да отсуствуваат транспарентноста и ...

Дебар, 2 мај 2026 (МИА) - Здружението „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“, поднесе официјално барање до Парламентарната комисија за административно-територијална реформа во Тирана, со кое се бара формирање на две нови општини – Голо Брдо и Гора. -Ова барање претставува сериозен чекор кон институционално признавање на реалните потреби на населението во овие подрачја и гарантирање на нивните уставно загарантирани права, вели претседателката Елена Симонофски. ...

Дебар, 2 мај 2026 (МИА) - Од Дебарското муфтиство, кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, годинава во посета на светите места Мека и Медина, каде се реализира петтиот столб на исламот-аџилакот, ќе заминат 71 верник. - За исполнување на петтиот столб од исламот, од нашето муфтиство ќе заминат 71 верник. Тргнувањето од скопскиот аеродром е на 17 мај во 16:30 часот, од каде заедно со други ...

Скопје, 2 мај 2026 (МИА) - Дваесет и четиригодишно момче од кичевскиот регион било лишено од слобода денеска во 00:10 часот, откако во полиција било пријавено дека со нож се нападнати две лица. Од Министерството за внатрешни работи попладнево соопштија дека момчето пред угостителски објект, лоциран на улицата „Рудничка“ во Кичево, со нож ги нападнало Н.Ш.(20) и Д.Ш., двајцата од Кичево, по што се оддалечило од местото. - По целосно ...

Скопје, 2 мај 2026 (МИА) - Клиничката болница во Тетово ќе биде целосно реконструирана, модернизирана и функционално реорганизирана преку стратешки проект вреден 4,56 милијарди денари - односно околу 74 милиони евра, пишува во изјавата на министерот за здравство Азир Алиу во денешното соопштение од Министерството за здравство. Според министерот, станува збор за проект што треба трајно да го промени начинот на обезбедување здравствени услуги ...

Кавадарци, 2 мај 2026 (МИА) - Лишени биле од слобода двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот со 1,52 промили алкохол во крвта, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес. - Синоќа во 23:50 часот на улицата „Мито Хаџи Василев Јасмин“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишија од слобода Н.М., на возраст од 38 години од овој град. При сообраќајна контрола, тие сопреле товарно возило ...

Скопје, 2 мај 2026 (МИА) - Двајца малолетници се здобиле со повреди - едниот со потешки, а другиот со полесни, при сообраќајка во Штип, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. - Вчера околу 17 часот во СВР - Штип е пријавено дека на крстосницата од улиците „Борис Крајгер“ и „Анте Банина“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.С., на 64-годишна возраст од Штип ...

Прилеп, 2 мај 2026 (МИА) - Има голем интерес за Законот за работно ангажирање, а Министерството за економија и труд ги продолжува информативните средби низ сите региони да се објаснат неговите предности, вели заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески. -Интересот на инфо-средбите е многу голем. Целта наша е да ги анимираме и да ги информираме сите од опфатените дејности: земјоделството, угостителството и од услужните дејности. ...

Цирих, 2 мај 2026 (МИА) – Раководството на Фудбалската федерација на Иран наскоро ќе се сретне со претставници на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) во Цирих, во врска со натпреварите што иранската репрезентација ќе ги игра во јуни во САД во рамки на Светското првенство. „Има многу прашања што треба да се дискутираат“, изјави синоќа првиот човек на иранскиот фудбал Мехди Таџ по враќањето од Канада, каде не присуствуваше на годишниот ...

Дубаи, 2 мај 2026 (МИА) - САД ги предупредуваат бродските компании дека би можеле да се соочат со санкции ако платат „патарина“ во Иран за безбедно поминување низ Ормуската Теснина. Предупредувањето, издадено од Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАЦ), е нов притисок во конфликтот меѓу САД и Иран околу контролата врз теснината. Околу една петтина од светската трговија со нафта и природен гас нормално поминува низ теснината на ...

Скопје, 2 мај 2026 Христијан Мицкоски повторно ја најавува својата веќе препознатлива стратегија: кога во јуни ќе стане јасно дека нема никаков напредок во реформите, виновник да биде СДСМ, наводно поради „блокада“ на Изборниот законик, се вели во соопштението од СДСМ, за прес-конференцијата на Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одбор, кое МИА го објавува интегрално. Ова е уште една класична лага на Мицкоски. Вистината е едноставна: ...

2 мај 2026 СДС се претставуваат како проевропска опција, а се што ќе кажат постојано е демантирано од европски институции или од европратеници, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ - интегрален текст од прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на партијата, што МИА го пренесува интегрално. Проевропска опција е етикета која СДС и Венко Филипче сами си ја налепуваат само за да даваат лажни оправдувања за сите национални ...

Скопје, 2 мај 2026 По најавите на Петер Маѓар, Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од Унгарскиот кредит. Со падот на пријателот на Мицкоски и негов заштитник, Виктор Орбан, започнува разоткривањето на бизнис мрежата која ќе ја видат и граѓаните на Македонија, се вели во соопштението од СДСМ во која се пренесува прес-конференцијата на портпаролката Богданка Кузеска, а МИА го пренесува интегрално. Освен бизнисите и релациите на ...

2 мај 2026 Што прави пустата желба за функционерски фотељи? Бујар Османи ни две години не може да издржи ако не е министер. Истото важи за сите останати членови на ова нереформирано ДУИ, пишува во денешното соопштение на ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално. Просто е жално да го гледаме ДУИ како го потценува сопствениот народ. Нивната теза дека Албанците ги уживаат своите политички и демократски права само кога ДУИ е дежурен партнер во ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
0.63
45%
1014
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
3.61
90%
1016
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
2.21
81%
1014
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.88
50%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
6.65
61%
1013
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.99
85%
1014
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
0.89
59%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.8
49%
1014
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.51
55%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 21ᴼ
4.92
69%
1011
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
2.24
51%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 21ᴼ
3.12
60%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15