Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Брисел учествува на Советот за надворешни работи на Европската Унија, со кој претседав високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. Во изјава дадена пред почетокот на Советот, министерот Муцунски истакна дека проширувањето е императив и за Европската Унија и за земјите кандидати, нагласувајќи дека станува збор за тоа ...

„Се наоѓам во САД. Пристигнав вчера и ова ми е третпат како патувам низ земјата“, изјави Зиобро. Нему во Полска му се заканува казна затвор до 25 години доколку биде осуден по обвиненијата подигнати против него. Меѓу нив се злоупотреба на службената положба, водење организирана криминална група и користење средства наменети за жртви на криминал за купување на израелскиот шпионски софтвер „Pegasus“, наводно за следење политички противници. ...

СДСМ потсетува дека остануваат уште само 20 дена до рокот кој ќе потврди неисполнување на реформската агенда од страна на премиерот Христијан Мицкоски. Бидејќи нема никакви реформи, доддаваат оттаму, Мицкоски повторно ја активираше добро познатата стратегија за мачкање очи на граѓаните за сопствениот неуспех и неисполнети ветување. -Прво намерно заострување на односите со Бугарија, создавање тензии и конфликти, наместо градење позиции за ...

Партијата ГРОМ и поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, со остри обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ и актуелното раководство на општината, тврди дека случајот со градоначалникот Сотир Лукровски не е боледување, туку „бегство од Карпош“. Обвинуваат дека од општината се обиделе да ја доведат јавноста во заблуда со тврдењата дека Лукровски е само на боледување, посочувајќи дека, според него, постојат конкретни чекори кои ...

Косовскиот премиер Албин Курти реагираше преку статус на социјалните мрежи по завчерашното учество на основачкиот конгрес на партијата ВЛЕН, опишувајќи го обединувањето на петте албански политички субјекти како необичен и особено значаен развој. Курти нагласи дека за разлика од вообичаената практика на поделби во политиката, ова обединување претставува нов модел на соработка и политичка зрелост. „Навикнати сме почесто да гледаме поделби и ...

На 10.05.2026, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад во ноќен клуб на булевар „Железничка“ во Охрид ги приведоа А.Г.(28), М.Р.(26), А.Б.(29), А.С.(28), државјанки на Русија, П.П.(31) од Бугарија, А.Л.(31) од Казахстан и А.Р.(42) од Србија. При извршена контрола во ноќниот клуб, странските државјанки биле затекнати како нелегално работат како танчерки, по што се приведени. По целосно документирање на настанот, ...

Германија денеска го отфрли предлогот на рускиот претседател Владимир Путин поранешниот германски канцелар Герхард Шредер да посредува во разговорите со Европската Унија за постигнување мировен договор во Украина. Путин рече дека доколку се одржат разговори меѓу ЕУ и Русија, Шредер би бил негов претпочитан посредник, објави Ројтерс. Германски функционер рече дека понудата не е веродостојна бидејќи Русија не променила ниту еден од своите ...

Изборот е јасен – Европска Македонија или криминална изолација со Мицкоски, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека власта предводена од Мицкоски свесно го блокира европскиот пат на државата за да ги заштити сопствените криминални интереси и да продолжи злоупотребата на народните пари. „Мицкокски и неговата група свестно ја блокираат Европската иднина на Македонија, за да ја ...

Претседателот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, денес изјави дека по изборите во Босна и Херцеговина, Република Српска ќе го продолжи својот пат, барајќи го правото на независност, бидејќи, како што истакна, тоа е единственото логично нешто. Додик изјави дека муслиманите во Сараево, опозицијата од Република Српска и голем број странци, Германци и Британци, се обидуваат да создадат блок на Сараево против Бања ...

Жителите на Населба Водно во понеделник, 11 мај 2026 година, од 15:00 до 17:00 часот, ќе одржат мирен јавен собир со привремена блокада на улицата „Питу Гули” (во близина на бр. 44), пријавен до МВР согласно Законот за јавни собири. „Состојба е очајна – „елитна” населба и огромни цени, а нема основни услови за безбедно движење. Децата од оваа населба не можат да се движат кон училиште и назад без да го ризикуваат животот. Тротоари на многу ...

Под мотото „Фолклорот како живо наследство”, Општина Центар организираше културно-едукативен настан во Паркот на Франкофонија, со настапи на Ансамблот за народни игри и песни „Орце Николов” и фолклорните групи од Детскиот културен центар – Карпош. Играорците, пред публиката, се претставија со богат репертоар од разновидни ора, народна музика и раскошни македонски носии, создавајќи атмосфера на поврзаност и заедништво. Градоначалникот Горан ...

На 9 мај, ВЛЕН, од соработка меѓу пет субјекти, се трансформираше во едно единствено политичко тело. ВЛЕН ја промовираше визијата „политика во служба на човекот“. Политичката платформа на ВЛЕН беше претставена како јасен правец: – за реална еднаквост на Албанците во секоја институција; – за владеење на правото и бескомпромисна борба против корупцијата; – за економија што ги поддржува претприемачите, семејните бизниси и младите; – за ...

Големите разлики меѓу платите во Македонија не престануваат да ја брануваат јавноста. Податоците дека највисоката пријавена нето-плата во еден месец надминала 320.000 евра, додека трите највисоки плати заедно се проценуваат на над 700.000 евра, покажува дека некој во државата некој газди имаат со што да се пофалат. Овие бројки повторно ја отвораат дебатата за нееднаквоста меѓу највисоките и најниските примања. Ако се споредат со минималната ...

Карпош во застој, градоначалникот на боледување поради здравствени причини – вакви се тврдењата во јавноста за ситуацијата во скопската општина откако дел од медиумите објавија дека градоначалникот Сотир Лукровски сака да си замине од функцијата. Едно е сигурно дека тој веќе назначил свој заменик, и тоа поранешниот портпарол на Коце Трајановски, Неделчо Крстевски, кој веќе е советник во општинскиот Совет. Според решението објавено во Службен ...

Балансот помеѓу фискалната консолидација, обезбедување економски раст и спроведување мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на економијата се клучни во услови на континуирана и продлабочена геополитичка неизвесност. Ова го порача министерката за финансии на 9-тата Меѓународна конференција Влијанието на геополитичките промени и вооружените конфликти врз процесот на проценување што во организација на Комората на проценувачи на ...

Во Паркот на Франкофонијa денеска се одржува манифестацијата „Нож и виљушка на европска чинија” – гастрономски и музички настан поддржан од Општина Центар. „Оваа манифестација прерасна во препознатлив симбол на дружење и размена на култури. И овојпат имаме голема посетеност и интерес, голем број граѓани и европски гости, и се разбира, добра атмосфера, музика и гурмански специјалитети. Годинава настанот го посветуваме на 9 Мај, Денот на Европа ...

Лидерот на партијата Тиса, Петер Маѓар, денес официјално беше избран за премиер на Унгарија, откако неговата партија освои двотретинско мнозинство на парламентарните избори одржани на 12 април. Со ова заврши 16-годишното владеење на поранешниот премиер и лидер на партијата Фидес, Виктор Орбан, објавува „Маѓар Немзет“. На конститутивната седница на парламентот, Маѓар положи заклетва и одржа говор во кој најави политички реформи, борба против ...

Русија ќе направи сè што е можно за да ги задоволи енергетските потреби на Словачка и е подготвена да соработува во други области, изјави рускиот претседател Владимир Путин. „Ќе направиме сè за да ги задоволиме енергетските потреби на Словачката Република, исто како што сме подготвени да соработуваме во други области од заеднички интерес“, рече тој на средбата со словачкиот премиер Роберт Фицо, објави Интерфакс. Рускиот лидер оцени дека ...

По претходна пријава во СВР Велес од страна на граѓанин чие малолетно дете било во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, кој се враќал од екскурзија, дека автобусот неколку пати останувал дефект по пат, на 08.05.2026 во 22:50 часот, на наплатна станица „Отовица“, на автопатот Велес-Скопје, од страна на полициски службеници од СВР Велес, бил сопрен автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки управуван ...

Советничката од Левица во Општина Карпош, Катерина Илиева, со жестока критика кон работата на актуелното општинско раководство, оценувајќи дека по шест месеци од доаѓањето на Сотир Лукровски, граѓаните не ги добиле најавените промени и забрзан развој. Во објава на социјалните мрежи, Илиева наведува дека Карпош функционира со „забавена динамика“, без јасна локална политика и со недоволно видливи резултати на терен. „Како советник од Левица во ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска по повод 9 Мај – Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, порача дека европската иднина на Македонија е блокирана од Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО, но дека државата ќе продолжи по европскиот пат кога СДСМ повторно ќе ја преземе одговорноста и власта ќе ја врати во рацете на народот. „Ќе се случи Европа кога ние ќе дојдеме на власт после следните избори и сите ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, му честиташе на Петер Маѓар кој денеска положи заклетва и стана нов премиер на Унгарија, ставајќи крај на 16-годишното автократско владеење на Виктор Орбан. „Честитки до новиот премиер Петер Маѓар и до целиот унгарски народ! На Денот на Европа, Унгарија доби демократска влада. Прочитајте повеќе: По 16 години криминал, корупција, автократска власт и гушење на слободата под режимот на Виктор Орбан, ...

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денес, по повод Денот на Европа, изјави дека Украина не смее да се заборави, која „повеќе од четири години се брани од руската агресија и ја штити слободата и основните европски вредности“. Пленковиќ на социјалната мрежа X сподели дека Денот на Европа се слави во духот на визијата на еден од основачите на модерната Европска Унија, Роберт Шуман, за континент кој, по „воените пустошења и поделбите, избира ...

Градоначалникот на општина Карпош Сотир Лукровски се повлекува затоа што не сака да потпишува документи кои можат да отворат лична кривична одговорност поврзана со новоградби, легализација на дивоградби, финансиски трансфери и фаворизирање на фирми, велат од СДСМ. „ВМРО-ОКГ тврди дека не станува збор за оставка и повлекување, туку дека е на боледување. Не можат повеќе да ја сокријат вистината. Ова е уште еден јасен доказ дека целата ...

Зелената агенда и понатаму останува најсилниот и најрелевантен одговор на глобалните предизвици во сегашниот геополитички и безбедносен контекст за цела Европа, а особено за земјите од Западен Балкан. Ова беше главната порака што ја истакна ДОМ на Состанокот на лидерите на зелените партии од Европа, претсавуван од ко-претседателката, Ана Угринска, кој се одржа во Брисел на 8 мај (петок). Во рамките на состанокот таа оствари и повеќе средби на ...

Проблем со снабдување со керозин нема, имаме резерви за 90 дена иако законски мора да имаме за 60 дена. И покрај кризата отвораме пет нови дестинации од охридскиот и скопскиот аеродром, изјави вицепремиерот Александар Николоски. – Со керозин покрај тоа што се снабдуваат скопскиот и охридскиот аеродром, се снабдува целосно аеродромот во Приштина и делумно аеродромот во Ниш. Успеавме Скопје да го направиме центар на четири аеродроми кој што ...

Според решението објавено во Службен весник на Општина Карпош, Неделчо Крстевски ќе го заменува градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски во периодите на негово отсуство, а воедно е назначен и за овластен потписник на сите сметки и финансиски документи на општината. Во документот се наведува дека тој ќе ги има истите права и обврски како и градоначалникот, пишува Фокус. Во јавноста претходно се појавија информации дека Лукровски поднел ...

Регионална министерска конференција – „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето”, во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади, во партнерство со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА). Централниот фокус на конференцијата беше развивање заеднички одговори на длабоките демографски трансформации кои го обликуваат регионот на Источна Европа и Централна Азија. ...

Филипче без кочници се додворува на Софија и нуди уставни измени на брза лента, трет по ред од СДС спремен за национални отстапки, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче е без рбет и со секоја своја изјава докажува дека за него и СДС не постојат никакви црвени линии кога станува збор за националните интереси. Изминатиот период Филипче постојано се обидуваше да се доближи и се додворуваше на Бугарија преку давање изјави во ...

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека Русија го чува споменот на хероите од Втората светска војна и дека рускиот народ може да издржи и да ги надмине сите предизвици, со порака дека Денот на победата е „свет празник“. „Клучот за успехот е нашата морална и духовна сила, храброста и хероизмот, единството и способноста да издржиме сè и да ја надминеме секоја пречка“, рече Путин за време на говорот на Парадата на победата во ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.06
32%
1011
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
3.65
48%
1007
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
3.21
39%
1009
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.85
47%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.3
42%
1010
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 26ᴼ
0.89
52%
1009
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
4.47
57%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.64
50%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.88
49%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
5.81
41%
1008
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
61%
1009
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
0.61
57%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Калај

53.60

Паладиум

40767.15

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00