Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека властите регистрирале најмалку 524 ударни дронови „Шахед“ од иранско производство, како и близу дваесет и четири балистички и крстосувачки проектили што Русија ги испукала во ноќта меѓу понеделникот и вторникот. Според зборовите на официјалните лица, најтешко е погоден градот Днипро и околниот централен регион на Украина. Нападот е продолжение на неодамнешната серија удари со долг ...

„Луфтханза“ ги прекинува летовите помеѓу Франкфурт и Скопјe по повеќе од три години функционирање. Како што првично беше објавено, линијата требаше да биде суспендира на 1 јуни за еден месец и да продолжи на 1 јули, но компанијата сега целосно ги укина сите летови до крајот на летото, како и за претстојната зимска сезона, која започнува на 25 октомври. Нуди алтернативни линии до Скопјe преку Виена преку својата подружница „Аустриан ерлајнс“. ...

Путин ќе биде придружуван од делегација составена од министри, бизнис лидери и високи функционери, вклучувајќи ја и гувернерката на централната банка Елвира Набиулина, како и челниците на големите енергетски компании како „Газпром“ и „Роснефт“, соопшти Кремљ. Поради западните санкции воведени како одговор на руската војна против Украина, овие бизнисмени станаа зависни од Кина како трговски партнер. Посетата доаѓа неколку дена откако ...

Бесент на платформата „X“ напиша дека мерката „ќе им овозможи на најранливите нации привремен пристап до руската нафта“. Тој рече дека продолжувањето ќе помогне да се стабилизираат пазарите на сурова нафта и ќе осигура таа да стигне до енергетски ранливите земји погодени од војната со Иран. Овој потег доаѓа во момент кога цените на енергенсите растат во ек на војната со Иран и го означува третото вакво привремено ублажување на ограничувањата, ...

„Маргарет Коноли, лекарка по општа пракса од градот Слиго во северозападна Ирска, беше меѓу најмалку шесте ирски членови на флотилата ’Глобал Сумуд‘ (Global Sumud) кои израелските сили ги приведоа откако се качија на нивниот брод“, соопшти Карен Мојнихан, ирска портпаролка на пропалестинската хуманитарна група. Претседателката Коноли, говорејќи по посетата на кралот Чарлс Трети во Букингемската палата во Лондон, изјави дека е „многу горда на ...

За вчерашниот протест на студентите Албанци по повод барањето за правосуден испит на албански јазик, лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски смета дека е партиски, со оглед на, како што вели, декорот со вакви штампани натписи и дека очигледно зад него стои политичка партија. -Мене лично ми смета при секоја потреба, за било какво прашање да разговараме, веднаш се апострофира УЧК односно се апострофира воениот дел од политичкото крило на ДУИ. Ние ...

Контроверзниот бугарски политичар и поранешен европратеник, Ангел Џамбаски ја коментираше тензијата меѓу Софија и Скопје која повторно ескалираше откако бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова го употреби терминот „северномакедонски“. Џамбаски ја критикуваше реакција на македонскиот министер Тимчо Муцунски. Според него, како што вели, таквото однесување е израз на внатрешните противречности во Скопје. „Ова е апсолутна ...

Граѓаните се во дилема дали да веруваат на светските рангирања според кои Македонија е меѓу најсиромашните во Европа или на тврдењата на македонските власти дека државата е трета во Европа според раст на БДП. Според рангирање на „WorldAtlas“, базирано на податоци од Меѓународниот монетарен фонд, Македонија се наоѓа на шестото место меѓу најсиромашните земји во Европа, мерено според БДП по глава на жител по паритет на куповна моќ. Во ...

Македонските институции активно работат на изнаоѓање на решенија кои ќе бидат целосно усогласени со Уставот и Законот за употреба на јазиците, со цел обезбедување правна сигурност и функционалност. Ова стои во владиното соопштение, по средбата на премиерот Христијан Мицкоски со копретседателите на коалицискиот партнер ВЛЕН, Биљал Касами и Изет Меџити, на темата за употребата на јазиците при полагањето на правосудниот испит. Реакција и од ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче синоќа информира дека нема да присуствува на настапот на диџејот Дејвид Гета на 8. Септември на арената „Тодор Проески“ по повод 35-годишнината од независноста на Македонија. Рече дека нема желба да присуствува на никаков настан што го организира Владата. -Нема ништо чесно и немаат добра намера. Јас се сложувам (дека е Денот на независноста), но, навистина немам волја. Гледаме како Владата ја води државата. Како ...

„Не е работата да се обвинува ДУИ или ВМРО дека не го решиле проблемот. Студентите не обвинуваат никого туку бараат право на правичност“, вели универзитетскиот професор, Башким Селмани за барањето за полагање на правосуден испит на албански јазик. Тој е дециден дека треба да се слушнат групацијата на студенти бидејќи јазикот треба да не зближува. -Не смее да има простор за обвинувања туку мора да се унапредува државата, порача, меѓу другото, ...

Иако секоја недела носи подеми и падови, астрологијата покажува дека одредени денови особено ќе им одговараат на одредени знаци. Некои токму тогаш ќе добијат добри вести, други чувство на мир, а некои би можеле да доживеат неочекувано прекрасен момент што ќе им ја подобри целата недела. Еве кој ден од неделата може да биде најсреќен за вашиот знак. Овен – четврток Четврток им носи на Овните повеќе енергија, мотивација и чувство дека конечно ...

Кога станува збор за навиките што можат да го намалат ризикот од рак, онколозите нагласуваат дека не станува збор само за избегнување на цигари, туку и за секојдневни избори како што е исхраната. „Исхраната е клучна за целокупното здравје, вклучително и намалувањето на ризикот од рак“, вели онкологот д-р Крушанги Пател за „Парада“. Таа додава дека исхраната влијае на воспаленијата, нивото на шеќер во крвта и способноста на клетките сами да се ...

„Прашање е дали ваков тип на „закон“, нема да биде оспорен и од и пред Уставниот суд, како некој што се коси со дел од уставните норми. Да , најголем дел од вработените во јавната администрација се партиски и по лични „врски“ вработени, и тие се носители на корупцијата и организираниот криминал, а не нејзини разоткривачи и „свиркачи“, вели политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски откако социјалдемократите формираа „Фронт за вистина и ...

„Во Северна Македонија институциите со децении се партизирани. Судови, обвинителства и инспекторати често функционираат под политичко влијание. Затоа и клучното прашање е: кој ќе ја контролира новата НАД“, вели новинарот и аналитичар, Дритон Зенку откако лидерот на СДСМ, Венко Филипче рече дека во новиот „Фронт за вистина и правда“, клучен е Законот за нулта толеранција на корупцијата кој ќе го потпишел откако ќе станел премиер. Околу идејата ...

Владиниот предлог за измени на Законот за игри на среќа и забавни игри со кој се забранува да има казина до 500 метри од училишта и градинки и да се забрани нивно рекламирање, според опозициската Левица е несоодветен и остава простсор поради недорешена регулатива и натаму да постои сива зона во оваа индустрија. Пратеникот Амар Мециновиќ за „Локално“ изјави дека еден од коалиционите парнери во Владата кој пред три години ветувал затворање на ...

На прашањето за обвинувањата на Зеленски, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави: „Ваквата изјава не е ништо друго освен обид за понатамошно поттикнување на тензиите со цел продолжување на војната и ескалација“. Тој додаде: „Не сметаме дека ваквата изјава заслужува каков било коментар“. Прочитајте повеќе: Белорусија на југ граничи со Украина, а на север и запад со членките на НАТО – Полска, Литванија и Латвија. Властите во Минск ѝ ...

Во рамки на официјалната посета на Република Словенија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Љубљана остварила средба со претседателот на словенечкиот Државен Збор, Зоран Стевановиќ, кому му го честиташе стапувањето на функцијата. Сиљановска-Давкова ја истакнала важноста на парламентарната дипломатија и улогата на законодавните домови во зачувувањето на институционалниот континуитет и јакнењето на меѓусебната доверба. Таа ...

Фаталната бугарска пејачка Дара, со вистинско име Дарина Јотова, која победи на Евровизија 2026 во Виена со песната „Бангаранга“, преку ноќ стана едно од најбараните имиња во Европа. Иако многумина мислеа дека убавата Бугарка е слободна, малкумина знаат дека нејзиното срце веќе е освоено. Зад рефлекторите, каде што не ја гледаме, Дара веќе некое време ја живее својата љубовна бајка. Таа се омажила за својот свршеник, доктор Ервин Иванов. ...

Како што пишува израелскиот портал „Инет“ (Ynet), Нисан Амдур, кој уште во ноември беше одобрен како замена за сегашниот амбасадор Гари Корен по истекот на неговиот мандат на крајот на месецот, во Загреб ќе пристигне само како вршител на должност, за што не е потребно одобрение од претседателот. „Инет“ наведува дека одбивањето на Милановиќ да го потврди Амдур е прв случај во кој хрватски претседател не прифатил странски амбасадор и дека тоа ...

Колумбиската пејачка Шакира доби голема правна победа против шпанските даночни власти, откако суд во Мадрид пресуди дека Шпанската даночна управа незаконски ѝ наплатила повеќе од 60 милиони евра даноци и казни, кои сега ќе мора да ѝ бидат вратени со камата. Административниот совет на Националниот суд на Шпанија ја поништи постапката врз чија основа пејачката претходно мораше да плати речиси 55 милиони евра на име данок и пенали. Според ...

Компанијата брои вкупно 27.500 вработени, а сега има намера да укине вкупно 850 работни места, вклучувајќи и 300 во Шведска. Малопродажниот синџир продавници за евтин мебел, кој има разгранета мрежа во 63 земји, со новите мерки за штедење настојува да ја зголеми ефикасноста и да ги намали цените за повторно да ги привлече купувачите. Овој гигант управува со набавката на производите на ИКЕА од фабриките ширум светот и снабдува 13 корисници на ...

Пратеничката Славјанка Петровска денеска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ гласаше против членовите на Владата да имаат само македонско, а не и бугарско државјанство, против поддршка за ученици што се натпреваруваат меѓународно, против подобра здравствена и медицинска поддршка за деца со попреченост и лица со ретки болести, против помош за најранливите граѓани во време на скапотија, како и против олеснувања за паркирање за лица со попреченост, аутизам ...

Во услови кога бројот на возила во општина Центар постојано расте, а јавниот простор останува ограничен, прашањето за фер распределба на паркинг местата станува едно од клучните урбани прашања за жителите. Токму затоа, со последните одлуки на Советот на Општина Центар, се воспоставува нов систем на паркирање во кој јавниот простор ќе се користи порационално, а жителите полесно ќе можат да дојдат до паркинг место во близина на својот дом, ...

Заменик-претседателот на Собранието, Антонио Милошоски во реплика до пратеникот Халил Снопче му порача дека не одземал време на никого и дека седницата за опозициски пратенички прашања секогаш траела по два часа. Вели дека тоа што некој пратеник подоцна се пријавил за процедурално, не може да го регулира. -Секогаш кога имало можност, секогаш сте поставувале прашање. По однос на процедуралните, не може сега како кога играат Баерн Минхен против ...

Комисија која ќе одлучува кому и каде му е потребна операција на срце, според Здружението за превенција од кардиоваскуларни заболувања „Здрава иднина“ е опасна по здравјето на пациентите. -Најавата за формирање комисија која ќе одредува кому му е потребна операција, а кому не, каде ќе се оперира и кога ќе дојде на ред, е опасна по здравјето и елементарните права на пациентите. Во кардиоваскуларната медицина времето често значи живот. Секое ...

„Ако се земе во предвид демократијата во нашата држава, секогаш има простор и време за да се реализираат одредени права. Од моментот кога младата популација конкурира за нешто, ние задолжително треба да ги слушнеме бидејќи така ја слушаме и иднината на државата. Треба да се земат во предвид нивните барања. Мислам дека оваа најава за мирен протест на студентите Албанци е прифатлива бидејќи секогаш младата популација има предност“, вели во ...

Собранието не го усвои предлогот на СДСМ по скратена постапка да се донесат измени на Законот за Влада со кој се предлага функционерите и членовите на Владата да имаат само македонско државјанство. Од 84 присутни пратеници на денешната седница на Собранието, „За“ гласаа само 20 пратеници. Претходно пратеникот Оливр Спасовски од СДСМ, кој е еден од предлагачите на законските измени, објасни дека предлагаат и членовите на Владата да имаат само ...

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на собраниска седница апелираше дека е потребна посилна и посеопфатна медицинска поддршка за децата со попреченост и лицата со ретки болести, преку измени во Законот за здравствено осигурување. Таа посочи дека предложените измени предвидуваат воспоставување на посебна позитивна листа на лекови и суплементи, како и проширување и ревидирање на правото на ортопедски и индивидуални помагала. „Со ...

Опозициската партија Левица нема да биде дел од фронтот на опозициската СДСМ за вистина и правда со кој опозициски партии, невладини орагнизации и грпи граѓани ќе се борат против корупцијата. Пратеникот Амар Мециновиќ смета дека СДСМ нема кредибилитет да повикува на некакво обединување, бидејќи, како што вели, има корумпирано и компромитирано раководство. -Во 2006 година кога доаѓа Груевски на власт имав десет години, во 2016 година доаѓа ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
34%
1015
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
3.59
45%
1011
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
47%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
48%
1011
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
2.24
45%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 27ᴼ
3.58
46%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
48%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
1.17
60%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Платина

55170.68