Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
„Јас сум меѓу оние кои најмногу претрпеа и трпат штети од пропагандата која тврдеше дека Договорот е поразителен за македонскиот јазик и идентитет. Ако се водам од логиката на евтината, популистичка и празна македонска политика, денеска би требало да ликувам, да се ситам и да напаѓам“, вели екс-министерот за надворешни работи и претседател на „Солуција“, Никола Димитров за вчерашната изјава на шефицата на државата, Гордана Сиљановска-Давкова ...
Лав, кој во изминатите недели го предизвика гневот на Трамп откако ја критикуваше војната во Иран, пред студентите во Рим изјави дека повторното вооружување не треба да се нарекува „издатоци за одбрана“, додавајќи дека светот е „осакатен од војни“. „Да не го нарекуваме ‘одбрана’ повторното вооружување кое ги зголемува тензиите и несигурноста, ги осиромашува вложувањата во образованието и здравството, ја предава довербата во дипломатијата и ги ...
„Моето мислење е дека пред сè се работи за детално испланиран геополитички инженеринг. Контурите на оваа завршница беа дефинирани уште во август 2025 година, за време на средбата меѓу Путин и Трамп во Енкориџ, Алјаска. Тој самит воспостави нова динамика на „големата шаховска табла“. На терен, војната веќе подолго време е во тактички паритет – ситуација која теоријата на меѓународните односи ја дефинира како „болна пасивност“. Сепак, Русија ...
Случајот со деветте пациенти не може да се сведе на едноставна квалификација дека биле изведувани „непотребни операции“. Според изјавата на министерот, Азир Алиу произлегува дека странските експерти укажале на сосема поинаков и поспецифичен проблем, сомнителни наоди во текот на дијагностичката евалуација. Со други зборови, спорот не е во самиот оперативен зафат како изолирана медицинска постапка, туку во она што му претходело: ...
БИРН Србија во својата истрага документираше дека „системот во август дозволи неприфатливо насилство врз сопствените граѓани, малолетници и демонстранти на улиците во Србија“, напишаа Европските демократи на мрежата „X“. Тоа истражување не е само „ригорозно новинарство, туку и обвинение за системот“, оцени Европската демократска партија. Тие укажаа дека „во секоја демократија, полициската бруталност мора да биде истражена и казната, а не ...
Јапонскиот производител на автомобили пријави загуба од 423,9 милијарди јени, односно 2,7 милијарди долари, за фискалната година што заврши во март. Компанијата процени дека загубите поврзани со работењето во секторот за електрични возила вкупно ќе достигнат 2,5 трилиони јени (16 милијарди долари), главно во штотуку завршената и во тековната фискална година. Од „Хонда“ признаа дека побарувачката за електрични возила ослабнала, поради што ...
Оставка од Државниот јавен обвинител Ненад Савески денес побара опозициската СДСМ, по вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека телефонски разговарал обвинителот и дека го прашал за запирањето на истрагата за наводни незаконски јавни набавки на мазут за ТЕЦ Неготино. -Нема правда, има контролирано судство и обвинителство, контролирани лично од Мицкоски. Обвинителот Ненад Савески после овој скандал треба да си даде оставка. Поради ...
Граѓанските организации обединети под името „Мрежа за заштита од дискриминација“ најостро го осудуваат новиот фемицид што утринава се случи во Битола, каде 31-годишна жена беше убиена од нејзиниот сопруг со нож. Според информациите на МВР, сторителот ја нападнал жената со која не живееле заедно, а таа починала на лице место од здобиените повреди. Од невладините велат дека ова не е изолиран случај туку уште еден аларм дека Македонија станува ...
„ВМРО ги доби изборите со лажна теза дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и сите ние сме предавници на македонскиот идентитет. Дека Преспанскиот договор е предавство. Дека ќе го поништат договорот. Дека ќе го вратат старото име и дека никогаш нема да кажат „Северна Македонија“. Гордана Силјановска изјавуваше дека никогаш нема да изговори „Северна Македонија“. Христијан Мицкоски велеше дека додека е тој во ВМРО, Преспанскиот договор ...
Управата за јавни приходи (УЈП) денеска информираше дека започна исплатата на средствата за повратот на дел од ДДВ за првото тримесечје од 2026 година. Како што соопштуваат од Управата, процесот се одвива етапно, а средствата се префрлаат на сметките на граѓаните веднаш по обработката на налозите. Според официјалните податоци, овој квартал кон 528.447 корисници ќе бидат исплатени вкупно 836 милиони денари. Кај 4.968 корисници е утврден ...
Цената на нафтата „брент“ се движеше на ниво од 106 долари за барел, а американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) на околу 101 долар за барел, пренесува „Трејдинг економикс“. Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) соопшти дека забележаните залихи на нафта паднале за околу четири милиони барели дневно во март и април. Од друга страна, Саудиска Арабија ја извести Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК+) дека ...
Петгодишно дете се здобило со повреди откако вчера паднало од балкон на семејна куќа во Гостивар. Инцидентот бил пријавен во ОВР Гостивар од страна на вработени во Ургентниот центар во 19:00 часот. – Детето по укажаната прва помош е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување, информираа од МВР. Прочитајте повеќе: Увид на местото извршила полициска екипа од Гостивар. Петгодишно дете се здобило со ...
Министерот за здравство Азир Алиу ги објави резултатите од странската комисија која ги анализираше сомнежите за можни непотребни кардиолошки и кардиохируршки интервенции во приватни болници, направени со цел да профитираат. -Од вкупно анализирани 13 предмети поврзани со сомнежи за непотребно извршени кардиохируршки операции или непотребно упатени за операција, странската комисија кај девет случаи утврдила сомнителни наоди во текот на ...
Јавното обвинителство од Куманово ја прошири истрагата за серискиот убиец од Старо Нагоричане, и за него сега се води истрага за шест кривични дела, од кои четири се убиства, а две се обиди за убиства. Ова денес на брифинг со новинарите го изјави обвинителот Љубомир Лапе, кој рече дека решиле да ја прошират истрагата по добиените нови докази. Истрагата се води за 25 годишен Т.Б., жител на кумановсото село Млатино. Според обвинителот Лапе, ...
Јавното претпријатие Комунална хигиена-Скопје денеска информираше дека во рамки на акцијата „Генералка викенд“ биле транспортирани 200 кубни метри отпад на територијата на Скопје. „И оваа година, ЈП Комунална хигиена-Скопје зема активно учество во масовната акција за чистење „Генералка викенд“, што се одржа на 8 мај. Акцијата започна на Кејот на реката Вардар, опфаќајќи ги двете страни на речното корито, при што стотици учесници во акцијата ...
Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, изјави дека ширењето на војната во Украина на Медитеранот „нема да се толерира“, откако кај островот Лефкада во Јонското Море беше пронајден, како што се сомничи, украински поморски дрон. Герапетритис, по разговорите во Атина со својот хрватски колега Гордан Грлиќ Радман, изјави дека Медитеранот мора да остане „зона на мирот“ и без воени операции, пренесе „Катимерини“. „Нема да ...
Стабилна е состојбата на ученикот кој беше избоден со нож во училиштето „25 Мај“ во Ченто, при што му беше нанесена тешка повреда на црниот дроб, вели директорот на директорот на Ургентниот центар во Скопје, д-р Игор Мерџаноски. Напаѓачот бил поранешен ученик во ова училиште, а сега во прва година средно. Во училишниот двор успеал да влезе со изговор дека треба да ја земе помалата сестра. Тој и неговиот татко се приведени и се води судска ...
Судот исто така одреди кауција во износ од 140 милиони гривни (околу 3,19 милиони долари), врз основа на која Јермак, кој ги негира обвиненијата, би бил пуштен на слобода додека ја чека пресудата. „Немам толку пари, а мојот адвокат сега ќе соработува со пријатели и познаници (за прибирање средства за кауцијата)“, им изјави Јермак на новинарите по одлуката на судот. „Мојот правен тим ќе поднесе жалба. Ќе го искористиме секое правно средство ...
На 13.05.2026 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.Х. (22) и М.И. (22) од с.Сарај, скопско, постапувајќи по пријава од А.С. на 12.05.2026 дека пред теретана во Скопје му бил одземен велосипед. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници, сторителите се идентификувани и приведени во полициска станица, а велосипедот е вратен на сопственикот. По документирање на ...
Повисоките цени на авионските билети во Европа се „неизбежни“ поради растот на трошоците за млазно гориво, предупреди генералниот директор на Меѓународното здружение за воздушен сообраќај (ИАТА), Вили Волш. Волш во интервју за Би-би-си изјави дека авиокомпаниите не можат долгорочно да ги апсорбираат зголемените трошоци за гориво, иако некои европски компании во последно време ги намалуваа цените на билетите поради послабата побарувачка, ...
„Инстантс“ е претставен како „нов начин на споделување на моментот преку спонтани, нефилтрирани фотографии“, кои корисниците им ги испраќаат на своите пријатели. Овие фотографии се краткотрајни за оние што ги примаат, но се чуваат во архивата на корисникот до една година и можат повторно да се споделат како преглед во „Stories“. Пријателите на корисникот можат да реагираат и да одговорат, а одговорите одат директно во неговите директни ...
Началникот на воената управа на Киев, Тимур Ткаченко, изјави дека дел од станбена зграда се урнал во источната градска четврт Дарницки и дека е можно под урнатините да има затрупани луѓе. „Има луѓе под урнатините“, напиша Ткаченко на Телеграм, додавајќи дека итните служби се на пат кон местото на настанот. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, извести за штети во повеќе делови на градот, вклучувајќи ги и северните предградија, каде ...
Нов случај на фемицид во Македонија, овојпат во Битола. Како што информира полицијата, 31-годишна жена е убиена од нејзиниот 34-годишен сопруг кој е лишен од слобода. -Денеска (14.05.2026), полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р.(33) од Битола. Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото. ...
Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ информира дека деновиве жители на Пештани им приложиле фотографиите во прилог „со цел да постигнат правно решавање на случајот и постапување по издадено решение без да се штитат поединци.“ Се работи за објектот на хотелот „Десарет“. -Хотелот е во сопственост на АД „Охридтурист“, но е даден под закуп на поранешниот пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на СДСМ, Лазе Таневски. Причината ...
Студентите Албанци повторно ќе протестираат во понеделник, 18 мај, незадоволни што не им е дозволено да полагаат правосуден испит на албански јазик. Како што е наведено на Фејсбук страницата „Албански студенти“, протестот ќе започне на Камениот Мост во Скопјe во понеделник во 16:30 часот. „Не пропуштајте, излезете и бранете го вашиот јазик“, се вели во соопштението. Студентите протестираа со истото барање на 6 април пред Министерството за ...
Не е утврдена поврзаност на лажните дојави за бомби што кон крајот на минатиот и почетокот на овој месец беа пријавени во трговски центри во Скопје со дојавите за лажни бомби што кон крајот на минатиот месец бе забележани во повеќе училишта во Хрватска, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, изјавија за „Локално“ од Министерството за внатрешни работи. Според досега објавеното за лажните дојави во балканските земји, за кои постоеше сомнеж ...
Копретседателот на ВЛЕН, Биљал Касами синоќа повторил дека најновата политичка партија е производ на понова политичка реалност во Македонија. Со Конгресот на партијата, рече тој, се појави ситуација каде што Албанците бараат единство и обединување на опозицискиот глас, откако беше покрената иницијатива за обединување на ВЛЕН. „Сега гледаме колку беше потребно или итно ВЛЕН да се обедини и да биде таму каде што сме. Гледаме дека ВЛЕН како ...
Повеќе од 1.700 луѓе се затворени на крузер закотвен во француското пристаниште Бордо по смртта на британски патник и појавата на гастроинтестинални проблеми, објавија здравствените власти во средата. Меѓу 1.233-та патници на бродот „Амбишн“, со кој управува компанијата „Амбасадор круз лајн“, кај педесетина се појавиле „симптоми кои се во согласност со акутна дигестивна инфекција“, според префектурата и Регионалната здравствена агенција ...
Некои од најпознатите американски деловни лидери, кои се дел од делегацијата во Пекинг, беа видени како ја напуштаат Големата сала на народот додека траеше билатералниот состанок меѓу Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг. Притоа, тие ги споделија првите впечатоци од утринските средби со новинарите. Илон Маск, милијардерот и прв човек на „Тесла“ и „Спејс икс“, кој кратко време беше и советник на Доналд Трамп, на прашањето како поминале ...
Бизнисменот и екс-градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски вели дека додека бил на функцијата во градот, имал изработено проект за трамвај од Лисиче до Центар и назад, со утврдена траса и депо за 48 композиции. Обвинува дека откако неговиот наследник Коце Трајановски дојде на функцијата, проектот го снема. -Тој проект во тие времиња чинеше 1,5 милион евра, а денеска ќе го чини минимум 15 милиони. Јас како градоначалник оставив 8 милиони ...