Иницијативата, која предвидува и укинување на договорот за слободно движење со ЕУ, ја предлага десничарската Швајцарска народна партија (SVP), пишува „Ројтерс“. Швајцарската влада се противи на предлогот, тврдејќи дека неговото прифаќање би ги нарушило односите со ЕУ, клучниот трговски партнер, и би му нанело штета на националното стопанство. Според иницијативата, постојаното население не би смеело да надмине 10 милиони пред 2050 година, што ...

Според анкетата, повеќе од осум од десет Американци сметаат дека чувствуваат голем или помал притисок врз домашниот буџет поради цените на горивата, додека само 19 отсто од нив навеле дека воопшто не чувствуваат притисок. Покрај тоа, 63 отсто од испитаниците во голема или значителна мера го обвинуваат американскиот претседател Доналд Трамп за скокот на цените на горивата, при што вакво мислење имаат 89 отсто од демократите, 32 отсто од ...

Министерството за транспорт и врски нема добиено известување од авииокомпаниите за прекин на авиолинии за кои им е овозможена финансиска поддршка преку програмата за воведување на авиолинии. На прашањето на „Локално“ што ќе преземе Министерството и Владата по најавата на европските авикомпании за намлаувње на линии во мај предизвикано од глобалната криза со горивата, од Министерството за транспорт и врски одговорија дека засега немаат ...

Поранешната советска република во 2024 година го замрзна членството во Организацијата на договорот за колективна безбедност (CSTO), воен сојуз под водство на Русија, откако Москва не интервенираше во судирот меѓу Ерменија и Азербејџан. Ереван во меѓувреме изрази интерес за приклучување кон ЕУ, што предизвика незадоволство кај Кремљ. Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја обвини Ерменија дека овозможила ...

Институтот за јавно здравје извести дека ја следи состојбата поврзана со пријавениот мултинационален кластер на случаи на инфекција со хантавирус поврзан со патување на крузерот MV Hondius во регионот на јужниот Атлантски Океан. „Според информациите објавени од Светската здравствена организација (WHO), Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) и националните здравствени власти на засегнатите земји, досега се регистрирани 8 ...

Заштита на животната средина невладините организации од Југоистокот да го бараат во Уставот и во Законот за животна средина, изјави за „Локално“ претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по барањето на „Зелена котлина“ таа да стави вето на Законот за минерални суровини. -Се прочитав и проучив и мислам дека гаранциите за заштитата на животата средина не се во овие закони, ако мислите на законот за минералите се занимава со енергетските ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче синоќа на поткасот најавил дека новиот закон за борба против корупцијата ќе биде првиот закон што ќе го потпише како премиер, потенцирајќи дека реформите во правосудството и неселективната правда се клучни за иднината на државата. „Мора да се направат реформи во системот пред сѐ правосуден поради тоа што граѓаните тоа го барат. Тие реформи не можат да се направат без пристапните преговори со Европската ...

Кремљ не гледа смисла во нов круг трилатерални преговори за Украина меѓу Москва, Вашингтон и Киев, освен под еден услов. Имено, Кремљ смета дека за понатамошен напредок е неопходно повлекување на украинските сили од Донбас. Ова го порача помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, пренесува „Интерфакс“. „Сите разбираат, па би рекол и украинските преговарачи, дека Киев сега треба да направи само еден сериозен чекор. Потоа, прво, би ...

Началникот на СВР-Велес Паласков Бране по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција му додели благодарница на младиот велешанец Илија Гигов. Ова следува откако четиринаесетгодишниот пред експозитура на банка во центарот на градот пронашол штедна книшка во која имало 23 банкноти од по 2.000 денари, односно вкупно 46.000 денари. Од МВР велат дека малолетникот покажал дека најважни одлики во животот на еден човек се чесноста, одговорноста и ...

Имено, Кремљ смета дека за понатамошен напредок е неопходно повлекување на украинските сили од Донбас. Ова го порача помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, пренесува „Интерфакс“. „Сите разбираат, па би рекол и украинските преговарачи, дека Киев сега треба да направи само еден сериозен чекор. Потоа, прво, би престанале воените дејства, а второ, би се отвориле можности за сериозни разговори за долгорочно решение“, им рече Ушаков на ...

Неизвесноста предизвикана од судирот и ефективното затворање на Ормускиот теснец ги зголемуваат трошоците за живот и ги погодуваат буџетите на фирмите, семејствата и владите. Додека некои се турнати на работ на пропаст, други, чии основни дејности се попрофитабилни во војна или кои имаат корист од нестабилните цени на енергентите, остварија рекордни заработки. Би-Би-Си ја пренесува листата на неколку сектори и компании кои заработуваат ...

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски синоќа говорел за Законот за јазиците. Костадиновски, меѓу другото, нагласил дека албанскиот јазик е уставна категорија и дека никој нема да го допре. Тој обвинил дека политичарите, коментирајќи ја изјавата на генсекот на ДУИ, Арбер Адеми, премногу лесно користат чувствителни теми за политички цели и мобилизација на гласачи, особено кога станува збор за меѓуетничките односи. „Не знам од ...

Откажувањето од кафе на само две недели може да ве направи помалку импулсивни и да го намали стресот, а преминувањето на кафе без кофеин може да го подобри вашиот сон и меморија. Во нова студија, истражувачите следеле 62 здрави возрасни лица за да испитаат како кафето влијае на телото и мозокот. Групата вклучувала 32 редовни консументи на кафе и 32 кои не пијат кафе. На почетокот на студијата, сите волонтери дале примероци од крв, урина и ...

Украинските сили во текот на ноќта и утрото извршија обемен напад со беспилотни летала и проектили врз руска територија, а мети беа Москва, Ростов на Дон и големата рафинерија за нафта во Јарослављ. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го потврди нападот врз енергетскиот сектор, а операцијата ја нарече „санкции со долг дострел“, објави „Украинска правда“. Првите летала беа забележани вечерта на 7 мај. Руската сојузна агенција за ...

Говорејќи за „Балансерот“, Законот за правична застапеност и Охридскиот договор, потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи информира дека на времето се вработил во болница затоа што Рамковниот договор ги обврзува институциите. Вели дека неговиот сон бил „да не ме однесат во некое планинско село во амбуланта“. -Не сум можел да сонувам дека можам да се вработам во Скопје во државна болница. Се вработив откако беше донесен Охридскиот договор. Вие ...

Стармеровата Лабуристичка партија ја изгуби поддршката во областите чии резултати беа објавени во текот на ноќта, вклучувајќи ги и традиционалните упоришта во поранешните индустриски региони на централна и северна Англија, како и во одредени делови на Лондон. Главен добитник беше антиимиграциската популистичка партија Reform UK, предводена од застапникот на Брегзит, Најџел Фараж, која освои повеќе од 200 советнички места во Англија и би ...

Според податоците до кои дојде „TheMarker“, Агенцијата за контрола на извозот на оружје од Израел во 2025 година им издала на израелските компании извозни дозволи за системи за противвоздушна одбрана за 20 држави. Една година претходно имало седум, а во 2023 година – 12 такви држави. Бројот на маркетиншки дозволи истовремено пораснал на 74, од 56 во 2024 и 19 во 2023 година. Маркетиншката дозвола ѝ овозможува на компанијата преку посредник да ...

Руското министерство за одбрана вчера ја потврди најавата на Путин за едностран прекин на огнот од петок до недела. Министерството тврди дека во текот на тој период „сите руски воени единици целосно ќе ги прекинат борбените дејства“. Москва притоа предупреди дека секој обид на Украина да го прекрши примирјето или да ги нападне руските цели ќе биде пречекан со „соодветен одговор“. Русија дополнително се закани со масовен напад врз центарот на ...

Реџеп Исмаил, пратеник од Левица, преку социјалните мрежи обвинува дека суштинските проблеми на изборниот систем намерно се игнорираат, иако формално се водат процеси на „инклузивен дијалог“ околу измените на Изборниот законик. Исмаил информира дека како член на Работната група при Министерството за правда за измени на Изборниот законик присуствувал на настан организиран од ИФЕС, на кој бил презентиран извештај поврзан со препораките на ...

Генералниот секретар на Меѓународната поморска организација на Обединетите нации, Арсенио Домингез, на Поморската конвенција на Америка во Панама изјави дека станува збор за сериозна криза за глобалниот поморски сообраќај. Ормускиот теснец е еден од клучните поморски премини за снабдување со нафта и гас, додека повеќе од 80 проценти од вкупно потрошените производи во светот се превезуваат по море. Домингез предупреди дека членовите на ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вчера оствари пријателска и конструктивна средба со градоначалникот на Општина Есенлер од Република Турција, Мехмед Тевфик Ѓоксу, на која беше потврдена добрата соработка меѓу двете страни во рамки на проектот за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост, информираат од Град Скопје. „Со реализацијата на проектот, еден од најзначајните симболи на Скопје ќе добие современо ...

Лидерот на едното од неколкуте крила на Алијанса за Албанците, Зијадин Села смета дека Македонија треба да стане бинационална држава. Според него, демографската реалност на државата е бинационална и вели дека треба да се почитуваат малцинските права. Притоа, Села бара ново уставно уредување. -Дали имам право јас на визија? Вие немате право да ме спречите за да размислувам, кажа претседателот на АА во емисијата „24 анализа“. На прашањето дали ...

За една година инфлацијата порасна за 5,7 отсто, а трошоците за живот само за еден месец се зголемени за 1,3 отсто, што претставува сериозен сигнал дека ценовните притисоци повторно се засилуваат. Зголемувањето на цените на храната, енергенсите и основните производи директно влијае врз животниот стандард на граѓаните и ја намалува куповната моќ. И покрај најавата за зголемување на каматните стапки како една од мерките за справување со ...

Телото на млада студентка од Турција е пронајдено без знаци на живот во изнајмен стан во Штип, на улицата „Васил Главинов“. Според информациите, случајот бил пријавен откако нејзини колеги повеќе дена се обидувале безуспешно да воспостават контакт со неа, по што ја известиле надлежната служба. Во соопштението од СВР-Штип се вели дека денеска во 14.48 часот во СВР Штип било пријавено дека во стан во Штип било пронајдено почината женско лице. ...

Христијан Мицкоски продава бајки дека тој се борел за националните интереси, тој е најголемиот предавник што Македонија го видела, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во вечерашниот поткаст „Риштази”. Филипче посочи дека граѓаните веќе ги чувствуваат последиците од погрешните политики на власта, расте сиромаштијата, животниот стандард е загрозен, има масовното иселување, државата е изолирана. „Граѓаните веќе чувствуваат сиромаштија, ...

Што е хантавирус и како се шири повторно стана актуелно прашање по сомнежите за кластер на инфекции од крузерот кој пловеше долго по Атлантикот, а во наредните денови треба да пристигна на Канарските острови во Шпанија? Светската јавност стравува поради состојбата од пред неколку години, со појавата на коронавирусот… Микробиологот и професор, Никола Пановски смирува дека нема никаква опасност од болните за населението по нивното враќање на ...

Точно е дека процесот на имплементација на пресудите од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ги има донесено за Бугарија, ние продожуваме да работиме и наскоро се надеваме на позитивно решение, изјави денес во Скопје Ален Берсе генералниот секретар на Советот на Европа на заедничката прес конференција со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Тој ова го изјави во одговор на новинарско прашање зошто предлого се чека ...

Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на денешниот состанок во Скопје разговарале за експертската помош што ја добива Македонија за изработка на законски решенија, како и за акцискиот план за малцинства. Министерот Муцунски рече дека тоа е значаен сегмент од патот на Македонија кон членство во Унијата. -Посебно задоволство изразив што напредокот на нашата држава, и покрај ...

„Антропик“ ќе го користи полниот капацитет на центарот за податоци „Колосус 1“, со кој управува „Спејс-екс“, а кој во меѓувреме е интегриран во ВИ-проектот „хАИ“ на Илон Маск. Со ова, компанијата ќе добие пристап до повеќе од 220.000 ВИ-чипови на „Енвидија“, клучни за развој и тренирање на напредни модели на вештачка интелигенција. Извршниот директор на „Антропик“, Дарио Амодеи, истакна дека компанијата настојува на корисниците што побрзо да ...

Тоа значи дека меѓу 2021 и 2026 година во тој ексклузивен круг влегле 37.428 нови членови, па континентот денес брои вкупно 183.953 такви поединци, во споредба со 146.525 колку што ги имало во 2021 година. Глобално гледано, повеќе од 710.000 луѓе располагаат со имот поголем од тој праг, а речиси четвртина од нив, точно 25,8 проценти, моментално живеат во Европа. Германија е европски лидер според бројот на ултрабогати со 38.215 лица чиј имот ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.06
32%
1011
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
3.65
48%
1007
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
3.21
39%
1009
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.85
47%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.3
42%
1010
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 26ᴼ
0.89
52%
1009
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
4.47
57%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.64
50%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.88
49%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
5.81
41%
1008
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
61%
1009
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
0.61
57%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Злато

135639.33

Бакар

13.01