Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
На 11.05.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ф.Д. (27) од Скопје затоа што на 11.05.2026 околу 16:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, од патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки во движење пукал во воздух со сигнален пиштол. Со Ф.Д. е извршен службен разговор и од него е одземен сигнален пиштол со една рамка во која имало 11 парчиња муниција за сигнален пиштол со калибар 9 мм, за кој не ...
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска обвини дека економските политики на Владата не даваат резултати, а граѓаните се соочуваат со сè поголеми ценовни шокови, раст на сиромаштијата и отсуство на конкретни мерки за заштита на животниот стандард. „Постојано цените растат и пред да биде криза и сега кога сме во криза некои производи двократно, трократно, десеткратно се поскапени. Денес да направите една шопска салата, што некогаш било евтина ...
На Народниот правобранител тоа му е работа да критикува, моето чувство е такво, изјави за „Локално“ Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкции, на прашањето што прават за подобрување на состојбата во казнено-поправните домови, за што редовно во извештаите од Народниот правобранител има забелешки и препораки што да преземат. -Дека има подобрување во затворите има, и секој кој побарал да влезе и можел да влезе и да види. ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук сподели дека главниот град го бележи најдобриот прв квартал во историјата, како и убедливо најдобра реализација на капитални инвестиции. „И покрај затекнатиот хаос, наследените долгови, нефункционалните системи, парализираните јавни претпријатија и град кој со години беше оставен без вистинско водство, успеавме за краток период да го исправиме Скопје на нозе. Денес, со гордост ...
Иако многумина во Европа ја гледаат политиката на американскиот претседател Доналд Трамп како закана за НАТО, министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски изјави дека Алијансата никогаш не била посилна отколку под негово водство. Коментарите на американскиот претседател и неговите критики кон европските сојузници покренаа прашања за посветеноста на САД кон Алијансата, пишува „Euronews“. Сепак, министерот за надворешни работи, Тимчо ...
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски вчера говореше за него. „Денес никој не може да се сокрие. Можете да бегате, можете тоа некое време да го одложувате, но на крајот останувате без избор“, порача тој. Полските обвинители истражуваат како Зјобро, клучна фигура на поранешната националистичко-конзервативна влада, успеал да ја напушти Унгарија и да влезе во САД на денот на инаугурацијата на новиот унгарски премиер Петер ...
Владата во соработка со „Авалон продукција“ ќе го организира централниот настан за 8 Септември – 35 години од независноста на Македонија. Најавуваат повеќе настани од 8 август до 8 септември, а на последниот ден, на арената „Тодор Проески“, ќе гостува познатиот светски диџеј Дејвид Гета. -Ова е од една до две класи повеќе од секаде каде што сме работеле претходно. Ако е бал, нека е маскенбал. Ова досега е невидено во светски рамки и баш се ...
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, изјави дека Европската Унија подготвува нови прописи насочени кон деловните модели на социјалните мрежи, со цел да ги заштити децата и младите од штетни содржини и механизми кои создаваат зависност. Говорејќи во Копенхаген, Фон дер Лајен оцени дека негативните ефекти на социјалните мрежи врз младите не се случајни, туку се последица на моделите кои „вниманието на децата го ...
Не престануваат реакциите откако беше објавено дека градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски е боледување, а ингеренциите се префрлени на советникот во општинскиот Совет, Неделчо Крстевски. Од Општина Карпош во петокот соопштија дека Лукровски не поднел оставка туку е на боледување, откако дел од медиумите и јавноста порачаа дека локалната власт веќе извесен период е во целосен застој и дека не потпишува никакви документи. Најгласен ...
На 11.05.2026 во 18:05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Градско, товарно возило „сканија“ со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(45) од Кавадарци, удрило во пешакот К.Ѓ.(89) од општина Росоман. Од здобиените повреди на местото на настанот починал пешакот, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина на обдукција. ...
ВМРО-ДПМНЕ јасно и недвосмислено го осудува говорот на министерката за надворешни работи на Бугарија, Весислава Петрова Чамова, во кој вели „северномакедонски“, потенцираат во соопштение од владејачката партија. „Во контекст на изјавата, министерката Петрова Чамова, го искористи поимот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ, а тоа е неточно и несоодветно. Во Македонија живеат Македонци, Албанци, Срби, Турци, Власи, Роми, ...
Во март, Стармер објави дека британските вооружени сили ќе реагираат доколку забележат минување на руски бродови кои се под санкции. Меѓутоа, „Би-би-си Верифај“ оттогаш идентификуваше 184 санкционирани бродови кои оствариле 238 патувања низ британските води, а владата јавно не изјави ниту понуди докази дека кој било од нив бил пресретнат. Министерството за одбрана тврди дека ги попречува и ги одвраќа бродовите од скриената флота, без да ...
Норвешка повторно покажа колку е далеку пред остатокот од Европа кога станува збор за електричните автомобили. Во април 2026 година таму биле регистрирани 11.103 нови автомобили, а дури 10.952 биле целосно електрични. Со други зборови, електричните модели зазеле 98,6 проценти од пазарот. Тоа веќе не е само тренд, туку речиси целосно нова реалност на норвешкиот пазар. Додека во многу европски земји сè уште се расправа за субвенциите, ...
Во заедничка акција на Македонската полиција и Министерството за внатрешни работи на Србија, во Скопје е уапсен српскиот државјанин С.М.(42) под сомнение дека планирал да изврши тешки кривични дела, соопшти Српската полиција. Како што е наведено, при претресот на станот и другите простории што ги користел во Скопје, полицијата пронашла лична карта на друго лице издадена од Република Србија, црна тактичка униформа, воен нож, мала количина ...
По спроведена едногодишна истражна постапка, предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за запирање на истрагата во предметот поврзан со набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино. Од прибраните докази не се утврди дека осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаа на товар, ниту е утврдено постоење на друго кривично дело што се гони по службена ...
„Тие ги имаат најголемите светски залихи на храна и ѓубрива“, изјави тој. Неговите коментари доаѓаат во моментот кога нациите ширум светот се борат да обезбедат залихи на ѓубрива пред пролетната сеидба, додека затворањето на Ормускиот теснец сериозно ги нарушува испораките. Кина од март го запре извозот на неколку видови ѓубрива, наведувајќи ја како причина потребата од заштита на домашните залихи. Ова следуваше по ограничувањата што ...
17-годишна девојка е тешко повредена откако паднала во отвор за лифт во зграда која била во изградба. – На 10.05.2026 во 04:00 часот во СВР Скопје, Т.К.(47) од Скопје пријави дека на подрачјето на Центар, нејзината 17-годишна ќерка паднала во отвор за лифт во зграда во изградба и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од полицијата. Се преземаат мерки за ...
Американските претставници настојуваат да отворат три нови бази на југот на таа територија, полуавтономен дел на Данска, додека работат на решавање на дипломатската криза што ја предизвика американскиот претседател Доналд Трамп кога се закани дека со сила ќе го анектира Гренланд. Тrump во јануари изјави дека САД треба да го „поседуваат“ Гренланд за да ги спречат Русија или Кина да го заземат. Тој рече дека тоа може да се случи на полесниот ...
Стратешките и државни и интереси се определени уште од независноста и тие се одраз на волјата на граѓаните, кои се носители на суверенитетот, до ден денес – евроатлантска интеграција и членство во ЕУ, после членството во НАТО. Неодамна државниот архив, го објави оригиналниот документ на „Декларацијата за меѓународното признавање на Република Македонија како суверена и независна држава” од 17 декември 1991 година во која, меѓу другото “… ги ...
Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски синоќа даде појаснување во однос на неговата нова бугарска колешка, Велислава Петрова. Муцунски појаснува дека немале официјална билатерална средба туку, како што вели, кратка размена на зборови на маргините на настан, во присуство на повеќе колеги. -Ако едноминутен разговор се нарекува „средба“, тогаш денес навистина имавме многу „средби“. Воедно, би сакал да потсетам дека користењето на ...
Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска во телевизиско гостување ја обвини власта дека наместо со реформи и решенија на проблемите во економијата, се занимава со лажен пиар, клевети на опозицијата и манипулации. „Освен со лаги и манипулации, со друго ништо ВМРО не се занимава како политичка партија. Не испорачуваат никакви реформи во државата, она што го очекуваат граѓаните, ништо“, потенцираше Тренчевска. Тренчевска посочи дека ...
Првата работна посета на премиерот Румен Радев во странство ќе биде во Берлин, обелоденила новата министерка за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова пред бугарските новинари во Брисел на маргините на вчерашната средба со нејзините колеги од ЕУ. Како што пренесуваат бугарските медиуми, таа притоа објавила дека вчера разговарала со својот колега од Македонија, Тимчо Муцунски. -Имавме добра прва средба. Бугарија има јасно утврден ...
„Многу често домати и краставици кои се увезуваат од Албанија, Турција или Грција на пазарите се продаваат како домашни“, изјави Ристо Велков, претседател на Сојуз на земјоделци од Струмица, за многу увозни производи кои се декларираат како македонски, создавајќи забуна кај потрошувачите и негативно влијаејќи врз домашните земјоделци. Велков порачува дека проблемот е што веќе немаме доволно домашно производство – нема тетовски грав, нема ...
„Жално и срамно е се некој однадвор да посредува за воспостапување на нормален цивилизиран дијалог меѓу власт и опозиција во една европска држава,која се фали дека заслужила да биде членка на ЕУ“, вели политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски на повиците за обединување на партиите, со цел државните и стратешки интереси, иако кај тоа е добро познат став кој се појавува постојано во овие 35 години независност, а никако да се покаже на дело. ...
Синдикатот не ги штити и не може да ги штити неработниците, нив ги штитат директорите на инсттуциите, кои пак ги поставува министерот за култура, изјави за „Локално“ Вера Атанасовска, претседател на Синдикатот на култура на Македонија (СКРМ). Министерот за култура Зоран Љутков викендов изјави дека колективниот договор за вработените во култура, за кој треба да одлучува Уставниот суд, е истечен пред четири години дека плати во културата се ...
Не гледам ништо ново, ниту понуда која ќе го подбри животот на граѓаните, вака аналитичарот Мерсел Биљали ја коментира пораката на ВЛЕН дека со обединувањето на петте партии во една завршува старата политика и почнува епоха каде Албанците и реално ќе имаат еднакви права. -Ништо ново, тоа се програми видени веќе триесет, четириесет години. Перманентно се разговара за еден гнев, колективвен гнев против политичкиот ривал. Не гледам понуда, како ...
Тој истакнува и дека компанијата, и покрај проблемите, има јасна цел. „Нашата цел е едноставна: да го одржиме протокот на енергија, дури и кога системот е под оптоварување“, рече Амин Насер за „Ројтерс“ во соопштението откако „Арамко“ пријави пораст на нето-добивката од 25 отсто во првиот квартал. Глобалните залихи на енергија се нагло намалени поради иранската блокада на Ормускиот Теснец, која го ограничи поморскиот сообраќај и ги зголеми ...
Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, објави дека ЕУ воведува санкции за „главните израелски организации одговорни за поддршка на екстремистичката и насилна колонизација на Западниот Брег, како и за нивните водачи“. „Овие најтешки и најнеподносливи постапки мора веднаш да престанат“, напиша Баро на социјалната мрежа „Х“ Баро додаде дека ЕУ усвоила и санкции против „главните водачи на Хамас“. Прочитајте повеќе: „Надежта ...
Мадрид се најде на првата линија на трансатлантскиот спор меѓу американскиот претседател Трамп и неговите европски сојузници. Трамп се закани со воведување дополнителни трговски царини за Шпанија поради нејзиното одбивање да ги зголеми трошоците за одбрана на 5 отсто од бруто-домашниот производ (БДП). Тој, исто така, навести дека би можел да ги повлече американските трупи од базите во Шпанија или дури и да ја суспендира земјата од НАТО, ...
Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа четвртата седница, на која продолжи разгледувањето на препораките за унапредување на Изборниот законик, согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР и обврските предвидени во Реформската агенда. Во однос на учеството на СДСМ , било истакнато дека до Министерството за правда сѐ уште не е доставено официјално писмено известување за нивно повлекување од процесот. Во таа насока, било ...