Томас Тухел се реши за голем број ризици во својот официјален список за Светско првенство, а бидејќи меѓу 26-мината нема голем број познати ѕвезди, во јавноста се активираат голем број звучни имиња за изборот на селекторот. Германскиот стручњак ги изостави Мегавер, Фоден, Палмер и Трент како убедливо најзвучи имиња кои недостасуваат на списокот, па според Трој Дини, тој си игра со отказ доколку се врати со лош резултат од мундијалот во САД, ...

Бруно Фернандеш во претходното коло го израмни рекордот на Тјери Анри и Кевин Де Брујне по бројот на поделени асистенции во една сезона (20), а пред да има шанса да постави нов апсолутен во Премиер лигата, Португалецот доби признание за сезоната која ја остава зад себе. Капитенот на Манчестер Јунајтед е избран за играч на сезоната во Премиер лигата, а бидејќи станува збор за признание кое не се памети на „Олд трафорд“ од 2011-та година, овој ...

Алан Прост е четирикратен шампион во Формула 1 и една од живите легенди на мото-спортот, но сега стана топ тема во Швајцарија и Франција поради немилиот настан кој се случил во неговиот дом. Легендарниот Прост бил ограбен, а потоа и истепан од добро организирани крадци додека бил во својата вила во Нион, па откако добил удар од глава, насилниците го натерале неговиот син да го отвори сефот. Напаѓачите провалиле во 08:30 часот наутро и целиот ...

Флорентино Перез свика вонредни претеседателски избори после големите критики кои ги доби во јавноста за втората сезона без освоен трофеј како прв човек на Реал Мадрид, а во период кога се ближи предизборниот молк, првиот човек на „кралевите“ ископира еден легендарен потег на Жоан Лапорта. Во предиграта за претседателските избори во Барселона во 2021-ва година, Лапорта направи несекојдневна кампања и во Мадрид осамна голем банер со неговиот ...

Таканареченото „мало финале“ во македонската кошарка донесе мајсторка меѓу Пелистер и ТФТ, а во завршниот меч за трето место во мак-баскетот како победник излезе тимот од Битола. По сериозниот напор во регионалната АБА 2 лига и неизборениот пласман во најсилата АБА лига, играчите на ТФТ останаа без многу гориво во себе за клучниот дел од сезоната, па иако во завршниот плејоф влегоа како првопласиран тим на табелата, на крајот завршуваат само ...

Висенте Дел Боске го наследи легендарниот Луис Арагоњес и ја преводеше Шпанија до светската титула и одбрана на европската во 2012-та година, но откако „фуријата“ издоминира на три турнири во низа, пристигна мал пад во неговиот систем на работа. Искусниот стручњак во својата етапа како шпански селектор мораше да носи и тешки одлуки кои се поврзани за големи ѕвезди, но сега во интервјуто кое му го одработи актуелниот селектор Луис де ла ...

Кајл Вокер вели дека Фил Фоден и Хари Мегваер имаат свои аргументи да му бидат лути на селекторот Томас Тухел за тоа што не се најдоа на конечниот список за Светско првенство, но ако некој треба да биде посебно бесен, според него тоа е Трент Александер Арнолд Вокер не може да сфати како најдобриот десен бек во светот не е дел од завршниот список на Англија за еден мундијал, бидејќи според неговите параметри, фудбалерот на Реал Мадрид е ...

Виктор Вембањама игра одлично во актуелниот НБА плејоф, но неговиот тим нанижа два пораза по ред и сега има негатива во конференциското финале во кое се соочува со Оклахома Сити. Шампионот го врати брејкот од првата средба и сега води со 2:1 во серијата, а францускиот центар бил самокритичен и пред новинарите истакнал дека треба да се подобри во еден сегмент. – Ми се чини дека имам проблем да ги разигрувам и да ги направам соиграчите подобри ...

Новиот италијански шампион Интер веќе размислува за начинот на кој може да го надгради квалитетот и конкуренцијата во составот на Кристијан Киву, а медиумите најавуваат две имиња кои треба да го засилат средниот ред. Бепе Марота и неговите соработници ги пикирале Ману Коне од Рома и Кртис Џоунс од Ливерпул и ќе направат се што е возможно за да го доведат ова дуо во Милано во летниот преоден рок. Францускиот репрезентативец Коне веќе го докажа ...

Мајкл Карик е потврден како менаџер на Манчестер Јунајтед и за наредниот период, па клубот веќе сериозно работи и на потребните активности во летниот преоден рок. Според дел од италијанските новинари специјализирани за фудбалските случувања, првиот трансфер на Јунајтед во јуни може да биде тој на Едерсон. Фудбалерот на Аталанта веќе ја прифатил понудата на премиерлигашот и е подготвен да се пресели на „Олд Трафорд“, а останува да бидат ...

Нико Паз го привлече вниманието на европските клубови со своите настапи во дресот на Комо, па разбирливо е што и италијанските ривали со поголеми амбиции би сакале да го видат во своите редови. Со таков став е и Интер, чиј потпретседател Хавиер Занети јавно зборувал за сонародникот и го испровоцира тренерот на Комо, Сеск Фабрегас. Поранешниот аргентински репрезентативец истакнал дека го познава таткото на фудбалерот и дека е логично што ...

Пеп Гвардиола заминува од Манчестер Сити по крајот на сезоната, а вчерашната потврда од двете страни за вакво сценарио донесе и многу реакции од фановите, неговите колеги и воопшто од фудбалската јавност. Самиот Гвардиола излезе со одредени емотивни и искрени ставови за причините да донесе ваква одлука, но и со мини анализа на последните десет години во кои го водеше премиерлигашот. Во една од нив, Пеп ја истакнал и најголемата грешка во овој ...

Кристијано Роналдо не ги криеше емоциите откако ја освои првата шампионска титула во Саудиска Арабија, но неговиот ефект во текот на сезоната не беше доволен да му го обезбеди и признанието за играч на сезоната. За многумина неочекувано, Португалецот ја загуби битката со својот сонародник Жоао Феликс, кој по титулата со Ал Наср, стигна до МВП наградата во шампионатот на Саудиска Арабија. Феликс направи одличен потег со напуштањето на Европа и ...

Списокот на англиската репрезентација за СП 2026 уште долго ќе предизвикува коментари и дебати на островот, а свој став за одлуките на Томас Тухел има и Вејн Руни. Во рамките на својот подкаст, Руни го коментирал списокот составен од 26 играчи и посебно отсуството на искусниот Хари Мегваер, членот на неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед. – Мислам дека одлуката поврзана со Мегваер е најизненадувачка и ме шокираше. – Ако ја погледнете ...

Формула 1 викендот во Канада започна со доминација на Мерцедес и најбрзи времиња на Џорџ Расел и Кими Антонели во квалификациите за спринт трката. Расел има традиција на успеси на патеката во Монтреал, а и годинава ќе се обиде да стигне до првото место, за што адут е и неговиот болид, со кој обезбеди предност на стартот на денешната спринт трка. Мекларен со Ландо Норис и Оскар Пјастри го комплетираше вториот стартен ред за спринтот, а во ...

Евертон е последниот противник на Тотенхем во актуелната сезона на Премиер лигата, а на противникот му е доволен и бод за да обезбеди опстанок и да го испрати Вест Хем во Чемпионшип. Менаџерот Дејвид Мојс, како поранешен предводник на „чеканите“, истакнал дека би сакал да му помогне на својот поранешен клуб и ветил дека Евертон ќе биде максимално ангажиран и во последната рунда. – Би сакал да му помогнам на Вест Хем да остане во Премиер ...

Лука Модриќ дојде во Милан со цел да го подигне нивото на квалитет во тимот и да донесе победнички менталитет во тимот, па иако тоа во добар дел му успеа, сепак „росонерите“ не успеаја да бидат блиску до борбата за трофеи. Искусниот Хрват се опоравува од скршеницата на јаболчната коска и во рекордно време успеа да се стави на располагање на Макс Алегри, а сега пред натпреварот против Калјари во последното коло, Модриќ се огласи и за својата ...

Сан Антонио го започна третиот дуел со Оклахома Сити со серија од 15:0, но актуелниот шампион успеа да возврати, а подоцна и да ја преземе контролата на натпреварот и да стигне до победа (108:123) и предност во конференциското финале. Решавачки фактор за победата на гостите и враќањето на брејкот во серијата беше клупата, односно ефектот на играчите кои постигнаа дури 76 поени, најмногу во конференциско финале во последните пет децении. ...

Пеп Гвардиола ја промени историјата на Манчестер Сити и за десет години минати во клубот успеа да донесе дури 20 титули, па иако имаше уште една важечка година од договрот, тој самоинцијативно реши да стави крај на една ера. Една декада во клубот според него е доволно добра бројка да се стави крај на најдобар и најпријателски можен начин, бидејќи врската која ја изгради со клубот и сите кои се поврзани во внатрешноста му гарантираат ...

Тимот на Задар каде настапува нашиот Адем Мекиќ оствари победа над Дубровник од 83:57 во првиот меч од полуфиналната плејоф серија во Хрватска. Избраниците на Јусуп ја оправдаа улогата на фаворити, се стекнаа со двоцифрена предност по првото полувреме (37:25), гостите се заканија во третиот период (60:50), но потоа одново на сцена стапија домашните кошаркари кои со фуриозни завршни десет минути го потврдија триумфот (23:7). Михаиловиќ со 22 и ...

Јувентус мора да оди на победа во градското дерби со Торино, но за пласман во Лигата на шампионите ќе му требаат и киксови на некој од ривалите за Топ 4 пласман. Во меѓувреме, тренерот Лучијано Спалети се соочил со уште еден сериозен проблем, а тоа е повредата на Кенан Јилдиз. Турскиот репрезентативец денеска направил детални прегледи и била потврдена мускулна повреда, која бара пауза од најмалку 2-3 недели. Тоа значи дека Јилдиз нема да биде ...

Интер ја освои шампионската титула во Серија А, па очекувано неколку членови на овој тим и тренерот Кристијан Киву добија признанија од лигата. Лаутаро Мартинез можеби е прва ѕвезда и капитен на шампионот, но годинава во распределбата на признанијата за најдобрите, ќе мора да се задоволи само со наградата за најдобар напаѓач. Главната награда за играч на сезоната му припадна на Федерико Димарко, кој досега сезонава има 6 голови и 18 ...

Тренто на нашиот репрезентативец Андреј Јакимовски оствари и втора победа во серијата од италијанскиот плејоф со Виртус Болоња. Противникот е фаворит во четвртфиналното соочување, но Тренто успеа да ја преземе контролата и да го потврди брејкот пред своите фанови. Јакимовски и соиграчите постојано го контролираа натпреварот и резултатот, па на крајот славеа со преубедливи 102:85 и ќе го дочекаат четвртиот натпревар со предност од 2:1. ...

Енис Барди и Коњаспор не успеаја да го освојат трофејот во турскиот фудбалски Куп, губејќи го финалето во кое се соочи со Трабзонспор. Натпреварот во Анталија започна со голема шанса на Енис Барди, но македонскиот репрезентативец не успеа да ја затресе противничката мрежа, за во 18. минута Онуачу да донесе предност за ривалот. Мулека израмни во 50. минута и ја врати неизвесноста, а Коњаспор доби можност и за целосен пресврт. Судијата покажа ...

Реал Мадрид ќе му се спротивстави на Олимпијакос во неделното финале на Ф4 турнирот на кошаркарската Евролига, а за место на завршниот натпревар за трофејот се избори со победа над Валенсија (105:90). Шпанското дерби донесе неизвесен прв период, а во вториот Реал првпат стигна до двоцифрена предност, а во продолжение не дозволи пресврт, одржувајќи солидна предност посебно во последната четвртина. Хезоња со 25 и Лајлс со 17 поени беа најдобри ...

Бернардо Силва го избрал својот следен клуб и ќе настапува во шпанското фудбалско првенство. За Португалецот сериозно се интересираше и Јувентус, но Силва ќе се пресели во редовите на Атлетико Мадрид и ќе треба да ја пополни дупката која се отвори со заминувањето на Антоан Гризман. Спортскиот директор Матеу Алемани е познат по одличните трансфер потези во минатото, а сега се чини дека успеал да му договори и важен трансфер на Атлетико, со кој ...

Роберто Де Ѕерби не сакал да го критикува капитенот Кристијан Ромеро, но вели дека ги разбира фановите кои се изненадени и разочарани од потегот на аргентинскиот фудбалер. Дефанзивецот одамна се повреди и не е во конкуренција за настап во последното премиерлигашко коло, но неколку клупски легенди и фановите очекуваа да биде покрај соиграчите на натпреварот на кој лондонскиот тим ќе се бори за опстанок. На Тотенхем му треба барем бод во ...

Новиот македонски ракометен шампион Вардар, забележа победа (36:26) над Тиквеш во претпоследното коло од плејофот во машката Супер лига. По потврдата на шампионскиот статус во сезоната 2025/26, Вардар загуби од ГРК Охрид, но сега не дозволи нов негативен резултат во серија и рутински славеше над составот од Кавадарци. На полувреме Вардар имаше предност од 20:12, а тренерот Чупиќ со многу ротации немаше проблем да го води својот тим до уште ...

Официјалното објавување на составот на англиската репрезентација за СП 2026 донесе сериозни критики за селекторот Томас Тухел, а тој во свој стил се обидел да ја оправда својата одлука. Дел од англиските фанови не можат да прифатат што на списокот нема играчи од типот на Палмер, Фоден и Александер-Арнолд, но германскиот стручњак е убеден дека го направил вистинскиот избор. – Уште од првиот ден имавме јасна мисија, а тоа е да го создадеме ...

Ханси Флик ја подготвува Барселона за натпреварот од последното коло во Ла Лига, а на денешната прес-конференција потврдил дека неговиот стручен штаб ќе доживее промени за следната сезона. Од Барселона заминува поранешниот играч на оваа екипа, Тиаго Алкантара, нешто што медиумите го најавија, а Германецот денеска официјално го потврдил. – Сум им кажал на фудбалерите и на моите соработници за мојата конекција со Тиаго. – Кога станав прв тренер ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
74%
1019
weather icon

Белград

16ᴼ / 16ᴼ
2.68
78%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
1.16
79%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.47
79%
1018
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.29
78%
1016
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.0
88%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
62%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.82
66%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.64
62%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
89%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
0.89
76%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
1.39
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Злато

135639.33