Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, објави дека ЕУ воведува санкции за „главните израелски организации одговорни за поддршка на екстремистичката и насилна колонизација на Западниот Брег, како и за нивните водачи“. „Овие најтешки и најнеподносливи постапки мора веднаш да престанат“, напиша Баро на социјалната мрежа „Х“ Баро додаде дека ЕУ усвоила и санкции против „главните водачи на Хамас“. Прочитајте повеќе: „Надежта ...
Мадрид се најде на првата линија на трансатлантскиот спор меѓу американскиот претседател Трамп и неговите европски сојузници. Трамп се закани со воведување дополнителни трговски царини за Шпанија поради нејзиното одбивање да ги зголеми трошоците за одбрана на 5 отсто од бруто-домашниот производ (БДП). Тој, исто така, навести дека би можел да ги повлече американските трупи од базите во Шпанија или дури и да ја суспендира земјата од НАТО, ...
Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа четвртата седница, на која продолжи разгледувањето на препораките за унапредување на Изборниот законик, согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР и обврските предвидени во Реформската агенда. Во однос на учеството на СДСМ , било истакнато дека до Министерството за правда сѐ уште не е доставено официјално писмено известување за нивно повлекување од процесот. Во таа насока, било ...
Либерално-демократската партија (ЛДП) бара итно формирање на Комисија во рамки на Општина Ресен за проценка на штетите од измрзнувањето на овошките во Преспанскиот регион. Истакнуваат дека по нестабилните временски услови и ниските температури, земјоделците од Ресен и Преспа се соочуваат со огромни загуби на плодови и насади, од кои најмногу погодени се сливите и јаболката. Како регион чија главна стопанска гранка е земјоделството, според ...
Додик на прес-конференција рече дека очекува идниот висок претставник, кој тие ќе го предложат, да биде потврден во Советот за безбедност на Обединетите нации. „Кога ќе дадеме предлог, тогаш тој ќе биде потврден во Советот за безбедност на ОН. Ќе бараме тој мандат да се ограничи на една или две години и да се исчисти ’ѓубрето‘ од поранешните високи претставници. Со тоа се дава уште една шанса за БиХ“, рече Додик. Тој додаде дека тоа, според ...
Социо-економските студии изработени од Економскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје по повод 20 годишнината на ЕВН на македонскиот пазар ја потврдуваат значајната улога на компанијата во развојот на македонската економија и енергетскиот сектор. Според анализите, целокупната остварена добивка во изминатите 20 години останала во земјата и е реинвестирана во ...
„Ако Сотир Лукровски не може, не знае или не сака да го води Карпош да си даде оставка и да одиме на избори“, порача денеска на прес-конференција советничката од ГРОМ во Советот на Општина Карпош, Добрила Андоновска. Андоновска побара итна седница на Советот на Општината, за да се разгледа ситуацијата со градоначалникот. Според советничката, Лукровски досега двапати сакал да поднесе оставка. „Јавна тајна е дека Лукровски веќе два пати ...
Кои се „предавници“, а кои „патриоти“…Политичките тензии меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повторно се интензивираа, откако разменија остри обвинувања за уставните измени, македонскиот идентитет и европската интеграција на државата. Од ВМРО-ДПМНЕ упатија жестоки критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека е подготвен да прифати уставни измени без гаранции од европската унија и дека, како што велат, „коленичи пред бугарските барања“. ...
Претходно денеска, латвиската премиерка Евика Силиња побара негова оставка, велејќи дека антидронските системи не биле распоредени доволно брзо. За нов министер за одбрана таа го именуваше полковникот на латвиската војска, Раивис Мелнис. Латвија и Литванија во четвртокот го повикаа НАТО да ја засили противвоздушната одбрана во нивниот регион, откако двата дрона ја прелетаа руската граница и погодија складиште за нафта во Латвија. Украина ...
Борејќи се за останување на чело на државата, Стармер вети радикални промени, признавајќи дека бил премногу претпазлив соочен со две децении економска стагнација и растечки тензии во општеството. Во говорот кој само во помала мера се допре до новите политики, но беше преполн со пораки упатени до неговата Лабуристичка партија и лични напади врз противниците, тој најави изградба на поблиски односи со Европската Унија, создавање подобри можности ...
Не се само јајцата проблем на македонските пазари – многу увозни производи се декларираат како македонски, создавајќи забуна кај потрошувачите и негативно влијаејќи врз домашните земјоделци. Земјоделците укажуваат дека оваа практика одамна е присутна кај македонските трговци и супермаркети, така што многу често домашните производи се мешаат со увозни, кои, според нив, се далеку понискоквалитетни. Изминатите години имаше бројни примери за тоа. ...
Нарушувањата на пазарот предизвикани од конфликтот во Иран го поттикнаа растот на цените на енергентите, што на целиот сектор му донесе значителен профит. Нафтениот гигант „Шел“ во четвртокот извести за раст на добивката во првиот квартал од 24 отсто. Неговиот конкурент „БП“ минатиот месец исто така објави поголема заработка, додека францускиот „Тотал енержис“ извести дека нето-добивката му скокнала за 51 отсто, на 5,8 милијарди долари. ...
„Што се однесува до нашите удари со долг дострел, вчера и денес Украина се воздржа од такви акции поради отсуството на масовни руски напади. Во иднина ќе одговараме со иста мера. Ако Русија одлучи да се врати на војување со полн интензитет, нашиот одговор ќе биде итен и опиплив“, рече Зеленски во вечерното обраќање, пренесува „Киев индепендент“. Да потсетиме, американскиот претседател Доналд Трамп на 8 мај најави ненадејна размена на ...
Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, во понеделникот изрази сомнеж во врска со предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за именување на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер за посредник во војната во Украина. „Герхард Шредер беше лобист на високо ниво за руските државни претпријатија, па затоа е сосема јасно зошто Путин го посакува токму него“, изјави таа од Брисел. „Не би било премногу мудро да ѝ се даде право на ...
Екс-министерот за одбрана и поранешен специјален пратеник во НАТО, Лазар Еленовски објави дека испраќа писмо со шест точки во Владата. Еленовски потсетува дека се навршија две години од последните парламентарни избори кога народот на Македонија ја избра Владата на премиерот Христијан Мицкоски. Екс-министерот тврди дека ништо не е сменето во споредба со владеењето на претходната Влада. -Македонија продолжува да ја живее истата сива реалност ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,78% во однос на одлуката од 4.5.2026 година. Од 12.5.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: -Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,00 (денари/литар) Прочитајте повеќе: ...
Преголемо политичко ветување е пораката на ВЛЕН дека со обединување на пет политички партии во една, се завршува со старата политика и се отвора епоха на реална еднаквост на Албанците, изјави за „Локално“ аналитичарот Имер Селмни. -Тоа е преголемо политичко ветување, за да се очеква дека само со еден конгрес или со една одлкуа да се здружат партиите може да се случи тоа. Рамноправноста, внатре врз основа на етничка, социјална и политичка ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски вршат посета на инфраструктурните проекти што се реализираат на западниот дел на Коридор 8. По увидот на градежните работи на автопатот Тетово-Гостивар и Гостивар Букојчани, вицепремиерот Николоски истакна дека градежните работи се одвиваат со потребната динамика. Сите предизвици на ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини учествуваше на Belgrade Energy Forum 2026, еден од најзначајните регионални енергетски форуми, каде заедно со министри, претставници на Енергетската заедница, меѓународни институции и водечки експерти се дискутираше за енергетската безбедност, декарбонизацијата и иднината на енергетскиот сектор во регионот. На панелот посветен на енергетската транзиција и регионалната соработка, ...
„Многу е интересно како партиите го менуваат наративот во зависност од тоа дали се во опозиција или на власт. Кога се во опозиција – институциите не чинат, кога се на власт- народот не чини“, вели советничката на Левица во Советот на Град Скопје, Катерина Јовановска за ситуацијата со градската чистота пред летните месеци. Јовановска иронично коментира: „Народот фрла ѓубре, затоа е нечисто, не е дека институциите не си ја вршат работата?!“ и ...
Социјалдемократски сојуз на Македонија денеска преку прес-конференција на портпаролката и членка на Извршниот одбор, Богданка Кузеска порача дека вметнувањето на малцинствата во Уставот не го загрозува македонскиот идентитет, туку го зајакнува и ја отвора државата кон членство во Европска Унија. Кузеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски „продолжуваат да лажат“ дека уставните измени претставуваат закана за македонскиот ...
Општина Аеродром потсетува дека изминатите денови, при вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче во општината, на локацијата викана „Купишта“, затекнат е камион кој незаконски одлагал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад. Од страна на општинскиот инспекторат е издаден прекршочен платен налог за правното лице, согласно член 130 од Законот. За сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра во денарска ...
Апелацискиот суд во Скопје денеска треба да ги разгледа жалбите на првостепената пресуда за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Случајот влегува во второстепена постапка по жалбите поднесени од одбраната и од Основното јавно обвинителство. Одбраната бара укинување на пресудата и повторување на постапката. Во тек е јавна седница во Судот по нивните поднесени жалби. Адвокатот на еден од ...
Обжалена е пресудата на Велибор Манев, Влатко Кешишев, Љупчо Палевски и Боре Видоевски, кои се осудени за грабнување и убиство на детето Вања Ѓорчевска и за убиството на Панче Жежовски. Обвинетите ја обжалија пресудата и бараат ново судење. Во тек е јавната седница во Апелацискиот суд. Сите обвинети бараат ново судење за погрешно утврдена фактичка состојба и повреда на Кривичниот законик. Јавното обвинителство се жали на ослободителната ...
Ханф откри датотека од четири гигабајти под името „weights.bin“ во директориумот „OptGuideOnDeviceModel“. Станува збор за датотека која содржи „тежини“ – научени параметри кои му овозможуваат на AI моделот да ја процени важноста на различните податоци. Конкретно, се работи за моделот на „Гугл“ со вештачка интелигенција „Gemini Nano“, дизајниран да работи директно на уредот на корисникот наместо во облак (cloud). „Chrome не побара дозвола. Не ...
За својата одлука тој го известил Управниот одбор на Советот за спроведување на мирот (PIC) и побарал да започне процесот за именување на негов наследник. „Тој нагласи дека ќе продолжи да ја извршува должноста висок претставник во текот на процесот на избор на неговиот наследник. Осврнувајќи се на својот мандат, вториот најдолг мандат на еден висок претставник, тој истакна дека е остварен значителен напредок во подобрувањето на ...
Случај на наводно физичко малтретирање на малолетници се истражува во Охрид, по пријава поднесена до СВР. Според пријавеното, во саботата околу 17 часот децата биле фатени во обид да украдат чоколадно млеко. „На 09.05.2026 во 23:00 часот во СВР Охрид, лица на (45), (45) и (35), сите од Охрид, пријавија дека околу 17:00 часот нивните малолетните деца извршиле кражба на чоколадно млеко од маркет во Охрид, по што сопственикот на маркетот и едно ...
Техеран го испрати својот одговор преку Пакистан, кој служеше како посредник меѓу двете страни, барајќи итен прекин на судирите и гаранции дека нема да има натамошни американско-израелски напади врз Иран, пренесува иранската полуслужбена новинска агенција „Tasnim“. Меѓународната референтна цена на нафтата „Brent“ порасна за 3,8% на 105,20 долари (77,36 фунти) по барел, додека американската сирова нафта поскапе за 4% на 99,30 долари. Клучниот ...
Левица тврди дека индикатори за сиромаштија покажуваат дека 21,9% од граѓаните во Македонија живеат под прагот на сиромаштија, со највисок ризик кај самохраните родители и децата. Според партијата, овие податоци не се само социјален аларм туку и јасен показател за неуспехот на економските политики во државата. -Кога секој петти граѓанин не може да обезбеди основен животен стандард, а кај семејствата со три и повеќе деца сиромаштијата ...
„Штотуку го осигуравме ослободувањето на тројца полски и двајца молдавски затвореници од белорускиот и рускиот притвор“, напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“, припишувајќи му ги заслугите на својот пратеник Џон Коул. Трамп исто така му се заблагодари на белорускиот лидер Александар Лукашенко за „соработката и пријателството“. Еден од ослободените е истакнатиот полски новинар Анджеј Почобут (53), чие ослободување од затвор во ...