Спартак Варна останува бугарски прволигаш и следната сезона, а денеска опстанокот беше обезбеден со убедлива победа во која сите голови беа реализирани од Георг Стојановски. Внукот на Ѓоко Хаџиевски испорача хет-трик на дуелот со Локомотив Софија, а победата со резултат 3:0 беше доволна за составот предводен од македонскиот стручњак да обезбеди опстанок. Стојановски го отвори резултатот во 8. минута, а го комплетираше хет-трикот со погодоци ...

Реал Мадрид ќе направи одредена реконструкција на ростерот во текот на летниот преоден рок, а еден од фудбалерите кои ќе ослободат место во првиот тим ќе биде Давид Алаба. Шпанскиот великан нема да го продолжи договорот со австрискиот репрезентативец и тој како слободен агент ќе може да се пресели во друг клуб, завршувајќи ја петгодишната етапа во редовите на Реал. Алаба пристигна како голема ѕвезда од редовите на Баерн Минхен, беше еден од ...

Грчки Олимпијакос е првиот финалист на годинешното издание на Фајнл фор турнирот на Евролигата и ќе се бори за нов трофеј во неделното финале. „Црвено-белите“ од Атина доминираа од почеток до крај на дуелот кој го играа со голема поддршка на своите фанови, му испорача лекција на турскиот ривал (79:61) и шампионот од минатата сезона. Олимпијакос поведе со 12:0, по првиот период имаше плус шест, а иако во вториот период стигна и до плус ...

Заминувањето на Пеп Гвардиола носи еден комплексен период за Манчестер Сити, во кој клубот ќе се одржи да ги задржи резултатите и конкурентноста со наследникот на шпанскиот стручњак. Најавите се дека речиси сигурно во клубот доаѓа Енцо Мареска, а италијанскиот стручњак ќе треба да формира и целосно нов стручен штаб. Уште пред да биде најавено заминувањето на Пеп, англиските медиуми објавија дека клубот ќе го напушти досегашниот кондициски ...

Мари-Луис Ету стана првата жена на клупата на екипа од големата европска петорка, но нејзината авантура заврши по само пет натпревари. 34-годишната Ету беше привремено решение и во последните пет кола Унион Берлин под нејзино водство стигна до две победи, реми и два пораза, а денеска стана јасно дека бундеслигашот има друго решение за новата сезона. На тренерската функција е поставен Мауро Лустринели, швајцарскиот стручњак кој успеа да му ...

Ливерпул викендов треба да го потврди пласманот во Лигата на шампионите, а пред последниот натпревар во сезоната менаџерот Арне Слот ја одржал и финалната прес-конференција. Новинарите имале многу прашања, истакнувајќи ги и шпекулациите за негово заминување, но не заборавиле да побараат коментар и за последната провокативна изјава на Мохамед Салах. Големата ѕвезда во заминување истакна дека Ливерпул треба да му се врати на „хеви метал“ ...

Њујорк Никс го одбрани домашниот терен и дојде до вториот триумф во соочувањето со Кливленд Кавалирс во финалето на Истокот во НБА лигата. Никси овојпат одиграа подобро од првиот меч и работата ја завршија во регуларниот дел, но што се однесува до најдобрите моменти и потези, признанието заврши кај гостинскиот играч Евaн Мобли. Центарот ја доби битката со Робинсон и потоа испорача супер забивање за потврда на соло акцијата. Њујорк Никс го ...

Поранешниот германски репрезентативец и актуелен раководител на УЕФА за развој на елитен младински фудбал, Андреас Бек, престојуваше во посета на Фудбалската федерација на Македонија, каде заедно со стручните служби на ФФМ ги анализираше тековните проекти и идните планови во рамки на програмата за Елитен младински фудбал и академијата на ФФМ. Бек, кој во својата играчка кариера настапуваше за германската репрезентација, како и за екипите на ...

Младата фудбалска репрезентација на Македонија ја очекува пријателски меч со Бугарија, а селекторот Горан Станиќ денеска го објави списокот на играчи на кои ќе смета за соочување закажано за 30 мај од 17 часот. Собирот на националниот тим е на 27 мај во Скопје, а по три тренинга во Скопје, в петок на 29 овој месец репрезентацијата патува за Софија. СПИСОК НА ИГРАЧИ ГОЛМАНИ: Васко Василев (ФК Струга Трим Лум), Љупче Џеков (ФК Силекс), Никола ...

Жоан Лапорта повторно беше избран за претседател на Барселона, но се уште официјално ја нема преземено таа функција или поточно ќе почека уште малку за да го наследи Рафа Јусте кој во изминативе месеци ја покрива таа позиција. Меѓутоа Лапорта е присутен во клубот, внимателно ги следи, контролира сите работи, па иако медиумски не се појавива често тоа не значи дека нема што да каже на некои теми, па така „распали“ по Флорентино Перез, првиот ...

Откако на средината на оваа седмица машката сениорска репрезентација на Македонија се комплетираше со доаѓањето на интернационалците Александар Љафтов и Филип Савовски, подготовките влегуваат во завршната фаза. Селекторот Јошко Миленкоски и неговиот стручен штаб започнуваат и со поставување на тактичките варијанти во пресрет на учеството во Европската лига 2026. Како загревање за првиот турнир на кој Македонија е домаќин од 5 до 7 јуни во ...

Ова сезона на европската сцена ќе биде заокружена со големото финале на Лигата на шампионите каде силите ќе ги одмерат Пари Сен Жермен и Арсенал. Финалето е закажано за 30 мај во Будимпешта, а до него премиерлигашот ќе има уште еден предизвик против Кристал Палас, додека „светците“ веќе можат максимално да му се посветат на тој натпревар. И двете екипи имаа некои играчи за кои не се знае дали ќе бидат подготвени, а последната дилема, ...

Премиерлигашот Манчестер Јунајтед официјално затвори едно од најважните прашања, а тоа менаџерската функција, позиција која во изминативе месеци ја извршуваше Мајкл Карик. Карик беше ангажиран како привремено решение и како човек кој треба да го „гаси пожарот“ по епизодата со Рубен Аморим и токму тој со својата посветеност, смиреност успеа да ја препороди екипата и да ја однесе на третото место на табелата, поточно се оствари основата цел, ...

Антони Матеуш Дос Сантош или попознат само како Антони имаше квалитетна сезона во шпанскиот прволигаш Бетис, но истата не се покажа како доволна за да добие повик од бразилскиот селектор Карло Анчелоти за настап на Светското првенство. Крилниот напаѓач дојде до „дабл-дабл“ учинок за клубот од Севилја во сите натпреварувања (14 гола и 10 асистенции), меѓутоа Анчелоти се реши за други опции. За Бразилеците е светост, огромна честа да се игра за ...

Реал Мадрид утре е домаќин на Атлетик Билбао, меч кој е последен за оваа сезона, но и меч кој ќе биде последен за тренерот Алваро Арбелоа на клупата на „кралевите“. Арбелоа доби шанса да го води Реал во вториот дел од сезоната, да го наследи Чаби Алонсо, меѓутоа колку тоа беше вистинска одлука покажуваат резултатите кои велат дека клубот на крајот остана без ниту еден освоен трофеј. -Се надевам дека е само „се гледаме подоцна“. Отсекогаш го ...

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Томас Тухел го објави официјалниот список на играчи на кои ќе смета на престојното Светско првенство во САД, Мексико и Канада. Тухел за разлика од неговите претходници донесе големи одлуки, изостави сериозни имиња и останува да се види дали оваа негова проценка на крајот ќе ги донесе посакуваните резултати затоа што Англија има највисоки амбиции кога е во прашање мундијалот. Германецот ги ...

Чаби Алонсо неочекувано брзо ја заврши етапата во Реал Мадрид, но шпанскиот стручњак е ценет на пазарот особено по она што го направи со Баер Леверкузен и веќе договори нов ангажман и тоа во редовите на Челси. Алонсо од следната сезона ќе го гледаме на клупата на „сините“ кои нема по добро да ја паметата натпреварувачката 2025/2026 што значи дека некогашниот ас на Реал, Баерн Минхен и Реал Сосиедад го очекува сериозен предизвик на „Стемфорд ...

Фудбалската федерација на Македонија пред три дена ја информираше јавноста дека е поведена дисциплинска постапка против Вардар поради недолично, потценувачко, дискриминирачко и деградирачко прославување од страна на фудбалерите на клубот. Приватната забава на „црвено-црните“ излезе на социјалните мрежи, а истата донесе многу коментари, реакции, а од ФФМ отворија дисциплинска пријава кој актуелниот првак ја спори и за која смета дека нема ...

Новак Ѓоковиќ ќе настапи на вториот грен слем во 2026 година Ролан Гарос, но што некогашниот светски рекет број еден може да направи е друга приказна. Србинот веќе неколку години игра со забавено темпо, не се оптеретува, ги бира турнирите на кои настапува, меѓутоа нема континуитет и тоа може да биде проблем. Во оваа сезона успеа да дојде до финалето на Аустралијан Опен и тоа по еден чуден пат во кој доби еден меч откако ривалот се повлече, ...

Френки Де Јонг е еден од играчите со најголем стаж во Барселона, ас кој е заменик капитен во екипата што јасно говори за неговата улога и глас кој го има во таборот на актуелниот шпански шампион. Барселона имаше уште една квалитетна сезона под водство на Ханси Флик, но одново нешто недостасуваше за да се направи во Лигата на шампионите. Дефинитивно потребни се некои промени, освежувања, засилувања кои Барса би требало да може да си ги дозволи ...

Чаби Алонсо неочекувано брзо ја заврши етапата во Реал Мадрид, но шпанскиот стручњак е ценет на пазарот особено по она што го направи со Баер Леверкузен и веќе договори нов ангажман и тоа во редовите на Челси. Алонсо од следната сезона ќе го гледаме на клупата на „сините“ кои нема по добро да ја паметата натпреварувачката 2025/2026 што значи дека некогашниот ас на Реал, Баерн Минхен и Реал Сосиедад го очекува сериозен предизвик на „Стемфорд ...

Касемиро ќе го напушти Манчестер Јунајтед по крајот на тековнава сезона и минатата седмица беше доста емотивно на неговиот последен меч на „Олд Трафорд“. Меѓутоа „црвените ѓаволи“ до крајот на кампањата имаат уште еден предизвик, гостување кај Брајтон, меч на кој навивачите на Јунајтед го очекуваа Бразилецот во првата постава, меѓутоа тоа сценарио нема да се реализира. Имено менаџерот Мајкл Карик соопшти дека од претходно била донесана одлука ...

Медиумите најавуваа нов, освежен и квалитетен Јувентус за наредната сезона, но останува да се види дали и како ќе се реализираа овие планови откако екипата се лизна на табелата и постои сериозна можност да остане без пласман во Лигата на шампионите. „Старата дама“ по киксот со Фиорентина падна дури на шестата позиција и сега ќе треба да чека многу работи да се поклопат, а тој воедно да слави над градскиот ривал Торино за да обезбеди топ 4 ...

Тимот на Њујорк Никс издвојува победа над Кливленд Кавалирс и во вториот натпревар од финалето на источната конференција во НБА лигата. Никси рано утровото ги добија Кавси со 109:93 и сега се на два чекори од прво НБА финале од 1999 година или поточно постои можност да гледаме реприза на битката за пехарот од пред 27 години кога тие ги одмерија силите со Сан Антонио Спарс. Избраниците на Браун го загубија првиот период со 24:27, ама потоа ги ...

Пари Сен Жермен е на чекор од одбрана на титулата во Лигата на шампионите што е фантастичен резултат, но за да се остане на тронот мора да се мине и последната пречка, а тоа е сега веќе актуелниот англиски првак Арсенал. Клубот од Франција го има статусот на благ фаворит во финалето кое ќе се одигра во Унгарија, но „светците“ се свесни дека пред себе имаат цврст, незгоден ривал кој знае да биде опасен, но и да одигра на резултат, поточно ...

Тимот на Ал Наср по пауза од седум години повторно е шампион на Саудиска Арабија и тоа откако успеа да излезе како победник од драматичната трка со Ал Хилал. Ал Наср славеше во завршната рунда со 4-1 што беше доволно да се остане на врвот, да се одбрани првата позиција и да се дојде до резултатот што долго време се очекуваше. Кристијано Роналдо е главна ѕвезда на оваа екипа и по три години конечно успеа да го донесе она што се очекуваше ...

Луис Енрике се подготвува за свое второ финале во низа со ПСЖ во Лигата на шампионите, а во една од најавите кои ги направи за „Мовистар плус“, тренерот на ПСЖ се осврна и на тема која нема никаква врска со завршницата во најелитното натпреварување. Една од топ темите во фудбалска Европа се гласините за заминувањето на Пеп Гвардиола од Манчестер Сити, но Луис Енрике како негов колега и искрен фудбалски фан, се надева дека тоа не е вистина. – ...

Емилијано Мартинез го одиграл финалето во Лигата на Европа со скршен прст и тоа само покажува за каква личност станува збор, бидејќи на Аргентинецот во ниту еден момент не му паднало на памет да се пожали и да побара измена во пресрет на мечот за титула. Астон Вила по пауза од 44 години освои европски трофеј и го надигра Фрајбург со 3:0 во големото финале, па иако Мартинез го украде шоуто со начинот на кој ја славеше титулата со Емери, сега ...

Рафиња веќе четири години е дел од Барселона, клуб во кој пристигна од редовите на Лидс Јунајтед, тим во кој во одреден период имаше проблеми да се наметне, да биде стандарден, па дури и беше на излезени врати за да по доаѓањето на Ханси Флик стане клучен фудбалер на каталонците. Секогаш кога тој е недостапен тоа е проблем за шпанскиот великан, Барса нема соодветна замена за Бразилецот чие присуство е тоа како е важно на теренот и токму ...

Започнува завршната фаза во кошаркарската Евролига, а во пресрет на фајналфор турнирот во Атина ги имаме десетте најдобри, најатрактивни моменти од плејофот. Денеска од 17 и 20 часот се играат полуфиналните мечеви меѓу Олимпијакос-Фенербахче и Валенсија-Реал Мадрид, но како загревање, најава за тие битки ги имаме моменти кои остави најсилен печат на патот на турнирот на кој ќе го добиеме шампионот за натпреварувачката 2025/2026. Страшни ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.89
59%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.02
70%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.9
72%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.02
51%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
64%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.76
76%
1015
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
53%
1016
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
52%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.7
52%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
72%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
68%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.66
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Калај

53.60

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59