Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Скопје, 30 април 2026 Додека беше во опозиција, Христијан Мицкоски инсистираше дека техничката влада мора да остане сè до влезот на Македонија во Европската Унија. Сега, со мнозинство на ВМРО-ОКГ и ЗНАМ, неговата тендер коалиција, Собранието изгласа укинувањето на техничката влада, која постоеше од 2016 година како единствен механизам за заштита од целосна узурпација на институциите и обезбедување барем минимално фер услови на изборите, се ...
Скопје, 30 април 2026 Филипче најде да говори за слободата на медиумите и извештајот на Репортери без граници. Филипче се најде за кредибилен и легитимен да говори за слободата на медиумите, кога нема медиум, портал и новинар со кого не се скара, се вели во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ на ставот на претседателот на СДСМ Венко Филипче, што МИА ја пренесува интегрално. Односот на Филипче и СДС, по насока на ПР шефот на куќниот пријател на Заев, ...
Скопје, 30 април 2026 Застапувајќи ги интересите на сопствените спонзори, десничарската влада целосно заборави на работникот и третирајќи го како орудије за остварување профит, доведува до социјално-економска криза, структурната експлоатација и континуираното дерогирање на работничките права. Пред само неколку дена сведочевме за тоа како животот на работникот нема никаква вредност за државните институции кога се во прашање милионите на ...
Скопје, 30 април 2026 Демократската унија за интеграција бара итна истрага против Бурим Латифи, генерален директор на МЕПСО и прв братучед на Изет Меџити, по меѓународната одлука која ја обврзува државата да плати 6 милиони евра штета директна последица на неговите одлуки, се вели во соопштението од ДУИ што МИА го пренесува интегрално. Латифи ја раскинал постојната договорна обврска со компанијата Енергоинвест од Сараево и ја заменил со ЕЛНОС ...
Скопје, 30 април 2026 ДУИ со години работеше исклучиво на проекти за поврзување кон Србија, градејќи патишта, енергетски мрежи и далекуводи во една насока, додека целосно ги игнорираше стратешките врски на државата кон Албанија и Косово. Денес, за првпат, „Вреди“ ја менува таа политика и започнува реално поврзување и вмрежување со Албанија и Косово, токму таму каде што ДУИ 20 години не направи ништо, се вели во соопштението од „Вреди“ што МИА ...
Скопје, 30 април 2026 Градежната мафија на ВМРО-ОКГ во Скопје е опасна по живот ама никој ништо не и може. Помина цела недела од трагичниот настан во Кисела Вода во кој загина работник, а неколкумина беа тешко повредени. Сѐ уште нема никаква одговорност, ниту конкретна акција од институциите, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. ...
Скопје, 30 април 2026 Либерално-демократската партија (ЛДП) реагира на вчерашната прес-конференција на министерот за правда, на која, наместо да се информира јавноста за реформите и законските решенија, беше злоупотребена говорницата на Министерството за правда за политичка пресметка со опозициона партија, само затоа што не присуствувала на состанок на работната група за Изборниот законик, се вели во соопштението од ЛДП, кое МИА го објавува ...
Скопје, 30 април 2026 - Брисел потврди дека ИПАРД програмата не е блокирана и дека реализацијата продолжува, додека европратеникот Томас Вајц јасно посочи дека Македонија има напредок во делот на Реформската агенда. Со тоа, паднаа во вода обидите на Филипче и СДС за манипулација на јавноста и земјоделците. Тие со месеци ширеа невистини дека европските средства се изгубени, дека програмата е запрена и дека земјоделците нема да добијат ...
Скопје, 30 април 2026 - Желбата на СДС да дојдат на власт е толку голема, до степен да негираат се што е македонско, да прифаќаат услови од земји кои што ја ветоизираат Македонија и и го попречуваат патот кон ЕУ. Членот на Извршниот одбор на СДС, Рубин Земон, во јавен настап на поткаст отворено изјави дека дебатата за македонскиот идентитет не е релевантна, а Гоце Делчев го опиша како мит, тврдејќи дека не оставил никаков запис и не извојувал ...
Скопје, 30 април 2026 Министерот Панче Тошковски јавно изјави дека полицијата поседува софтвер кој овозможува пристап до камерите и микрофоните на телефоните на сите граѓани на Македонија. Тој систем се вика Pegasus. Pegasus е шпионски софтвер (spyware) кој го разви израелската компанија NSO Group. Може да се инсталира далечински, без кликање на телефонот, да пристапи до сите пораки, фотографии, локација, камера, микрофон, контакти и ...
Скопје, 30 април 2026 Христијан Мицкоски повторно покажа каков е, безобразен уличар, шеф на криминална организација. Наместо да зборува за проблемите на граѓаните, тој излегува со ниски, уличарски провокации и „загриженост“ за здравствената состојба на дел од раководството на СДСМ. Ние не сме загрижени за неговото здравје. Ние сме загрижени за здравјето на државата кое тој и неговата банда систематски го уништуваат, се вели во соопштението од ...
Скопје, 30 април 2026 Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во објава на социјалната мрежа Х, по веста дека пратеникот Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ и од денеска е независен пратеник, порача дека тендер-коалицијата на ВМРО и ЗНАМ почнува да се распаѓа, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално. Во продолжение е целосната објава на Филипче: Тендер-коалицијата почнува да се ...
Скопје, 30 април 2026 (МИА) - Општина Илинден успешно ја спроведе првата акција за ларвицидна дезинсекција за 2026 година во рамки на „Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести“. Согласно елаборатот за превентивна дезинсекција, извршено е третирање на водните површини со цел уништување на ларвите од комарци и намалување на ризикот од појава на вектор-преносливи заболувања. -Со акцијата беа опфатени ...
Куманово, 30 април 2026 (МИА) - Почна поставувањето на нов систем на греење и ладење во спортската салата во Куманово, соопштија денеска надлежните. Проектот се реализира со финансиски средства обезбедени од вториот владин повик за инфраструктурни проекти. Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски информираше дека општина Куманово почна со поставување нов систем за греење и ладење, инвестиција со која ќе се подобрат условите за ...
Куманово, 30 април 2026 (МИА) - Почна изградбата на улица во кумановското село Романовце, информираа денеска надлежните од Општината. Станува збор за улица во должина од над 300 метри, за која општината издвои речиси два милиони денари. -Започнавме со подготовка за изградба на улица во село Романовце во должина од над 300 метри- изјави градоначалникот Максим Димитриевски. Романовце, кое се наоѓа во непосредна близина на Куманово, има околу ...
Дојран, 30 април 2026 (МИА) - Како може младите луѓе да се вклучат активно во еколошките процеси поврзани со Дојранското Езеро се најде во фокусот на еднодневниот форум „Потенцијали за соработка и здружување на локалните заедници за заштита на Дојранското Езеро“. Настанот се организира во рамки на проектот „Формирање на локални акциски групи и вклучување на млади луѓе“, спроведуван од здружението „ПОЛИМАТ 13“ од Богданци. Форумот е поддржан ...
Штип, 30 април 2026 (МИА) -Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов денеска оствари прием на Дамјан Давков, штипскиот генијалец кој освои златен медал на првата Европска математичка олимпијада (ЕМО), одржана во Вилнус, Литванија. Во соопштението од општина Штип се наведува дека при приемот, градоначалникот Јорданов упатил искрени честитки за постигнатиот извонреден успех, истакнувајќи дека освоениот златен медал претставува големо ...
Штип, 30 април 2026 (МИА) –Во тек е санирањето на штетата што ја има направено насилникот во училниците за предметна настава во Општинското основно училиште (ООУ) „Ванчо Прќе“-Штип, а со редовна настава учениците од А смена од прво до деветто одделение и од Б смена од прво до деветто одделение ќе се вратат во понеделник, информираше за МИА директор на ООУ „Ванчо Прќе“-Штип, Кокан Радев. Тој истакна дека настанот беше веднаш забележан и ...
Скопје, 30 април 2026 (МИА) - По повод празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, за време на трите дена од продолжениот викенд од 1 до 3 мај автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, информираат од ЈСП Скопје. На 1 мај (петок) и 3 мај (недела), дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар од 08:00 – 14:00 часот. Во сабота на 2 мај билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со вообичаеното работно ...
Штип, 30 април 2026 (МИА) - Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, денеска оствари работна средба со заменик-шефицата на мисијата на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс - информираат од кабинетот на градоначалникот на општина Штип. На средбата биле разгледани повеќе актуелни прашања поврзани со развојните потенцијали на општина Штип, при што посебен акцент бил ставен на можностите за унапредување ...
Делчево, 30 април 2026 (МИА) – Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска во Делчево присуствуваше на првиот бизнис-форум организиран од Општина Делчево, каде беше истакнато дека ваквите иницијативи отвораат нови можности за локален економски развој, прекугранична соработка и привлекување инвестиции. Ристески оцени дека регионот има значаен потенцијал, особено преку соработката со соседна Бугарија и искористувањето на ...
Кавадарци, 30 април 2026 (МИА) - Општина Кавадарци активно придонесува за инклузија преку спортски активности и можности за социјализација, со што се подобрува квалитетот на живот и интеграција во заедницата, напиша попладнево кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на неговата Фејсбук-страница. Од неговиот кабинет информираа дека тој денеска остварил пријателска средба со претставници на Здружението „Кавадаречки срца“. - На средбата се ...
Куманово, 30 април 2026 (МИА) - Дете паднало од тераса на напуштен објект од Куманово, соопшти денеска СВР Куманово. Вчера околу 21:20 часот во СВР Куманово, лекар од Итна медицинска помош пријави дека кај нив со повреди било донесено малолетно дете. - Според пријавеното, тоа со повредите се здобило при пад од тераса во запуштен објект на улицата „Кирил и Методиј“ во Куманово-соопшти полицијата. Увид извршила екипа од СВР Куманово која ...
Дебар, 30 април 2026 (МИА) - Општина Маврово и Ростуше со несмалена динамика реализира повеќе активности за подобрување на условите за живот во сите населени места. Во тие рамки во тек се теренските активности за замена на дотраените сијалични места со нови, енергетски поефикасни и поекономични LED светилки. -Со поставување на нови LED глави за надворешно осветлување се заменуваат старите електрични арматури низ целата општина. Екипите на ...
Кавадарци, 30 април 2026 (МИА) - Нови општински објекти во Кавадарци ќе добијат фотонапонски панели за бенефит и финансиска заштеда, најави попладнево градоначалникот Митко Јанчев. - Како општина што пред четири години беше прва во државата и постави 200 KW фотонапонски панели на сите општински објекти, продолжуваме со уште поголеми инвестиции. На 12 јавни установи ќе се постават фотоволтаични модули - со моќност од 400 до 600W, на секоја ...
Дебар, 30 април 2026 (МИА) - Општина Дебар и Digital School, потпишан Меморандум за соработка помеѓу со цел унапредување на дигиталното образование, развој на технолошките вештини и создавање нови можности за младите. Меморандумот беше потпишан од градоначалникот Фисник Меља, како и од претставничките на Digital School, Адиса Мулареџа Кривца (коосновач – Digital School Дебар) и Арјета Алиу (извршна директорка – Digital School Македонија). ...
Скопје, 27 април 2026, (МИА) - Во октомври 1903 година Главниот штаб на Битолскиот револуцинерен округ издал наредба за официјалното прекинување на Илинденското востание и распуштање на единиците. Со распуштањето на единиците, дефинитивно, завршило Илинденското востание во Битолскиот револуционерен округ, а со тоа и во Крушевската револуционерна околија. Никола Карев со своите соборци на 10/23 октомври 1903 година се собрале на месноста ...
Лос Анџелес, 29 април 2026 (МИА) „Оскаровецот“ Роберт де Ниро важи за еден од најпочитуваните глумци во Холивуд, познат по целосно „спојување“ со своите ликови, што неретко ја подобрува изведбата, но може и да создаде напната атмосфера на снимањето. Токму тоа, според американскиот филмски ветеран, се покажало како предизвик на снимањето на филмот „Џокер“ од 2019 година во режија на Тод Филипс. Проблемите, според самиот режисер, се јавиле на ...
Рим, 29 април 2026 (МИА) - Оваа година, италијанскиот производител на луксузни автомобили „Масерати“ одбележува 100 години од својот познат знак „Тридент - неговиот симбол, идентитет и синоним за италијанскиот луксуз, перформанси и тркачко наследство од 1926 година. Јубилејот се случува во годината што, исто така, одбележува еден век од првата голема победа на брендот на познатата трка Тарга Флорио, каде што Алфиери Масерати зад воланот на ...
Вашингтон, 29 април 2026 (МИА) - „Иако тропските прашуми и и понатаму се намалуваат, темпото на нивното исчезнување се забавува со рекордно високото ниво забележано во 2024 година“, соопшти Институтот за светски ресурси (ВРИ). „Според податоците на лабораторијата ГЛАД (GLAD) при Универзитетот во Мериленд, во 2025 година се изгубени 4,3 милиони хектари тропски прашуми - површина приближно со големина на Данска. Сепак, тоа претставува ...