Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Некогашниот светски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ ја обезбеди првата победа на овогодишеното издание на Ролан Гарос. Ѓоковиќ потешко од очекувањата излезе на крај со 80. тенисер на планетава, 22-годишниот Џовани Мпетши Перикар. Французинот имаше одличен почеток и го доби првиот сет со 7-5, додека пак во вториот попушти во 12 гејм и му дозволи на Србинот да направи брејк и да израмни на 1-1. Потоа беше полесно да искусниот Ноле кој издоминира ...
Милан нема да игра во Лигата на шампионите во наредната сезона и тоа откако вечерва се посрамоти на домашен терен и го загуби клучниот натпревар против Калјари. „Росонерите“ имаа се во свои раце, победа им гарантираше Топ 4 пласман и остварување на зацртаната цел, место во елитната клупска фудбалска конкуренција за кампањата 2026/2027. Клубот од Милано имаше и перфектен старт, поведе со голот на Салемакерс во 2 минута и едноставно изгледаше ...
Тимот на Олимпијакос издвојува победа над Реал Мадрид од 92:85 во борбата за трофејот во Евролигата во натпреварувачката 2025/2026. Грчкиот тим имаше статус за голем фаворит во финалето затоа што Реал остана без центри, поточно на Тавареш и Лен им се приклучи и Гаруба, но уште еднаш „кралевите“ покажаа, потврдија дека никогаш не смеат да бидат отпишани и едноставно малку недостасуваше да го нокаутираат Олимпијакос во Атина. Избраниците на ...
Овиедо, Џирона и Мајорка ќе ги гледаме во шпанската втора лига во наредната сезона, но веќе имаме две екипи кои ќе бидат дел од елитната дивизија во натпреварувачката 2026/2027. Расинг Сантандер од пред некое време го обезбеди тој билет, а од вечерва таа карта ја има и Депортиво Ла Коруња што значи дека две познати клубови се враќаат на најголемата сцена на Пиринеите. Ла Коруња е поранешен шпански првак, тим кој долго време беше редовен ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје се старо-нови шампиони на Македонија откако вечерва со нова победа ја затворија финалната серија со Маџари. Клубот од Аеродром за првпат во ова соочување славеше на гостински терен, триумфираше со 80:74 и со чисти 3-0 дојде до 13. шампионски трофеј во мак баскетот. „Металците“ потврдија дека се поискусна, поквалитетна екипа од Маџари кој без разлика на поразот во битката за пехарот направи историски резултат за ...
Манчестер Сити загуби од Астон Вила со 2-1 во последниот натпревар за оваа сезона во Премиер лигата, но резултатот воопшто не беше во прв план затоа што домашниот тим, клуб имаше навистина емотивен ден затоа што за три големи имиња тука заврши приказната. Се работи за тренерот Пеп Гвардиола, дефанзивецот Џон Стоунс и офанзивецот Бернардо Силва кои многу му дадоа на клубот во изминатава деценија. Меѓутоа најемотивно беше кога Силва го напушти ...
Вардар со вчерашната победа над Шкендија од 3-0 ја заокружи оваа сезона во Првата македонска лига, сезона во која клубот повторно се врати на врвот во македонскиот фудбал. Во минатата кампања „црвено-црните“ го освоија Купот, а во оваа дојдоа и до лигашкиот трофеј, резултати за кои огромна заслуга има тренерот Гоце Седлоски кој си заминува од функцијата и комплетно ќе и се посвети на работата во македонската репрезентација. -ФК Вардар сака на ...
Составот на Наполи за кого настапува македонскиот репрезентаитвец Елиф Елмас оствари победа над Удинезе од 1-0 во последниот меч за оваа сезона во Серија А. Многу прашалници има околу наполитанците, иднината на тренерот и на добар дел од играчите како што е Елмас, меѓутоа одговорите ќе ги добиеме во наредниов период, а во меѓувреме клубот од Неапол на победнички начин ја заокружи натпреварувачката 2025/2026. Клучниот момент се случи во 24 ...
Њујорк Никс го доби и третото соочување со Кливленд Кавалирс и сега е на само една победа од големото финале во НБА лигата. Никси овојпат за првпат славеа на гостински терен со 121:108 и ако го добијат наредниот меч ќе испорачаат втора „метла“ во низа со оглед на тоа што претходно ги збришаа „76-ките“ од Филаделфија. Ги имаме и најубавите моменти на денот, пет мајстории кои ги предводи Џејлен Брансон кој го „оддува“ Макс Струс и потоа ...
Екипите на Пелистер и Брера Струмица издвојуваа победи во последното 33. коло од оваа сезона во Првата лига, но допрва за двата клуба престојат најважните натпревари, клучни битки за задржување на прволигашкиот статус. Пелистер беше подобар од Башкими со 1-0 со голот на Србијанац во првото полувреме, додека Брера сосема очекувано го суреди фенерџијата Шкупи со 6-0. Со ова веќе ги добивме бараж двојките, поточно последните две места во ...
Тимот на Тотенхем успеа да обезбеди опстанок и во наредната 2026/2027 ќе продолжиме да го гледаме во англиската Премиер лига. „Петлите“ се изборија за славје над Евертон (1-0) и тоа ја направија залудна победата на Вест Хем над Лидс Јунајтед од 3-0. Палиња беше човекот кој ги донесе посакуваните три бода за Тотенхем, додека „чеканите“ се селат во понизок ранг и нема да се памети тоа што Кастелјанос, Боувен и Вилсон го матираа некогашниот клуб ...
Ракометарите на ГРК Охрид издвојуваа победа над Татабања од 29:28 во првиот натпревар од финалето на Европскиот Куп на ЕХФ. Македонскиот прволигаш успеа да се избори за значаен триумф на гостувањето во Унгарија и ќе има можност наредната седмица пред своите гледачи во салата „Билјанини Извори“ да испише историја и да освои европски трофеј. Ова беше меч во кој двете екипи поделија по едно полувреме, „гладијаторите“ ги надиграа домаќините во ...
Саша Обрадовиќ одлично ја започна својата втора авантура во Црвена Звезда, но откако тимот испадна од Евролигата и доживеа елиминација од Партизан во Евролигата, мора да се помири со втора разделба со саканиот клуб. Српскиот шампион денеска ја информираше јавноста дека е постигнат договор за прекина на соработката, нешто што беше целосно очекуванио после елиминацијата од лутиот ривал во плејофот во АБА лигата. – KK Црвена Звезда ја информира ...
Леон Горецка го заврши својот пат во Баерн Минхен со двојна круна и титула освоена во Купот, а по крајот на финалето во Берлин, и самиот даде изјава за својата иднина која засега е крајно неизвесна. Германскиот фудбалер се уште високо котира на трансфер пазарот и покрај тоа што Баерн не му го продолжи договорот, па Лотар Матеус смета дека идеално сценарио за него би бил Милан и италијанската Серија А. Легендарниот Матеус му се заблагодари на ...
Натпреварите од последното коло во Премиер лигата немаат посебно значење за добар дел од екипите, па иако Брајтон е оној кој брка победа, Манчестер Јунајтед е тимот кој прв постигна гол на „Амекс“ стадионот. „Галебите“ подобро го отворија натпреварот и покажаа посериозна желба да го загрозат голот на гостите, но први на погодок се радуваа играчите на Мајкл Карик. Повраникот Доргу постигна некарактеристичен гол за себе и погоди со глава, но ...
Натпреварите од последното коло во Премиер лигата немаат посебно значење за добар дел од екипите, па иако Брајтон е оној кој брка победа, Манчестер Јунајтед е тимот кој прв постигна гол на „Амекс“ стадионот. „Галебите“ подобро го отворија натпреварот и покажаа посериозна желба да го загрозат голот на гостите, но први на погодок се радуваа играчите на Мајкл Карик. Повраникот Доргу постигна некарактеристичен гол за себе и погоди со глава, но ...
Бараж финалето за опстанок во романската Суперлига заврши со резултат 3:3, но во пресрет на вториот меч и предвидениот реванш, цела јавност во Романија пишува за промашувањето на сезоната. Натпреварот меѓу Чиндија од Тарговиште и Фарул од Константа завршил со резултат 3:3, меѓутоа во центарот на вниманието се нашол Иван Пешиќ Хрватскиот напаѓач го постигнал третиот гол за Чиндија на овој возбудлив натпревар, но пред да дојде до тоа, режирал ...
Валенсија не успеа да избори излез во Европа и покрај тоа што ја победи Барселона на домашен терен со резултат 3:1, но покрај лошите вести кои пристигнаа од другите терени ширум Шпанија, за „лилјаците“ посебно болна е и онаа што пристигна попладнево. Диего Лопез беше еден од најдобрите играчи на Валенсија во овој финиш од сезоната и повторно се избори за статус на стартер, меѓутоа испадна дека судбината сега крои нов тежок пат за него. ...
Штип е третиот град во кој се одржа „Денот на спортот“, во рамките на Плазма Спортските игри за млади. Во одлична атмосфера, исполнета со насмевки, младите „симовци“ уживаа во своите омилени спортови. Над 1.500 дечиња имаа можност бесплатно да се натпреваруваат во различни дисциплини, а најмладите фудбалери и фудбалерки се натпреваруваа во „Coca Cola Cup“, во машка и женска конкуренција. Возбудата растеше во баскет 3х3, каде младите ...
Македонската одбојкарска Федерација ова попладне излезе со тажна вест за Владимир Ѓорчески, легендарниот репрезентативец на Југославија кој беше познат по прекарот Ципа. Ѓорчески починал на 66-годишна возраст и денеска веќе бил погребан во родното Тетово, па ова дефинитивно е голема загуба за македонската одбојка, но и за Лина Ѓорческа која е ќерка на славниот Ципа. – ИН МЕМОРИАМ: Владимир Ѓорчески – Ципа (1960 – 2026) – Македонската и ...
Марк Андре Тер Штеген запиша само два настапи оваа натперварувачка сезона во Ла Лига, а сезоната за заборав му носи и еден статистички податок кој не се памети во поновата историја на шпанскиот фудбал. Германецот го загуби своето стартно место во Барселона по тешката повреда на коленото, откако дозна дека ќе биде втор голман во Барселона заработи сериозна повреда и на грбот, но кога се чинеше дека наоѓа спас во Џирона, заработи тешка повреда ...
Новак Ѓоковиќ влегува со максимално големи амбиции на секој голем турнир на кој настапува, но во пресрет на Ролан Гарос, самиот вели дека се наоаѓа во позиција кога носи голема непозната за него. За првпат во кариерата, Ноле одигра само еден меч на земјена подлога пред стартот на грен слем турнирот во Париз (поразот од Прижмиќ), па во ситуација кога е свесен дека нема баш добра подготовка за Ролан Гарос, влегува со цел да одигра меч повеќе и ...
Вчерашниот натпревар против Атлетик Билбао беше последен за тројца првотимци на Реал Мадрид, но ако Дани Себалјос не доби шанса да се прости со фановите поради караница до Алваро Арбелоа, Давид Алаба и Дани Карвахал добија достојни испраќања. Тоа посебно важи за капитенот кој мина 13 години во првиот тим на Реал Мадрид, па иако искусниот десен бек се најде во центарот на вниманието, свои минути на внимание доби и Алаба. Австрискиот дефанзивец ...
Силекс во средата ја освои четвртата титула во Купот на Македонија и успеа да избори излез во Европа, а само неколку дена по големиот успех пристигна вест која сите со нетрпение ја очекуваа во Кратово. Александар Васоски извонредно се адаптираше во Силекс и шлаг на торатата беше освоената титула во финалето со Шкендија, но сите се надеваат дека тоа ќе биде само почеток на една убава приказна. Кратовчани денеска со големо задоволство објавија ...
Лука Модриќ има опција според која договорот со Милан може да му биде продолжен до 2027-ма година, но тоа ќе се случи ако бидат исполнети два услови кои ги постави искусниот хрватски фудбалер. По неверојатно добрите изданија кои ги прикажа во петтата деценија од животот, сите луѓе од клубот се уверени дека тој треба да одигра уште една сезона во Милан, но за да се случи тоа, оперативците ќе мора да му исполнат два услови, од кој едниот зависи ...
Хари Кејн постигна хет-трик во големото финале во Берлин и осигура двојна круна за Баерн Минхен, тим кој претходно ја освои титулата и во домашното првенство. Куп финалето со Штутгарт беше целосно израмнето во првиот дел, но во вторите 45 минути до израд дојде полетноста на Баерн, но и хируршки прецизините реализации на Кејн. Англичанецот постигна хет-трик и буквално сам го победи Штутгарт, а покрај тоа што стана првиот играч по Герд Милер ...
Роберт Левандовски вчера го одигра последниот натпревар во дресот на Барселона и се одјави со гол на „Месталја“, погодок кој сепак не беше доволен неговиот тим да извлече поволен резултат против Валенсија. Незаинтересираниот гостин на крајот загуби со 3:1 на натпревар на кој немаше никакво резултатско значење за каталонците, но Леви барем успеа да се одјави онака какошто му доликува, односно со гол во мрежата на нашиот Столе Димитриевски. ...
Илкај Гундоган воспостави уникатна врска со Пеп Гвардиола и со големо нетрпение го чека последниот натпревар на Шпанецот како менаџер на Манчестер Сити, без оглед на тоа што веќе не е член на клубот. Искусниот играч за врска беше еден од креаторите на најголемите успеси кои ги оствари Пеп во својата десетгодишна етапа во клубот, но поранешниот германски репрезентативец вели дека наспроти спортските достигнувања, посебно се гордее што успеал ...
Столе Димитриевски ја заврши сезоната на најдобар можен начин и со нова страшна одбрана против Барселона, но ако Македонецот може да биде презадоволен од индивидуалните перформанси, тимски гледано постојат и одредени разочарувања. Иако Валенсија ја победи на Барса на „Месталја“ со 3:1, останатите резултати не се поклопија и „лилјаците“ седма година по ред останаа без излез во Европа, па како еден од најдобрите во вториот дел од сезоната, ...
Денешните мечеви на стартот на Ролан Гарос донесоа и една бизарна ситуација, а во главна улога беше домашниот претставник Артур Геа. Се работи за тенисер кој е на 135-то место на АТП ранкингот и кој денеска побара итно да замине во тоалет поради незгоден проблем. Геа играше против Карен Хачанов, а во еден момент побара од супервајзорот да му овозможи вонредна посета на тоалетот. – Зборуваш француски? Имам дијареја, мора да одам во тоалет. Не ...