Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Регионалната координација и инвестициите во инфраструктура беа во фокусот на првиот панел од Регионалниот форум за управување со отпад, посветен на градењето функционален систем во Пелагонискиот и Југозападниот Регион, што се одржа денеска во Скопје. Дискусијата, како што се наведува во соопштението на Салар интернешнл, ја отворија Стевче Стевановски, градоначалник на општина Новаци и претседавач со ...

Битола, 29 април 2026 (МИА) – Младинското репрезентативно крило, Ненад Белистојаноски од сезоната 2026/27 ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер, соопшти денеска македонскиот ракометен прволигаш. Дваесетиедногодишниот Белистојаноски доаѓа во актуелниот македонски шампион од развојниот Еурофарм Пелистер 2, откако претходно ги мина сите младински категории на клубот од Битола. Белистојаноски се обврза на договор до јуни 2028 година. Неговиот ...

Пекинг, 29 април 2026 (МИА) - Забраната за купување и употреба на дронови во Пекинг ќе стапи на сила в петок, 1 мај. Градската влада донесе низа прописи кон крајот на март со кои се забранува купувањето и употребата на дронови, иако на граѓаните одамна им е забрането да ги користат леталата во градот. Купувањето дронови преку интернет е оневозможено за адреси во Пекинг, а продавачите велат дека мора да се ослободат од сите залихи до утре. ...

Киев, 29 април 2026 (МИА) - Киев официјално ги повика израелските власти да го запленат бродот „Панормитис“, кој превезува жито за кое Украина вели дека се извезува „нелегално“ од териториите окупирани од Русија. „Украинската страна ги повикува своите израелски партнери да го запленат бродот и неговиот товар, да спроведат претрес, да ја запленат документацијата на бродот и неговиот товар, да земат примероци од житото и да ги испрашаат ...

Тирана, 29 април 2026 (МИА) - Албанската државна компанија „KAYO“ и италијанската „Ficanteri“, една од најголемите компании во Европа, денеска потпишаа договор за производство на бродови во бродоградилиштето, Пашалиман, поранешна воена база, кај Валона. Премиерот Еди Рама, кој присуствуваше на потпишувањето, го нагласи стратешко партнерство со владата на Италија, додавајќи дека ова претпријатие ќе се фокусира на производство на бродови што ќе ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - По денешниот состанок на работната група за Изборниот законик, координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, посочи дека однесувањето на СДСМ отвора сериозни сомнежи за нивните вистински намери во процесот, стои во партиското соопштение, што МИА го пренесува интегрално. -Ние уште од почетокот на процесот за измена или нов Изборен законик, изразивме сомнеж за искреноста на политичките актери - ...

29 април 2026 Министерот Филков денеска повторно се обидува да ја префрли вината на СДСМ за сопствената неспособност и блокада на реформите. Едно неучество после цела една година менува сè? Како е тоа можно?, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. СДСМ уште од мај 2025 година, на секоја прес-конференција, јавно го прашува Министерството за правда и министерот Филков: Каде се реформските закони? Зошто ги нема на ...

Битола, 29 април 2026 (МИА) - Секретарот на Општина Битола Борче Димитровски заедно со одговорните лица од општината и претставник на изведувачот изврши увид на состојбата и текот на градежните активности на булеварскиот влез во Битола. Првата фаза од булеварот во должина од 840 метри е завршена и во тек е хортикултурно уредување- изјави Димитровски по извршениот увид. -Како што најави градоначалникот еден од проектите кои се реализира и за ...

Берово, 29 април 2026 (МИА) – Во Општина Берово денеска се одржа јавна дебата на тема „Асистивна технологија – алатка за социјална инклузија“, во организација на Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“. Настанот собра претставници од институции, организации, лица со попреченост, образовни асистенти и граѓани, кои имаа можност да се запознаат со современите асистивни уреди и решенија, како и со поддршката што ја нуди ...

Валандово, 29 април 2026 (МИА) - Општина Валандово планира да го искористи искуството од проектот кој ќе се реализира во дел од струмичките општини за детекција на пожари на диви депонии и во шумски појаси преку поставување термална камера. Станува збор за проект кој ќе се реализира во неколку струмички општини преку Центарот за развој на југоисточниот плански регион. Првиот човек на Општината, Ѓоко Камчев, на денешната седница на општинскиот ...

Куманово, 29 април 2026 (МИА) - Министерството за локална самоуправа, како национален орган задолжен за Interreg програмите за прекугранична соработка, го започна процесот на консултации со локалните заедници за креирање на новите програмски документи за периодот 2028–2034 година, информираа денеска од општината. Консултативната средба во Куманово се одржа во Занаетчискиот дом, а фокусот беше ставен на идниот развој на Interreg IPA програмата ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Барање за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор за 14-годишно дете, бидејќи постои основано сомнение дека вршело продолжено кривично дело – Родосквернавење, предвидено во член 194 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Како што соопшти Јавното обвинителство, детето во судир со ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Отворен е повикот за номинации за „Жени претприемачи на годината 2026 во Западен Балкан“, соопшти Сојузот на стопански комори (ССК). Станува збор за иницијатива на Regional Cooperation Council, чија цел е да ги препознае и истакне најуспешните жени претприемачи во регионот, како и да придонесе за унапредување на женското претприемништво и економската еднаквост. -Овие признанија се јасен показател за квалитетот, ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Клубот за младински прашања и политики, Европската недела на младите ја одбележа со јавна расправа на тема „Влијанието на употребата на социјалните мрежи врз младите и нивното ментално здравје“. На јавната расправа воведни обраќања имаа Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација кој порача дека децата во училиштата треба да учат, да се развиваат и да се чувствуваат безбедно во дигиталниот и физичкиот ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Предлог-одлуките за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на планските региони, селата, урбаните подрачја и подрачјата со специфични развојни потреби преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година, беа утврдени денска на четириесет и втората седница на Советот за рамномерен регионален развој, со кој раководеше министерот за локална самоуправа, Златко Перински. Вкупно ...

Куманово, 29 април 2026 (МИА) - Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница донесе одлука за формирање работна група за прелиминарна селекција на кандидати за член на Судскиот совет, по распишаниот оглас што го спроведува Собранието. Дитурије Елези Незири, судија на Управен суд предложена од Здружението на судии, Флора Илковска адвокатот од Скопје предложена од Адвокатската комора, Јелена Кадриќ, ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска се обратил на настанот по повод одбележувањето 20 години од работењето на ЕВН Македонија, на кој беше промовирана и „Белата книга“ за развојот и влијанието на компанијата во енергетскиот сектор. Во своето обраќање, Гаши истакнал дека дведецениското работење на ЕВН Македонија претставува значајна успешна приказна, која се огледа во модернизацијата на услугите, ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Убедени сме дека социјалниот дијалог е најдоброто оружје, би рекол инструмент, преку кој работниците ги остваруваат своите права. Очекуваме синдикатите да бидат третирани како рамноправни партнери со другата страна, која ги претставува работодавачите. Очекуваме дискусија со заклучоци, кои ќе одат во насока на унапредување на правата на работниците, а ќе отвориме расправа и по одредени закони, кои се или ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека состојбите со цените се следат и оти ќе се носат соодветни одлуки. Податокот дека сме трета држава во Европа според износот на средства за мерки од буџетот за справување со кризата, како што оцени денеска, покажува дека се грижиме за граѓаните. - Со податокот што го даде Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на состанокот, на кој бевме јас и гувернерот ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Со гостувања на националните театри од денеска Драмски театар продолжува со активностите во чест на одбележувањето на 80-годишнината на театарот. Манифестацијата, како што соопштуваат од Драмски театар, е замислена како повеќедневна културна платформа на гостувања и средби што ќе ја афирмира продукцијата на македонските театри пред публиката во овој театар. Под мотото „Еден е Драмски!“ се организирани гостувања ...

Бангкок, 29 април 2026 (МИА) - Поранешниот тајландски премиер Таксин Шинаватра ќе биде ослободен од затвор следниот месец, соопшти денеска затворската управа. „Тој ќе биде ослободен на 11 мај и ќе мора да ги исполни сите услови до крајот на пробниот период, што вклучува носење електронска нараквица“, соопшти администрацијата. Казната на поранешниот премиер беше намалена поради неговата напредна возраст и фактот дека му останува помалку од ...

Москва, 29 април 2026 (МИА) - Русија нема намера да го напушти ОПЕК+, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Тоа е формат кој сепак овозможува значително, така да се каже, намалување на ваквите флуктуации на енергетските пазари и овозможува стабилизација на овие пазари“, рече Песков. Зборувајќи за одлуката на Обединетите Арапски Емирати да го напуштат нафтениот картел, тој рече дека тоа е „суверена одлука“ на ОАЕ и дека Русија ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Општина Илинден продолжува со вложувања во развојот на спортската инфраструктура и унапредување на условите за младите, при што денес во спортскиот комплекс „Драго Маневски“ се одржа промоција на нова текбол маса, се вели во општинското соопштение. Воведувањето на текбол, како современа и сè попопуларна спортска дисциплина, нагласуваат од Општината, отвора нови можности за учениците и младите да ја подобрат ...

Тетово, 29 април 2026 (МИА) - Јавната установа Национален парк Шар Планина информира дека како институција се приклучува кон проект насловен „Лајф ДинПин Мечка“ (LIFE DinPin Bear,) кој до 2031 година ќе се спроведува во девет европски држави со цел заштита на динаро-пиндската популација на кафеавата мечка (Ursus arctos). Како институција, активно ќе придонесат во истражувањата на терен преку мониторинг, трап камери и собирање научни податоци ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Со музика во живо и отворена интеракција меѓу професионалните музичари и децата, денес во паркот „Шопен“ официјално започна десеттиот јубилеен фестивал „TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ“. Националниот џез оркестар, во партнерство со Општина Кисела Вода, првиот фестивалски ден им го посвети на најмладите преку работилницата „JAZZ FOR KIDS“, соопштија од Општината. -Учениците од основните училишта во Општина Кисела Вода, ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Собранието ја продолжи 98. седница по измените на Законот за Владата со којшто се предвидува укинување на техничката влада со одложено дејство, но таа беше повторно одложена за половина час за дополнителни консултации од страна на пратеничката група на СДСМ откако Рина Ајдари, координаторка на пратеничката група на Европскиот фронт побара измените да бидат разгледани на Комитетот за односи меѓу заедниците. ...

29 април 2026 Филипче и СДС повторно демантирани и разобличени, овој пат од Томас Вајц и Брисел, ИПАРД програмата не е блокирана, Реформската Агенда има напредок, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. За ситни политички поени, Филипче и СДС го манипулираа народот и ги лажеа земјоделците. Лажеа дека средствата од ИПАРД програмата се блокирани и дека ...

29 април 2026 Додека беше во опозиција, токму Христијан Мицкоски и неговата партија бараа и инсистираа техничката влада да постои токму до влегувањето во ЕУ, како гаранција за демократија, владеење на правото и фер изборни процеси. Тоа и се вметна во законско решение, истакна на прес-конференција пртаеничка и потпретседателка на СДСМ Јована Тренчевска, што МИА ја пренесува интегрално. Сега, кога е на власт, истиот Мицкоски го менува ставот и ...

Скопје,29 април 2026 (МИА) - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе барање за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор за 14-годишно дете, бидејќи постои основано сомнение дека вршело продолжено кривично дело – родосквернавење, предвидено во член 194 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик, соопшти ЈОРСМ. - Детето, во судир со законот, во февруари 2026 ...

29/04/2026 10:35 - МИА

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - СВР Куманово поднесе кривична пријава против Џ.Џ. од с.Лопате, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. Полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против В.Л.(34) од с.Воѓани, општина ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.41
27%
1010
weather icon

Белград

21ᴼ / 18ᴼ
0.89
70%
1015
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
3.1
77%
1016
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.61
42%
1012
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
5.67
36%
1012
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
2.24
78%
1015
weather icon

Атина

31ᴼ / 27ᴼ
2.68
41%
1013
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
4.02
41%
1014
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.67
43%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.58
52%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.58
40%
1014
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
2.83
52%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Сребро

2269.46

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Бакар

13.10

Паладиум

42535.44

Кобалт

45.39

Злато

139690.59

Рутениум

48965.59

Платина

57324.78

Алуминиум

3.46