Скопје, 29 април 2026 (МИА) – Основниот кривичен суд Скопје денеска ги прогласи за виновни и им изрече затворски казни на Раде Трајковски-Штекли во траење од осум години, Александар Гучевски - шест години, Стефан Китанов и Филип Таневски - по пет години и на Стојан Миланов во траење од три години и десет месеци како членови на група која неовластено продавала кокаин и марихуана. Судот утврди дека осудените во периодот од јануари 2024 година ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Во периодот од 2020 до 2024 година во државата се евидентирани 508 случаи на сексуална злоупотреба на деца, при што системот за заштита на жртвите реагира фрагментирано, не обезбедува навремена поддршка и често предизвикува секундарна виктимизација - покажуваат наодите од најновата анализа на Народниот правобранител. Според податоците што ги презентира денеска заменик-народниот правобранител Васка ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Подготовката на физибилити-студијата за проектот за брза пруга е во тек и конечната верзија треба да биде готова во јуни. - Подготовката на студијата трае 270 дена и мора да помине мај за да биде комплетно изработена. Во јуни би требало да ја имаме - рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање. И министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска посочи дека студијата е во ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Министерството за правда соопшти дека поради отсуството на пратениците на СДСМ е одложена четвртата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство, процес од кој директно зависи кредибилитетот на изборите и довербата на граѓаните. Министерот за правда, Игор Филков информирал дека политичките партии доставиле дополнителни забелешки и коментари на препораките на ОБСЕ/ОДИХР. На маса биле и ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Безбедноста на децата во дигиталниот простор е прашање што бара јасен, системски и одговорен пристап. Затоа предлагам да разгледаме модел кој ќе опфати забрана или строго ограничување на користење телефони за време на наставата, јасни исклучоци за образовни цели и унифицирани правила за сите училишта, како и видео надзор во училиштата според европски искуства, истакна министерот за дигитална трансформација Стефан ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова не сака да ги толкува партиските причини на Европскиот фронт за поднесување иницијатива за уставни измени, но смета дека таа иницијатива нема шанси да успее со оглед на тоа што што за нивно усвојување е потребно двотретинско мнозинство. - Според нашиот Устав, уставни измени може да предложат 30 пратеници или 150 илјади граѓани. Иницијаторот нема 30 пратеници во ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Ова е историски ден не само за мене туку и за сите нас во државата бидејќи претседател на Швајцарија е во прва официјална посета на нашата држава - истакна денеска претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, по приемот и посетата на претседателот на Швајцарија, Ги Пармелан. Сиљановска-Давкова нагласи дека денешната посета на Пармелан значи дека тој на Западен Балкан му придава ...

Мадрид, 29 април 2026 (МИА) - Атлетико Мадрид е подготвен да одбие понуда од приближно 150 милиони евра за трансфер на напаѓачот Хулијан Алварез, објави „Скај Спортс“. Шпанците се цврсти во својата желба да го задржат 26-годишниот Аргентинец. Арсенал, Барселона и ПСЖ се заинтересирани за играчот, па дури и понуда од таков обем не би го привлекла клубот да го продаде фудбалерот. Алварез е во Атлетико Мадрид од август 2024 година. Неговиот ...

Киев, 29 април 2026 (МИА) - Украинските поморски сили погодија санкциониран танкер на околу 210 км југоисточно од руското пристаниште Туапсе на Црното Море со воени беспилотни летала, соопшти Генералштабот на социјалните медиуми. Бродот „Маркиз“ кој пловел под камерунско знаме не бил натоварен во времето на нападот, се додава во соопштението. Бродот е санкциониран од Украина, Велика Британија, Европската Унија, Швајцарија, Нов Зеланд и ...

Берлин, 29 април 2026 (МИА) - Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека му кажал на американскиот претседател, Доналд Трамп, зошто мисли дека војната во Иран е погрешна, но, истовремено, се обидува да одржува добри односи со него и дека досега успеал во тоа. Мерц ова го кажа за германски „Шпигел“ кога беше прашан зошто појасно не му се спротивстави на американскиот претседател и додаде дека за време на неговата последна посета на САД не ...

Белград, 29 април 2026 (МИА) - Во Белград денеска беше презентиран редовниот економски извештај на Светска банка според кој прогнозата за економски раст за Србија е намалена од 3,0 на 2,7 проценти оваа година, и од 3,1 на 3,0 проценти во 2027 година, поради глобалната неизвесност и последиците од конфликтот на Блискиот Исток. Водечкиот економист во СБ за Западен Балкан, Ричард Рекорд, истакна дека меѓународната финансиска институција ...

Атина, 29 април 2026 (МИА) – Грчката поддршка за Катар против неиспровоцираните напади на Иран, ја изрази премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис на средбата во Атина со емирот на Катар, шеик Тамим Бин Хамад ал Тани, кој од своја страна изрази надеж дека конфликтот преку преговори, ќе заврши наскоро, јави дописничката на МИА од Атина. Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, на средбата станало збор за последните случувања во Иран ...

29 април 2026 Последниот случај на брутално врсничко насилство врз девојче во Скопје е уште еден сериозен аларм дека системот кој треба да штити и да ги превенира ваквите појави, целосно потфрла, се наведува во соопштението од прес - конференцијата на Симона Цветаноски, членка на ИО на СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално. Нема систем. Има само жртви. И за тоа мора да има политичка и секаква друга одговорност. За сите пропусти, за ...

Лондон, 29 април 2026 (МИА) – Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, со нетрпение го очекува продолжувањето на шампионатот и ривалството со Андреа Кими Антонели на претстојните трки. - Воодушевен сум што се тркам со толку фантастичен совозач како Кими Антонели. Тој е неверојатно брз возач и го покажа тоа на секоја трка откако почнавме да се тркаме заедно во Мерцедес минатата година. Кими имаше фантастичен почеток на оваа сезона и со нетрпение ...

Дебар, 29 април 2026 (МИА) - Во Бигорскиот скит, посветен на Светите браќа Кирил и Методиј, кој се наоѓа во близина на долнореканското село Битуше, општина Маврово и Ростуше, во подножјето на планината Крчин, и годинава ќе се одржи летна школа по Вероучение, како дел од мисијата на Бигорски манастир. - Преку овие школи, децата имаат можност да се запознаат со убавината на православната вера, традициите, културата и уметноста, но и да се ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска на одбележувањето 20 години од работењето на ЕВН Македонија и промоцијата на „Белата книга“ порача дека економскиот развој и енергетската стабилност не се резултат на поединечни напори, туку на вистинско, функционално партнерство меѓу државата и приватниот сектор. Како што соопшти Кабинетот на министерката, Божиновска нагласила ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Сојузoт на синдикатите на Македонија (ССМ) и годинава ќе организира протест на 1 Мај, Меѓународен ден на трудот., кој ќе почне во 11 часот пред ССМ, ќе продолжи пред Собранието, потоа кај Стопанската комора и ќе заврши пред Владата. Ова денеска го најави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, кој повика работниците масовно да излезат на протестот на кој, како што рече, ќе ги истакнат барањата за ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Сегашниот начин на социјален дијалог досега не е забележан во македонската историја и тој резултира со огромен број колективни договори во јавниот сектор - изјави професорот по трудово право на Правниот факултет при УКИМ Скопје, Лазар Јовески, кој денеска присуствуваше на конференција на тема: „Трудови политики и колективни договори - законска рамка, примена и предизвици“, во организација на Самостојниот синдикат ...

Хјустон, 29 април 2026 (МИА) - Хјустон Рокетс не го стави во составот Кевин Дурант од петтиот натпревар од плејоф серијата на НБА од осминафиналето против Лејкерс на 30 април поради повреда на левиот глужд, објави „АП“. Триесет и седумгодишниот Американец не учествуваше на тренингот на Рокетс на 28 април пред да замине за Лос Анџелес. Сепак, беше виден како трча на антигравитациска лента за трчање додека тимот ја завршуваше работата пред да ...

Белград, 29 април 2026 (МИА) - Во периодот од 2014 до 2024 година, во Србија имигрирале 167.244 странски државјани од кои само во 2024 година дошле 34.155 странци. Од тој број, најголем број се руски државјани кои имигрирале во Србија - околу 17.000. Според податоците на Републичкиот завод за статистика, значително повеќе странци дошле во Србија отколку што ја напуштиле. Имено, од 2014 до 2024 година, во Србија имигрирале 167.244 странски ...

Париз, 29 април 2026 (МИА) - Поранешниот француски претседател Никола Саркози денеска ќе сведочи на судењето пред Апелациониот суд во Париз по обвинението дека ја финансирал својата претседателска кампања во 2007 година со средства добиени од режимот на поранешниот либиски претседател Моамер Гадафи. Саркози ќе мора да одговори на неодамнешните обвинувања од неговиот поранешен шеф на кабинетот и близок соработник Клод Жан, кој ги негираше ...

Париз, 29 април 2026 (МИА) - Франција им советуваше на своите граѓани во Мали да ја искористат можноста „и да резервираат лет за привремено да го напуштат Мали додека тоа е сè уште можно“, се вели на веб-страницата на Министерството за надворешни работи. „По нападите од 25 април во неколку делови од земјата, вклучувајќи го и Бамако, безбедносната ситуација останува исклучително кревка“, се наведува во соопштението. „Потсетуваме дека ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Клучните аспекти на одржливото управување со отпад, вклучително и регионалното планирање, инвестициите и инфраструктурата, институционалната и меѓуопштинската координација, како и вклучувањето на граѓаните во процесите, беа дел од темите на денешниот регионален форум за управување со отпад - „Заедно за регион без отпад: кон функционален и одржлив регионален систем“, што се одржа Скопје. Форумот е во организација ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Судскиот совет на денешната седница го усвои извештајот по приговори на судии за избор на претседател на Основниот кривичен суд - Скопје. Беше појаснето дека до Судскиот совет биле поднесени приговори од судиите кои се кандидати за избор на претседател на Основниот кривичен суд - Скопје, кои приговараат на решенијата на Судскиот совет, со кои вонредно е оценета нивната работа. Од страна на комисијата при Советот ...

Ванкувер, 29 април 2026 (МИА) - Претставниците на Иранската фудбалска федерација не присуствуваа на најголемиот официјален состанок на лидерите на азиските федерации пред финалниот турнир на Светското првенство во 2026 година. Состанокот се одржа вчера во Ванкувер, објави „АП“. Во присуство на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, на Конгресот на Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ) не беше дискутирано ниту учеството на Иран на турнирот, ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Канцеларијата за „Креативна Европа“ на Република Северна Македонија при Министерството за култура и туризам, во соработка со „Пасворд продукција“ од Скопје, утре, со почеток во 9.30 часот, организира тричасовна „Сесија за музичката сцена“, која ќе се одржи во „Лабораториум“ во Скопје. Сесијата е дел од програмата на Форумот за праведност во културната мобилност“ (29 - 30 април 2026), организиран од меѓународната ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Премиерата на детската куклена претстава „Златокоса“, од Горјан Милошевски и Драган Довлев, по мотиви од бајката „Златокоса и трите мечки“, ќе биде изведена вечерва во 19 часот на сцената на Театарот за деца и младинци во Скопје. Довлев, кој е и режисер на претставата, на вчерашната прес-конференција рече дека овој проект има четири општи цели, а првата е да се продуцира детска куклена претстава со домашна ...

Белград, 29 април 2026 (МИА) - Студентите во блокада подготвуваат „сезона на летни митинзи“, а првиот голем собир ќе се одржи во последната недела од мај во Белград. Точниот датум на новиот голем собир ќе го објават студентите по првомајските празници, и тоа е само првиот во серијата што ја планираат како дел од кампањата „Студентите победуваат“. Тие очекуваат пристигнување на граѓани „во рекорден број“ од цела Србија. Студентите во блокада ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Вчера Алфа телевизија, дел од мрежата на Орбановите медиуми, објави уште една таканаречена „ексклузивна“ афера против претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Ништо ново. Дел од систематска, валкана операција која ја води криминалната група ВМРО со помош на приватната израелска компанија „Black Cube“, која ја нарекуваат и „приватен Мосад“, посочи на прес-конференција Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО ...

29 април 2026 ВЛЕН е надежта што се претвори во политичко движење. Надежта на Албанците кои не прифатија да останат заложници на старата политика, на повторените ветувања и на истите лица што се вртеа околу власта, се наведува во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално. Она што започна како обединување за промена, прераснува во заедничко уверување дека Албанците имаат потреба од политичка сила која не ги дели, туку ги ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.41
27%
1010
weather icon

Белград

21ᴼ / 18ᴼ
0.89
70%
1015
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
3.1
77%
1016
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.61
42%
1012
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
5.67
36%
1012
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
2.24
78%
1015
weather icon

Атина

31ᴼ / 27ᴼ
2.68
41%
1013
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
4.02
41%
1014
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.67
43%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.58
52%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.58
40%
1014
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
2.83
52%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Злато

139690.59

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Платина

57324.78

Алуминиум

3.46

Иридиум

253540.09

Сребро

2269.46

Паладиум

42535.44

Бакар

13.10

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Калај

53.60