„Само работодавачот може да го провери боледувањето на градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски“. Ова денес го изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски кој рече дека информации за процедурата за тоа како е издадено боледувањето, може да побара од ФЗОМ и да добие само работодавачот. -Информации за боледување може да побара работодавачот и само работодавачот може да добие за процедурата на боледувањето, а ...

Министерството за спорт најостро ги осудува свирежите на националната химна од страна на навивачите на Шкендија, но уште повеќе, како што велат, нè загрижува однесувањето на играчите кои одбија да ги примат медалите по завршувањето на натпреварот. Оттаму потсетуваат дека во последниов период имаше повеќе настани што доаѓаат од повеќе страни (спортски работници, фудбалери, навивачи, клубови) кои штетат на угледот на федерациите, државата и, ...

Осомничените, на возраст од 18 до 68 години, работеле во државното основно училиште „Сен Доминик“ (Saint-Dominique) во 7. париски арондисман, а истражителите ги испитуваат поради сомнежи за силување и други насилни или несоодветни однесувања кон деца. Париското јавно обвинителство објави дека истрагата сега се однесува на можни случаи на насилство во дури 84 градинки, дваесетина основни училишта и десетина јасли. Од почетокот на 2026 година, ...

Вкупниот годишен капацитет на рафинериите кои целосно или делумно го запреа производството надминува 83 милиони тони, односно околу 238.000 toни дневно. Според податоците и изјавите на анонимни извори, тоа чини приближно една четвртина од вкупните руски рафинериски капаценти. Заедно, овие рафинерии сочинуваат повеќе од 30 отсто од руското производство на бензин и околу 25 отсто од производството на дизел. Руското Министерство за енергетика не ...

„Доколку има натамошни притисоци врз ценовното ниво, ќе реагираме со корекција на каматните стапки нагоре, но конечната одлука ќе зависи од расположливите податоци за инфлацијата и за нејзините движења во наредниот период”, порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Тој нагласи дека Народната банка внимателно ги следи инфлациските движења коишто, по период на дезинфлација, повторно бележат забрзување во март и април, под влијание ...

Инвестициите во рудните проекти Иловица и Плавица би можеле да донесат значителни економски придобивки за Македонија, покажува новата Стратегија за минерални суровини изработена од МАНУ. Во анализите се наведува потенцијал од околу 770 милиони евра, кои би можеле да се искористат за отворање работни места, развој на локалната инфраструктура и активности поврзани со рекултивација и мониторинг на животната средина. Стратегијата предвидува ...

Над 1.800 здравствени работници ги тужат државните болниците и државните здравствените установи во кои работат и побаруваат од нив над два мииони евра гарантираните додатоци на плата, како што се прекувремена и ноќна работа, работа во смени, работа во недела и на државни празници. На денешниот брифинг со новинарите, директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски рече дека заедно со Министерството за здравство имаат формирано ...

Од 21 мај 2026 година, европската директива за заштита на животната средина преку кривичното право – еден од клучните обиди на Европската Унија за третирање на сериозните загадувања на околината како кривични дела – треба целосно да се применува во државите членки. Новите правила ја заменуваат директивата од 2008 година, за која Европската комисија по направената евалуација заклучи дека не ги исполнила целосно целите и дека меѓу државите ...

Индексот на менаџери за набавки (PMI) во приватниот сектор на еврозоната во мај падна за 1,3 поени во споредба со април, спуштајќи се на 47,5 поени, што е најниско ниво од октомври 2023 година, покажаа прелиминарните пресметки на S&P Global. Вредностите на индексот пониски од 50 поени укажуваат на пад на активноста. „Прелиминарните пресметки на PMI за мај покажуваат дека врз економијата на еврозоната сè повеќе влијае војната на Блискиот ...

Жена со прострелна рана во главата пронајдена во селото Копаница, скопско. Сопругот тврди дека се самоубила со неговиот пиштол, откако имале расправија. Обвинителството и полицијата извршиле увид каде било пронајдено тело на 37-годишна жена со прострелна рана во главата. Телото е дадено на обдукција, а паралелно се преземаат и други мерки за целосно расчистување на случајот. Сопругот веднаш бил обезбеден, а обвинителството покрена истражна ...

Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се одржа ресорски состанок на којшто беа разгледани тековните активности во енергетскиот сектор. На состанокот, на којшто присуствуваа претставници од релевантните институции на полето на енергетиката, се разговараше на повеќе теми, во насока на навремена реализација на енергетските проекти, како и преземање мерки за справување со предизвиците во секторот. Претставниците на ЕСМ, ...

На 20.05.2026 во 13:25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода Ј.Ѓ.(28) од Крива Паланка, постапувајќи по претходна пријава дека кај место викано „Калин камен“ спречувала вработени во Агенција за храна и ветеринарство при заловување на крупен добиток. Ј.Ѓ. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава. Проблемот со добитокот што со години ...

Процесот на проширување повторно е високо на приоритетната листа на Европската Унија, доколку не се качиме на овој воз, можно е вратите со децении натаму да бидат затворени за Македонија, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната панел-дискусија во Собранието, на тема: „Геополитичката димензија на проширувањето на ЕУ и импликации за Западен Балкан“. Филипче повика на заедничко и одговорно дејствување за продолжување на ...

Синдикалната кошничка за месец мај е намалена за 54 денари, и покрај тоа што е креирана и одобрена од СДСМ преку ССМ, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски. Манасиевски тврди дека ова е доказ дека лагите на СДСМ и на ССМ паѓаат во вода и дека ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните. Тој истакнува дека самата пресметка е за просечна синдикална кошничка, што ја прави „далеку од релевантна“, но дека дури и по овие параметри. ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конферција, најави дека пратеничката група на СДСМ ќе поднесе кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието, Африм Гаши. Кривинчната пријава и интерпелацијата, како што кажа Филипче е поради континуираното кршење на Деловникот и злоупотребата на функцијата од страна на Гаши. Филипче посочи дека станува збор за уште еден скандалозен пример на непочитување на процедурите ...

Откако пратеничката група на СДСМ најави дека нема да учествува во најновото задолжување на државата и се повлече од Комисијата за финансирање и буџет, од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека тоа е очаен политички производ. Притоа од „Бихаќка“ рекоа дека неделовнички спикерот Африм Гаши назначил друг пратеник да претседава со седницата на Комисијата, а не пратеничката Сања Лукаревска. Најавија дека ќе поднесат кривична против собранискиот претседател и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон е во „завршна фаза“ од преговорите со Иран, се наведува во извештајот на заедничката агенција, што помогна да се зголеми оптимизмот кај инвеститорите. Цените на нафтата нагло пораснаа бидејќи администрацијата на Трамп ги блокира иранските пристаништа, додека Техеран практично го затвори Ормутскиот теснец, еден од најважните енергетски пловни патишта во светот. Јапонскиот индекс ...

Астрологијата се обидува да објасни зошто одредени хороскопски знаци се силно привлечени еден кон друг, додека други брзо влегуваат во конфликти и недоразбирања. Тие тврдат дека одредени комбинации на знаци имаат силна хемија, но поради различните карактери, потреби и погледи на животот, ваквите врски честопати стануваат исцрпувачки и полни со напнатост. Овие хороскопски знаци не можат да бидат заедно. Овен и Рак Прочитајте повеќе: Овенот и ...

Ова воено обвинување доаѓа во контекст на повеќегодишната руска инвазија врз Украина и го следи образецот на сè поострата реторика што Москва ја користи кон другите држави во регионот, пред сè кон балтичките земји. Од друга страна, украинскиот претседател Зеленски предупреди на можноста токму Русија да ја прошири својата агресија, особено од правец на Белорусија. „Украина сигурно ќе се брани, а нашата задача сега е да ја зајакнеме државата ...

„Во препораките на Венецијанската комисија, не се допира до прашањето за тоа на кој јазик ќе се полага правосудниот испит, но тие инсистираат судските постапки да се изведуваат на начин со кој нема да се наштети на секоја постапка, а тоа е правична примена на правото“, објаснува за „Локално“ академикот и професор, Владо Камбовски за барањето на студентите Албанци. -Забелешките од Венецијанската комисија се однесуваат на употреба на јазиците ...

„Европската интеграција на Македонија зависи од спроведувањето на европскиот консензус од јули 2022 година. Бугарија категорично се спротивставува на обидите на Македонија да ги заобиколи или повторно да ги преговара. Министерството за надворешни работи, преку мрежата на бугарски мисии во странство во земјите-членки на ЕУ и во Скопје, вложува активни напори за да спречи какво било повлекување, заобиколување или доведување во прашање на ...

„Европската интеграција на Македонија зависи од спроведувањето на европскиот консензус од јули 2022 година. Бугарија категорично се спротивставува на обидите на Македонија да ги заобиколи или повторно да ги преговара. Министерството за надворешни работи, преку мрежата на бугарски мисии во странство во земјите-членки на ЕУ и во Скопје, вложува активни напори за да спречи какво било повлекување, заобиколување или доведување во прашање на ...

Студентите од Албанија најавија протест во Тирана на 26 мај во поддршка на студентите Албанци од Македонија кои студираат на албански јазик за време на студиите и бараат нивниот испит по право да биде исто така на албански јазик, објавија дел од медиумите во Тирана. Протестот ќе се одржи во 17 часот по локално време на централниот плоштад „Скендербег“ во Тирана. Барањето на студентите Албанци по право на неколку универзитети во земјава, ...

Според предлогот, украинските претставници би можеле да учествуваат на самитите на ЕУ и на министерските состаноци, но без право на глас. Мерц смета дека ваквиот модел би можел да им помогне на актуелните мировни преговори и да претставува безбедносна гаранција за Украина во војната со Русија. Германскиот канцелар предложи и политичка обврска на државите членки за примена на клаузулата за заемна помош кон Украина, што, како што наведува тој, ...

Од Левица критикуваат дека додека ВМРО-ДПМНЕ одбива да го повика државниот јавен обвинител Ненад Савески да постапи по скандалозното затворање на случајот „Мазут”, иако претходно премиерот од говорница повикуваше по кои предмети да постапи новиот државен јавен обвинител, за овој случај Савески одбира да молчи. -Иако ОЈО ГОКК ја запре истрагата, Законот за јавно обвинителство јасно му дава механизми на државниот јавен обвинител да постапи во ...

Многумина го започнуваат денот со шолја кафе пред појадок, но со години се тврди дека оваа навика може да му наштети на желудникот и да го зголеми нивото на стрес. Кафето е толку популарен пијалак што во некои земји, неговата консумација е втора по важност веднаш по водата. Освен што ви помага да се чувствувате помалку уморни и побудни, кофеинот во кафето може да го подобри вашето расположение, функцијата на мозокот и физичките перформанси. ...

Информацијата ја потврди Дмитро Литвин, советник за комуникации на украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Одлучено е дека некои други датуми би биле посоодветни, додека Качка засега ќе отпатува таму за да го подготви теренот за одредени прашања“, рече Литвин, одговарајќи на прашањето за медиумските извештаи поврзани со посетата на Зеленски на Србија. Српската телевизија „N1“ претходно, повикувајќи се на извори од Белград, објави дека ...

„Спејс-екс“ ги објави долгоочекуваните планови за излегување на берза и за првпат откри детали за финансиите и за управата на една од најпознатите, но и најзатворените приватни компании во светот. Компанијата на Илон Маск ќе тргува под ознаката SPCX, а во проспектот на 277 страници изнесе досега непознати податоци за приходите, загубите, трошоците и работењето. Колку пари ќе собере „Спејс-екс“ и колкава ќе биде проценетата вредност на ...

Општина Центар во соработка со Здружението на пензионери на Општина Центар вечерва, со почеток од 19:00 часот, го организира настанот „Носталгија за корзо – сеќавање на едно убаво време”. Настанот ќе започне од Плоштадот Македонија со симболична прошетка низ старото скопско корзо, а потоа продолжува во салата на ООУ „Димитар Миладинов” каде ќе се одржи свечена игранка. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, упати покана до ...

Лидерката и пратеничка на ЛДП, Моника Зајкова се огласи со реакција откако синоќа беше исвиркана македонската химна од страна на навивачите на Шкендија на финалето од Купот против Силекс. „Исвиркување на државната химна и бојкотирање на церемонијата за доделување медали не е спорт, туку одраз на немањето големина да се прими пораз, како и удар врз достоинството на Македонија, како земја во која живееш и играш. Спортот не познава омраза, ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.18
43%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
54%
1013
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.87
66%
1012
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.93
44%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.66
43%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
56%
1012
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
43%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
40%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.78
45%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
51%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
55%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
1.45
63%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Кобалт

45.39