Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Џ.(34) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „измама при добивање на кредит или друга погодност“. На 30.09.2025 во стан во Неготино, пријавениот фотографирал лична карта на едно лице и без негова согласност во негово име аплицирал и му бил одобрен кредит од финансиско друштво, по што подигнал 149.000 денари. СВР Велес поднесе ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од Загреб порача дека во Македонија, граѓаните имаат јасен став – околу 80 отсто не сакаат да се менува Уставот, но речиси 70 отсто се за членство во Европската Унија. -Ова создава тешка дилема за политичарите, како да се усогласи волјата на народот со меѓународните обврски, истакна шефицата на државата на предавањето на тема „За парадоксите на македонските евроинтеграции“ на Правниот факултет во ...
Фондот за здравствено осигурување планира да ги заостри критериумите за издавање боледувања до 15 дена што може да ги издава матичен лекар, за да се намали можноста за злоупотреби. Од ФЗОРСМ за „Локално“ изјавија дека по спроведените контроли и утврдени состојби ќе пристапат кон подготовка на измени на Правилникот за начинот и постапката за утврдување на привремена спреченост за работа, или за издавање на боледување. – Со овие измени се ...
Гласачите убедливо ја отфрлија клучната правосудна реформа на Мелони во гласање со висок влог, кое нашироко се сметаше за тест на нејзиното лидерство, претворајќи го она што владата го претставуваше како техничка реформа во поширока политичка осуда. Резултатот ја потресе владата и предизвика непосредни политички последици. Двајца високи функционери во Министерството за правда поднесоа оставки во вторникот по пропаѓањето на реформата, а се ...
Доскорешниот претседател на едното од неколкуте крила Алијансата за Албанците, Зијадин Села најавува формирање на нова политичка партија, која ќе се вика „Албански сојуз“. Како што нагласува Села во интервју за весникот на албански јазик „Лајм“, луѓето кои се дел од оваа политичка групација имаат идеали и ќе продолжат повторно да градат, вели, еден силен политички субјект. -Ние не мислиме дека решението е оставка и предавање. Не оставам на ...
На 24.03.2026 во 12:02 часот на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.Ц.(49) од с.Режановце, кумановско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 3,67 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил ...
„Почитуваниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан, е навистина силен и моќен лидер и се докажа со феноменални резултати. Ја сака својата земја и народ и неуморно се бори за нив, исто како што јас го правам тоа за Соединетите Американски Држави. Виктор вредно работи за да ја заштити Унгарија, да ја зајакне економијата, да создаде работни места, да ја унапреди трговијата, да ја запре нелегалната имиграција и да обезбеди закон и ред“, изјави ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро реагираат на односот на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, кон новинарот на ТВ Канал 5, кој на вчерашниот јавен настан наменет за медиумите, наместо јасни одговори на прашања од висок јавен интерес, избра потценувачки и дисквалификувачки однос кон новинарите. На директните новинарски прашања, Славески изјави дека ...
Неодамнешната дискусија на популарната страница на „Reddit“ – „r/AskBalkans“ повторно го постави вечното прашање – кој главен град на Балканот е најнепривлечен. Корисниците од целиот регион не штеделе зборови, а во стотици коментари, два града се издвоиле како главни фаворити. Социјалните мрежи отсекогаш биле совршено место за размена на мислења, а кога ќе се отвори темата за балканските градови, загарантирана е жива и искрена дискусија. ...
Во период обележан со постојана нестабилност на пазарот на енергија, бизнисите сè повеќе бараат предвидливост и стабилност кога станува збор за трошоците за електрична енергија. Препознавајќи ги овие потреби, ЕДС лансираше нова промотивна кампања насочена кон поддршка на компаниите со финансиска сигурност и дополнителни практични придобивки. Кампањата воведува модел на електрична енергија со фиксна цена, овозможувајќи им на компаниите подобро ...
Според наводите на украински извори, Русија во последните 24 часа го извршила досега најинтензивниот бран напади со беспилотни летала од почетокот на конфликтот, при што кон цели ширум Украина биле упатени околу 900 дронови. Оваа информација ја пренесува порталот „Бизнис инсајдер“, повикувајќи се на податоци од украинска страна. Како што се наведува, со тоа е надминат претходниот рекорд забележан во јули 2025 година, кога биле лансирани 728 ...
Денес бил регистриран земјотрес кој бил почувствуван во делови на Скопје и околината. Според информациите, потресот бил на 14 километри источно од Скопје е регистриран земјотрес од 2,7 степени по Рихтер на длабочина од 6 километри. Епицентарот бил на македонско-косовската граница. Фото: Принтскрин Граѓаните во делови од Скопје го почувствувале како слаб потрес. До овој момент нема потврда за предизвикана материјална штета ниту повредени лица. ...
Најновата ескалација на конфликтот на Блискиот Исток повторно го отвори прашањето за безбедноста на глобалното снабдување со енергенси – но овојпат со побрзо и поинтензивно прелевање на последиците врз пазарите. Она што до вчера беше регионален безбедносен ризик, сè повеќе се претвора во глобален економски шок. Извршниот директор на „Шел“, Ваел Саван, предупредува дека нарушувањата веќе ги зафатиле азиските пазари, каде се бележат конкретни ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез во средата остро ја критикуваше воената акција на Соединетите Американски Држави и Израел против Иран, оценувајќи ја како „неправедна и незаконита војна“, во обраќање пред Конгресот. Санчез, кој долго и отворено се спротивставува на оваа војна, изјави дека САД и Израел „го поткопале меѓународното право, го дестабилизирале Блискиот Исток и повторно ги разгореле конфликтите во Ирак и Либан“. Шпанскиот лидер ...
На обвинувањата од ДУИ дека во првите два месеци од 2026 година била набавена струја во вредност од над 24 милиони евра, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска изјави дека го поздравува „новото однесување на ДУИ“. Вели дека излегле од ретро-политиките на политичарите од пред неколку децении. Според Мицкоски, партијата од албанскиот блок конечно почнала да се интересира за реалните теми за граѓаните. -Не бараат добро со бројките ...
На 24.03.2026 во 23:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„500“ во с.Марино, општина Илинден, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(21), удрило во пешакот О.М.(52), двајцата од с.Марино. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал О.М., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, возилото е одземено за ...
Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на автопатот Врање – Лесковац, при што едно лице е повредено, јавуваат српските медиуми. Државјанин на Македонија, Н. К. (33), бил уапсен по наредба на Основното јавно обвинителство во Лесковац под сомнение дека синоќа со камион го усмртил пешакот Г. П. (57) од Грделица. Според неофицијални информации, несреќата се случила кога, како што се сомневањата, Н.К. од Струга возел камион марка „Волво“ кон ...
Спротивно на Изборниот законик и Правилникот на Државната изборна комисија, Советот на Општина Аеродром на вчерашната седница одлучи да ги намали за 50% надоместоците на членовите на избирачките одбори, обвинуваат од СДСМ. Со оваа одлука, додаваат од партијата, 930 членови на избирачки одбори ќе добијат за 50% помали надоместоци од тоа што ги следува согласно Изборниот законик. „Висината на овие надоместоци е експлицитно утврдена во Правилник ...
Пратеникот на рускиот претседател и прв човек на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, се осврна на изјавите на британскиот премиер Кир Стармер, оценувајќи дека тие би можеле да придонесат за дополнителен раст на цените на нафтата. Имено, Дмитриев ги коментираше најавите на Стармер дека Велика Британија ќе предводи коалиција која ќе овозможи слободна пловидба низ Ормускиот теснец. „Со оглед на беспрекорното „досие“ на ...
„Во Струмица се зборува дека малтене се е под контрола на Зоран Заев, не ме чуди и судството, како и судиите кои таму се избрани кога тој бил на функција. Впрочем, тој беше и претседател на Тело за реформи во правосудниот систем, иако неславно заврши на функцијата. Претпоставувам, од она што го разговарав со одредени луѓе, дека тој веќе се договорил со судијата и ова е само еден формален начин тоа да го сработи“, вели пратеникот од ...
Градоначалникот на Чаир и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити го повикал претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски да се посвети на извршување на своите должности, а не да се занимава со дневна политика. „Претседателот на Уставниот суд треба да биде на ниво на своите должности. Тој почна да се однесува повеќе како шеф на партија или институција што се занимава со дневна политика отколку како претседател на Уставниот суд. Не е во ...
ДУИ преку соопштение обвинува дека последната одлука на министерот Иван Стоилковиќ за отпуштање на петмина вработени Албанци во Министерството за односи меѓу заедниците отвора сериозни прашања за начинот на управување со институциите и за стандардите на владеење на правото во државата. Според партијата, дисциплинската постапка е спроведена надвор од законските рокови, што ја прави правно невалидна. „Одлуката е донесена без доволни докази и ...
Македонија за жал држи неславен рекорд на Балканот со своето време на чекање да почнат преговорите за пристапување кон ЕУ, иако е земја – кандидат уште од 2005 година, истакна претседателот на „Солуција“ и поранешен министер за надворешни работи Никола Димитров, на вчера одржаниот панел за ЕУ проширување во Париз, Франција. „Мојата земја е ноторен пример за тоа како не треба да се изведува процесот на проширување. Во чекалницата на ЕУ сме ...
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против тројца соизвршители на кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во првите денови од март годинава, од кругот на фабриката „Железара“, обвинетите украле различни видови кабли вредни вкупно 196.500 денари, сопственост на правно лице од Кавадарци. При кражбата оштетиле и кабел кој бил дел од јавна ...
Социјалдемократите на данската премиерка Мете Фредериксен се на пат да го остварат најлошиот изборен резултат во повеќе од сто години, откако миграцијата и инфлацијата ја засенија поддршката што ја имаше поради цврстиот став кон Вашингтон во врска со Гренланд. На власт од 2019 година, Фредериксен (48) во кампањата ги убедуваше гласачите дека нејзините докажани лидерски способности ќе ѝ помогнат на државата да се справи со сложените односи со ...
Службите на Општина Центар со камиони и механизација исчистија дива депонија во Маџир Маало. Расчистена е површина од околу 150 квадратни метри, при што се собрани и транспортирани над 12 тони мешан отпад во депонијата „Дрисла”. Акцијата е дел од пошироките активности на општината за расчистување на диви депонии на повеќе локации на територијата на Центар. „Нема да дозволиме ниту еден дел од општината да биде запоставен. Континуирано чистиме ...
СДСМ бара Основното јавно обвинителство да отвори предмет и да го испита непостапувањето на гувернерот Трајко Славески во законскиот рок за избор на вицегувернери во Народната банка. Според партијата, во овој случај постојат сериозни индиции за прекршување на законот и свесно блокирање на институционалниот процес од страна на гувернерот. „Според Законот за Народната банка, вицегувернерите ги именува Собранието исклучиво на предлог на ...
Вчера во Софија, Бугарија, претседателот на Левица, Димитар Апасиев и пратеникот Амар Мециновиќ, ја посетиле кубанската амбасада и оствариле состанок со Н.Е. Мариета Гарсија, на кој ја изразиле нивната цврста и недвосмислена солидарност со народот на Куба, кој со децении се соочува со неправедна, незаконска, нехумана и злосторничка економска блокада. Според Левица, блокадата е систем на колективно казнување што го ограничува правото на ...
Во Загреб, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ја повторил својата поддршка за Македонија на патот кон ЕУ, по повод официјалната посета на претседателката Гордана Силјановска-Давкова на Хрватска. Пленковиќ ја повторил својата „силна поддршка за почеток на преговорите и нагласи дека Хрватска е сè уште подготвена да помогне во пренесувањето на своето знаење и искуство во тој процес“, се вели во соопштението на владата. Силјановска-Давкова ...
Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа и паштунскиот, Радио Машал, ќе бидат затворени на 31 март 2026 година. Одлуката доаѓа во контекст на глобални буџетски ограничувања и реорганизација на ресурсите во рамки на медиумската мрежа. Информацијата ја соопшти претседателот и извршен директор на Радио Слободна Европа, Стивен Капус, кој истакна дека затворањето на македонскиот сервис, како и паштунската служба Радио Машал, претставува ...