Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
„И по повеќе од три месеци инсистирање договорите помеѓу ЈСП и „Маратон“ не ми се доставени. Не барам приватни преписки, воени тајни или шифри од трезор. Буквално зборуваме за договори кои се стотици милиони денари пропуштен јавен приход за претпријатието“, истакна советничката од Левица, Дарја Мустафаоглу, на последната седница на Советот на Град Скопје. Мустафаоглу истакна дека со тоа што повеќе од три месеци не и се доставуваат договорите ...
„Запирањето на постапката за мазутот за ТЕЦ Неготино не е само правна одлука — тоа е уште еден удар врз довербата во обвинителството. Кога предмети со милионски износи и политичка тежина завршуваат со „не се докажа“, без јасна и детална јавна објава на доказите, тоа изгледа како затворање, не како правда“, вели во разговор за „Локално“, Мартин Тасевски, магистер по казнено право и истражувач за владеење на правото. Тој потсетува на познатиот ...
Од 15 мај, парите паѓаат од небото за овие два хороскопски знака! Тие конечно ги полнат своите паричници, ги отплаќаат сите свои стари долгови и ги решаваат своите финансиски проблеми. Втората половина од месецот ја „сече“ приказната на пред и потоа за двата хороскопски знака. Почетокот на мај ќе биде нестабилен, но од 15 мај, картите се преуредени и Шкорпиите и Девиците конечно ги полнат своите паричници преку плаќања што никој не ги ...
Советничката група на Левица во Општина Аеродром на последната седница алармираше за скапите и неоправдани трошоци за училишните „екскурзии“ во Парк шумата Гази Баба. Само неколку дена подоцна, се случи нов скандал – ученици од ООУ „Љубен Лапе“ биле физички нападнати и ограбени за време на истата екскурзија. Од советничката група на Левица наведуваат дека родителите биле принудени да плаќаат по 350 денари за превоз до Гази Баба – дестинација ...
Шефицата на државата, Гордана Сиљановска-Давков вчера порача дека Преспанскиот договор, иако според неа бил спротивен на меѓународното и домашното право, денес е реалност. Таа во интервју за Македонското радио нагласила дека договорот го потврдува постоењето на македонскиот народ, јазик и историја. „Нема логика ако е pacta sunt servanda, вие треба да бидете сервус… Од нас се бара да градиме со соседот единство на сличности, а секој има право ...
„Ако сето ова го ставите на хартија, заклучокот би бил дека Русија ги оствари своите цели со огромни загуби, компромитиран светски имиџ и недоверлив партнер. Во оваа математика, Русија ги изгуби Сирија, Венецуела, Ерменија, а на пат е да го изгуби и Иран. За возврат ќе го добие оној дел на Украина“, вели политикологот и воено-безбедносен аналитичар, Милан Стефановски по најавите на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во Украина ...
„Не е нормално премиерот да интервенира и да влијае врз одлуките на обвинителството. Јавното обвинителство е самостојно и тоа треба да се почитува“, вели универзитетскиот професор Гордан Калајџиев по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека остварил разговор со државниот јавен обвинител, Ненад Савески во врска со запирањето на постапката за набавките на мазутот. „Вчера разговарав со главниот обвинител Ненад Савески на оваа тема, тој ме ...
Министерот за здравство Азир Алиу не е информиран декa во тетовската болница е вратен на работа лекарот кој снимаше пациентки и свои колеги и во живо ги објавуваше на Tик Tок. Тој на новинарско прашање дали навистина е вратен лекарот на работа изјави дека не е информиран дека има таков случај во Тетово,. -Знатете дека начинот на вработување и органзиирање на ниво на болниците е работа на директорите. Од друга страна Лекарската комора ги дава ...
Министерството за култура и туризам соопшти дека се исплатени средствата наменети за самостојните уметници за 2026 година и дека во текот на утрешниот ден ќе бидат достапни на нивните сметки. Доцнењето, според нив, настанал поради дополнителни усогласувања и проверки во постапката на пресметка и координација со надлежните институции, со цел исплатата да биде реализирана во согласнот со важечките законски и финансиски прописи. Министерството ...
Листите на чекање за прегледи и хируршки интервенции, според директорот на Градската општа болница „8-ми Септември“ д-р Синиша Стојановски, ќе се намалат доколку се работи на рамномерен регионален развој, бидејќи секаде, па и во оваа болница, недостига здравствен персонал. Тој во одговор на новинарско прашање, на денешното отворање на реновираниот оддел за интензивна нега и лабораториите, рече дека оперативниот блок ќе може да ги преполови ...
„Ние бевме една од ретките земји што испратија војска за да им помогнат на Соединетите Држави да станат нација и да извојуваат независност“, потсети Албарес. Тој додаде дека Мадрид сака односот со Вашингтон да продолжи да се развива на тие темели, но дека Шпанија во никој случај „нема да ги погази своите принципи“. „Се држиме до своите вредности и ги браниме интересите на нашите граѓани. Тоа е единственото нешто што навистина ме води“, ...
Вчера е креирана група од експерти која ќе направи план за справување со евентуална криза која може да се јави поради ширење на хантавирусот, изјави за „Локално“ министерот за здравство Азир Алиу. Тој објасни дека оваа група од експерти од повеќе области и од различни институции треба да направи план за справување со евентуана криза. -За прв пат имаме стратегија за кризно управување со здравствениот систем, кој помина низ сите ...
Министерството за внатрешни работи информира дека од страна на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, по добиени насоки од ОЈО, извршен е службен разговор со три лица во врска со пристигната пријава од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до ОЈО за сомнение за кривично дело по член 353 од Кривичниот законик „злоупотреба на службена положба и овластување“ во однос на распишување на јавен повик во ...
Нови ветришта дуваат од Москва. Крајот на војната во Украина е многу близу, тврди американскиот претседател Доналд Трамп додавајќи дека нема договор со Владимир Путин, Русија да го задржи Донбас во евентуален мировен договор. „Крајот на војната во Украина, навистина мислам дека е многу близу“, рече Трамп. Официјален Киев предупредува на можен нов руски напад, додека продолжуваат гранатирањата по истекот на примирјето. Украинските сили ...
Станува збор за културно-забавен центар чија архитектура го имитира стилот на московскиот Кремљ. Се наведува дека огнот зафатил површина поголема од 3000 квадратни метри. Локалните жители јавуваат дека се урнал дел од зградата во кој се наоѓала „escape room“, откако пламенот целосно го проголтал. Причината за пожарот засега не е позната, а нема ниту информации за можни жртви. „Кијив индепендент“ напоменува дека не можел независно да ја ...
Освен поскромниот возен парк, Маѓар најави и дека нема да се всели во официјалната владина резиденција, со што настојува да го нагласи пресвртот од досегашниот стил на владеење на неговиот претходник Виктор Орбан. Фото: Принтскрин/Х/Официјален профил на Петер Маѓар Потсетуваме, Петер Маѓар официјално стана нов унгарски премиер, со што заврши шеснаесетгодишното владеење на Виктор Орбан. Проевропскиот конзервативец, кој на политичката сцена ...
Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Волфганг Маиер, учествуваше на панел-дискусијата „Лидерство во предизвикувачки времиња: Одлуки со економско влијание“, во рамки на овогодишниот Самит Macedonia2025, кој се одржа во Скопје под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. Дискусијата искреира инспиративен разговор за современо лидерство, култура и моќта на различностите во една компанија. Маиер ја истакна ...
На 12.05.2026 во 12:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локален пат на Водно, полицискиот службеник М.Т.(32) од с.Радишани, скопско, управувајќи мотоцикл „хонда“, сопственост на МВР, обидувајќи се да избегне лисица што излегла на патот, изгубил контрола и паднал. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје. ...
VDA претходно предвидуваше дека меѓу 2019 и 2035 година во автомобилскиот сектор ќе бидат згаснати 190.000 работни места. „Врз основа на тековните пресметки, сега за жал мораме да претпоставиме дека до 2035 година ќе бидат изгубени 225.000 работни места“, изјави претседателката на VDA, Хилдегард Милер, за медиумската групација РНД. Таа истакна и дека меѓу 2019 и 2025 година веќе се укинати приближно 100.000 работни места. Се очекува дека ...
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека не се избрзува со ребалансот на буџетот и за „Локално“ изјави дека не сака да ги коментира ставовите на економистите и дека министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска проекциите за инфлацијата ги прави на нереални предвидувања за очекуваниот раст на економијата. -Она кое што јас го знам е дека е вообичаена процедура е во јуни да отпочнат процедурите и таму некаде околу јули да се донесе ...
Екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, бизнисмените Асмир Јахоски и Ратко Капушевски куртулија од прогон. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја запре постапката за набавките на мазут за ТЕЦ-Неготино. Немало докази. По едногодишна детална истрага, прекината е истрагата за случајот. Од над 200 анализирани докази произлегува дека само компанијата РКМ ја имала потребната лиценца и дека мазутот наменет за централата не ...
Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски не дал оставка, тој е на боледување, изјави за „Локално“ премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека градоначалникот е на боледување и дека моментално општината има законски назначен заменик на градоначалникот. -Не знам од каде ви е заклучокот дека градоначалникот на Карпош дал оставка. Градоначалникот на Карпош е на боледување. Моментално во Општината имаме законски избран заменик градоначалник, ...
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека подолг период вршел други полови дејствија врз три девојчиња кои не наполните 15 години, со што се исполнети елементи на кривичното дело од член 188 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Последователно, од септември 2023 година до 11.05.2026 година, осомничениот користел прилика во која на девојчињата на ...
Партијата ВЛЕН преку соопштение се пофали дека со нивното владеење, предлог-законот за игрите на среќа ги носи најсилните мерки досега против индустријата на коцкање: отстранување на казината и електронските игри на 500 метри од училиштата, забрана за реклами што го претставуваат коцкањето како успех или начин на живот, како и забрана за користење јавни личности и содржини насочени кон малолетници. Од партијата велат дека историско е и ...
„Секако дека планирам да бидам кандидат на претседателските избори. Реков дека нема да бидам кандидат само ако правосудниот систем ме спречи во тоа“, изјави Ле Пен во интервју за РТЛ и додаде дека ќе биде кандидатка на својата партија дури и ако добие условна казна, пренесува порталот БФМ ТВ. Апелациониот суд во Париз треба на 7 јули да ја донесе пресудата во жалбената постапка во случајот со асистентите на пратениците во Европскиот парламент ...
Меѓу оние кои ќе му се придржат на Трамп во Пекинг се и Лари Финк од компанијата „Блекрок“, како и раководители на компаниите „Мета“, „Виза“, „Џеј-пи морган, „Боинг“и „Каргил“. Вкупно 17 американски раководители ќе му се придржат на Доналд Трамп на патувањето, изјави за Би-би-си претставник на Белата куќа запознаен со плановите. Патувањето се смета за многу важно за САД, бидејќи Трамп ќе се состане со претседателот на Кина, Си Џинпинг, во ...
Центарот за заштита на потрошувачите во Хамбург го обвини производителот „Монделез“ (Mondelez) дека ја намалил тежината на одредени чоколади „Милка“ без соодветно известување на потрошувачите, што доведе до судски спор поради наводна измамничка деловна практика. Според наводите на организацијата, чоколадните табли од брендот „Милка“, со непроменет дизајн и амбалажа, станале полесни – од околу 100 на 90 грама, додека цената во малопродажбата ...
Не можам и не сакам да ја скријам радоста! Вчерашниот ден беше еден од најдобрите денови во историјата на македонскиот народ! Тоа беше еден од оние ретки денови кога македонскиот народ имаше среќа, среде милениумскиот траор на секојдневната реалност низ која живеел и живее, денес најмногу токму заради двегодишното владеење со државата а веќе речиси десетгодишно со партијата ВМРО-ДПМНЕ на оној што вчера кажал, замислете ја таа радост додека се ...
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави денеска дека Соединетите Американски Држави сакаат да ја преземат контролата над клучните енергетски рути кон Европа, како и повторно да го изградат гасоводот „Северен тек“, кој беше тешко оштетен по експлозиите во 2022 година, со што би стекнале можност да ѝ ја диктираат цената на гасот на Европа. Лавров во интервју за „РТ Индија“ порача дека американските компании имаат намера да ...
По последните информации кои доаѓаат од Град Скопје дека жичницата на Водно нема да работи цело лето и не се знае кога ќе проработи, претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка, Моника Зајкова, потсети на алармот од пред една година, кога се утврди дека жичницата работела без дозвола. „Не сме Ванѓа ама укажувавме уште пред 1 година (16.08.2025), тогаш ни се потсмеваа, денес алармот кренат… Не сакам да замислам што се ...