Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на денешниот состанок во Скопје разговарале за експертската помош што ја добива Македонија за изработка на законски решенија, како и за акцискиот план за малцинства. Министерот Муцунски рече дека тоа е значаен сегмент од патот на Македонија кон членство во Унијата. -Посебно задоволство изразив што напредокот на нашата држава, и покрај ...
„Антропик“ ќе го користи полниот капацитет на центарот за податоци „Колосус 1“, со кој управува „Спејс-екс“, а кој во меѓувреме е интегриран во ВИ-проектот „хАИ“ на Илон Маск. Со ова, компанијата ќе добие пристап до повеќе од 220.000 ВИ-чипови на „Енвидија“, клучни за развој и тренирање на напредни модели на вештачка интелигенција. Извршниот директор на „Антропик“, Дарио Амодеи, истакна дека компанијата настојува на корисниците што побрзо да ...
Тоа значи дека меѓу 2021 и 2026 година во тој ексклузивен круг влегле 37.428 нови членови, па континентот денес брои вкупно 183.953 такви поединци, во споредба со 146.525 колку што ги имало во 2021 година. Глобално гледано, повеќе од 710.000 луѓе располагаат со имот поголем од тој праг, а речиси четвртина од нив, точно 25,8 проценти, моментално живеат во Европа. Германија е европски лидер според бројот на ултрабогати со 38.215 лица чиј имот ...
Истражувањето покажа дека поддршката за АфД во сојузната покраина Саксонија-Анхалт пораснала на 41 отсто, што е за два процентни поени повеќе во споредба со претходното истражување и значително пред конзервативната Христијанско-демократска унија на Германија (ЦДУ) на германскиот канцелар Фридрих Мерц, која има 26 отсто поддршка, пренесува порталот „Мдр.де“. Социјалдемократите, помалиот партнер на ЦДУ во сојузната коалиција, заостануваат со ...
Од СДСМ денеска обвинија дека премиерот Христијан Мицкоски избегнува да даде конкретни одговори за, како што велат, клучните прашања и проблеми со кои се соочуваат граѓаните, а наместо тоа повторно се насочува кон, како што наведуваат, обиди за внатрешно слабеење на партијата. Во соопштението од СДСМ посочуваат дека јавноста очекува одговори за законот за двојно државјанство, исполнувањето на реформската агенда до јуни, внесувањето на ...
Москва, поради растечките домашни трошоци, се бори целосно да ги искористи повисоките цени на нафтата на светскиот пазар, се наведува во извештајот на Институтот за проучување на војната објавен денеска. Руското Министерство за финансии објави дека приходите од нафта и гас на федерално ниво во април речиси се удвоиле во однос на март, достигнувајќи 917 милијарди рубљи, што е околу 12 милијарди долари. За споредба, во март тие изнесуваа 443 ...
На денешната седница на Собранието, на дневен ред се најде Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, поднесен од пратеничката група на Левица, со кој се бара целосно покривање на здравственото осигурување за хонорарци, фриленсери, лица ангажирани со договор на дело, невработени лица и слично, практично – универзално здравствено осигурување. Предлогот беше одбиен од ...
ОВР Прилеп во координација и содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал реализиран е случај на недозволена трговија со оружје сторено од стрелачки клуб од Прилеп. Имено, на 06.05.2026 до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесена е кривична пријава против управителот К.Ч.(43) од Прилеп, против ракувачот со оружје Т.Д.(73) од Прилеп и стрелачкиот ...
Изборите за речиси 5.000 места во советите низ Англија, како и за парламентите во Шкотска и Велс, би можеле да го означат почетокот на крајот на традиционалниот британски двопартиски систем доколку гласачите ги поддржат популистичките и националистичките партии наместо некогаш доминантните лабуристи и конзервативци. Анкетите покажуваат дека популистичката „Реформ УК“, партијата на застапникот на Брегзит, Најџел Фараж, ќе ја прошири контролата ...
Портпаролката на Европската комисија за здравство, Ева Хрнчирова, изјави на редовниот брифинг во Брисел дека нема причина за паника и дека европските институции ја следат ситуацијата заедно со Светската здравствена организација (СЗО) и Европскиот центар за превенција и контрола на болести. „Според доказите што ги имаме во моментов, ризикот за јавноста во Европа, ризикот за Европјаните, е низок. Здравјето на граѓаните во Европа е наш апсолутен ...
Новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов, најавува анализа на четирите тарифни блокови во сметките за потрошена електрична енергија за корисниците на регулираниот пазар и порачува дека според него нелогично е да се плаќаат четири цени за ист берзански производ. Најавува дека е можно да направат некаков нов начин, кој ќе биде поправичен. Засега ќе се анализираат блоковите. Претседателот на РКЕ не очекува да има ...
Минатиот месец даноците за експлоатација на природни ресурси во руската државна каса донесоа 917 милијарди рубљи (12,2 милијарди долари), покажаа официјалните податоци. Во март тие приходи изнесуваа 443 милијарди рубљи. Најголемиот дел од априлските приходи, во вредност еквивалентна на околу 10 милијарди долари, го донесе оданочувањето на нафтата. Април е првиот месец во кој скокот на цените на глобалните пазари, предизвикан од конфликтот на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија во последните недели префрлала системи за противвоздушна одбрана кон Москва, што отвора нови можности за украински удари со долг дострел. Според Зеленски, руското раководство во моментов е повеќе насочено кон обезбедување на воената парада во Москва отколку кон заштита на другите делови од земјата. Украинската страна смета дека ослабената противвоздушна одбрана во одредени руски ...
Организацијата е особено загрижена поради злоупотребата на антипаразитските производи, односно нивната употреба надвор од пропишаниот или легалниот медицински контекст. Операцијата „Пангеа XVIII“, спроведена во март на сите континенти, резултираше и со заплена на повеќе од шест милиони илегални лекови, вредни 15,5 милиони долари, стои во соопштението за јавност на меѓународната организација на криминалистичката полиција со седиште во Лион. ...
Комесарот Апостолос Цицикостас изјави за „Фајненшл тајмс“ дека високите цени на авионското гориво или неговиот недостиг не претставуваат „вонредни околности“ кои би им овозможиле на авиопревозниците да го избегнат исплаќањето на отштетата. „Летовите се откажуваат поради цената на авионското гориво, а ако се откажуваат без постоење на вонредни околности – што порастот на цената на горивото не е – компаниите ќе мора да им исплатат отштета на ...
Се истражуваат сомнежи за измама и перење пари, а проценетата штета достигнува најмалку 350 милиони злоти, односно 82 милиони евра, пишува „ТВП Ворлд“. Во меѓувреме, директорот на компанијата, Пшемислав Крал, ја напушти Полска и се наоѓа во Израел, каде што тврди дека е невин и дека фирмата и понатаму работи стабилно. Заменикот-министер за правда, Аркадиуш Мирха, во средата ги објави најновите податоци, додавајќи дека се преземаат чекори за ...
Токму таму „Alphabet“, сопственикот на „Google“, забрзано ја зајакнува својата позиција и сè посериозно конкурира за титулата највредна компанија на светот. Нов голем импулс за компанијата пристигна по информацијата дека ВИ-стартапот „Anthropic“ се обврзал дека во наредните пет години ќе потроши дури 200 милијарди долари на услугите на „Google Cloud“. Според пишувањето на „Ди информејшн“, станува збор за износ кој претставува повеќе од 40 ...
На 06.05.2026 во 06:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во двор зад станбена зграда на ул.„11 Октомври“ во Скопје. Според пријавеното, пожарот бил предизвикан од две лица, кои ги вознемирувале станарите од зградата тропајќи им на нивните врати и одземајќи им ја пристигната пошта од поштенските сандачиња. Повредени лица нема, а од пожарот биле опожарени дрвени предмети кои биле поставени пред и во влезот на зградата. Се ...
Тие протестираа поради учеството на Русија на овогодишната манифестација, носејќи розови фантомки и со употреба на димни бомби во розова, сина и жолта боја, извикувајќи слогани како „Крвта е руска уметност“ и „Не се покорувај“. Италијанската полиција го спречи влезот на демонстрантите во самиот павилјон, кој накратко беше блокиран, а инцидентот траеше околу 30 минути, пренесува „АП“. Овогодишното учество на Русија на Биеналето е прво од ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Х.(70) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „навлегување во компјутерски систем“. На 11.11.2025 во Општа болница во Гостивар, пријавениот одзел паричник на И.П.(69) во кој имало 15.000 денари, лични документи и банкарска картица, по што подоцна од банкомат на банка во Тетово ја злоупотребил банкарската ...
Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, порача дека Франција нема да ги укине санкциите кон Иран сè додека неговите вооружени сили го држат блокиран Хормушкиот Теснец. Во изјава за француската телевизија РТЛ, Баро ја отфрли секоја можност за ублажување на санкциите под моменталните околности, пренесува „Ал Џезира“. „Сами му наметнавме значајни санкции на Иран. Но, исклучена е секоја можност за укинување на која било санкција ...
Според податоците од берзите во 9:30 часот, цената на суровата нафта падна за 2,45 отсто на 92,750 долари, а на нафтата „брент“ за 2,61 отсто на 98,609 долари. Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека неговата земја ќе ги продолжи воените напади врз Иран доколку Техеран не се согласи на предлогот на Вашингтон за прекинување на конфликтот. „Ако не се согласат, бомбардирањето почнува, а за жал, ќе биде многу поинтензивно и во ...
Преговорите меѓу пратениците на Европскиот парламент и владите на државите членки за спроведување на трговскиот договор со САД завршија во средата навечер без договор. Таквиот исход би можел да предизвика реакција на американскиот претседател Доналд Трамп, кој се закани со царини од 25 проценти за европските производители на автомобили доколку Европската Унија не го спроведе трансатлантскиот трговски договор договорен минатата година во ...
Со 64 гласови „За“15, „против“ и ниту еден „воздржан“, Собранието го донесе Предлог-законот за Советот на јавните обвинители на РСМ кој е дел од Реформската агенда. Со предложеното законско решение се воведуваат суштински новини насочени кон зајакнување на независноста, професионалноста и транспарентноста во работењето на Советот и на јавното обвинителство во целина. Според Министерството за правда, се реформира постапката за избор на членови ...
Директорот на „Nvidia“, Џенсен Хуанг, порача дека стравовите од масовно губење на работните места поради вештачката интелигенција не се основани. За време на разговорот со новинарката Беки Квик на настан организиран од институтот „Милкен“, Хуанг истакна дека вештачката интелигенција претставува „индустриски генератор на работни места“, а не закана за вработеноста. Хуанг тврди дека развојот на вештачката интелигенција би можел да им помогне на ...
На 06.05.2026 во 11:10 часот во Скопје, пред објектот на ПС Аеродром, поради нарушен јавен ред и мир во ПС Аеродром приведен е Х.А.(32) од Берово. Претходно Х.А. побарал од полициски инспектор да му биде даден видео запис од видео надзор од „Безбеден град“, за сообраќајна незгода во која учествувал, но откако му било укажано дека видео записот не може да му биде доставен без да пополни соодветно барање, тој почнал агресивно да се однесува и ...
Понудата доаѓа во момент кога Пентагон подготвува повлекување на околу 5.000 војници од Германија во текот на следната година, додека Трамп навести дека кратењата би можеле да бидат уште поголеми. „Ако претседателот Трамп одлучи да го намали американското воено присуство во Германија, тогаш ние во Полска сме подготвени да ги примиме американските војници“, рече Навроцки за време на вежбите на НАТО во Литванија. Тој додаде дека Полска веќе ...
Според податоците на руските медиуми, во 2025 година обемот на издадени микрокредити достигна историски максимум – 2,1 трилиони рубљи (23,9 милијарди евра), што е за 35 отсто повеќе во споредба со претходната година. Според податоците на Централната банка на Русија, околу половина од тие кредити биле одобрувани со камати што надминуваат 250 отсто на годишно ниво. Во услови на долготрајна војна, висока инфлација и стагнација на приходите, ...
Пратеникот од редовите на ЗНАМ, Даниел Стојчевски, на денешната прес-конференција обвини дека СДСМ и Венко Филипче се обидуваат преку политичка реторика да ја променат перцепцијата на јавноста за случајот со поранешниот премиер Никола Груевски. Стојчевски оцени дека реториката на СДСМ и на Венко Филипче претставува обид за „бришење на колективното паметење“ и наметнување на „удобна вистина“, нагласувајќи дека ЗНАМ нема да дозволи злоупотреба ...
„Ивана и Катја веќе ги нема и оваа пресуда и казна нема да ги вратат. Но, останува дека има пресуда за наведување на самоубиство, каде ја има најтешката последица има загуба на човечки животи“, изјави обвинителката Адела Бојчевиќ, која го застапуваше обвинението против Стојанче Јованов. Тој денеска беше осуден на единствена казна затвор од 12 години за три кривични дела: за телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, ...