Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ упати остри критики до Владата и министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, по најавите за законски измени со кои треба да се привлечат големи технолошки компании за изградба на дата центри за вештачка интелигенција (ВИ) во Македонија. Од иницијативата децидно порачуваат дека вакви објекти „не смее да има во државата“, обвинувајќи ја власта дека свесно ги премолчува катастрофалните ...
Компанијата за време на семинарот за полупроводници во Шангај ја претстави новата стратегија за развој на чипови под името „Tau Scaling Law“, тврдејќи дека иднината на индустријата повеќе нема да зависи исклучиво од смалувањето на транзисторите, пристап познат како Муров закон (Moore’s law). Наместо тоа, „Huawei“ сака да ги зголеми перформансите со скратување на времето потребно за пренос на податоци и сигнали во самите чипови и компјутерски ...
Овој орден е воспоставен во согласност со Законот на Народна Република Кина за национални медали и национални почесни титули, кој стапи на сила на 1 јануари 2016 година, а им се доделува на странци кои дале исклучителен придонес во социјалистичката модернизација на Кина, ја промовирале меѓународната размена и соработка со Кина и го чувале светскиот мир. Со овој орден на Вучиќ му е укажана најголемата можна чест. Првата церемонија на ...
Документот покажува дека Вашингтон повеќе не ја гледа својата улога како „градител на држави“, туку како партнер кој ја поддржува стабилноста и конкретните бизнис-интереси. „Стабилноста која ја поттикнаа американските напори создаде основа за поинаков вид американски ангажман. Ерата на изградба на држави предводена од САД е завршена. Политиката на САД на Западен Балкан повеќе не е насочена кон спасување или реконструкција, туку кон стабилност ...
ВРЕДИ реагира дека случајот „Државна лотарија“, во кој поранешниот висок функционер Артан Груби и Перпарим Бајрами се сомничат за финансиски злоупотреби тешки 8 милиони евра, свесно се одолговлекува и сè уште нема институционална разврска. „Артан Груби, заедно со бегалецот Перпарим Бајрами, се сомничи за злоупотреби од 8 милиони евра во случајот „Државна лотарија“. Ова не е обично досие, туку едно од најтешките досиеја на системот на ДУИ, ...
Опозициската СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски не ги исполнил ветувањата што ги дал пред доаѓањето на власт, како во делот на националните прашања, така и во економијата, оценувајќи дека граѓаните денес живеат полошо отколку пред две години. Од партијата велат дека Мицкоски пред изборите ветувал враќање на името, промена на преговарачката рамка и укинување на Преспанскиот договор, но според нив, ниту едно од тие ветувања не било ...
Несреќата се случила околу 9:30 часот. Кабината на трамвајот со број 5 е целосно смачкана, а од силината на ударот некои од седиштата биле откорнати. Возачот на трамвајот е пренесен во белградската Брза помош, потврди за „Н1 Србија“ сообраќајниот инженер и претседател на Синдикатот на Градското сообраќајно претпријатие „Центар“, Иван Банковиќ. Според неговите зборови, причина за излетувањето на трамвајот од шините бил проблем со скретницата. ...
Со концерт на камерниот ансамбл „Консонанс“, кој вчеравечер се одржа во престижниот амбиент на „Хорти Салустијани“, свечено беше заокружено годинашното чествување на сесловенските просветители во Рим., во рамки на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св. Кирил“. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој е дел од државно-црковната делегација, во своето обраќање истакна дека делото на светите браќа Кирил и Методиј ...
„Поприсутни, но безгласни“. Вака може да се сфати идејата на германскиот канцелар Фридрих Мерц кој преку писмо до лидерите на Европската Унија повикува на иновативни решенија за забрзување на процесот на проширување, ставајќи посебен фокус на Украина, но и на земјите од Западен Балкан и Молдавија. Во писмото, Мерц предлага нова динамика на пристапување во ЕУ за сегашните кандидати. Ова, како што пишува, е поради тоа што проширувањето на ...
Деновиве го гледам новиот државен јавен обвинител Ненад Савески како позира по фотографии, дава изјави дека ќе ја враќал довербата во обвинителството, дека ќе го ставел системот на „прав пат“, коментира случаи, зборува за мазут, за реформи… И додека го гледам сето тоа, некако сè помалку ми изгледа како обвинител — а сè повеќе како човек што води сопствен ПР и го користи Обвинителството за своја самопромоција. Во Македонија веќе не е доволно ...
Градежниот претприемач Исмет К., кој беше киднапиран пред еден месец, беше пронајден мртов во шума кај германскиот главен гард Берлин. Неговото тело беше откриено закопано во шума во областа Потсдам во петокот, а сите околности укажуваат на ладнокрвна, професионално извршена ликвидација. Истражителите го пронајдоа скриениот гроб благодарение на анализата на податоците од мобилните базни станици, пишува германскиот таблоид Билд, чиј наслов ...
Илјадници граѓани се собраа денес во центарот на Мадрид за да протестираат против вртоглавите трошоци за домување кои, и покрај неодамнешниот економски бум, им попречија на многу Шпанци да изнајмуваат или купуваат имот, особено во главниот град и Барселона. Учесниците на протестот извикуваа слогани и носеа транспаренти со кои се нагласуваше правото на достоинствено домување, а на еден од нив пишуваше: „Сакаме соседи, а не туристи“. Шпанија ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денес остро го осуди рускиот напад врз Украина со хиперсоничната ракета Орешник. Таа наведе дека цивилната инфраструктура повторно била погодена во нападот, со прогресивно зголемување на нивото на употребено оружје. Мелони нагласи дека Италија е солидарна со украинскиот народ кој страда од драматичните последици од војната повеќе од четири години, објави Анса. – Ќе продолжиме решително да работиме со ...
Приведен косовки државјанин во Крива Паланка за давање поткуп, соопшти Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција утрово во 6:30 часот на подрачје на СВР Куманово-ОВР К.Паланка сопреле автобус „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки. -Од извршената контрола констатирано е дека автобусот е управуван од страна на Х.У. државјанин на Р.Турција. ...
Полицијата во автобус на туристичка агенцијa од Тетово кој сообраќал на релација Германија-Македонија пронајде непријавни околу 35 илјади евра и повеќе канти за кои сопственикот немал дозвола за транспорт. -Денеска од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција на подрачје на СВР Тетово сопрен е автобус “мерцедес” сопственост на туристичка агенција управуван од Р.Ф.(37) ...
На Велика Британија ѝ се заканува економска катастрофа ако не се прилагоди на помладите генерации кои пораснале во дигиталниот свет, предупреди поранешниот британски министер Алан Милбурн. Тој треба да објави извештај следната недела во кој ќе се истражувува зошто речиси еден милион млади луѓе на возраст меѓу 16 и 24 години не работат, не се образуваат или не се обучуваат. Во извештајот се наведува дека растечкиот бран на проблеми со ...
Скопјанец доби кривична пријава за насилство врз дете, затоа што во петокот во дворот на основното училиште во населбата Илинден претепал соученик на неговиот син. -Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете според член 201-а од Кривичниот законик, соопшти Обвинителството. Осомничениот 49-годишник, како што соопшти Обвинителството, на 22 мај, во дворот на основно училиште во ...
Новото задолжување кое Владата го најави од странски банки во висина од 260 милиони евра според Институт за економски истражувања и политики „Фајнанс тинк“ не е ниту многу евтин, но не е ниту драматично неповолен. -Економски релевантна е каматната стапка, која е дефинирана како шестмесечен еурибор плус 2.1 процентни поени, што во моментов значи каматна стапка од околу 4.7%, односно нешто повисока ако се земат предвид и трошоците за одобрување ...
„Очигледно, кога недостигаат аргументи – најлесно е да се создава магла. Наместо дебата со факти, дел од таканаречените „еко-активисти“ продолжуваат со кампања на страв, навреди и дискредитации кон секој што ќе се осмели да постави прашање дали Македонија треба да ги користи сопствените природни ресурси. Па дури и кога прашањето на маса го става највисока научна институција во Македонија – МАНУ. Сега и на академците кои ја работеле ...
-Вчера во 19:45 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода И.А.(46) од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18 часот физички го нападнал неговиот брат С.А., при што употребил и дрвен предмет, соопшти МВР. Во КИчево пак во 23:35 часот на ул.11 Септември полициски службеници го уапсиле Ќ.А.(43) од кичевско, по пријава од неговата 22-годишна поранешна партнерка дека околу 21:42 часот во ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче соноќа по повикот на средба од министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска за да ги разјаснат работите, одговори деќа доаѓаат, но дека бара да дојдат и медиумите со камери. -Добро. Доаѓаме. Но, да дојдат и медиумите со камери. Отворете ги вратите широко, нека слушаат и нека гледаат граѓаните. Нека ни објасни како 1 + 2 = 5, како што објаснуваше дека половина Европа ќе банкротира, а Македонија ќе ...
Битолчанец добил кривична прива бидејќи ја бркал сопругата од семејниот дом. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи кривичнатапријава е поднесена за незивршување на судска одлука. -Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Д.К.(48) од беровско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „неизвршување на судска одлука“. На 14.05.2026, пријавениот во два наврати ...
Три лица во Скопје насилно влегле во продавница и ја запалиле, а полициските службеници го изгасиле пожарот, соопшти Министерството за внатрешни работи. -Утрово околу четиричасот во СВР Скопје е пријавено дека три лица со употреба на сила влегле во продажен објект на ул.Тале Христов“во Скопје, при што предизвикале пожар и заминале од местото, соопшти МВР. Од полицијата додават дека пожарот е изгаснат од полициски службеници со противпожарен ...
Партијата Вреди ги охрабрува државните институции да ја продолжат борбата против финансиските злоупотреби и појавите што штетат на граѓаните. Ова денес го соопшти коалицискиот партнер во Владата, откако Министерството за финансии одлучи да му ја одземе лиценцата за работа на финансиско друштво за брзи кредити. „Kреди Јес“ е финансиското друштво за брзи кредити на кое Министерството за финансии поради неправилности во работата му ја одзеде ...
Премиерот Христијан Мицкоски постајано му дели задачи на државниот обвинител Ненад Савески, а денес на празник, реагираше денес опозициската СДСМ. -Мицкоски постојано му диктира задачи на јавниот обвинител Ненад Ало Савески. Како што му диктираше насоки по телефон, како што му делеше задачи со чувства од собраниската говорница, од телевизија, сега нова наредба од Мицкоски до Ало Савески. На празник, соопшти СДСМ. Оваа реакција доаѓа по ...
Пожарникари упаднале во стан на ќлен на семејството на полскиот претседател Карол Навроцки, по лажа дојава за пожар, објави Ројтерс. Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека земјата се соочува со серија лажни дојави за пожари или други закани, и дека една таква вчера имало за стан во Гдањск што му припаѓа на член на семејството на претседателот Навроцки. Туск по инцидентот утрово одржа седница на Центарот за владина безбедност, и рече дека ...
Соединетите Американски Држави ја напуштаат политиката на градење држави и интервенционизам во Западен Балкан и се свртуваат кон соработка. Ова е содржано во извештајот на американската администрација кој е пратен до Конгресот за односот со Западен Балкан. -Ерата на американската политика за градење на нации е завршена, се наведува во извештајот на Стејт департментот до Конгресот на САД, објави Индекс.хр. Ова го потврдува свртувањето на ...
Канадската полиција потврди дека е пронајдено телото на актерот Стјуарт Меклин (45), кој последен пат беше виден на 15 мај во неговиот дом во Лајонс Беј, град оддалечен околу 40 километри од Ванкувер. Телото на Стјуарт Меклин е идентификувано еден ден откако беше објавено дека исчезнатиот актер е веројатнo жртва на убиство. Интегрираниот канадски тим за истрага на убиства (ИХИТ) објави во соопштение за медиумите во петокот, дека останките на ...
Латино ѕвездата Рики Мартин првпат се огласи по инцидентот што се случи во текот на неговиот настап во Подгорица по повод Денот на независноста на Црна Гора, кога среде концертот беше фрлен солзавец во публиката. Иако настапот беше накратко прекинат поради паниката меѓу граѓаните, пејачот, сепак, го продолжи концертот, а сега преку Инстаграм испрати емотивна порака до публиката и им се заблагодари за поддршката. Прочитајте повеќе: – Црна ...
Центарот за управување со кризи соопшти дека вчера е успешно е евакуиран повреден планинар на планината Кораб. Во објавата од ЦУК се вели дека преку Единствениот број за итни повици 112 била примена пријава за повреден планинар на планината Кораб, кој поради повреда не бил во состојба да се движи. -По добиената пријава, Центарот за управување со кризи-РЦУК Тетово веднаш оствари координација со СВР Тетово, ПС Маврово и ЈП Национален парк ...