Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Лионел Скалони ќе ја предводи Аргентина на уште еден голем настан, Светското првенство на кое „гаучосите“ имаат статус на актуелни шампиони, бранители на трофејот. Ќе биде многу тешко да Аргентинците да го одбранат пехарот, но имаат силен тим, квалитетни индивидуалци, состав на кој лидер треба да биде Лионел Меси иако неговото учество се уште не е официјално потврдено, ама би било огромно изнанадување да не го гледаме ма мундијалот. -Да можеш ...
Арсенал е на добар пат да ја врати лигашката титула по скоро две децении и со тоа конечно да се потврдат инвестициите, да се стави печат на квалитетната работа во изминативе години. Патрик Виера беше дел е една друга генерација на „топчиите“, генерација која без пораз дојде до пехарот во Премиер лигата, па славниот Французин доби една интересна задача да состави искомбиниран тим, да издвои играчи кои би можеле да се најдат во почетната ...
Бразилците или поточно нивниот селектор Карло Анчелоти го откри списокот на играчи кои ќе настапат на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Најголемата, најзначајната одлука е враќањето на Нејмар во националниот тим, односно ѕвездата на Сантош по пауза од неколку години ќе ги брани боите на Бразил. Со многу емоции беше дочекана оваа одлука на Анчелоти, па Нејмар не ги криеше солзите откако слушна дека е дел од напаѓачката линија на ...
Ковентри и Ипсвич со пласманот на првите две позиции во Чемпионшип лигата се изборија за директно место во Премиер лигата во натпреварувачката 2026/2027, односно остана само уште една непозната, последната екипа која во наредната сезона ќе игра во елитната англиска дивизија. Оваа седмица или поточно на 23 мај ќе го добиеме и последниот патник со тоа што имаме сериозна промена во однос на тоа кој ќе игра во финалето на „Вембли“. Имено тоа ...
Интер по добро ќе ја памети натпреварувачката 2025/2026 во која клубот ги освои најважните два трофеи на домашната сцена, Скудетото и трофејот во Купот на Италија. Многу прашалници, дилеми имаше што оваа екипа може да направи под водство на Кристијан Киву за кого ова беше прва година како тренер на еден великан, клуб со тежина и тоа е позитивно, тоа што е реалност е дека беа испорачани резултати. Секако овој резултат не е како оној ...
Карло Анчелоти го соопшти списокот на играчи на кои како селектор на Бразил ќе смета на престојното Светско првенство во САД, Канада и Мексико. Најголемата вест е таа што Италијанецот одлучи да го врати Нејмар во националниот тим, играч кој неколку години немаше ниту еден настап за „кариоките“, одлука за која допрва ќе видиме дали е правилна ако се земе предвид историјата на напаѓачот со повредите, но и тоа дека некое време нема играно фудбал ...
Предводникот на португалската репрезентација, Роберто Мартинез го соопшти списокот на играчи на кои ќе смета за престојното Светско првенство кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. На списокот се најдоа 27 имиња од кои се издвојува она на Кристијано Роналдо за кого ова ќе биде рекордно шесто светско првенство. -Се надевам дека ќе биде истата улога што ја имаше во последните три години, како што бев јас со репрезентацијата. Многу зборував ...
Вториот светски рекет, Карлос Алкарас нема уште некое време да го гледаме на тениските терени и турнири, информација која самиот ас ја соопшти на социјалните мрежи. Шпанецот е во „аут“ од средината на минатиот месец откако се повлече од турнирот во Барселона, поточно не го одигра дуелот со Томаш Махач во осминафиналната рунда. Жебите беа тој да се врати за сезоната на трева, ама проблемот со повредата на зглобот на раката не е наивен и Карлос ...
Сан Антонио Спарс ја доби првата битка со Оклахома Сити Тандер во финалето на западната конференција во НБА лигата. Гостите од Тексас славеа со 122:115 по две продолженија, а главен „виновник“ за тоа беше Виктор Вембањама. Французинот издоминира со 41 поен и 24 скока, беше нерешлива енегима за домаќините и голем дел од неговите мајстории, атракции се најдоа на најновата топ десет листа. Уживајте!!! Сан Антонио Спарс ја доби првата битка со ...
Фудбалската федерација на Македонија го одреди судијата кој ќе ја дели правдата на утрешното финале на Купот на Македонија во кое силите ќе ги одмерат Силекс и Шкендија, соочување закажано за 20:00 часот на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје. Главен судија на финалната пресметка ќе биде Игор Стојчевски, најдобриот македонски судија, интернационален ФИФА судија, дел од ментор програмата за елитни судии на УЕФА. Славниот турски арбитар ...
Фудбалскиот клуб Вардар најави заедничка прослава на титулите во македонските првенства заедно со своите колеги од ракометниот клуб, но ова попладне пристигна информација дека Иван Чупиќ и неговите играчи нема да бидат дел од саботната манифестација во градскиот парк. Ракометниот клуб објавува дека има неодложни обврски и поради тоа нема да може да им се приклучи на фудаблерите, па така двата клуба сепак ќе имаат самостојни прослави на ...
Антонио Конте има важечки договор со Наполи до 2027-ма година и гарантирани уште 8 милиони евра со нето плата, но италијанскиот стручњак донел одлука да се откаже од парите, како и од бонусите со кои надминува 10 милиони евра. Трофејнито стручњак донел одлука да ја заврши својата авантура во Наполи по две интензивни сезони на „Диего Марадона“, а тоа го направил на пријателски и спогодбен начин со Аурелио де Лаурентис. Како што информираат ...
Виктор Вембањама заврши трет во гласањето за МВП наградата во НБА лигата, резултат кој го натера работата да ја сфати лично и да понуди страшно издание на првиот меч во дуелот со Оклахома. Директната битка со Шеј Гилџус-Александер ја сфати навистина сериозно и лично, а тоа го призна и самиот Вемби по крајот на мечот кој му припадна на неговиот тим. Вембањама ја доби битката на теренот и го водеше Сан Антонио до победа по две породлженија со ...
Фудбалската Федерација на Македонија изрече низа дисциплински мерки за пропустите и нерегуларностите на натпреварите кои се играа ширум нашата земја, но отвори и истрага против Вардар за недоличното однесување на фудбалери за време на прославата на титулата. Заверката на трофејот во домашното првенство донесе неубави сцени од приватната забава на „вардарци“, па покрај тоа што е отворена целосна постапка за овој случај, Вардар секако ќе мора ...
Битката за Купот на Македонија ќе биде во центарот на вниманието утревечер на националната арена „Тодор Проески“, а на еден ден пред големото финале, се одржа стандардната прес-конференција од актерите на двата клуба. Силекс и Шкендија одработија заедничка прес-конференција и ја најавија утрешната битка за титулата, натпревар на кој кратовчани ќе бркаат четврта, а тетовчани трета Куп титула. Реално гледано, овој натпревар е далеку поважен за ...
Шкендија својта втора и последна Куп титула ја освои во 2018-та година, а осум години подоцна, тимот на Јетон Беќири се избори за нова шанса да се бори за трофејот во најмасовното натпреварување. Куп финалето е закажано за утре на „Тодор Проески“ во 20:00 часот, па по најават која ја направија кратовчани, со свои очекувања за големото финале излегоа и од таборот на Шкендија. Тетовскиот клуб ја загуби битката за титулата со Вардар во домашното ...
Пеп Гвардиола полека се подготвува за својот проштален натпревар на „Итихад“, па иако шпанскиот стручњак избегна да потврди вакво сценарио за официјалната прес-конференција пред денешниот меч со Борнмут, цела англиска јавност веќе на големо пишува за неговото заминување. Без оглед на тоа како ќе заврши сезоната, Гвардиола се очекува да се поздрави со навивачите на Манчестер Сити во недела на мечот со Астон Вила, но уште отсега познато е кој ...
Рој Кин и во минатото знаеше да биде критички настроен кон Бруно Фернандеш кого го нарече „премек капитен“ и играч кој често плаче за одредени ситуации на теренот, но во денови кога сите зборуваат за рекордот на Португалецот по бројот на запишани асистенции, Ирецот распали уште повеќе по португалската ѕвезда. Фернандеш на мечот со Нотингем Форест стигна до 20-та асистенција во една сезона и го израмни рекордот на Тјери Анри и Кевин Де Брујне, ...
Лаутаро Мартинез се гледа себеси во Интер до крајот на кариерата и не планира да мрдне од Милано во ситуација кога е сакан од фановите и кога добро му оди бизнисот со семејниот ресторан во градот, но во ексклузивното интервју за „Газета“, откри и една страна која е непозната за фудаблката јавност. Капитенот на Интер обелоденува дека воопшто не му се допаѓа фудаблскиот свет и се чувсвтува крајно непријатно во фудаблското опкружување, па поради ...
Иднината на Жозе Мурињо е добро позната, барем така тврдат угледните шпански и португалски медиуми, кои веќе со денови пренесуваат дека искусниот стручњак ќе заврши во Реал Мадрид. Самиот Мурињо во саботата откри дека неговиот агент Мендеш преговарал со Реал Мадрид и најави дека работите ќе се кристализираат во текот на оваа работна недела, а угледниот „АС“ денеска информира дека работата е целосно завршена. Имено, Мурињо вчера му соопштил на ...
Арсенал успеа да оствари многу важна победа против Барнли и направи голем исчекор кон титулата во Премиер лигата, а тоа го направи во свој препознатлив стил. Тимот на Микел Артета профитираше од еден корнер и потоа знаеше како да го одбрани минималното водство, но во меч кој се играше тврд фудбал и имаше борба за секоја топка, видовме и еден несекојдневен инцидент. Видеото од дуелот меѓу Инкапие и Туанзебе стана вирален хит, а причина за тоа ...
Самир Насри своевремено беше голема премиерлигашка ѕвезда и составен дел од франуската репрезентација, а како фудаблер кој знаеше да предизвика и доста контроверзии, сега открива дека неговиот фудбалски пат бил исполнет со мали лажирања уште од најрана возраст. Насри во последното подкаст гостување откри дека со фудаблот започнал на четиригодишна возраст, но уште при првите фудаблски чекори се запознал со лажењето и измамата. Имено, Насри ...
Карло Анчелоти мораше да носи тешки одлуки при објавувањето на листата со 26 фудаблери кои ќе патуваат на Светско првенство, па иако главна вест беше вклучувањето на Нејмар, во фокусот посебно се најде и едно неочекувано изоставување. Дон Карло реши да ги послуша советите од легендите и го вклучи Нејмар во завршниот тим, но по се изгледа, ѕвездата на Сантош му го зема местото на Жоао Педро кој имаше извонредна сезона на индивидуален план во ...
Баерн Минхен изминатиов викенд ја прослави новата титула во Бунедслигата на Мариенплац, но за време на забавата на најпознатиот плоштад во градот, се појави и гигантски транспарант кој дефинитивно не беше во план на организацијата. Навивачите на Минхен 1860-та успеаја да инфилтрираат транспарент со невкусна содржина за германскиот шампион, а фановите на Баерн мислејќи дека го подигнуваат својот грб, на крајот изедоа голем сеир. На ...
Виктор Вембањама заврши трет во поредокот за МВП трофејот во регуларниот дел од сезоната, но со своите партии во плејофот, се наметнува како играч кој навистина прави најдобри работи за својот тим. Спарси се пласираа во конференциското финале на Западот и не можат да имаат поголем предзивик од дуелот со актуелниот шампион, а рано утрово покажаа истрајност и карактер и успеаја да отворат со брејк за водство од 1:0. Популарниот Вемби одигра ...
Карло Анчелоти цели 11 месеци го игнорираше Нејмар и ниту еднаш не го повика за проба откако стана бразилски селектор, но кога дојде „моментот на вистината“, Италијанецот попушти и ја вброја големата ѕвезда меѓу 26-те патници за мундијалот. После низа притисоци и повици од голем број фудбалски ѕвезди од Бразил и ширум светот, Анчелоти го изговори името кое сите желно го посакуваа, а какво значење има Нејмар за Бразил најдобро говори ...
Еден Азар не ја прикажа најдобрата верзија од себе во Реал Мадрид и поради низа повреди реши рано да замине во пензија, но ниту лошата завршна етапа во шпанската престолнина не може да го избрише фактот дека Белгиецот беше еден од најталентираните фудбалери во последните две децении. Како голема ѕвезда на Челси, Азар пристигна во Реал Мадрид во трансфер вреден над 100 милиони евра, а како човек кој требаше да биде лидер на проектот на Зинедин ...
Реал Мадрид заврши втора сезона без освоен трофеј и се очекува турбулентно лето во шпанската престолнина, но во период кога се очекуваат доста интересни промени во шпанската престолнина, од Каталонија не пристигнува никаква емпатија во тој поглед. Барса ја одбрани титулата во Ла Лига и со победата во „Ел Класико“ го завери трофејот, а откако шампионската парада остана зад играчите и стручниот штаб, сега капитенот на тимот се јави со искрена ...
По ексклузивата на „Дејли мејл“ дека Пеп Гвардиола во недела за последен пат ќе го води Манчестер Сити како менаџер на клупата, многу влијателни англиски извори ја потврдија веродостојноста на информацијата, па од вчеравечер до рано утрово, угледните медиуми споделија уште низа вести поврзани за „земјотресот“ во Манчестер. Сити денеска игра против Борнмут и ќе се обиде да остане жив до послендото коло во битката за Премиер лигата, но без ...
Мохамед Салах има навистина лоша сезона во Ливерпул за негови стандарди, сезона која е последна за него на „Енфилд Роуд“, сезона во која во повеќе наврати се најде во центарот на вниманието поради погрешни причини. Повеќе од јасно е дека „црвените“ имаа, имаат проблеми во оваа сезона, но наместо внатрешно да се решаваат некои работи, Салах еднаш веќе јавно „отвори војна“ со менаџерот Арне Слот, конфликт кој многу брзо беше решен или така ...