Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Пред изборите во Унгарија следниот месец, „дипфејк“ видеа и друга заведувачка содржина насочена кон лидерот на опозицијата Петер Маѓар се шират на интернет, зајакнувајќи ги наративите промовирани од сојузниците на премиерот Виктор Орбан, објавува Политико. За Брисел, бранот претставува непријатен проблем: ЕУ вети дека ќе се бори против мешањето во изборите, но инсистира дека нема да интервенира кога станува збор за национални избори. Ова ги ...
Сојузот на синдикати на Македонија од 2011 година пресметува вредност на синдикална минимална кошница која како статистичка операција служи да им покаже на креаторите на политиките дена не се живее ниту со толку колку што има вредност истата и дека платите мора да се зголемат. Тоа што Владата се обидува да го направи е да ја елиминира вредноста на Синдикалната минимална кошница, се со цел да покаже на работниците дека се живее и со помалку и ...
Лекарската комора на РСМ, заедно со европските докторски асоцијации и Министерството за здравство, денеска го одбележува 12 Март, Европскиот ден за подигнување на свеста против насилството врз здравствените работници, кој претставува аларм за „тивката пандемија” што го нагризува здравството и општеството. Претседателот на Комората, проф. д-р Калина Гривчева Старделова, истакнува дека кога еден лекар е нападнат вербално, физички или преку ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го повика американскиот лидер Доналд Трамп да го зголеми притисокот врз Владимир Путин, наместо врз Киев, за да ја заврши војната во неговата земја. Во интервју за Политико, Зеленски призна дека Украинците се уморни, но нагласи дека моралот останува висок и дека земјата нема да ги прифати руските услови за предавање на големи територии во својот источен дел. Зеленски рече дека Киев ги поддржува ...
Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го угости својот украински колега Володимир Зеленски во Париз во петок, каде што ќе разговараат, меѓу другото, за „начините за зголемување на притисокот врз Русија“ по четири години војна, „особено преку борба против нејзината флота во сенка“, објави Елисејската палата во четвртокот. Двајцата лидери „исто така, ќе разговараат за условите за праведен и траен мир и, во овој поглед, ќе ги разгледаат ...
САД објавија ослободување на 172 милиони барели нафта од своите стратешки резерви за да се обидат да ги намалат растечките цени на нафтата поради конфликтот на САД и Израел со Иран, изјави американскиот министер за енергетика Крис Рајт. Рајт изјави дека ослободувањето е дел од поширок план за ослободување на вкупно 400 милиони барели нафта, договорен претходно во текот на денот од страна на Меѓународната агенција за енергетика, која ги ...
Високите стандарди во создавањето вина, децениската посветеност на квалитетот и континуираните успеси на меѓународната сцена донесоа значајно признание за винарската визба „Тиквеш“, која ја освои титулата „Best Producer – Republic of North Macedonia“, на престижниот вински натпревар Mundus Vini. „Да се биде прогласен за најдобар производител од Македонија на натпревар со реномето на Mundus Vini е потврда за нашата посветеност, визија и ...
Албанскиот министер за надворешни работи Ферит Хоџа ја потврди волјата на Албанија за реформи поврзани со членството во ЕУ на средбата со еврокомесарот за проширување Марта Кос, објави АТА. Хоџа се сретна со Кос вчера за време на неговата прва официјална посета на Брисел откако ја презеде функцијата. Тој ја опиша средбата со еврокомесарот за проширување како одлична можност да го потврди она што го нарече невиден напредок на Албанија на ...
Британската амбасада во Приштина донираше две возила и 16 дронови со придружна опрема на косовската полиција, објави Косовската радиотелевизија. Протоколот за предавање на донацијата го потпишаа директорот на Одделот за гранична полиција, Фехми Џата, и претставникот на Британската амбасада во Косово, Ема Хантли. Донираните уреди ќе им помогнат на единиците на косовската полиција во следењето, идентификувањето, следењето и утврдувањето на ...
Русија го осуди нападот на САД и Израел врз Иран. Истото го стори и Кина. Бразил повика на мир, а Јужна Африка понуди да посредува во конфликтот. Но, БРИКС, како симбол на мултиполарниот свет, забележливо молчи. Поминаа повеќе од десет дена откако САД и Израел започнаа воздушни напади врз Иран во кои беше убиен врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, предизвикувајќи една од најголемите кризи во Персискиот Залив, а алијансата од 11 земји која ...
Гувернерот на централната банка на Украина, Андриј Пишни, изјави дека кампањата предводена од САД против Иран ризикува дополнителен притисок врз економијата на Киев, разорена од војна, а воедно му дава поттик на Владимир Путин во петтата година од руската инвазија на земјата. Во интервју за Блумберг, гувернерот ги истакна последиците од спиралниот пораст на цената на нафтата предизвикан од превирањата на Блискиот Исток, вклучувајќи го ...
Македонија мора да продолжи со добронамерната имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, како и на Преспанскиот договор со Грција, во согласност со Преговорната рамка, се вели во стратегијата за проширување на ЕУ усвоена од Европскиот парламент. Во документот, европратениците нагласуваат дека проширувањето мора да остане процес базиран на заслуги и реверзибилен, при што напредокот на секоја ...
Царински службеници на граничниот премин Блаце, на влез во државата, спречија обид за криумчарење на вкупно 120 килограми тутун за наргиле, со вредност од 384 илјади денари кои биле наменети за продажба на македонски пазар. Против сторителот, од страна на Одделението за истраги, е поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење”, казниво согласно Кривичниот законик. Со ова е спречен обид за нелегална трговија со акцизна стока за која ...
Како легалисти сакаме да ја почитуваме нормативната максима дека пресудите на Уставен Суд не се коментираат, особено од партиите, бидејќи тоа по автоматизам се толкува како политички притисок. Сепак, пред сè како луѓе, а после како партија не можеме да избегаме од впечатокот дека овој состав на Уставниот Суд повеќе наликува на југословенска политичка елита отколку на највисока судска инстанца“, обвинуваат од коалицијата ВЛЕН. Оттаму ...
За вчерашните обвинувања од Левица за даден тендер, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска повтори дека партијата има уште неколку часа да се извини, во спротивно следува тужба. „Јас мислам дека внимателно ве слушав, сега треба да имате малку желудник и да слушнете од другата страна, а не само да напаѓате. Законот не е прекршен ниту некој прави преседан. Тоа што Апасиев и поединци од кај вас – самодекларирани правници кои што ...
Изминатата 2025 година не беше добра за германскиот производител на автомобили „Фолксваген“: профитот речиси се преполови. Во споредба со претходната година, нето добивката на групацијата во 2025 година се намали за околу 44 проценти – од 12,4 милијарди евра на 6,9 милијарди евра, објави најголемиот европски производител на автомобили. Дивидендата, од 5,26 евра по преференцијална акција, би требало да биде за 17 проценти пониска од ...
Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев повторно обвинува за партиските вработувања во државните институции. Апасиев преку објава тврди дека најголемата владејачка партија, ВМРО-ДПМНЕ ги вработува членовите на својот подмладок во Собранието. „Цело УМС у Собрание го вработија, како стафери. А знаете по шо ги познаваме? Не викаат добар ден на никој по ходници, освен на вмровски пратеници!? Тугоооо“, порачува пратеникот. Прочитајте ...
Германија ќе ослободи неодредена количина нафта од своите резерви поради ситуацијата околу Иран и зголемувањето на цените на горивата, објави медиумската агенција ДПА, повикувајќи се на свои извори. Според агенцијата, нафтата ќе биде ослободена од стратешките резерви на земјата, кои се достапни во случај на криза. Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) претходно предложи ослободување на најголемата количина нафта од резервите во својата ...
Професорот кој сексуално вознемирувал ученичка во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ доби само мерки на претпазливост. Тој се сомничи дека ѝ барал да имаат полови односи. Судот одлучи да му го одземе пасошот, да му забрани да се доближува до девојчето, а професорот не смее ниту да оди на работа. „На лицето определени му се мерки за претпазливост. Одземање на патна исправа, забрана за приближување на неколку лица и забрана за ...
Според наводите, администрацијата на рускиот претседател Владимир Путин одобрила план од „Social Design Agency“, медиумска консултантска компанија поврзана со Кремљ и која се наоѓа под западни санкции. Целта наводно е да се помогне на партијата Фидес на Орбан со преплавување на социјалните мрежи со пораки дизајнирани во Русија, но објавени од влијателни унгарски корисници односно инфлуенсери. Документот подготвен од агенцијата за Кремљ кон ...
Ситуацијата на Блискиот Исток го одвлече вниманието на голем дел од светот од војната во Украина, која американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ја заврши додека му трае мандатот. Неговиот делегат за мировни преговори, Стив Виткоф, во последните месеци разговараше и со украинската и со руската делегација, но без успех. Најновите разговори на Виткоф со московските претставници се одржаа вчера во Флорида, а беше дискутирани и за ...
На оваа власт не ѝ е во интерес животниот стандард на граѓаните, туку како да ги заштити своите бизниси и приватните компании, истакна потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во емисијата „Топ тема“ на Телма. Таа се осврна на растот на цените на нафтата, храната и другите основни производи како последица на војната во Иран и на фактот што власта нема одговор како да се справи со кризата. „Во март 2022 кога ние бевме власт, а ВМРО беше ...
Членот на ГРОМ и екс-кандидат за градоначалник на Скопје, Александар Трајановски смета дека Македонија пред да влезе во процесот за спроведување на уставните измени за да ја внесеме бугарската заедница во Преамбулата, треба да го промени Законот за употреба на јазиците. Според него, тој Закон може да биде сериозно опасен за државата. -Сега одредена политичка елита на една етничка заедница, конкретно албанската, го користи Законот за употреба ...
Уставните судии ги отфрлија сите иницијативи за испитување на уставноста на измените на Законот за прекршоци за системот „Безбеден град“. На седницата, уставните судии се поделија за испитување на уставноста на измените на законот за прекршоци во делот на пораки на албански јазик, поседување на мобилни телефони или емајлови, покриеност на целата територија и заштита на личните податоци. Мнозинството судии го прифатија извештајот на ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагираше на изјавите на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, опишувајќи го неговото однесување како скандалозно и неприфатливо. ДУИ нагласува дека неговите ставови за проектот „Безбеден град“ покажуваат политичка употреба на институцијата и претставуваат отворена дискриминација кон албанскиот јазик. Според ДУИ, одлуката за испраќање СМС пораки само на македонски јазик, додека ...
На 58-годишна возраст во Еквадор почина македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили, потврдиле од неговото семејство. Поп-Христов се пресели во Еквадор во 2014 година. Иако често доаѓаше во Скопје, последната година и половина ја поминал во Еквадор. Кили беше мултиталентиран уметник и еден од најдобрите македонски современи актери. Тој зад себе остави низ впечатливи улоги кои ќе се паметат – во „Тетовирање“, „Бал-кан-кан“, „Збогум на 20-от ...
Некогаш голема холивудска ѕвезда, со незаборавни улоги, сега го допре дното. Мики Рурк морал да ја напушти куќата во Лос Анџелес по судска наредба за неплатена кирија. Рурк официјално го изгубил правото на куќата што ја изнајмувал во Лос Анџелес. Според судските документи добиени од порталот „Пејџ сикс“, имотот на авенијата „Дрексел“ е вратен под контрола на сопственикот, Ерик Т. Голди. Судската наредба е донесена во понеделникот во Високиот ...
Актерката Дакота Џонсон, ѕвездата од филмската серија „50 нијанси сиво“, е заштитно лице на новата кампања на брендот „Келвин Клајн“ за долна облека. Бидејќи обожава „голи изданија“ и најчесто се гледа во такви на јавни настани, згодната Дакота Џонсон го споила убавото со корисното. За да го промовира новиот модел на фармерки од познатиот моден бренд, таа позирала речиси гола, во опуштена атмосфера во куќа во Калифорнија. „Беше многу ...
Кирил Дмитриев, директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) и специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и надворешна економска соработка, денес изјави дека очекува Европа да се соочи со енергетска криза, „најголемата во нејзината историја“. „Следната прогноза: најголемата енергетска криза во европската историја, предизвикана од претходните стратешки грешки во енергетскиот сектор и тврдоглавоста на (претседателката ...
„ЕУ е глутница домашни мачки, секоја ќе си оди по својот пат, тие не се волци“, изјави Милановиќ пред новинарите на Загребскиот саем, наведувајќи го како пример германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој, како што изјави, „само се насмевна додека Трамп ја критикуваше Шпанија“. „Хрватска е држава, нејзиниот историски идентитет не ѝ дозволува да води заедничка надворешна политика со Естонија и Португалија, тоа е надвор од разумот. Урсула фон дер ...