Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Додека многумина денешниот ден ќе се обидат само да го одработат, еден хороскопски знак денеска ќе добие бран енергија што ќе ги натера да го направат првиот чекор што го одложувале долго време. Астрологијата покажува дека токму сега кај нив се буди чувството дека повеќе нема смисла да го чекаат вистинскиот момент. Без разлика дали станува збор за работа, врска, важна одлука или промена што ја планирале долго време, денеска би можеле да ...
Ќерката на холивудските ѕвезди Анџелина Џоли и Бред Пит, Захара Џоли, ги заврши студиите по психологија на престижниот колеџ Спелман во Атланта, а вниманието на јавноста го привлекол моментот кога во текот на церемонијата на дипломирањето била претставена без презимето на нејзиниот татко. Захара која има 21 година, дипломирала на 17 мај со титулата „Диплома за уметности“ по психологија. Иако во официјалната програма на церемонијата била ...
Братот на принцезата Дијана не ја губи вербата во љубовта. Тој зад себе има три неуспешни брака, а сега се ожени со жена со која ја дели „страста кон животот“. View this post on Instagram A post shared by Stefania Conrieri 👑 (@arie_da_regina) Чарлс Спенсер (61), брат на принцезата Дијана, повторно се ожени. На приватна церемонија во Аризона, тој повторно се заколна на вечна љубов, што е негов четврти брак. Прочитајте повеќе: View this ...
„Самоубиствена параноја“, кратко изјави Захарова за „Спутник“. Шефот на литванската дипломатија, Кестутис Будрис, претходно го повика НАТО да биде подготвен за напад врз руската ексклава Калининград. „Мораме да им покажеме на Русите дека можеме да продреме во малата тврдина што ја изградија во Калининград. НАТО ги има потребните средства за уништување на руските бази во ексклавата“, рече Будрис во интервју за швајцарските медиуми, пренесе ...
Иако Кина и Русија одржаа низа заеднички воени вежби од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година, Пекинг повеќепати ја истакнуваше својата неутралност во конфликтот, претставувајќи се како мировен посредник. Со обучувањето на рускиот воен персонал на оперативно и тактичко ниво, кој потоа учествува во борбите во Украина, Кина е значително подиректно вклучена во војната на европско тло отколку што се знаеше досега, изјави еден ...
Соседна Латвија исто така издаде предупредување поради дронови и ги повика жителите во близина на руската граница да останат во затворени простории. Латвиската војска соопшти кое дека во областа се испратени авиони од мисијата на НАТО за надзор на воздушниот простор на Балтикот. Украина во последните месеци ги засили далечинските напади со дронови врз Русија, вклучувајќи ја и областа долж Балтикот. Од март, неколку украински воени дронови ...
Операцијата, во периодот од 13 февруари до 28 април, ја спроведе Единицата за интернет-упатувања на Европол во соработка со полициските тела од 19 земји. Истражителите утврдија дека ИРГЦ изградила многу структурирана дигитална мрежа која се протегала низ водечките социјални медиуми, стриминг-сервиси, платформи за блогови и независни интернет-страници. Содржината се ширела на арапски, англиски, француски, персиски, шпански и индонезиски јазик. ...
На 21 мај (четврток) од 17:00 часот, „Makka Bar“ ќе стане местото каде што младите ќе искусат спој на дизајн, музика и урбана креативност, на настан каде што официјално ќе биде откриена новата лименка Златен Даб Limited Edition. Новото Limited Edition издание е резултат на креативната соработка помеѓу Златен Даб и студентите од „Brainster Next“, кои преку креативен хакатон добија можност да работат на предизвик за еден од најпрепознатливите ...
Договорот со најважниот клиент, чие име „Варта“ не го откри, истекува на крајот на октомври. Според пишувањето на германскиот деловен весник „Ханделсблат“, станува збор за американскиот технолошки гигант „Епл“. Губењето на важниот клиент ќе ја чини компанијата околу 350 работни места во фабриката во Нордлинген и во седиштето на компанијата во блискиот Елванген. Фабриката на „Варта“ во Нордлинген речиси исклучиво произведува батерии ...
Во Македонија веќе ништо не треба да нè чуди. Имавме фантомски гласачи. Имавме функционери што не знаат што потпишале. Имавме институции што не работат. Ама сега добивме нова иновација: градоначалник што не е тука, ама и понатаму е градоначалник. Во Карпош очигледно се тестира нов модел на локална самоуправа — „Work From Home Municipality“. Граѓаните ќе пријавуваат дупки по улици, а системот автоматски ќе одговара: „Вашето барање е препратено ...
„Студентите побараа правосуден испит, но ВЛЕН самоиницијативно ја мапираше целата соодветна проблематика. Нема да застанеме само тука, веќе работиме на законски решенија со кои сите професионални испити и постдипломски лиценци за работа во земјата ќе им бидат достапни на младите на нивниот мајчин јазик. Наша цел е логичен и праведен систем: тој што студирал на албански, да може на албански да ја добие и својата лиценца за работа“, велат од ...
Судењето за предметот „Талир 1“ против поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, а кој заедно со други членови на сега владејачката ВМРО-ДПМНЕ се гонат за перење пари во партијата, денес беше одложено за во јули. Одложувањето на главната расправа, судот ја одобри по барање на обвинителката Енѓелуше Кадриу Леши, која го презеде овој предмет откако државниот јавен обвинител Ненад Савески ѝ ги одзеде сите предмети на обвинителката ...
„Неделната и дневната кампања на закани, терор и притисок врз обвинителството од страна на силниот човек со приватен авион, Антонио Милошоски е скандалозна и слична на Северна Кореја. Милошоски, познат по слоганите „мртов Албанец, добар Албанец“, „гасна комора за Албанци“, за нарачување судски одлуки, истраги, рации и претреси, а кој беше спасен благодарение на промените во Кривичниот законик, нема никаков морален, политички или правен ...
Министерот за правда, Игор Филков најостро реагира на обидот, како што вели, полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација. Тој тврди делка Правосудниот испит не е прашање на политика, туку прашање на стручност, професионалност и почитување на правниот поредок на државата. -Обидите да се прикаже законската обврска за познавање на македонскиот јазик како дискриминација се опасна ...
На 150-годишнината од Разловечкото востание премиерот, Христијан Мицкоски повторно повика на национално обединување. Во говорот тој повика на обединување за државните и националните интереси затоа што, како што рече, ниту една политичка разлика не смее да биде поголема од татковината и ниту една лична амбиција не смее да биде поважна од иднината на нашите деца. Потсети дека тие луѓе немале држава зад себе, немале моќни армии и големи сили што ...
Најмногу шанси за именување на нов висок претставник медиумите ѝ даваат на Италија, а нејзиниот дипломат Антонио Занарди Ланди важи за најсериозен кандидат. Ланди претходно беше амбасадор во Белград, Москва и во Ватикан. Италијанец никогаш досега не бил на позицијата висок претставник за БиХ, но Италијанец е моменталниот шеф на делегацијата на ЕУ во БиХ, кој истовремено е и специјален претставник на Унијата, додека италијански генерал ...
Купувањето на моделот на фрегата „Француска одбрана и интервенција“ (FDI) ќе претставува најголема шведска воена инвестиција од 1980-тите години, изјави премиерот Улф Кристерсон на прес-конференција. Шведска забрзано ја засилува војската откако Русија ја покрена инвазијата врз Украина. Оваа нордиска земја по брза постапка пристапи кон НАТО, а новите фрегати претставуваат значајно проширување на одбранбените капацитети на море. Владата побара ...
Според информациите што ги пренесува „Ајриш тајмс“ (Irish Times), планот на Европската комисија особено ќе ги погоди секторите како што се хемиската индустрија и производството на индустриски машини, кои веќе со месеци предупредуваат на огромен притисок од евтиниот кинески увоз. Според нацрт-предлогот, компаниите повеќе нема да смеат да купуваат поголем дел од клучните компоненти од само еден добавувач. ЕУ планира да воведе ограничување ...
Здружението „Мир, слога, стабилност“, кое за себеси вели дека е здружение на граѓани за унапредување на правата и интересите на етничките заедници, објави јавен апел за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ. Повикот е упатен „до сите граѓани на Македонија“ за да бидат дел од народниот собир на 23 мај, оваа година, во Куманово за поддршка на претседателот на нашиот северен сосед. Токму на ова реагираше меѓународниот секретар на ...
Цената на нафтата од типот „Брент“ (Brent) се движеше на ниво од 111 долари по барел, а американската сурова нафта „ВТИ“ (West Texas Intermediate) беше на ниво од околу 107 долари по барел, пренесе „Трејдинг економикс“ . До раст на цените дојде по новите сомнежи дека набрзо би можел да биде постигнат договор со кој би се обновил протокот на нафта низ Ормускиот теснец, кој е клучна транспортна рута. Порталот „Аксиос“ објави дека Иран доставил ...
Сузана Трајковска од невладината организација „Black swawn“ на денешната презентација на проектите финансирани од двете министерства рече дека со помош на проектот во кој биле вклучени девојки на возраст од 15 до 24 години од 18 градови во земјава, добиле обуки за повеќе професии и дека по добивање на дипломите можеле да се вклучат на пазарот на труд. Таа објасни дека обуките ги изведувале и со други 14 невладини организации, како и со помош ...
Во текот на офанзивата во Украина, која трае веќе повеќе од четири години, Русија редовно се расфрла со нуклеарното оружје, а во неколку наврати се закани дека и ќе го употреби. Вежбите се спроведуваат откако во февруари истече „Нов СТАРТ“, последниот договор со кој се ограничуваа нуклеарните арсенали на Русија и на Соединетите Држави. „Од 19 до 21 мај, вооружените сили на Руската Федерација спроведуваат вежба за подготовка и употреба на ...
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски на својот Фејсбук профил објави дека во Хрватска е усвоен Закон со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи. „Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи. Тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС системот во Шенген зоната. Овој закон многу ќе помогне на ...
Златна плочка проценета на 4,5 милиони денари е запленета во акција на царински службеници на излез од државата на граничен премин Богородица. Случајот е откриен откако автобус кој сообраќал на релација Гостивар-Истанбул е издвоен за контрола, по што, поради основани сомневања, е извршена детална контрола на патник, македонски државјанин. При претресот, во едниот негов чевел е пронајдена златна плочка тешка 848 грама, обвиткана во бела ...
Мрежата за заштита од дискриминација преку писмена реакција изрази сериозна загриженост поради, како што велат, сè почестото вклучување на контроверзното здружение „Родителски фронт“ од Струмица во собраниските јавни расправи и институционалните процеси. Според нивното соопштение, претставници на ова здружение од почетокот на годината биле поканети на најмалку две собраниски дебати – едната за измените на Кривичниот законик, а другата за ...
Напредувањето на патот кон ЕУ бара спроведување на договорните обврски, но одлуката е суверена и треба да биде усвоена низ демократски процеси, изјавија за „Локално“ од Делегацијата на ЕУ во Македонија. Оваа изјава следи на прашањето за тоа како ја коментираат изјавата на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски кој рече дека државата во овие услови и контекст не е подготвена за уставни измени. -ЕУ е сигурен и доверлив партнер на ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче го промовираше Фронтот за вистина и правда. Иако не откри имиња, рече дека обединува опозициски партии, граѓански организации и поединци. Тој најави оти борбата против корупцијата ќе ја водат во соработка со Европското јавно обвинителство… Вели клучен е Законот за нулта толеранција на корупцијата кој ќе го потпишел откако ќе станел премиер. Најавата звучи политички привлечно, но прашањето е колку е ...
Во интервју за „Форбс“, тој го коментираше судскиот пораз во спорот против „ОпенАИ“, оценувајќи ја пресудата како „опасен преседан“. Потсетуваме дека, поротата заклучи дека Маск премногу долго чекал со тужбата, а судот ги отфрли неговите тврдења дека челниците на „ОпенАИ“ непрописно ја претвориле организацијата од непрофитна во профитна. „Тоа значи дека секој може да земе непрофитна организација и да ја претвори во профитна, а тоа го ...
Демократски сојуз најостро ги осудува вчерашните протести и обидите за политичка злоупотреба на прашањето за употребата на албанскиот јазик во правосудниот систем. Велат дека особено загрижува фактот што на протестите беа присутни и граѓани од соседните држави Косово и Албанија, што претставува, како што велат, недозволив обид за надворешно влијание врз внатрешните политички и институционални прашања на Република Македонија. -Очигледно е дека ...
Европскиот систем за влез-излез е систем на ниво на Шенген, се применува подеднакво во сите земји учеснички и не е предвидено одложување за одредени трети земји, изјавија за „Локално“ од Делегацијата на ЕУ во Македонија. -Правната рамка не предвидува понатамошно одложување или општи исклучоци за државјани на одредени трети земји, одговорија од Делегацијата на ЕУ на прашањето дали ќе има одложување на примената на ЕЕС системот за дел од ...