Скопје, 2 мај 2026 (МИА) - Европското движење во Република Северна Македонија го организира традиционалниот планинарски марш на Водно - настан повеќе од три децении по повод Европскиот ден на знамето во рамките на чествувањето на Денот на Европа и претставува препознатлива форма на заедничко одбележувањето на европските вредности. Се стартува од „Европска куќа“ во девет часот, соопштија од Европското движење. Во „Европска куќа“ во Скопје ќе ...

Скопје, 2 мај 2026 (МИА) - „Јасновидец... трагичен македонски пророк“ е насловот на новата книга на Ставре Џиков во која тој, покрај познатите случувања и сомнежи поврзани со смртта на големиот Кочо Рацин, поместува и нови дилеми, но и нови моменти за откривањето на неговиот гроб, како и за пренесувањето на книгите со неговата збирка „Бели мугри“ печатена на македонски јазик во Самобор, прво во Белград, а потоа и во Скопје. Голем дел од ...

Скопје, 2 мај 2026 (МИА) - Утрово најстудено било во Берово и на Попова Шапка, каде во 7 часот се измерени -4 степени целзиусови, а најтопло во Тетово со измерени 5 степени. Според УХМР, -2 степени се измерени во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Претор, Kрушево, -1 во Битола, Штип, Велес, Mаврови Анови, Лазарополе, 0 во Охрид, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, 1 во Виница, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, и 4 степени целзиусови во Гевгелија ...

Скопје, 2 мај 2026, (МИА) - Јане Ченто во понеделникот поднесе кривична пријава против поранешната обвинителка Вилма Русковска, тврдејќи дека таа сторила кривично дело во текот на постапката за случајот „27 април“ за да изнуди лажно сведочење на сведок во процесот поради што 15 лица беа осудени за тероризам и добија вкупна казна од над 200 години затвор. Поводот за ваквиот потег е последната одлука на Апелација од 2 април, со која се одбива ...

Скопје, 2 мај 2026 (МИА) - Телемедицината ќе биде една од клучните столбови за подобрување на здравствениот систем и справување со недостигот на лекари во земјата, наведува министерот за здравство Азир Алиу во денешното соопштение. Говорејќи за предизвикот со заминувањето на здравствените професионалци од земјата, тој нагласува дека дел од решението лежи во вклучувањето на лекарите од дијаспората преку технологијата. - Денес имаме голем број ...

Скопје, 2 мај 2026 (МИА) Ана ЦВЕТКОВСКА -Системот за управување со отпад во Северна Македонија се наоѓа на пресвртница. Земјата има усвоено солидна законска регулатива усогласена со стандардите на ЕУ, но имплементацијата сè уште заостанува. Системот и понатаму е фрагментиран, со нееднаква покриеност со услуги, многу низок процент на рециклирање и зависност од депонии кои не ги исполнуваат пропишаните стандарди - вели во интервју за МИА, ...

Охрид, 1 мај 2026 (МИА) - Изгрaдбата на катната гаража во Охрид е директен ефект од законските измени што ги направивме на почетокот од оваа Влада и со тоа ги олеснивме постапките за изградба на училишта, болници, градинки, амбуланти и катни гаражa, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Охрид. Тој заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид, Кирил ...

Скопје, 1 мај 2026 (МИА) - Ги интензивиравме инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и намалување на неформалната економија, информираше министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, честитајќи го Меѓународниот ден на трудот. - Среќен 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот. На овој значаен ден, изразуваме длабока почит и благодарност до сите работници, кои со својата посветеност и труд, секојдневно придонесуваат ...

1 мај 2026 Од СДС постојано се претставуваат како проевропски, затоа што веројатно тоа им е единствен аргумент кој го имаат откако додека беа на власт ги распродадоа македонските национални интереси. Овој нивни аргумент не е поткрепен со нивното однесување во јавноста, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува интегрално. Филипче се однесува како само тој да го знае патот кон ЕУ, а ...

Скопје, 1 мај 2026 (МИА) - Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски упати честитка до граѓаните по повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот, нагласувајќи дека почитувањето на работничките права и вистинското вреднување на трудот се темел на просперитетно и праведно општество. - Денешниот празник треба да биде потсетник дека борбата за работничките права мора да биде секојдневна заложба. Како социјалдемократ и некој кој искрено ...

Њујорк, 1 мај 2026 (МИА) – Кошаркарите на Минесота се пласираа во второто коло од плејофот во Западната конференција во НБА лигата, откако синоќа го совладаа Денвер со 110-98 во шестиот натпревар и ја завршија серијата со вкупен резултат од 4:2 во победи. Херој на вечерта беше Џејден Мек Дениелс со 32 поени и 10 скокови. На спротивната страна, Никола Јокиќ го предводеше Денвер со 28 поени, 10 асистенции и девет скокови, но немаше доволна ...

Ванкувер, 1 мај 2026 (МИА) – Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, потврди на конгресот во Ванкувер дека ќе се кандидира за нов мандат во 2027 година. Во своето обраќање пред делегатите на конгресот, Инфантино ги истакна достигнувањата на ФИФА под негово водство во изминатата деценија. Инфантино рече дека сегашните приходи за периодот 2022-2026 година ќе изнесуваат речиси 12 милијарди евра, а во споредба со времето кога тој го почна своето ...

Берлин, 1 мај 2026 (МИА) - Германската полиција минатата година регистрирала најголем број насилни кривични дела мотивирани од екстремно десничарска идеологија од 2016 година наваму, покажува одговорот на сојузната влада на пратеничко прашање од опозициската партија Левица. Според документот, во кој увид имала агенцијата ДПА, германските сојузни покраини до Федералната криминалистичка служба (БКА), заклучно со 31 јануари 2026 година, ...

Лондон, 1 мај 2026 (МИА) - Полицијата во Лондон обвини 45-годишен маж за обид за убиство, откако во средата со нож нападнал двајца Евреи во северниот дел на градот. Еса Сулејман е обвинет за две кривични дела „обид за убиство“ и за едно дело „поседување остар предмет на јавно место“, во врска со инцидентот во Голдерс Грин, соопшти Метрополитен-полицијата. Сулејман, кој живее во јужен Лондон, е обвинет и за обид за убиство поврзан со одделен ...

Берлин, 1 мај 2026 (МИА) - Неколку германски воени бродови денеска ќе пристигнат во северното норвешко пристаниште Харстад за учество во мултинационална воена вежба, насочена кон зајакнување на соработката во услови на зголемени геополитички тензии, јави ДПА. Околу 2.500 војници од Норвешка, Белгија, Данска, Холандија и Германија учествуваат во вежбата, соопшти германската морнарица. Шведска и Литванија присуствуваат како набљудувачи. Вежбата ...

Мадрид, 1 мај 2026 (МИА) - Шпанскиот премиер Педро Санчез предупреди дека Израел повторно го прекршил меѓународното право со пресретнување и задржување активисти на море, повикувајќи ја Европската Унија да го суспендира договорот со оваа земја. „Израел повторно го крши меѓународното право со напад врз цивилна флотила во води што не му припаѓаат“, напиша Санчез на социјалната мрежа Икс. Израелската војска во ноќта меѓу средата и четвртокот, во ...

1 мај 2026 Честит 1-ви Мај на сите кои со својот труд и посветеност градат подобра иднина за сите нас! Денот на трудот е симбол на борбата за работничките права и достоинството. Да го чуваме трудот, да се грижиме за работникот и да градиме подобра иднина за сите!, се наведува во соопштението од Социјалистичка партија на Македонија, кое МИА го пренесува интегрално. 1-ви Мај во историјата е врежан како симбол на човечкото достоинство и ...

1 мај 2026 Мицкоски ветува „рамо до рамо со Црна Гора“ реалноста е дека Македонија е рамо до рамо со Србија, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Христијан Мицкоски, шеф нa криминална група ВМРО, ветува дека „наскоро од Брисел ќе стигне вест дека Македонија е рамо до рамо со Црна Гора“, алудирајќи на пристапувањето на Црна Гора во Европската Унија во 2028 година. Реалноста е сосема спротивна. Европската ...

1 мај 2026 Денес, на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, ја оддаваме почитта на потта, трудот и жртвата на секој човек кој со своите раце ја гради иднината на нашата земја. Овој ден не е само симболика, туку постојан потсетник дека достоинството на трудот мора да се брани секој ден, со решителност и со конкретни дела, се наведува во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално. Како ВЛЕН, го реафирмираме нашиот непоколеблив ...

Скопје, 1 мај 2026 (МИА) - По повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот, министерот за јавна администрација, Горан Минчев упати благодарност кон сите работници за нивниот труд, одговорност и секојдневна посветеност, со што, како што посочи министерот, директно придонесуваат за развојот на општеството. - Посебно сакам да ја истакнам улогата на административните службеници, кои со својата професионалност и ангажман обезбедуваат квалитетни и ...

Скопје, 1 мај 2026 (МИА) - Честит 1 Мај - Денот на трудот. Празниците се честитаат, но, вистинското вреднување на трудот се покажува преку дела, напиша денеска на неговата Фејсбук-страница, в.д. директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Tој наведе дека е реализирано кумулативно номинално зголемување на платите во јавното здравство од 22 отсто во последните две години, што според него претставува околу 15 проценти ...

Скопје, 1 мај 2026 (МИА) - Време е Европа не само да се разбуди, туку и да направи исчекор во насока на проширување на Унијата. Потребно е помалку да се зборува за историјата, а повеќе за иднината, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во обраќањето на форумот организиран од Интернационалната демократска унија (International Democracy Union – IDU) што се одржа во Загреб, Хрватска. Форумите на ...

1 мај 2026 СДС континуирано шири лаги и лиферува неточни информации во јавноста само за политички поен плус. СДС и Филипче се нервозни и во паника од константното топење на нивниот рејтинг и го губат тлото под нозете па секојдневно ја манипулираат јавноста, но секој пат нивните лаги набрзо се демантираат и вистината излегува на виделина, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. СДС и Филипче, свесно ...

Скопје, 1 мај 2026 (МИА) - Во Дежурната служба на Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи вчера било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес кај местото „Манастири“ има излетано возило од автопат. Како што соопшти денеска МВР, на местото на настанот веднаш биле упатени полициски службеници од Мобилната единица на МВР, кои на тешко достапен терен пронашле патничко возило „Сеат“ управувано од ...

Скопје, 1 мај 2026 (МИА) - По повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот, министерката за финансии Гордана Димитриеска - Кочоска на Фејсбук упати честитки до сите работници кои, како што нагласи, со својата посветеност, знаење и одговорност придонесуваат за развојот на општеството. - Трудот е една од најголемите вредности врз која се гради достоинството на секој човек и затоа тој претставува темел на секоја напредна и стабилна држава. Секој ...

Скопје, 1 мај 2026 (МИА) - По повод Меѓународен ден на трудот, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати порака до граѓаните, истакнувајќи ја важноста на работничките права и социјалната правда. - Како претседателка на сите граѓани, потсетувам дека имаме обврска да градиме општество во коешто трудот се цени и вреднува, а социјално-економските права се остваруваат, напиша во порака претседателката Сиљановска-Давкова по повод 1 Мај - ...

Скопје, 1 мај 2026 (МИА) – Лондонски Кристал Палас го победи Шахтјор Донецк со 3-1 на гостински терен во првото полуфинале од Конференциската лига, додека во второто полуфинале одиграно синоќа, Рајо Ваљекано пред своите гледачи го совлада Стразбур со 1-0. Во Мадрид, Рајо Ваљекано славеше против француски Стразбур со голот на Бразилецот Алемао во 54 минута. Шпанците целосно доминираа и пропуштија неколку можности да обезбедат поголема разлика ...

Скопје, 1 мај 2026 (МИА) – Во првите полуфинални пресметки во Лига Европа, фудбалерите на Нотингем Форест триумфираа синоќа над Астон Вила со 1-0 на домашен терен, додека Брага го победи Фрајбург со 2-1. Брага до победата на домашен терен над Фрајбург дојде во судиското продолжение, откако португалскиот тим дојде до почетно водство во осмата минута со голот на Тикназ. Фрајбург не чекаше долго за да одговори и само осум минути подоцна го ...

Одеса, 1 мај 2026 (МИА) – Силни експлозии одекнуваа ноќеска во украинскиот црноморски град Одеса, кој е под масовен напад со беспилотни летала, објавија локални канали на апликацијата „Телеграм“. Според истите извори, повеќе од 20 дронови го напаѓаат градот од акваторијата на Црното Море. Локалните власти ги повикаа граѓаните веднаш да побараат засолниште во скривниците. Воздушната тревога е прогласена во 1:09 часот по локално време. ссм/ ...

Брисел, 1 мај 2026 (МИА) – Белгија донесе одлука да се приклучи кон Специјалниот трибунал за агресијата на Русија врз Украина, објави Укринформ, повикувајќи се на соопштение на белгиското Министерство за надворешни работи на социјалната мрежа „Икс“. „Белгија се приклучува кон Специјалниот трибунал за злосторството агресија против Украина“, соопшти Министерството. Оттаму посочуваат дека Трибуналот е формиран во рамките на Советот на Европа и ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.66
34%
1013
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.34
81%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.98
82%
1015
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.54
43%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
6.56
37%
1013
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.34
79%
1015
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
4.92
49%
1014
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.78
36%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.49
47%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.58
54%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
3.58
49%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.61
54%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Калај

53.60

Цинк

0.00

Бакар

13.10

Сребро

2269.46

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Паладиум

42535.44

Платина

57324.78

Родиум

257205.97

Злато

139690.59

Алуминиум

3.46

Кобалт

45.39