Норвешките фудбалски фанови со нетрпение го очекуваат Светското првенство во САД, Канада и Мексико, а денеска беше објавен и официјалниот состав, предводен од капитенот Мартин Одегард. Скандинавската селекција има квалитетен ростер, а патниците на мундијалот беа соопштени преку видео, во кое главната улога му припадна на норвешкиот крал Харалд Петти. Истакнувајќи го значењето на обезбедувањето мундијалска виза по пауза од 28 години, ...

Партизан ја победи Црвена Звезда и на вториот меѓусебен дуел во полуфиналето на АБА лигата и со „брејк“ (78:89) го елиминира најголемиот ривал во регионалната кошаркарска лига. „Црно-белите“ доминираа во текот на целиот натпревар во „Пионир“ и без никаков проблем ја обезбедија втората победа во полуфиналната серија, зголемувајќи ја актуелната криза на „црвено-белата“ страна на Белград. Фернандо со 19 и Осетковски со 17 поени беа најефикасни ...

Реал Мадрид решил да му овозможи подолг одмор на Винисиус и бразилскиот фудбалер нема да биде во комбинација за дуелот со Атлетик Билбао. Избраниците на Алваро Арбелоа ќе ја заокружат сезоната со дуел со баскискиот ривал, а Винисиус добил зелено светло да отпатува во Бразил, добивајќи повеќе простор во пресрет на подготовките за СП 2026. Сезоната за Вини заврши со 22 голови и 10 асистенции, но тој и соиграчите не успеаја да обезбедат трофеј ...

Кристијано Роналдо ја заврши работата започната од Садио Мане и Кингсли Коман и со два гола ја запечати победата за шампионска титула на Ал Наср. Екипата од Ријад го победи тимот на Дамак со 4:1 и го задржа првото место на табелата, пред Ал Хилал кој на крајот мора да се задоволи со второто место поради двата бода заостанување зад Ал Наср. Мане во првото и Коман во второто полувреме постигнаа по еден гол за солидна предност на домаќините, ...

Претседателот на Интер, Бепе Марота, денеска бил дел од настанот на кој италијанскиот клуб ги претставил дресовите за следната сезона, а истиот го искористил и да го пецне градскиот ривал Милан. Истакнувајќи го успехот, односно освоената шампионска титула во Серија А, Марота истакнал дека Интер дефинитивно е најзначајниот клуб во градот, што се гледа и по освоените титули во првенството. – Ова е специјален момент и сакавме да го одржиме на ...

Лучијано Спалети требаше да предводи долгорочен проект во Јувентус, но последните неуспеси во клучниот момент од сезоната може да донесат нов пресврт во италијанскиот клуб. „Бјанконерите“ направија неколку неочекувани киксови и само чудо може да ги одведе до пласман во Лигата на шампионите, а „Ла Стампа“ тврди дека таков епилог ќе го натера тренерот да поднесе оставка. Иако Спалети не е убеден дека тој е најголемиот виновник за неуспешниот ...

Македонската фудбалска репрезентација на крајот на овој и почетокот на следниот месец ќе одигра две пријателски средби, а противник ќе ни бидат селекциите на Босна и Херцеговина и Турција. Првиот од двата гостински дуела го играме во Сараево, а за македонските фанови е одвоен простор на трибините од кој ќе можат во живо да го следат натпреварот на нашите најдобри фудбалери. Сите оние кои сакаат да го следат настапот на избраниците на ...

Хари Мегваер предизвика бура реакции и коментари во англиската јавност откако самиот објави дека нема да биде дел од англиската репрезентација на СП 2026, споделувајќи дека е разочаран и шокиран од одлуката на селекторот Томас Тухел. Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед нема да биде во конкуренција за мундијалски настап, што е второ големо натпреварување по ред на кое нема да се појави, а „Би-Би-Си“ вечерва откри дека иста судбина ги очекува ...

Арсенал ја официјализираше толку чеканата и посакувана премиерлигашка титула, а во претпоследното коло работата за „топчиите“ ја олесна секогаш незгодниот Борнмут. Избраниците на Андони Ираола одиграа нерешено со Сити и тоа беше доволно за промоцијата на Арсенал како нов шампион, па Микел Артета открил дека веднаш по ваквиот епилог му се јавил на својот пријател од детството, кој ќе ги напушти „црешите“ по уште една одлична сезона. – Не му ...

Формула 1 сезоната продолжува со трката во Канада, која ќе донесе нова можност за тимовите да ги надградат перформансите во споредба со претходните гран при викенди. Џорџ Расел може да се пофали со солиден старт, а вели дека најмногу научил од трката во Мајами, на која го освои четвртото место. – Научивме навистина многу во Мајами. Целата сезона сите бевме толку фокусирани на менаџирањето со енергијата што проблемите што сите основни работи ...

Емилијано Мартинез освои уште еден важен трофеј во својата кариера, помагајќи и на Астон Вила да ја освои Лига Европа на вчерашното финале со Фрајбург. Аргентинскиот голман ја збогати својата колекција, но уште еднаш докажа и дека е голем борец, потврдувајќи дека го играл финалето со скршен прст. Популарниот ,,Дибу” открил дека заработил фрактура на прстот за време на загревањето пред натпреварот за европски трофеј, а сериозниот проблем не му ...

Томас Тухел допрва ќе го потврди составот со кој Англија ќе патува на СП 2026, но англиските медиуми попладнево пренесуваат дека Хари Мегваер дознал дека нема да биде вклучен во мундијалскиот состав. Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед бил информиран дека нема да се најде на списокот и бил шокиран од потегот на англискиот селектор, кој досега му укажуваше доверба на искусниот стопер. Во ексклузивна изјава за „Токспорт“, Мегваер бил краток, но ...

Новак Ѓоковиќ немаше посакувани резултати во пресрет на Ролан Гарос, но никој не може да го исклучи ветеранот во битката за престижниот трофеј во Париз. Српскиот ас посакува зголемување на грен-слем колекцијата, овојпат во конкуренција нема да биде Карлос Алкарас, а Јаник Синер ќе биде во другата половина од ждребот. Денешната ждрепка одлучи Ѓоковиќ да има потенцијално соочување со светскиот рекет број еден само во потенцијалното финале, но ...

Ракометниот клуб Охрид денеска го најави новото засилување за следната сезона, а тоа е јапонскиот репрезентативец Шуичи Јошида. Јапонскиот пикер доаѓа од редовите на Нант и треба да биде големо засилување за македонскиот суперлигаш, кој со договорените трансфери јасно навестува дека следната сезона ќе има уште поголеми амбиции во домашното првенство. ГРК Охрид со Јошида најави шести нов играч, а 25-годишниот азиски ракометар ќе го носи дресот ...

Финалето на фудбалскиот Куп меѓу Силекс и Шкендија донесе трофеј за составот од Кратово, но и многу негативни реакции за начинот на кој се однесуваше поразената екипа како клуб, но и нејзините навивачи кои повторно ќе донесат сериозни казни за тетовци. Фудбалската федерација на Македонија денеска излезе со соопштение со кое е потврдено отворањето на дисциплинска постапка по повеќе точки, а допрва ќе бидат познати и одлуките и санкциите кои ќе ...

Германскиот селектор Јулијан Нагелсман денеска ги реши дилемите околу составот за претстојното светско првенство и ги потврди најавите поврзани со Мануел Нојер. Ветеранот од Баерн Минхен не само што се враќа во националниот тим, туку селекторот најавил дека тој ќе биде стартен голман на поранешниот светски шампион. Нојер ќе добие предност во однос на Оливер Бауман и Александер Нибел, а меѓу повиканите е и тинејџерот Ленарт Карл, соиграч на ...

Дани Каравахал оваа сабота ќе го одигра последниот натпревар во дресот на Реал Мадрид, но пред да дојде време за мечот со Атлетик Билбао, капоитенот на првиот тим решил да организира масовен собир. Десниот бек организирал проштална вечерва и ги повикал сите свои соиграчи од првиот тим, голем дел од стручниот штаб во Реал со кој соработуваше со години, но сепак не го поканил човекот кој му нанесе големо разочарување во последните неколку ...

Астон Вила освои европски трофеј после 44 години и испиша убава историја со Унаи Емери како предводник на тимот, но исто така, си осигура пласман во Лигата на шампиони и како победник во Лигата на Европа. Тимот од Бирмингем секако имаше обезбедено место во европската елита како екипа која има гарантирано место во топ пет во Премиер лигата, но сега се најде во ситуација да и направи услуга на Англија, но само ако загуби на последниот меч во ...

Фудбалот во последно време стана спортски бизнис во кој нема многу простор за емпатија и лојалност, па во такво опкружување и општество кое се повеќе го вртат парите, навистина вреди да се споменат исклучоци како овој на Пауло Дибала. Аргентинскиот фудбалер има важечки договор со Рома до крајот на месец јуни и набрзо ќе биде во можност да преговара со било кој клуб како слободен агент, но интересно, желбата на „Ла Џоја“ е да остане во ...

Бернардо Силва во недела ќе го одигра последниот натпревар како играч на Манчестер Сити, а во ситуација кога веќе некое време е познато дека става крај на 9-годишната етапа во клубот, јасно е дека искусниот Португалец веќе води преговори со други клубови. Во раната фаза од месец април, сериозно се шпекулираше дека негова следна дестинација ќе биде италијанската Серија А и Јувентус, но после падот кој го имаше тимот во клучниот дел од ...

Гоце Седлоски како селектор на најсилната македонска фудбалска репрезентација направи најава за двата контролни натпревари против Босна и Херцеговина и Турција, но пред да дојде ред да збори за изборот на фудаблери и очекувањата кои ги има од двата теста, предводникот на националниот тим го почна обраќањето со извинување до цела јавност. Причина за тоа беше непријатното видео кои исциркулира во јавноста од шампионската прослава на Вардар во ...

Нетфликс го најави документариот серијал во чест на Рафаел Надал кој ексклузивна премиера ќе има на 29-ти мај, а како најава за непознатите анегдоти кои ќе бидат презентирани, легендарниот шпански тенисер реши да седне на маса со „Марка“ на краток разговор. Надал открива дека во серијалот од четири епизоди ќе бидат објавени работи кои се непознати за јавноста, па реши да се исповеда и за кризата која ја имал во 2015-та година. Поради ...

Силекс не забележа ниту една победа против Шкендија во текот на оваа натпреварувачка сезона, но сепак кога беше најважно и кога се играше за трофеј, избраниците на Александар Васоски се покажаа како подобри на националната арена „Тодор Проески“. Кратовчани успеаја да слават со минимални 1:0 и го осовија четвртиот Куп трофеј во својата историја, па покрај тоа што додадоа уште една титула во своите витрини, важна вест е што со овој триумф си ...

Микел Артета го презема Арсенал во многу сложена ситуација пред шест ипол години во период кога „ топчиите“ беа блиску до опасната зона, а од клуб кој немаше оформено јасен правец по кој ќе се движи, Шпанецот низ години оформи тим кој сега стигна и до титулата во Премиер лигата. Иако за тоа беше потребен огромен труд и големи парични средства за целосно да се промени тимот, примарната цел е остварена, па откако беше освоена првата титула во ...

По првиот собир во месец март, Гоце Седлоски како селектор на најсилната македонска фудбалска репрезентација прозиваше и вторпат во 2026-та година, овојпат во пресрет на двата пријателски натпревари против Босна и Херцеговина на крајот на месец мај (29), како и со Турција на почетокот на месец јуни (01). Предводникот на најсилниот македонски тим уште во март најави дека ќе направи мали промени и дека ќе повика нови играчи во периодот кој ...

Оклахома како актуелен шампион во НБА лигата одново важи за голем фаворит за шампионскиот прстен, не само поради играта во регуларниот дел, туку и поради ширината на ростерот и играчите со кои располага. Тандерси ја прифатија ваквата улога од самиот старт, а откако загубија од Сан Антонио во првиот меч од финалето на Западот, беше јасно дека Спарси им фрлија ракавица. Виктор Вембањама со монструозно издание донесе водство за Сан Антонио и ...

Клаудио Лотито има една од најтурбулентните сезони како претседател на Лацио, не само поради лошите резултати, туку и поради црната кампања која ја почнаа тифозите против него. Навивачите на Лацио бојкотираа дел од натпреварите и воопшто не се појавија на „Олимпико“, но во ситуација кога дојде тимот да се бори за титулата, „Олимпико“ беше исполнет до последно место. Сепак, Лацио загуби од Интер во големото финале во Копа Италија и втора ...

По освојувањето на Купот на Македонија во фудбал, Силекс избори место на европската фудбалска сцена, па радоста на главните протагонисти траеше долго – најпрво на теренот, а потоа и во официјалните простории. Откако церемонијата заврши, а Васоски отиде да го одработи задолжителниот прес со акредитираните новинари, се случи мало затишје, но следеше нова бура. Васоски за тактиката која донесе титула за Силекс: Одигравме како што се договоривме… ...

Луис Енрике е човек кој секогаш ги кажува работите максимално отворено и често говори без влакна на јазикот, па таков е случајот и кога зборува за својот матичен клуб. Иако важи за фудаблска легенда на Барселона, Лучо своите фудбалски почетоци ги имаше во родниот Хихон, но Спортинг како негов матичен клуб реши да не му даде шанса на почетоците кога се пробиваше во тренерските води, поради што актуелниот тренер на ПСЖ отфрли било какво ...

Унаи Емери беше нарекуван „крал на Лигата на Европа“ уште пред големото финале во Истанбул, а откако неговиот тим издоминира на теренот против Фрајбург, Шпанецот само го оправда таквиот епитет. Емери ја освои петтата титула во Лигата на Еворпа со трет различен клуб, но во моменти на голема слава, медиумите истакнуваат и една неверојатна симболика поврзана за сите трофеи во Европа. Унаи испиша историја и стана првиот тренер кој освоил пет ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.89
59%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.02
70%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.9
72%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.02
51%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
64%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.76
76%
1015
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
53%
1016
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
52%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.7
52%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
72%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
68%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.66
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54