Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Раул Фернандес доживеа големо разочарување на вчерашниот спринт и не ја заврши трката на која важеше за еден од фаворитите за победа, но затоа на главното сценарио се прикажа во најдобро светло и успеа да оствари голема победа. Возачот на Трекхаус беше недопирлив за конкуренцијата и победи на Силверстоун, а по 12 извозени трки во Мото ГП сезоната, станува јасно дека трката за титулата може да биде поинтересна и понеизвесна од било кога. Дури ...
Јаник Синер го пропушти Мастерсот во Монтреал кој се уште е во тек и им правеше друштво на Карлос Алкарас и Новак Ѓоковиќ кои повлекоа идентични потези, но дефинитивно големо изненадување е тоа што Италијанецот ја пропушта и последната подготовка за Ју-Ес Опен. Карлос Алкарас пред три дена го откажа настапот на Синсинати, а овој голем Мастерс турнир ќе остане и без минатогодишниот финалист, Јаник Синер. За разлика за Мастерсот во Монтреал за ...
Уште едно познато фудбалско име може да се пресели во Турција во овој преоден рок, а тоа е белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку. Лукаку има договор со Наполи до 2027 година, меѓутоа и двете страни не кријат дека посакуваат разделба и со тоа да се стави крај на соработката која започна во 2024, период во кој имаше добри и лоши времиња. Сериозен интерес за голгетерот има од Фенербахче, па сега треба да се „испеглаат“ работите за да се дојде ...
Арсенал важи за екипа на која одбраната е и на врвно ниво, клучен дел без кој немаше да биде постигнати резултатите во претходните неколку сезони, но во овие подготовки дефанзивата е проблем и најдобра потврда за тоа се бројат на примени голови. Пред неколку дена премиерлигашот прими три гола од шпанскиот прволигаш Бетис (3-1), а денеска тоа се повтори и против Борусија Дортмунд и тоа на домашен терен во рамките на „Емирејтс Купот“. ...
Паоло Малдини прифати да се врати на големата сцена и да му помогне на италијанскиот фудбал, италијанската федерација, но неговата приказна со ФИГС заврши по само дваесеттина дена. Малдини како технички директор и Леонардо како негов советник како прва задача им беше да изберат селектор, ги посакуваа Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола, големи имиња кои откажаа по што се свртеа на домашната сцена и го избраа Андреа Пирло. Федерацијата, јавноста на ...
Машката кадетска репрезентација на Македонија го совлада Израел со 39:29 во натпреварот за деветтто место на Европското првенство што се одржува во Србија. Нашите надежи имаа проблеми со Израелците во првите 30 минути, фаза во која постојано бевме негатива со тоа што на одмор заминавме со минус еден (20:19). Одморот дефинитивно добро ни дојде затоа што во продолжението избраниците на селекторот Горан Кузманоски издоминираа, одиграа супер ...
Јужна Америка знае да донесе специфични настани, моменти кога е во прашање фудбал, но и ситуации кои долго се паметат и се коментираат. Токму таква незаборавна сцена ни дојде од Уругвај каде на средбата од пониските лиги меѓу Уругвај Монтевидео и Паисанду, еден од играчите успеа да предизвика сообраќајка откако ја исфрли топката надвор од игралиштето. Ричард Нуњез расчисти опасна ситуација притоа исфрлајќи ја топката надвор од теренот, ама со ...
Екипата на Црвена Звезда го официјализираше шестото засилување за сезоната 2026/2027, неочекувано засилување, играч кој според првичниот план следнава година требаше да ја мине во редовите на Асвел. Се работи за Ник Вајлер-Баб, еден од најдобрите одбранбени играчи на стариот континент, германски репрезентативец кој имаше се договорено со Асвел, беше и претствавен како ново име, но во меѓувреме францускиот клуб се соочи со неочекуван проблем ...
Њукасл остана без неколку важни играчи во краток период, а продажбата на Бруно Гимараеш во Арсенал ги натера букмејкерите да ја намалат квотата за испаѓање на оваа екипа од Премиер лигата. Откако минатата сезона беше освоено дванаесеттото место, букмејкерите како да предвидуваат дека на Њукасл ќе му се случи судбината на Тотенхем, односно она што е главна задача на новиот менаџер Матијас Јајсле е да обезбеди опстанок за „црно-белите“. И ...
Фудбалерите на Манчестер Сити славеа над Атлетико Мадрид со 3-1 на пријателскиот натпревар кој попладнево се одигра во Сеул. Ова беше соочување во кое шпанскиот прволигаш водеше со 1-0 по првото полувреме со погодокот на младиот Домингез во 43 минута. 16-year-old Jorge Domínguez grabs the opening goal as Atlético Madrid lead Manchester City 1-0 🔴⚪️ 📺 Stream free on CBS Sports Golazo Network pic.twitter.com/XJUoXAUKeQ — CBS Sports Golazo ⚽️ ...
Мајкл Овен и Вилијам Галас се две имиња кои оставија свој печат во Премиер лигата настапувајќи за повеќе клубови и правајќи разлика во офанзивната и дефанзивната линија. Сега Овен и Галас често можеме да ги видиме во улога на аналитичари, луѓе кои делат стручни коментари, даваат свои ставови, предвидувања, па Англичанецот и Французинот се на иста линија за едно име кои би сакале да го видат во шампионот Арсенал како засилување-тоа е Маркус ...
Јувентус ќе се обиде оваа сезона да биде конкурентен во Серија А и во најмала рака да ја оствари основната цел која им „избега“ во минатата кампања, пласман во Лигата на шампионите. Секако во таборот на „бјанконерите“ би сакале веднаш да се вклучат за пехарот во Серија А, да бидат шампиони, но тренерот Лучијано Спалети е свесен дека во моментов Интер е подобра, покомплетна екипа од нив. Клубот од Торино доби засилувања како Керим Алајбеговиќ ...
Вардар и Шкендија се двете најдобри екипи во македонскиот фудбал, две екипи кои се главни фаворит за пехарот на домашната сцена, две екипи кои денеска ќе го имаат првото соочување во натпреварувачката 2026/2027 и тоа од 17 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Актуелниот првак ја отвори сезоната со славје над Брегалница од 2-0, „црвено-црните“ од Тетово пак го добија Скопје со 3-0. Вардарци за нијасна се поодморени затоа што ...
Македонската кадетска кошаркарска репрезентација доживеа убедлив пораз од Хрватска од 112:57 на Европското првенство „Б“ дивизија што се игра во нашата земја. Убедлив пораз на нашите кадети од Хрватска на ЕП Ова беше втор пораз за нашите надежи во третиот натпревар, но селекторот Дејан Стојановски гледа позитивно на работите и ги пофали своите кошаркари за пристапот, борбеноста и начинот на кој одиграа во првото полувреме. –Имавме добро прво ...
Женската јуниорска репрезентација на Македонија со пораз од Естонија од 76:64 го заврши настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Тулчеа (Романија). Имавме проблеми во првата и третата четвртина, не успеавме соодветно да му парираме и да му одговориме на противникот, па запишавме нов негативен резултат на турнирот, во разигрувањето за пласман од 17. до 20. место. Најефикасна во македонскиот состав беше Трајковска со 13 поени, на ...
Интер Мајами се погрижи натпреварот со Монтереј во Лига купот да започне со минута молчење во чест на Хорхе Меси, додека првата ѕвезда на екипата, Лео веќе беше на пат кон Аргентина каде во болница почина неговиот 68-годишен татко. Соиграчите на Меси не успеаја да обезбедат позитивен резултат во емотивната ноќ, во која Родриго Де Пол донесе предност за составот од Флорида со убав погодок, а истиот му го посвети на Меси, чиј дрес го носел под ...
Уникатна ситуација видоа фудбалските фанови во Бразил на дуелот меѓу Коритиба и Чапекоенсе, на кој еден домашен фудбалер ги шокираше сите присутни на стадионот. 29-годишниот Жаси мислеше дека постигна гол во финишот на првото полувреме, но неговиот обид да го прослави со фановите заврши неславно. Дефанзивецот го прескокна рекламното пано и заврши директно во тунелот кој води кон соблекувалните, при што ги исплаши сите наоколу, а на крајот ...
Новиот спортски менаџмент на Рома се обидува да му ги обезбеди посакуваните засилувања на тренерот Џан Пјеро Гасперини, а во финишот на преодниот рок е започната сериозна офанзива за потенцијално големо освежување во нападот. Претставници на италијанскиот клуб веќе комуницираат и преговараат со агентите на Ендрик, обидувајќи се да го убедат фудбалерот и неговите застапници дека идејата за заем во редовите на „волчицата“ е најдобра солуција за ...
Паоло Малдини амбициозно влезе во проектот за позитивни промени во италијанската фудбалска репрезентација, но се повлече од својата функција по само шеснаесет дена. Легендарниот дефанзивец работеше во тандем со Леонардо и една од главните задачи беше да го избере идниот селектор, кој треба да ја врати Италија на препознатливата позиција на светската фудбалска мапа. Прв избор на поранешните играчи на Милан беше Пеп Гвардиола, а во интервју за ...
Милан вчера доживеа убедлив пораз од Челси на контролниот натпревар во Индонезија, а тренерот Рубен Аморим не може да биде задоволен со изданието на својата екипа во пресрет на новата сезона. „Росонерите“ допрва ќе носат важни одлуки поврзани со конечниот изглед на ростерот, а според португалскиот стручњак тоа е и приоритетот наредниот период. – Знаевме дека денеска ќе ни биде тешко, но сакавме да ги предизвикаме фудбалерите. – Сепак, нашата ...
Феран Торес летово го привлече вниманието со своите настапи за шпанската репрезентација и фактот што го постигна единствениот гол во мундијалското финале, а по тој натпревар останува актуелен поради желбата да се раздели со Барселона. Шпанскиот репрезентативец не добиваше соодветна минутажа минатата сезона, веројатно не добил гаранции дека тоа ќе се промени во новата, па сега дефинитивно донел одлука за следниот чекор. Феран веќе ги договорил ...
Челси ќе ја заврши претсезонската турнеја со гостување во Малезија, каде денеска премиерлигашот ќе се соочи со најсилниот малезиски тим Џохор Дарул. Еден од водечките луѓе во менаџментот на малезискиот шампион е Луис Гарсија, поранешен соиграч на Чаби Алонсо од периодот кога двајцата настапуваа за Ливерпул и беа предводени од Рафа Бенитез. Гарсија потенцирал дека е возбуден поради гостувањето на Челси на полниот стадион, но истовремено не ...
Федерико Валверде останува капитен на Реал Мадрид и покрај скандалот кој го режираше со Орелијан Чуамени на крајот на минатата сезона, а оваа одлука ја донесе Жозе Мурињо уште на самиот старт на подготовките. Новиот тренер ја почитува хиерархијата во првиот тим и го остави Валверде како капитен на неговиот тим, па сега капитенот не крие дека е воодушевен од првите неколку работни недели со Португалецот кој има освоено се во кариерата. – ...
Бруно Гимараеш одлучи да сврти нов лист во животот и кариерата, да ја заврши приказната со Њукасл и ја прифати понудата од англискиот шампион Арсенал. Бразилецот од 2022 година го носеше дресот на Њукасл, тим на кој беше лидер, еден од најдобрите, ас кој ја носеше капитенската лента, миленик на навивачите, но иако му беше тешко се реши да го напушти „Сент Џејмс Парк“. Арсенал добива топ засилување за 75 милиони фунти, а ова е најдоброто од ...
Машката македонска репрезентација до 16 години доживеа убедлив пораз од Хрватска од 112:57 на средбата на Европското првенство од Дивизијата „Б“ што се одржува во нашата земја. Хрватите „газат“ се пред себе на досегашниот дел од турнирот, па така беше и против Македонија, ги добија сите четири четвртини и „раситнија“ уште една „стотка“ на шампионатот. Дион Шабани беше најефикасен во македонскиот состав со 16 поени и 8 скока. Котевски ...
Бернардо Силва го одигра првиот меч за Реал Мадрид еден месец по поразот од Шпанија на Светското првенство, а фактот што е надвор од натпреварувачки ритам 30-тина дена, придонело до пад во формата кој беше евидентиран од Жозе Мурињо. Иако Силва демонстрираше карактеристично добри технички квалитети на денешниот меч со Ференцварош, по неговото деби во дресот на „кралскиот клуб“, Мурињо посочи дека неговиот сонародник ќе мора напорно да работи ...
Хуан Квадрадо се уште е фудбалски активен и не планира да се повлече на 38-годишна возраст, а во изостанок на вистинска понуда од Серија А, искусниот Колумбиец разгледува и понуди од други страни на светот. Откако си замина од Јувентус, Квадрадо не успеа да ги повтори партиите кои го красеа осум години во Торино и во меѓувреме настапуваше за Интер, Аталанта и Пиза, но за фановите на Јуве посебно болен беше неговиот премин во Милано кој беше ...
Едуардо Камавинга се бори за свое место во тимот на Жозе Мурињо во овие пресезонски подготовки, па иако имаше некои потези кои дефинитивно нема да му помогнат, засега се уште ужива довербар од Португалецот. Камавинга беше стартер и на денешниот натпревар против Ференцварош во недостиг на играчи кои се очекува да биде стартери, а во период кога Французинот треба да даде се од себе за да се прикаже во најдобро светло, одредени технички ...
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години го запиша првиот триумф на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Романија. Избраничките на селекторот Виктор Петровски ја прекинаа серијата од пет порази на турнирот и ја декласираа Норвешка со 67:41 во борбата за пласман на шампионатот. Одигравме перфектно прво полувреме во кое му дозволивме на противникот да даде само 11 поени (40:11) по што стана јасно дека рутински ќе мора ...
Роналд Араухо се одјавува од Барселона и утре или на стартот на новата седмица се очекува да пристигне во Ливерпул, клуб кој успеа во голема тајност да заврши операција која никој не ја најави. По натписите на угледните шпански инсајдери дека заемот на уругвајскиот репрезентативец е комплетиран, сега останува да се довршат последните детали за реализирање на зделката, а истата ќе вклучува и опција за откуп. Араухо ќе игра една година како ...