Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Како дел од првата ваква наредба за евакуација во некоја европска престолнина од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година, Гитанас Науседа, заедно со членовите на литванскиот парламент, се засолни на безбедно. Илјадници Литванци се криеја во подземни гаражи откако во 9:40 часот по локално време се огласија сирените за воздушна опасност поради повреда на воздушниот простор во близина на границата со Белорусија. Набргу потоа, ...
Според новите правила за комунален ред, сите кои на јавните површини ќе се појават оскудно облечени или без дел од облеката, би можеле да платат казна од 150 до дури 500 евра. Одлуката за дополнување на Одлуката за комунален ред беше усвоена на седницата на улцињскиот парламент одржана минатиот четврток, а градските власти порачуваат дека целта на новите мерки е заштита на комуналниот ред, достоинството на градот и уредниот изглед на јавните ...
Закерберг им се заблагодари на вработените кои се погодени од отказите, ја нагласи важноста на вештачката интелигенција, порача дека не би требало да има дополнителни кратења во 2026 година и ја изнесе својата визија за иднината на компанијата. Покрај отказите, Мета пренасочува 7.000 вработени на позиции поврзани со вештачката интелигенција, објави „Ен-би-си њуз“. „Но, успехот не е загарантиран. Вештачката интелигенција е најважната ...
„Постојат пораки дека Зијадин Села би бил спремен да биде дел од Владата под одредени услови“, изјави неодамна еден од копретседателите на ВЛЕН, Биљал Касами, по што доби одговор токму од Села. Лидерот на едното крило на АА, синоќа рекол дека нека бидат дел од неговите услови, но ако не се спроведат, треба да преминат во опозиција. „Му велам на господинот Касами, ако ги цени моите услови, нека дојдат заедно со другиот претседател и да бидат ...
Поранешниот премиер на Македонија и лидер на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски кој веќе реагираше на употребата на термините „северномакедонец“ и „северномакедонски“ меѓу бугарските политичари, аналитичари и во комуникацијата во медиумскиот простор на Бугарија, дава ново објаснување, откако, како што вели, се потврди тезата дека во бугарската јавност постојат сериозен број политички активни луѓе кои многу лесно ги употребуваат термините, што е ...
Постои впечаток дека во јавниот простор недоволно се третираат вистинските проблеми, додека повеќе внимание добиваат погрешни вредносни модели и погрешни примери на успех. Сето тоа е резултат на долготрајни слабости во институциите, каде што наместо стручност и интегритет, често доминираат партиски влијанија и лоша селекција на кадри. Без промена на тој пристап, тешко може да се очекува суштински напредок, вели во интервју за „Локално„ ...
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, објави дека имал средба со шефот на Делегацијата на ЕУ, Михаил Рокас. Според соопштението, на средбата се разговарало за актуелните политички случувања во земјата и европската перспектива на Makedonija. „На средбата детално се разговарало за обврските што ги има Република Северна Македонија во однос на Европската Унија, како и за одговорноста на домашните институции и власти за исполнување на сите потребни ...
Американската старлета Ким Кардашијан (45), во вторникот отворено зборувала за чекорите што ги презема за да се грижи за себе во текот на појавувањето во поткастот „Good Hang“ на Ејми Полер, објави магазинот „Пипл“. „Секој ден земам 35 додатоци во исхраната. Ги делам на три дози во текот на денот“, открила ријалити ѕвездата. Ким признала дека има проблем со еден од нејзините додатоци, велејќи: „Реков: „Добро, повеќе не можам да земам рибино ...
Доктор Амир Кан предупредил на претпазливост при земање одредени додатоци во исхраната, истакнувајќи дека таа индустрија е недоволно регулирана, поради што потрошувачите често не знаат точно што внесуваат во организмот. Иако за оптимално функционирање на телото му се потребни голем број витамини и минерали , од кои повеќето треба да ги добиваме од здрава и балансирана исхрана, многу луѓе се свртуваат кон додатоците во исхраната, односно ...
„Мора да се стави крај на ваквите нешта засекогаш односно политичарите треба да сфатат дека безбедносните служби се државни институции. Вака ако продолжиме не знам каде би стигнале. Сепак, ние сме партнер во најсилната Воена алијанса и таму не сме сами да правиме што сакаме и како сакаме. Какво гледање и размислување ќе имаат тие луѓе кон нас“, прашува експертот за безбедност, Владимир Пивоваров откако Обвинителството за гонење организиран ...
Појавувањето на 41-годишниот бразилски топ модел Изабел Гуларт на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Кан предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Причината била нејзиниот изглед, кој на сите им се чинел сосема поразличен од претходните изданија. Гуларт пристигнала на премиерата на филмот „Фјорд“ во придружба на својот партнер Кевин Трап, но токму нејзиното лице привлекло најголемо внимание. View this post on Instagram A post ...
„Ако обложувалниците останат до училиштата, иако без електронски апарати, тогаш младите и понатаму ќе бидат секојдневно изложени на атмосферата и културата на обложување. Прашањето не е само дали има апарати, туку дали нормализираме коцкарска психологија кај малолетници. Затоа дел од јавноста ќе го гледа овој закон како половично решение“, смета економистот Зоран Витанов за новиот Предлог-закон за игри на среќа и забавни игри. Особено важна, ...
Австралиската поп-ѕвезда Кајли Миног првпат јавно откри дека во 2021 година повторно ѝ бил дијагностициран рак, повеќе од 15 години по нејзината прва битка со ракот на дојка. Пејачката за досега непознатата здравствена состојба зборува во новиот документарен филм „Кајли“, кој од денес е достапен на Нетфликс. „Мојата втора дијагноза на рак беше на почетокот на 2021 година. Успеав тоа да го задржам за себе… Не како првиот пат“, изјави Миног, ...
Макрон го изјави ова на конференцијата за финансирање на тероризмот „Нема пари за теророт“, одржана во француското Министерство за финансии во Париз. „Не постои одржлив, мирен свет, нема регулација и нема финансиска стабилност за нашите земји ако на некој начин повторно го измислиме Дивиот Запад што веќе го регулиравме“, рече Макрон. „Да не дозволиме крипто пазарот да создаде можност за криминалците, терористите или начини за заобиколување на ...
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отворило предистражна постапка по наводите за шпионажа во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Од Министерството за внатрешни работи и од Вила Водно биле побарани документација и компјутери кои ќе се проверуваат. Сепак, како што информираат OЈО ГОКК, иако станува збор за сензитивен и сериозен случај, и по неколку месеци Обвинителството сè уште не ги добило од МВР ...
Власта е за претпазливост во процесот на евроинтеграциите, а опозицијата прашува од што се плаши Владата и од каде тој страв. Вакви пораки денес си разменија пратениците Венко Филипче од СДСМ и Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на конференција по повод одбележување на Денот на Европа на тема „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“. На прашање од присутните на панел дискусијата „Од визија до ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Д.С. и М.С. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“. Пријавените, полициски службеници во Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, на 19.04.2026 околу 03:00 часот при вршење на ...
Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, денес бил повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Албанија во Македонија, Денион Мејдани. Како што дознава „Локално“ од неофицијални извори, албанскиот амбасадор бил повикан во врска со неговата јавна поддршка на протестот на студентите кои бараат правосудниот испит да се полага на албански јазик. -На средбата на која присуствуваше неговиот заменик беше упатен ...
Ребалансот на буџетот што го најавија Министерството за финансии и Владата, според професорот Абдулменаф Беџети, не е прерано почнат, но додава дека во услови кога половина од буџетот е веќе потрошен просторот за корекции се стеснува. Тој за „Локално“ изјави дека постапката за ребаланс е почната во Министерството за финансии и дека процесот се уште е кај нив, а не во Влада. Според него, не е избрзано отпочнување на постапката за ребаланс во ...
Големата антикорупциска истрага во Украина би можела да прерасне во една од најголемите политички афери во мандатот на претседателот Володимир Зеленски, откако истражителите открија луксузен станбен комплекс за кој тврдат дека бил граден за луѓе од неговиот најблизок круг, пишува Киев Индепендент. Украинското Национално антикорупциско биро (НАБУ) и Специјализираното антикорупциско обвинителство (САПО) тврдат дека преку изградбата на четири ...
Коментирајќи ги наводите за можнoто влегување на меѓународната заедница во нова фаза во односите со БиХ, вклучувајќи ги и шпекулациите дека идниот висок претставник би можел да има поограничено користење на Бонските овластувања, Алкалај истакна дека станува збор за процес кој сè уште не е дефиниран. „Изборот на новиот висок претставник сè уште е флуиден процес. Опстанокот на ОХР не е доведен во прашање, а разговорите за ограничени или ...
Вкупната вредност на синдикалната минимална потрошувачка кошничка за мај оваа година достигна 68.743 денари. Во споредба со април, кога таа изнесуваше 68.797 денари, забележано е намалување од 54 денари, информира денес Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Кога станува збор за трошоците за изнајмен стан од 60 квадратни метри, синдикалната минимална потрошувачка кошничка за мај се искачува на 84.117 денари. Во текот на мај, средствата ...
Европската комисија објави дека доделува речиси 160 милиони евра за Македонија, Албанија и Црна Гора во рамките на Планот за раст на Западен Балкан. Се забележува дека обезбедувањето на овие средства е условено од спроведувањето на реформите. Комисијата позитивно ги оцени реформите преземени во областите на конкурентност и иновации во Албанија и Црна Гора, како и во образованието и дигитализацијата во Македонија. Со денешната одлука, вкупниот ...
Петте држави членки на ЕУ во доверлив документ повикаа на пристап „чекор по чекор“, со кој земјите кандидати постепено би добивале пристап до делови од европскиот пазарот, во зависност од спроведувањето на реформите и усогласувањето со правилата на ЕУ. „За да се одржи моментумот на проширувањето и да се унапредат европските интеграции, потребни се силни и атрактивни стимулации“, се наведува во документот. Според предлогот, државите од ...
Министерството за Европа и надворешни работи во Албанија реагираше на медиумските извештаи и коментари во врска со дипломатските потези во надворешната служба, особено за евентуалното отповикување на Денион Мејдани, амбасадорот на Албанија во Македонија. Дел од албанските медиуми објавија за евентуалното заминување на Мејдани, додека други најавија ротација во дипломатијата, поточно назначување на Мејдани за амбасадор во Приштина, а Петрит ...
За наводите за шпионажа во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски повторно обвинува за „глодари“ и „талог на општеството“. -Тоа е шпионски талог на општеството и структури од минатото кои што се наоѓале во кабинетите како глодари на некои поранешни политичари, претседатели, премиери…Тие се претставуваат како група на вработени и испраќаат анонимни дописи до обвинителства. Се разбира дека таму е ...
Секторот за контрола и истраги преку Одделението за оперативни работи спречи обид за нелегален пренос на готовина во износ од половина милион евра пронајдени во специјално контруиран бункер на минибус, што резултираше со историски најголема заплена на девизи, потенцира директорот на Царинска управа, Бобан Николовски на прес-конференција на која информираше за случајот. Девизите и возилото се трајно одземени, а сторителот, државјанин на ...
Одлуката воедно претставува и одговор на загриженоста околу снабдувањето со одредени горива поради ефективната блокада на клучниот пловен пат – Ормутскиот Теснец, од почетокот на војната меѓу САД и Израел против Иран, пишува Би-би-си . Исто така, укинати се и некои санкции кои се однесуваат на транспортот на руски течен природен гас (ЛНГ). Ублажувањето на санкциите, додава Би-би-си, сега ефективно ќе овозможи увоз на авионско гориво од ...
Со овој договор се прекинува речиси десетгодишната неофицијална забрана за продажба на авионите на „Боинг“ во Кина, пишува Си-ен-ен. Кинеското Министерство за трговија соопшти дека САД и Кина преговараат за продолжување на трговското примирје кое истекува во ноември, како и дека ќе разговараат за рамката за взаемно намалување на царините за стоки во вредност од околу 30 милијарди долари. Овие објави се во согласност со очекувањата кои ...
ВМРО организира граѓани на Македонија за митинг во поддршка на Вучиќ што претставува срамно мешање во внатрешните работи на друга држава, велат од СДСМ. „Како што месеци наназад предупредувавме дека Вучиќ управува со Македонија, сега ВМРО директно организира граѓани на Македонија за контра-митинг во Белград во поддршка на Александар Вучиќ. На плакатот што го шират низ Македонија јасно се гледа: собирање и поаѓање на митингот пред српскиот ...