Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Приходите на компанијата во кварталот што завршува со март достигнаа 21,6 милијарди долари, што е раст од 27 отсто во споредба со истиот период минатата година. Ова ја претставува највисоката стапка на раст на оваа кинеска мултинационална компанија со седиште во Хонг Конг во последните пет години. Нето-добивката порасна речиси шестпати и достигна 521 милион долари, додека годишните резултати соборија рекорд. Посебно се издвојуваат приходите ...
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција порача дека Македонија се наоѓа пред многу важен момент за нејзината иднина во период кога Европската Унија повторно го отвори процесот на проширување како врвен геостратешки приоритет. Таа предупреди дека земјите од регионот како Црна Гора и Албанија веќе бележат сериозен напредок и нагласи дека доколку ја пропуштиме оваа шанса за членство во ЕУ, ризикуваме да станеме ...
Марко Рубио денеска ќе присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Шведска, на истиот ден кога се очекува високи претставници на Пентагон да ја информираат 32-члената Алијанса во нејзиното седиште во Брисел за плановите за посветеноста на американската војска на европската одбрана. Состанокот на дипломатите, кој му претходи на самитот на лидерите на НАТО во Турција во јули, се одржува во време кога владее голема ...
„Врз основа на успешниот избор на сегашниот претседател на Полска, Карол Навроцки, кого со гордост го поддржав, и нашиот однос со него, со задоволство објавувам дека САД ќе испратат дополнителни 5.000 војници во Полска“, напиша вчера Трамп на мрежата „Truth Social“. Како што пренесува AP, ова предизвика збунетост по променливите изјави на Трамп и на неговата администрација за намалување, а не за зголемување на американското воено присуство во ...
Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата, во рамки на своите законски надлежности согласно Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи, извршила увид кај неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук од индивидуални земјоделци и правни лица. При извршените контроли, Комисијата констатирала повеќе неправилности и постапувања ...
Претседателот на управниот одбор и главен извршен директор на „MOL“, Жолт Хернади, како и министерот за енергетика, Иштван Капитањ, се на пат кон местото на несреќата, наведе Маѓар. Локалниот портал „Tiszaújvárosi Krónika“ објави на Фејсбук дека првите достапни информации упатуваат на експлозија на цевковод за пиролизен бензин во петрохемискиот погон на „MOL“. Тие додадоа дека службите за цивилна заштита соопштиле дека жителите во околното ...
Државниот секретар во Министерството за култура и туризам, Марија С. Ѓоргова, вчера, во пријатна и конструктивна атмосфера, оствари средба со Грегоар Жислер, директор на Францускиот културен институт во Скопје. На средбата, Ѓоргова и Жислер ги потврдија досегашната одлична соработка и традиционално пријателските односи меѓу двете земји, како и заедничката подготвеност за нивно натамошно продлабочување. Во фокус на разговорот беа идните ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче се дообјаснува околу понудата дадена на ВМРО-ДПМНЕ заедно да ја преземат одговорноста околу уставните измени и се што би резултирало од тоа подоцна.Тој негира дека она што сакал да го каже е дека ѝ нуди широка коалиција на власта. „Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција? Јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите. Да влеземе во тендер коалицијата на Мицкоски? Од каде некому му ...
Еден од водечките македонски баритони, Ристе Велков е меѓу загинатите во тешката сообраќајна несреќа, што се случи синоќа на скопската обиколница, потврдија од Национална опера и балет. Претходно Министерството за внатрешни работи информира дека четири лица загинале во сообраќајната несреќа, која се случила синоќа на обиколницата на Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци. МВР информира дека синоќа во 23 часот во СВР Скопје е ...
Купувачот, кој бил присутен во аукциската сала, станал сопственик на дел од скалишта со 14 скалила, со висина од 2,7 метри и тежина од 1,4 тони, кои датираат од 1889 година, кога бил завршен споменикот што се издига над центарот на Париз. „Кога купувате парче од Ајфеловата кула, вие купувате парче од Париз, заедно со сета имагинација и симболика што тој ги претставува“, изјави Сабрина Дола, директорка за арт-деко дизајн во париската аукциска ...
Екипите на Корисничкиот енерго центар на Електродистрибуција во Штип, во координација со специјализираниот Тим за откривање на неовластено користење на електрична енергија, открија случај на кражба на електрична енергија во сервис за возила на улица Железничка во Штип. Нелегалното користење на електрична енергија е утврдено дека се одвивало во периодот од јануари до почеток на мај 2026 година. Контролните екипи на терен констатирале ...
Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ смета дека неодамнешниот пристап на Европската Унија кон сопственото проширување е неправеден. Србија доби официјален статус на кандидат за членство во 2012 година, а претпристапните преговори ги започна две години подоцна. „Европската Унија го менува својот став кон проширувањето и очигледно е дека тоа станува жешка политичка тема. Кога ја започнавме играта уште во 2014 година, правилата беа ...
Екс-министерката за надворешни работи на Бугарија, Надежда Нејнски порача дека Бугарија е заинтересирана Македонија да стане членка на Европската Унија, но, како што вели само ако е исполнет условот за почитување на правата на бугарската заедница земјава. Како што пренесуваат бугарските медиуми, Нејнски верува дека македонските политичари го губат времето на сопствениот народ. „Народот на Република Македонија се стреми да стане дел од ЕУ, а ...
„Google“ го менува начинот на работа на аудиото во позадина кај „Android 17“ со цел да ги спречи ситуациите во кои апликациите одеднаш почнуваат да пуштаат звук без никакво предупредување. Новата функција, која „Google“ ја нарекува „Background Audio Hardening“, беше претставена за време на девелоперската конференција „Google I/O 2026“, а веќе започнува да се појавува во верзијата „Android 17 Beta 4“. Според новите правила, апликациите повеќе ...
Според податоците на украинските Сили за беспилотни системи, само во мај биле погодени десет од најголемите руски рафинерии за нафта, а шест од нив делумно или целосно ја прекинале работата. Меѓу погодените е и московската рафинерија, која престана со работа по големиот напад врз подрачјето на руската престолнина, пишува United24media. Украинците тврдат дека некои рафинерии биле нападнати повеќепати, што ги покажува сериозните проблеми на ...
Страотна сообраќајна несреќа се случи вчеравечер на скопската обиколница во близина на населбата Радишани. Четири лица загинаа во директен судир на патничко возило „бе-ем-ве“ со косовски регистарски таблички и камион. По силината на ударот автомобилот се запалил, по што интервенирала и екипа на противпожарната служба. Истражните органи извршиле увид на местото на несреќата. Како што информираат од МВР, несреќата се случила околу 23 часот, на ...
Во документот на инвеститорите им се претставува амбициозна визија за иднината во која човештвото би можело да живее во градови на Месечината и на други планети, што е долгогодишна цел на компанијата. Сепак, освен плановите за вселенски истражувања, извештајот привлече внимание и поради деталите за работењето на социјалната мрежа „X“, која Илон Маск ја купи во 2022 година за 44 милијарди долари. Финансиските податоци за ракетниот и ...
„Судирот на Блискиот Исток предизвика голем енергетски шок, дополнително оптоварувајќи ја Европа во момент кога таа веќе се соочува со нестабилно геополитичко и трговско опкружување“, изјави Домбровскис. Цените на фосилните горива пораснаа ширум светот како последица на војната во Иран и блокадата на Ормутскиот теснец што ја воведе Техеран. Новата процена за инфлацијата е повисока за еден процентен поен во споредба со ноемвриската прогноза, ...
Предлог земјите од Западен Балкан да започнат постепена интеграција во Европската унија при вклучување на заедничкиот европски пазар, според економскиот аналитичар и член на Стопанската комора на Северо-западна Македонија, Арбен Халили, значи дека ќе има олеснување за македонските компании од финансиски аспект, односно ослободувањето од плаќање разни давачки е добар потег. -Сметам дека овој чекор е за подравување, но ако ова се прави само од ...
Освен пратениците од неговата СДС, неговата кандидатура ја потпишаа и НСи, СЛС, Фокус и Демократи, со кои СДС договори коалициски договор. Потписи за кандидатурата на Јанша даде и партијата Ресница. Лидерите на партиите кои ќе ја сочинат владата, Јанша, претседателот на НСи, Јернеј Вртовец, претседателот на Демократи, Анже Логар, претседателката на СЛС, Тина Брегант и претседателот на Фокус, Марко Лотрич, вчера го потпишаа коалицискиот ...
Периодов гледаме дека во Македонија има неколку протести поради барањето на студентите Албанци за правосуден испит по албански јазик. Видовме поддршка и од Албанија, ако гледаме низ призмата на нивниот амбасадор во Македонија. Знаеме за проблемите што Македонија ги има со Бугарија, прво со ветото, а сега и со уставните измени кои се веќе европски услов. Ако знаеме дека Албанија е веќе на половина пат пред ЕУ и ако прашањето за правосудниот, ...
Началникот на Полициската управа на Белград, Веселин Милиќ, беше уапсен на 15 мај и судот му одреди притвор од 30 дена. Тој е осомничен дека сторил повеќе кривични дела за да прикрие обид за убиство во белградски ресторан и да го оневозможи расветлувањето на околностите за исчезнувањето на Александар Нешовиќ Бајо на 12 мај, кого медиумите го доведуваат во врска со еден од белградските криминални кланови. Српскиот претседател Александар Вучиќ ...
„Како ќе ги зацврстиме своите државни позиции, кога во Влада седат луѓе со бугарско државјанство? Ние велиме за да нема шпекулации, ајде да го носеме законот. Не го поддржаа законот (против двојно државјанство на функционерите). Тоа ги кажува двојните аршини на ВМРО-ДПМНЕ. Така држава не се води и така нема исчекор напред“, порача пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска откако владејачкото мнозинство не ја поддржа потребата од измени на ...
Четири лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на скопската обиколница, во близина на Радишани. Според првичните информации, патничко возило марка „бмв“ директно се судрило со камион, по што автомобилот се запалил. Несреќата се случила околу половина час пред полноќ, а на местото веднаш интервенирале екипи на полицијата, противпожарната служба и Итната медицинска помош. Од силината на ударот, возилото ...
Исплатата на регресот за годишен одмор (К-15) од 1 јули повторно ја отвора темата за правата на работниците и финансиските можности на работодавачите. Додека законската обврска за исплата останува јасно утврдена со колективните договори, висината на К-15 зависи од просечнатат плата која постојано расте и годинава се очекува дополнително зголемување на износот. Сепак, економските предизвици и неизвесноста во дел од стопанството можат да ...
Македонија се враќа на Евровизија во 2027 година по четиригодишна пауза од ова музичко натпреварување. Враќањето го потврди генералниот директор на македонскиот национален радиодифузен сервис МРТ, Зоран Ристоски, за време на јавната седница на јавниот сервис. Македонија последен пат учествуваше на Евровизија во 2022 година, кога земјата ја претставуваше Андреа со песната „Circles“ (Кругови). Последователно, поради финансиски проблеми и ...
„Во препораките на Венецијанската комисија, не се допира до прашањето за тоа на кој јазик ќе се полага правосудниот испит, но тие инсистираат судските постапки да се изведуваат на начин со кој нема да се наштети на секоја постапка, а тоа е правична примена на правото“, објаснува академикот и професор, Владо Камбовски за барањето на студентите Албанци. Академикот објаснува дека има професии каде е формализирана јазичната комуникација, ...
„Нови избори не би донеле суштински промени на политички план, но би можеле да предизвикаат дополнителен застој во економските процеси и нови непродуктивни трошоци за државата, што би значело и потенцијално ново задолжување. Во таа насока, сметам дека политичката нестабилност и честите изборни циклуси најчесто ја забавуваат реализацијата на економските политики и одлагаат важни реформи и инвестиции“, смета економскиот и политички аналитичар ...
Потребна е широка јавна расправа за патеката на движење на пациентите и правото на пациентот да избира лекар, изјави за „Локално“, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски на прашањето како ќе го решат проблемот со преупатување на паценти од другите болници и градови на клиниките во Скопје. -Треба да се уважи правото на избор на лекар, бидејќи дел од пациентите самите кажуваат каде сакаат да бидат лекувани. Потребна е ...
Дваесет и петгодишна жена од Скопско е приведена пред затворот во Идризово откако полицијата пронашла дрога во пакетот што го носела за осудено лице. Инцидентот се случил во средата околу 15:30 часот, пред казнено-поправната установа „Идризово“. Според информациите од полицијата, при преглед на пакетот што го донела В. А. (25), биле пронајдени бела прашкаста материја и марихуана. Дрогата веднаш била одземена, а жената приведена во полициска ...