„Се согласија дека сакаат да купуваат нафта од САД; ќе одат во Тексас, ќе почнеме да праќаме кинески бродови во Тексас, Луизијана и Алјаска“, рече Трамп во интервјуто водено по состанокот со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг во четвртокот. Кина исто така се согласи да помогне во преговорите со Иран и да не му испорачува воена опрема на Техеран, рече Трамп, додавајќи дека кинескиот лидер би сакал да го види Ормускиот теснец отворен и ...

Вчера предметен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица кои како соизвршители сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание. Осомничените во периодот од месец јануари 2023 година до 2025 година, заедно, со умисла искористувајќи ја својата службена положба, реално и претпоставено влијание како Претседател и Судски администратор, барале и примиле парична награда во износ ...

Најновите проекции на организацијата, соопштени во април, предвидуваа глобален раст ограничен на 3,1 отсто оваа година поради судирите и блокадата на енергетските текови во Персискиот Залив. ММФ предупреди дека глобалната економија ризикува да се лизне кон „полошо“ сценарио доколку војната продолжи, пренесува „Бета“. Портпаролката на организацијата, Џули Козак, во четвртокот на редовната конференција за новинари изјави дека навистина се оди ...

„Спасувачите ја продолжуваат деноноќната потрага по луѓе во разурнатата зграда во областа Дарницки“, беше објавено преку Телеграм. Претходно беше соопштено дека загинале 16 лица. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го прогласи петок, 15 мај, за национален ден на жалост во знак на сеќавање на жртвите од големиот руски напад врз главниот град. Прочитајте повеќе: Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во нападот биле ...

„Лично познавајќи го премиерот, сигурен сум дека никогаш не би влегол во рамки на одредени комуникации кои ни оддалеку би биле незаконити, а камоли во насока да влијае на било кој обвинител, конкретно како да постапува. Никогаш тоа не би го сторил нашиот премиер кој што го имаме“, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за телефонскиот разговор меѓу премиерот Христијан Мицкоски и државниот јавен обвинител Ненад Савески. Првиот ...

„Политико“: Хегсет го изненади Пентагон со повлекувањето на американските трупи од ПолскаОдлуката на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет во последен момент да го откаже распоредувањето на 4.000 војници во Полска ги изненади вработените во Пентагон и европските сојузници, а не е јасно зошто Хегсет ја издал наредбата, соопштија тројца официјални претставници на одбраната кои се запознаени со ситуацијата. Одлуката предизвика уште ...

Во реакцијата на министерството е наведено дека Вучиќ продолжува со реториката која не придонесува за добрите односи. „Со жалење констатираме дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и по повод одбележувањето на јубилејот од обновата на црногорската независност, продолжува со реториката која не придонесува за добрососедските односи и меѓусебното почитување на две меѓународно признати држави. Црна Гора на 21 мај 2006 година, со слободна ...

Полицијата уапси старец кој нападнал малолетничка во парк во Ѓорче Петров. – На 13.05.2026 во 13:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 86-годишниот Д.Т. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:15 часот во парк на подрачјето на Ѓорче Петров се однесувал непристојно кон 15-годишна малолетничка и барал да го допира по телото, информираа од полицијата. По целосно документирање на случајот ...

Меѓународниот секретар на СДСМ, Андреј Жерновски потенцира дека со влезот на бугарската заедница во македонскиот Устав, ќе се растури целата теза дека „сме еден народ, а две држави“. -Сега ние за што зборуваме за влез во ЕУ, кога имаме премиер кој му се јавува на јавниот обвинител. Или не разбирате или манипулирате? Влезот на бугарското малцинство во Уставот е билатерален спор или услов со ЕУ. Го заштитивме идентитетот. Кои сте тоа вие кои го ...

Во објава на социјалната мрежа „X“, Педро Санчез изјави дека е горд на ѕвездата на Барселона поради неговиот чин за време на прославата. „Оние кои сметаат дека веењето на државно знаме е ’поттикнување омраза‘, или го изгубиле разумот или се заслепени од сопствениот срам“, изјави Санчез. Тој порача и дека Јамал испратил порака која му е позната на целиот свет и дека во тоа нема ништо спорно. Прочитајте повеќе: „Ламин едноставно изрази ...

Во вчерашната телевизиска дебата на „24 анализа“, пратеничката Дафина Стојаноска порача нејзината партија ВМРО-ДПМНЕ и понатаму е патриотска и дека „се уште се патриоти“. Запрашана од меѓународниот секретар на СДСМ, Андреј Жерновски кога ќе го вратат старото уставно име на државата, Стојаноска рече: -Не кажуваме ние временска дистанца. Се додека вие постоите, тоа вас ќе ве пече и ќе ви остане во досие, во историја на Македонија дека ги ...

Во последниве години, цените на станбениот квадрат во државата бележат континуиран и забрзан раст, што сериозно ја доведува во прашање достапноста на становите за голем дел од граѓаните. Особено загрижува фактот што младите сè потешко можат да си дозволат сопствен дом, додека побарувачката расте побрзо од понудата. Во вакви услови се отвора дебата за улогата на државата во регулирањето на пазарот на недвижности. Се поставува прашањето дали е ...

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски објави дека службените обврски ги извршува со сопствено возило, а трошоците за гориво и патувања ги покрива лично, нагласувајќи дека градската власт треба домаќински да располага со парите на граѓаните. Во објава на социјалните мрежи, Ѓорѓиевски порача дека функцијата „прв човек на градот“ не е привилегија, туку голема одговорност кон граѓаните. „Да се биде прв човек на градот е чест, но уште ...

Амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас вчера порача дека Македонија бележи забрзување на процесот на реформи во споредба со минатогодишниот Извештај. Тој додаде дека искрено очекува дека овогодинешниот извештај ќе може да покаже дека е постигнат напредок и дека ќе има резултати. Според Рокас, подготовката на Извештајот е во тек и треба да биде финализирана во септември, а крајот на јуни е крајниот рок за чекорите и мерките што ...

По завршување на војната во Украина, професорот по безбедност Александар Иванов смета дека последиците по Русија ќе бидат структурни. Прво, како што вели, руското општество ќе се соочи со масовно ПТСН (Post-traumatic stress disorder) кај милиони ветерани, што според социолошките истражувања е секогаш „мултипликатор на социјални ризици“ и криминал. -Второ, економскиот пресврт кон Азија е проблематичен. Извештаите на Меѓународната агенција за ...

„Родителите сега повеќе се под притсок да заработат пари за да можат да си дозволат повеќе од тоа што се нуди околу нас. Децата малку време се во близина на своите родители и влијанието е помало. Системот, пак, нема доволно ефикасни мерки посебно во областа на интервенција“, вели психолог и психотерапевт под супервизија, Елена Кабранова за зачестените насилства во училиштата. Според неа, недостигаат центри, организации и институции кои ќе се ...

Во однос реакцијата на премиерот, исто толку е проблематична. Извршната власт нема што да коментира конкретни обвинителски предмети. Тоа е притисок, без разлика како ќе го спакувате, вели Мартин Тасевски, магистер по казнено право и истражувач за владеење на правото за разговорот меѓу премиерот Христијан Мицкоски и државниот јавен обвинител Ненад Савески за одлуката на ОЈО ГОКК за запирање на постапката за набавката на мазут. Додава дека ако ...

Од Министерството за локална самоуправа за „Локално“ изјавија дека до овој момент кај нив не е пристигнато известување од Општина Карпош за оставка поднесена од градоначалникот Сотир Лукровски. Од Министерството појаснуваат дека бидејќи немаат добиено известување од Општината за оставка на градоначалникот, такво известување не пратиле ниту до Владата, ниту имаат основ за понатамошно постапување. На прашањето дали е испочитувана постапката за ...

СДСМ останува на одлуката да не учествува во работата на работната група за подготовка на Изборниот законик, откако Министерството за правда одлучи работната група да продолжи со подготовка на новите законски одредби без опозицијата. -Остануваме на таа одлука. Премиерот и целата Влада непринципиелно постапуваат во целиот изминат период, изјави Александар Саша Димитрјевиќ, генерален секретар на СДСМ. Премиерот Христијан Мицкоски пред една ...

Лекари од Општата болница Куманово добија кривична пријава за несовесно вршење на службата, за случајот со жртви на серискиот убиец Т.Б од село Драгоманце во Општина Старо Нагоричане. Лекарите кои како мртвопроверители биле повикани за дел од жртвите, на 25 годишниот овчар од кумановско кој се сомничи за убиство на четри жени и обид за убиство на две жени, констатирале дека тие починале од природна смрт . Министерството за внатрешни работи ...

Станува збор за важен чекор за „Clarity Act“, предлог-закон кој треба појасно да ги дефинира надлежностите на регулаторите над криптосекторот, но кој со месеци беше блокиран поради судирот меѓу криптоиндустријата и банките. Постапката во комитетот вклучува расправа, можни амандмани и гласање за тоа дали предлог-законот ќе биде испратен понатаму во процедура. Исходот ќе покаже дали законот има реални шанси да ги добие најмалку седумте гласови ...

„Поднесувам оставка, но не се откажувам“, рече Силиња во телевизиското обраќање до јавноста. Оваа политичарка од десниот центар ќе се повлече само неколку месеци пред редовните парламентарни избори планирани за октомври, пишува „Ројтерс“. Латвискиот претседател Едгарс Ринкевичс, кој според уставот е задолжен за именување мандатар на владата, в петок ќе се состане со претставниците на сите парламентарни партии. Силиња и нејзината партија „Ново ...

Познатиот телевизиски водител Миро Кацаров е нов директор на Универзалната Сала во Скопје. Ова го покажуваат последните промени извршени во Централниот регистар. Кацаров поточно ќе биде вршител на должноста директор, а назначен е од градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој доаѓа на местото на Горјан Христовски, кој претходно ја извршуваше функцијата директор. Прочитајте повеќе: Кон крајот на минатиот месец, започна ...

Најавата на Владата дека познатиот француски ди-џеј Дејдид Гета ќе настапи во Скопје во рамки на прославата за 35 години од независноста на Македонија отвора огромни сомнежи и прашања кои власта мора да ги одговори. Прво и најважно прашање е колку тоа ќе ги чини граѓаните на Македонија, изјави Петар Огњеновиќ од СДСМ. Тој вели дека од Владата не го откриле хонорарот и колку тоа ќе ги чини граѓаните. Според него, настап на Дејвид Гета чини ...

Полскиот премиер Доналд Туск годинава е домаќин на голем самит на кој во Полска собра бројни светски ѕвезди. Меѓу нив е и познатиот американски актер Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал. Интересно е што самиот Клуни отпатува во Полска кратко по судирот со американскиот претседател Доналд Трамп. Откако Клуни во едно интервју изрази загриженост поради загрозувањето на американската слобода на медиумите, Трамп му возврати на актерот дека е ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека потегот на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски да упати демарш до бугарскиот амабасадор во земјава по изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова во која го употреби „северномакедонски партнери“ е правилна и треба да се остане на линијата да се инсистира кога се зборува зза народ да се користи македонски. -Мислам дека е во ред бидејќи дури и ...

„Јас сум меѓу оние кои најмногу претрпеа и трпат штети од пропагандата која тврдеше дека Договорот е поразителен за македонскиот јазик и идентитет. Ако се водам од логиката на евтината, популистичка и празна македонска политика, денеска би требало да ликувам, да се ситам и да напаѓам“, вели екс-министерот за надворешни работи и претседател на „Солуција“, Никола Димитров за вчерашната изјава на шефицата на државата, Гордана Сиљановска-Давкова ...

Лав, кој во изминатите недели го предизвика гневот на Трамп откако ја критикуваше војната во Иран, пред студентите во Рим изјави дека повторното вооружување не треба да се нарекува „издатоци за одбрана“, додавајќи дека светот е „осакатен од војни“. „Да не го нарекуваме ‘одбрана’ повторното вооружување кое ги зголемува тензиите и несигурноста, ги осиромашува вложувањата во образованието и здравството, ја предава довербата во дипломатијата и ги ...

„Моето мислење е дека пред сè се работи за детално испланиран геополитички инженеринг. Контурите на оваа завршница беа дефинирани уште во август 2025 година, за време на средбата меѓу Путин и Трамп во Енкориџ, Алјаска. Тој самит воспостави нова динамика на „големата шаховска табла“. На терен, војната веќе подолго време е во тактички паритет – ситуација која теоријата на меѓународните односи ја дефинира како „болна пасивност“. Сепак, Русија ...

Случајот со деветте пациенти не може да се сведе на едноставна квалификација дека биле изведувани „непотребни операции“. Според изјавата на министерот, Азир Алиу произлегува дека странските експерти укажале на сосема поинаков и поспецифичен проблем, сомнителни наоди во текот на дијагностичката евалуација. Со други зборови, спорот не е во самиот оперативен зафат како изолирана медицинска постапка, туку во она што му претходело: ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.21
30%
1013
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
3.85
44%
1010
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
0.45
42%
1009
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.51
35%
1013
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
3.41
33%
1012
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
56%
1009
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
4.47
47%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
3.74
44%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.22
38%
1015
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
2.68
38%
1011
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.68
78%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
1.21
57%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Платина

55170.68