Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Киев, 13 февруари 2026 (МИА) - Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави денеска дека го поканил својот кинески колега Ванг Ји да ја посети Украина, оценувајќи дека Кина може да има важна улога во завршувањето на четиригодишната војна со Русија. Сибиха, по средбата со Ванг на маргините на Минхенската безбедносна конференција, рече дека Украина ја цени поддршката на Кина за територијалниот интегритет и суверенитет и дека ...
Минхен, 13 февруари 2026 (МИА) – Министерот за одбрана на Германија, Борис Писториус изјави дека германски авиони ќе учествуваат во мисијата на НАТО, „Арктичка стража“. - Четири воени авиони „Јурофајтер“ на Бундесверот полетаа од Исланд заедно со Ербас А400М - наведе Писториус на маргините на Минхенската безбедносна конференција. Тој најави дека од 1 март, во Заедничката северна команда во гренландскиот главен град Нук ќе има офицер за врска ...
Скопје, 13 февруари 2026 (МИА) - На денешното рочиште за случајот „Онкологија“, вештото лице од Словенија, Маја Равник, одговараше на низа вкрстени прашања од одбраната на обвинетите, појаснувајќи дека нејзиниот стручен наод е изготвен исклучиво врз основа на доставената медицинска документација и меѓународните онколошки протоколи. Таа истакна дека сметала дека има целосна документација за секој пациент и дека стручните мислења ги темели на ...
Скопје, 13 февруари 2026 (МИА) - Собранието на пленарната седница закажана за среда, 18 февруари се очекува да ги констатира оставките на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски и на членот на Државната комисија за спречување на корупцијата Цвета Ристовска. Веднаш потоа, како што велат од Собранието за МИА, треба да започне постапката за избор на нов претседател на РКЕ и на член на ДКСК. Постапката за нивен ...
Скопје, 13 февруари 2026 (МИА) - Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски“ од Охрид денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, што во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата. Како што информира Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова, во ...
Антерселва, 13.февруари 2026 (МИА) – Француската репрезентација ја продолжува доминацијата на натпреварите во биатлон на ЗОИ 2026 во Милано Кортина откако попладнево Квентин Фило Меле го освои златниот медал во дисциплината 10 километри спринт. Тој оствари време од 22:53.1 минута без промашување на стрелиштето. На подиумот место изборија и двајца репрезентативци на Норвешка. Среброто му припадна на Ветле Сјастрад Кристиансен, кој имаше ...
Брисел, 13.февруари 2026 (МИА) – Извлекувањето за петтото издание на Лигата на нации донесе сериозен предизвик на најдобрата македонска репрезентација. Во групата од сегментот Б ќе се соочиме со селекциите на Шкотска, Швајцарија и Словенија. По ждрепката во Брисел, своите впечатоци ги изнесе претседателот на федерацијата, Масар Омерагиќ. - Убаво е повторно да се види Македонија во вакво друштво, меѓу силни репрезентации. Објективно гледано, ...
Куманово, 13.февруари 2026 (МИА) – Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром одбраната на трофејот во Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ во Куманово ја почнаа со победа над големиот ривал Работнички со 100:69 (25:24;27:17; 19:19; 29:9). Фаворитската улога бранителот на пехарот ја потврди пред сè со одличната последна четвртина која ја добија со 20 разлика. Работнички беше конкурентен само во првата и третата четвртина првата ја загубија со 25:24, ...
Минхен, 13 февруари 2026 (МИА) – Високата претставничка на Европска Унија за надворешна политика Каја Калас денеска изјави дека на меѓународниот поредок му недостига одговорност. - Сите се потписници на Повелбата на Обединетите нации. Принципите се таму. Но, што се случува ако некој ги прекрши тие принципи? Одговорноста очигледно не функционира - наведе Калас на панелот „Пресвртна точка: Меѓународниот поредок помеѓу реформата и уништувањето“ ...
Охрид, 13 февруари 2026 (МИА) – Охрид, но и останатите општини во земјата генерално се соочуваат со проблемот на појавата на дивите депонии со комунален отпад односно т.н. сметишта. Начинот како да се ублажат последиците од појавата на такви депонии и тоа преку дискусии на претставници на институции задолжени за односната тематика, беше темата на јавната панел-дискусија одржана денеска во Охрид. На панелот како општ впечаток беше посочено ...
Скопје, 13 февруари 2026 (МИА) - Со традиционална македонска музика, закројување лозово гранче и испраќање порака за мир во реката Вардар денеска почнаа 24. Дебармаалски средби и серенади, посветени на воспевање на виното и љубовта, по повод Св. Трипун и Св. Валентин. Манифестацијата почна кај познатата кафеана „Кај Жабарот“, а ќе продолжи во Градскиот парк, кај споменикот „Гоце Делчев“, каде што ќе биде положена заклетва дека оваа традиција ...
Скопје, 13 февруари 2026 (МИА) - Покрај функционирањето како образовни установи за задолжително средно образование, сите седум регионални центри за стручно образование и обука од денеска може и да ги валидираат знаењата и вештините на повозрасната популација стекнати преку неформално и искуствено учење, соопшти Министерството за образование и наука. МОН информира дека 19 советници за неформално образование и искуствено учење и 20 проценувачи ...
Скопје 13 февруари 2026 (МИА) - Бугарија го ратификува договорот со Македонија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил. - Денес, Народното собрание на Република Бугарија го ратификува договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8. Овој договор во декември беше ратификуван ...
Вал ди Фиеме, 13.февруари 2026 (МИА) – Јоханес Хоесфолт Клаебо од Норвешка е победник на и освојувач на златниот медал на трката во крос кантри 10 километри. Ова за него трет златен медал на Игрите во Милано Кортина и се промовира потенцијално за најуспешен спортист на Игрите. Тој патеката од 10 км ја мина за 20:36.2 минути. Второто место му припадна на Матиас Делож од Франција, кој имаше 4,9 секунди заостанување зад победникот. Бронзата ...
Кортина Д’Ампецо, 13.февруари 2026 (МИА) - Скијачката легенда, Американката Линдзи Вон, доживеа тежок пад за време на спуст-трката на Игрите во Милано Кортина, а според зборовите на француските лекари, примарна цел е ногата да ѝ биде спасена. Вон, која има 41 година, по тешкиот пад, беше пренесена со хеликоптер во болница. Францускиот доктор и специјалист за повреди на колено, д-р Бертран Сонери-Коте, изјави дека овие повреди се исклучително ...
Кочани, 13 февруари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов денеска прими делегација од Амбасадата на Грција во Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа амбасадорката Софија Филипиду и заменик-амбасадорката Кристина Василату. Како што информира Општина Кочани, на средбата се разговарало за актуелната состојба во Кочани, со посебен акцент на последиците од трагичниот настан во „Пулс“. Амбасадорката ...
Москва, 13 февруари 2026 (МИА) - Преговорите помеѓу Русија, Украина и САД за завршување на војната во Украина се селат во Женева следната недела, а руската делегација ќе ја предводи Владимир Медински, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, без да прецизира точен датум. Во меѓувреме, советникот на украинскиот претседател за комуникации, Дмитро Литвин, изјави дека следниот круг преговори со Русија и САД ќе се одржат на 17 и 18 ...
Минхен, 13 февруари 2026 (МИА) - Канцеларот на Германија, Фридрих Мерц, на отворањето на Минхенската безбедносна конференција истакна дека во моментот се урива светскиот поредок заснован на правила. - Заедно влеговме во ера која повторно е многу отворено обележана од моќта и политиката на големите сили. Пред сè, го гледаме насилниот ревизионизам на Русија, нејзината брутална војна против Украина, против нашиот политички поредок со секојдневни ...
Будимпешта, 13 февруари 2026 (МИА) – Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска изјави оти Унгарија продолжува грубо да се меша во претстојните избори во Унгарија. Тој го обвини претседателот на Украина, Володимир Зеленски дека за блокирање на на испораките на нафта преку нафтоводот Дружба со цел да изврши притисок врз унгарската влада пред гласањето. - Педесет и осум дена пред парламентарните избори, Украина многу очигледно се ...
Штип, 13 февруари 2026 (МИА) – Заврши судскиот претрес со изнесување докази и давање искази на сведоци на четворица турски државјани, кои се обвинети дека лани во мај му помогале на турскиот државјанин Кадир Кара, кој во кафуле во ценатрот на Штип уби свој сонародник. Портпаролот на Основниот суд (ОС)-Штип, воедно и судија кривичар, Сашко Георгиев за МИА изјави дека денеска имаше сведочење од страна на сведоци за четвртообвинетото лице, а ...
Куманово, 13 февруари 2026 (МИА) - Корисниците од Центарот за рехабилитација и реинтеграција „Порака Наша“ и годинава во Куманово ја продолжуваат својата празнична продажна приказна, создавајќи креативни и уникатни производи изработени со љубов, посветеност и голем труд. Тимот денеска информираше дека сите заинтересирани можат да ги најдат производите на базарот, што се одржа денеска во трговски центар во Куманово. По успешната промоција, ...
Тетово, 13 февруари 2026 (МИА) - Осум нови фудбалери стигнаа во Тетекс во преодниот рок, а седуммина заминаа во нови клубови, информираат од управата на клубот. Двајцата од осумината нови играчи се голманите Амар Хаџибулуќ Голман, кој дојде од ФК Кожуф и Или Зибери од ФК Вардар Скопје. -Во клубот пристигнаа и Максим Цониќ - ФК Беласица, Александар Анастасијески - ФК Скопје,Хисар Али - ФК Фероникели, Едис Бајрами - ФК Шкендија, Мартин ...
Дeлчево, 13 февруари 2026 (МИА) - Активно се реализира проектот за целосна обнова на Спомен-домот на Разловечкото востание во делчевското село Разловци, објект од исклучително историско и културно значење за македонскиот народ. Со проектот се исполнува повеќегодишна заложба за заштита и ревитализација на овој значаен споменик, кој претставува симбол на првото организирано македонско востание. На отпочнувањето на градежните активности ...
Скопје, 13 февруари 2026 (МИА) - Во првите 100 дена од мојот нов мандат како градоначалник на општина Илинден покажавме дека довербата што повторно ни ја дадоа граѓаните значи уште поголема одговорност, посветеност и работа со јасна цел - континуиран развој и подобар квалитет на живот за граѓаните на општина Илинден, вели градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски. Како што информираат од Општината, тој истакнал дека новиот ...
Штип, 13 февруари 2026 (МИА) – Центарот за развој на Источно планскиот регион (ИПР) е дел од реализацијата на европски проект, во кој има девет партнери од седум европски држави, а проектот е за превентивни пристапи кон зачувување на европското културно наследство, информираше денеска Трајче Здравков директор на Центарот за развој на ИПР. Тој вели дека со реализација на проектот ќе се подобри управувањето, заштитата и конзервацијата на ...
Куманово, 13 февруари 2026 (МИА) - Општина Куманово, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), објави отворен повик за избор на изведувач за реконструкција на фасадата, кровниот покривач и прозорците на објектот на УОМО „Панче Пешев“, информираа денеска од општината. Заинтересираните компании можат да аплицираат преку официјалниот портал за јавни набавки на УНДП, а крајниот рок за поднесување на понудите е 5 март ...
Скопје, 13 февруари 2026 (МИА) - Министерот за европски прашања Беким Сали учествуваше на министерски онлајн-состанок посветен на механизмот за приспоосбување на јаглеродната граница (CBAM) организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за овој механизам, кој стапи во сила од 1 јануари годинава. Сали, како што соопшти Министерството за европски прашања, ја истакна посветеноста на нашата држава кон ...
Нион, 13. февруари 2026 (МИА) – Европската фудбалска асоцијација го објави распоредот на натпреварите во годинешното издание од Лигата на нации. Македонските фудбалери дебитантскиот настап во Б конкуренцијата ќе отворат на домашен терен и тоа против селекцијата на Швајцарија. Првиот натпревар во историјата против оваа репрезентација ќе го одиграме на 26.септември на арената Тодор Проески, a почетокот е закажан за 20 часот и 45 минути. Во ...
Куманово, 13.февруари 2026 (МИА) – Екипата на ТФТ е првиот полуфиналист на кошаркарскиот куп „Благоја Георгиевски – Буштур“ откако во првото четвртфинале во Куманово го совлада Феникс со 98:71 (19:22; 27:12; 22:23 и 30:14). Во полуфиналето ТФТ го очекува победникот од дуелот Пелистер и МКК Куманово што почнува во 19:30 часот. Со две добро одиграни четвртини (втората и четвртата) кога на противникот (Феникс) му дозволија да постигне помалку од ...
Скопје, 13 февруари 2026 - Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделците за огромни 40 милиони евра! Од времето на СДСМ кога субвенциите беа 140 милиони евра, Мицкоски ги намали на 100 милиони евра. Ова е огромен удар врз земјоделците, врз нивниот труд, нивните семејства и егзистенција, се вели во соопштението од СДСМ, во кое се пренесува прес-конференција на Александар Димитриевски од партиската Комисија за земјоделство, што ...