Вчера во 18:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Радишанска“ во Скопје, патничко возило „фиат пунто“ удрило во 31-годишната С.М. и 27-годишната М.Ш., двете од Скопје, а возачот го напуштил местото на настанот. Во полицискиот билтен се наведува дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ш, а со телесни повреди С.М., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид ...

Кулминираше најголемиот корупциски скандал во Куманово! Додека јавниот обвинител си се слуша со премиерот Мицкоски и ништо не презема, си врват бизнисите на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, истакнаа од СДСМ. „Советот на општина Куманово на вчерашната седница со 17 гласа ЗА донела скандалозна одлука за измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од УЕ Тоде Мендол, (дел од УБ63 плански опфат) каде што се парцелите од скандалот поврзан со ...

Денеска во Виница се одржа 43-от „Марш на ангелите“. Почетокот беше од плоштадот „Ангел Винички“, од каде граѓаните маршираа низ градот во знак на почит кон 63-те згаснати животи и како поддршка за сите семејства што и денес се соочуваат со последиците од трагедијата во Кочани. Учесниците испратија порака дека сеќавањето на загинатите не смее да згасне, но и дека одговорноста за трагедијата не смее да остане само симболична. -Иако ...

По вчерашното видео на кое фудбалерите и раководството на Вардар славеа со песна насочена кон Битола, во која беше спомената и македонската пејачка Каролина Гочева, денеска бројни реакции, а меѓу нив и екс-градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Тој објаснува „зошто фудбалерите што ја испеале контроверзната песна никогаш нема да бидат шампиони“. „Во светот, успешните спортисти и вистински шампиони, се луѓе кои што се одлично едуцирани, ...

Владата на вонредна седница за цените на горивата. Важноста на мерките е продолжена за уште две недели – ова е соодветен одговор на предизвиците со кои се соочуваме, велат од „Илинденска“. -Мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните продолжуваат со примена до 1 јуни 2026 година. Одлуката ја донесе Владата денеска на вонредна седница. Овие мерки се соодветен одговор на економските ...

Во Германија владее разочарување по објавувањето на редоследот на настапите за финалето на Евровизија што се одржува вечерва. Нивната претставничка Сара Енгелс се надевала на подобар ждреб, но на крајот е одлучено дека ќе настапат втора по ред – позиција која со години има особено лоша репутација меѓу фановите на Евровизија, пишува австриски „Хојте“. Откако во полуфиналето го доби таканаречениот „избор на продуцентите“ (producers’ choice), ...

Џон Траволта доживеа големо изненадување во Кан пред светската премиера на своето режисерско деби „Propeller One-Way Night Coach“, кога фестивалот му ја додели почесната Златна палма, еквивалент на наградата за животно дело во Кан, пишува „Вариети“. Траволта беше шокиран и преплавен од емоции од ненадејното признание, едвај задржувајќи ги солзите додека изговори: „Ова е повеќе од Оскар“. „Џелосно изненадување!“, извика емотивниот Траволта на ...

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на улица “Илинденска” во Тетово, во кој осомничениот живеел како потстанар, полицијата пронашла вкупно околу 44 грама ...

Копретседателката на партијата Алтернатива за Германија, Алис Вајдел, предупреди дека украинските напади со беспилотни летала врз руска територија, заедно со политиката на Берлин кон Киев, претставуваат зголемен ризик за националната безбедност на Германија. Според снимката од нејзиниот говор објавена од Телеграм каналот „Раптли“, Вајдел изјави дека германското раководство мора да го напушти конфронтацискиот курс и да се врати на прагматична ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против 45-годишник осомничен за кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничен е дека вршел семејно насилство во Кисела Вода при што телесно ја повредил неговата поранешна партнерка. Ја извлекол на сила од домот во кој живеела жртвата, ја влечел и туркал до неговиот дом во близина, ја внел внатре и физички ...

По реакциите во јавноста откако вчера беше обелоденето дека ТВ водителот Миро Кацаров е назначен за вршител на должност директор на Универзалната сала, скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски вели дека Кацаров е привремено решение и дека оглас за избор на директор ќе биде објавен следната недела. Тој ова го изјави по реакциите во јавноста откако Кацаров беше назначен да раководи со Универзална, за кого Ѓорѓиевски вели дека донел таква одлука ...

Хигиеничар во основно училиште во беровско село ќе одговара кривично, бидејќи вршел психичко насилство над тројца ученици и ги снимал со мобилен телефон. Во полицискиот билтен се наведува дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднела кривична пријава против М.К.(53) од беровско поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „насилство врз дете“. Во периодот од 03.02.2026 до 10.02.2026, пријавениот, ...

„Фирмата Мастеф дооел Скопје за којашто денес зборуваше СДС, очигледно била една од најомилени фирми на нивните поранешни градоначалници, само тоа на прес-конференцијата заборавија да го кажат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата истакнуваат во периодот на власта на СДСМ со голем дел од македонските општини оваа фирма била една од ретките која добивала најмногу тендери, особено од скопските општини. -Во периодот од 2018 до 2021 година ...

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Анкара е на пат кон ЕУ, иако Европа сега е на раскрсница и мора многу повнимателно да ја процени ситуацијата во која се наоѓа, како и дека целта Турција да биде земја без тероризам дефинитивно ќе се постигне со достоинствено надминување на сите пречки. „Ќе го постигнеме ова преку солидарност и координација, следејќи го патот што го постави нашата нација“, рече Ердоган како одговор на ...

ВЛЕН ја обвинува ДУИ дека стојат позади протестите на студентите Албанци кои бараат да полагаат правосуден испит на албански јазик. „По 20 години власт врз грбот на Албанците, со истите вечни фотелјаши на чело, оваа партија сега ги засука ракавите како очајна по власт. Како лицемери што се, заедно со неколку „студенти” вовлечени во нивната валкана политичка игра, се обидуваат студентските транспаренти да ги користат како мамка за враќање на ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека Србија не барала распад на СР Југославија и додаде дека одвојувањето на Црна Гора од Државната заедница на Србија и Црна Гора е направено како дел од меѓународен заговор против Србија, односно за отцепување на Косово. Вучиќ, одговарајќи на прашањето на Танјуг во врска со неговата изјава дека нема да оди на прославата на 20-годишнината од независноста на Црна Гора и неговото обраќање ...

Министерот за Спорт на Република Македонија, Борко Ристовски ги осуди последните настапи на ФК Вардар при прославата на шампионската титула. По освојувањето на титулата во текот на вчерашниот ден, ФК Вардар преку социјалните мрежи испрати многу лоша порака со скандирањето на навивачки песни во кои се навредуваше со погрдни зборови македонската поп дива Каролина Гочева. Министерот јавно ги осуди овие настани и побара јавно ФК Вардар да се ...

МВР информира дека на 15.05.2026 во 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на велосипедска патека на Кеј на река Вардар во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу два електрични тротинети, управувани од 62-годишната С.С. и 12-годишник, двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., додека со телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски” во Скопје. Извршен бил увид од ...

Антикорупцискиот тим (АКТ) на СДСМ денеска преку прес-конференција обвини за нов, милионски скандал со јавни набавки, тврдејќи дека власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ континуирано доделува тендери на свои „омилени“ компании. Според членот на Извршниот одбор на партијата, Јон Фрчкоски, станува збор за фирмата „МАСТЕФ ДООЕЛ“, која, како што тврдат од опозицијата, досега добила дури 93 тендери чија вкупна вредност надминува 18,3 милиони евра. ...

По однос на скандалозната одлука на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, мазут вреден 167 милиони евра, може да констатираме дека таму функционира еден тандем. Тандемот се обвинителите Абази и Коларевиќ коишто се нешто како коалиција ДУИ-СДС, но не во собраниските клупи, туку во обвинителството за криминал и корупција, вели Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. „Дури и во прибирањето на докази ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц на конференција во Вирцбург изјави дека нема да им советува на своите деца да студираат или работат во Соединетите Држави под сегашните околности, што предизвика реакции. „Јас сум голем обожавател на Америка. Во моментов, моето восхитување не расте“, рече тој за време на панел-дискусијата, објави „Гардијан“. „Денес, не би им советувал моите деца да одат во САД, да се образуваат или да работат таму, ...

Бидејќи по вчерашната прес конференција на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, немаше никаков одговор од раководството на СДСМ, денес од партијата повторно ги прашуваат Венко Филипче и СДСМ – „Зошто молчат за фирмите и деловните релации во Бугарија? Молкот на СДСМ и Венко Филипче само дополнително ги засилува сомнежите во јавноста дека зад нивните политики и ставови не стои никаква принципиелна борба за европска иднина, туку заштита на бизнис ...

„Разбирам дека постои искушение прашањето за европската интеграција да се сведе на тврдење дека постои само еден услов, дека тој услов е едноставен и дека сè друго е политичка манипулација. Но, одговорноста кон граѓаните бара радикално поинаков пристап. Тие заслужуваат точна слика за тоа со што навистина се соочува Македонија. А таа слика покажува дека Бугарија не само што го негира македонскиот идентитет, туку тоа негирање го претвори во ...

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Ѓ.(36) од Битола поради основано сомнение за сторено кривично дело “разбојништво во обид”. На 16.05.2026 во 01:00 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.Ѓ. и при извршен претрес со Наредба од основен суд Битола во неговиот дом бил пронајден и одземен пиштол. Според пријавеното, истиот на 30.04.2026 во 18:10 часот во канцеларија за ...

Почетокот на јуни носи голем пресврт за три хороскопски знаци. По долг период на неизвесност, проблеми и финансиски притисок, конечно доаѓа време кога работите почнуваат да се менуваат во нивна корист. Според астролозите, ретка поставеност на планетите отвора можности за заработка, нови деловни понуди и неочекувани приливи на пари. Некои ќе добијат шанса што долго ја чекале, а други ќе имаат чувство дека животот им се сменил преку ноќ. Во ...

„Тоа што институцијата работела со само 13 инспектори е резултат на одбиените барања од Министерството за финансии за нови вработувања, кои мојот клиент упорно ги поднесувал за краткиот мандат. Тој направил сè за да го заштити системот, вклучително и дописите до локалните самоуправи преку ЗЕЛС и активната улога. Овој случај е обид да се најде „жртвено јагне“ за системски проблеми кои господинот Селами се обидувал да ги реши, а не ги ...

„Граѓаните се принудени да се задолжуваат на 20–30 години за да купат стан од 40 метри квадратни за околу 100 илјади евра. Не е реално работник со плата од 700 евра да плаќа станбен квадрат над 3.000 евра“, вели Иван Пешевски од Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање околу континуираниот и забрзан раст на цените на станбениот квадрат во државата. Според него, потребна е поголема контрола на приватните компании кои градат, преку ...

Во случајот со Изборниот законик, политичкиот аналитичар Петар Арсовски смета дека поголем проблем е што нема консензус меѓу партиите што треба тој да содржи, од самиот механизам на носење. -Подобро е уште еднаш да се направи обид да се постигне консензус. Тука доаѓаме до третата точка е дека најголем проблем е што партиите во моментот немаат консензус. Се појави дека сите партии се согласни да има една изборна единица, но тука проблемот е ...

Чет-ботовите со вештачка интелигенција (ВИ) кои се тренирани да звучат топло и емпатично, значително почесто прават грешки со фактите. Тие почесто се согласуваат со погрешните уверувања на корисниците, покажува истражувањето на Оксфордскиот интернет-институтот. Во еден пример, кога на чет-ботот му било поставено прашање дали Адолф Хитлер успеал да побегне од Берлин во Аргентина во 1945 година, оригиналниот модел го поправил корисникот и навел ...

Во рок од неколку недели по изборите на кои убедливо победи опозиционерот од десниот центар Петер Маѓар, високи функционери во некои од најистакнатите медиуми наклонети кон Орбан беа отстранети од своите позиции, а беше укината и една од главните информативни емисии. Тонот на јавниот медиумски сервис се промени преку ноќ, а повеќе опозициски гласови се појавија дури и пред Маѓар официјално да стапи на должност, додека инфлуенсерите кои го ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.21
30%
1013
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
3.85
44%
1010
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
0.45
42%
1009
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.51
35%
1013
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
3.41
33%
1012
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
56%
1009
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
4.47
47%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
3.74
44%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.22
38%
1015
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
2.68
38%
1011
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.68
78%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
1.21
57%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Калај

53.60

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54