Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Луис Енрике самиот си постави цел и најави дека ПСЖ ќе брка израмнувњае на уникатниот рекорд на Реал Мадрид кога се во прашање три последователни титули во Лигата на шампиони, но воведниот предизвик во новата сезона сепак ќе биде Суперкуп натпревар против Астон Вила кој се игра вечерва. Европскиот шампион ќе игра за првиот трофеј со победникот во Лигата на Европа, а во најавата за мечот, друштво на Лучо на прес-конференцијата му правеше ...
Тигрес успеа да преживее два црвени картони и да го елиминира Ванкувер во Лига Купот во Северна и Средна Америка, но пред да слави мекиканскиот клуб на пенали, во самата завршница се случи една ситуација која стана вирален хит. Нахуел Гузман е голман на Тигрес и со оглед на возраста може слободно да се каже дека направи една несекојдневна тинејџерска глупост, па има и среќа што тоа не го чинеше неговиот тим елиминација. Откако Тигрес веќе ...
Ханси Флик од денеска ќе го има цел тим на располагање со враќањето на последните ѕвезди кои имаа најголема минутажа на мундијалот, па со враќањето на Дани Олмо, Педри, Кубарси и Ламин Јамал се става крај на летниот одмор во редовите на каталонскиот гигант. Пред денешното појавување на четирите ѕвезди, вреди да се напомене дека Гави, Ерик и Жоан Гарсија се вратија неколку дена порано бидејќи немаа некоја позначајна минутажа на Светското ...
Енцо Мареска ги привикнува фудбалерите на Манчестер Сити на новите методи и веќе неколку дена работи и со ѕвездите кои се вратија од мундијалот, а набрзо тоа ќе биде случај и со Ерлинг Халанд кој се врати во Англија. Норвешката суперѕвезда е една од последните кои се приклучуваат на тимот во овие пресезонски подготовки, но пред да ги добие воведните инструкции од новиот менаџер, Халанд дозна дека има мали шанси да ја носи капитенската лента ...
Дејан Станковиќ неславно ја заврши својата втората етапа во Црвена Звезда како тренер на првиот тим, бидејќи во помрачувањето кое го имаше вчеравечер на „Маракана“ остави еден навистина лош пример за тоа како треба да се однесува еден шеф на стручен штаб. Станковиќ се сврте против своите навивачи, плукаше во правец кон судијата и на доста бесен начин го напушти теренот откако заработи црвен картон, а сето тоа кулминираше со срамна елиминација ...
Вчера во англиската јавност се појави информација дека Арсенал како клуб го понудил Мајлс Луис-Скели на Манчестер Јунајтед и Челси, па иако се уште нема официјална потврда за тоа колкава сума бараат „топчиите“, Рио Фердинанд смета дека ова е шанса што не смее да се пропушти. Младиот 19-годишен англиски фудбалер може да одговори на повеќе позиции во систем на било кој тренер и тоа го докажа изминативе две сезони како лев бек и извонреден играч ...
Оперативците на Интер полека влегуваат во самата завршница од активностите во летниот преоден рок, а со двете продажби кои ги најавија угледните италијански медиуми, се поизвесно е дека ќе бидат доведени и две посакувани засилувања за кои се преговара веќе некое време. Италијанскиот шампион се најде во ситуација да продава за да ослободи простор за нови засилувања, а конечната одлука падна на Луис Енрике и Давиде Фратези. Интересно, двајцата ...
Јан Диоманде стана најскап реализиран трансфер во историјата на Реал Мадрид бидејќи неговата зделка може да достигне 140 милиони евра, па иако вложените средства ќе прават притисок врз најдобриот млад играч од Бундеслигата за минатата сезона, повеќе од јасно е дека Жозе Мурињо во својот тим доби огромен талент кој допрва треба да се надградува. Диоманде забележа стратосферски раст во една сезона и демонстрираше дека поседува огромен ...
Луис Енрике на еден од последните тренинзи на ПСЖ јасно стави до знаење дека Фабијан Руиз ја заслужува „Златната топка“ после освоените титули во Лигата на шампиони и Светското првенство, а во таа насока оди и размислувањето на Витиња, кој пак во потесен круг стави уште двајца соиграчи. Португалскиот играч за врска не се сместува себе меѓу топ петте најдобри играчи во светот, но затоа посочи уште двајца соиграчи, и по една ѕвезда од Баерн ...
Претседателот на европската зона на ФИБА, Хорхе Гарбахоса, повторно е во Македонија, овојпат во посета на Гевгелија, каде ја проследи средбата меѓу кадетските репрезентации на Македонија и Украина. Откако пред извесен период беше гостин на Младинската кошаркарска конвенција во Скопје, првиот човек на ФИБА Европа повторно допатува во нашата земја, овојпат на покана на раководството на Кошаркарската федерација на Македонија и градоначалникот на ...
Црвена Звезда ги разочара своите фанови со уште еден неуспешен обид да избори место во Лигата на шампионите, а годинава налета на Хапоел Бер Шева, кој беше поуспешен во третото квалификациско коло за најелитното европско натпреварување. Фановите на стадионот „Рајко Митиќ“ не го криеја незадоволството од изданието на фудбалерите на двете средби и посебно на реваншот, на кој израелскиот ривал победи со 2:0. Тренерот Дејан Станковиќ беше бесен ...
Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез долго време се партнери, но денеска и официјално направиле венчавка која фудбалската ѕвезда ја потврди со една фотографија. Португалецот и неговата сопруга објавија фотографија на своите Инстаграм профили, на која во фокусот се рацете на двајцата со венчалните прстени, со што јасно потврди дека официјално се брачни партнери. Денешната церемонија е реализирана една година по објавувањето на информацијата ...
Мемфис Депај нема да остане во Коринтијанс и ќе може да си бара нов клуб како слободен агент. Ова е изненадувачкото сценарио за кое се одлучи бразилскиот тим и направи целосен пресврт во однос на ставовите од пред неколку дена. Беше очекувано дека Коринтијанс и холандскиот интернационалец лесно ќе се договорат за продолжување на соработката, дури и клубот навести такво нешто, но вечерва со официјално соопштение е потврдено дека Мемфис нема да ...
Српскиот шампион Црвена Звезда и во новата сезона нема да игра во Лигата на шампионите, а причина е вториот пораз (0:2) во двомечот со израелскиот ривал Хапоел Бер Шева. По минималниот пораз со лош настап на првата средба, избраниците на Дејан Станковиќ и вечерва на домашен терен не го поправија впечатокот, а доживеаја и повисок пораз со резултат 0:2, при што израелскиот првак во финишот имаше неколку големи шанси за поубедлива победа. ...
Пол Погба потпиша двегодишен договор со Монако посакувајќи да се врати во препознатливата форма од пред неколку години, но доживеа уште неколку разочарувања откако пристигна во кнежевството. По допинг суспензијата и разделбата со Јувентус, во периодот откако е во Монако, Погба повторно заработуваше различни повреди, а такво нешто се случило и деновиве. Но, клубот уште пред да се повреди Погба решил да го раскине договорот со него, ...
Душан Влаховиќ долго преговараше и размислуваше за тоа каде да ја продолжи својата фудбалска кариера, а на крајот дефинитивно ќе го засили Бешикташ. Италијанските и турските медиуми вечерва објавија дека турскиот клуб конечно ги договорил деталите со агентот на српскиот репрезентативец и тој ќе потпише тригодишен договор со црно-белите од Истанбул. Најавите се дека Влаховиќ ќе заработува по 8 милиони евра по сезона, а веќе утре се очекува ...
Македонската кадетска репрезентација денеска доживеа пораз од Украина (70:84) на Европското кошаркарско првенство од Б дивизијата кое се игра во Скопје и мора да се задоволи со четвртото место во својата група. Нашите У-16 репрезентативци имаа седум поени заостанување на полувреме, по што противникот го подигна своето ниво и на крајот со победа си ја обезбеди третата позиција во директниот дуел со Македонија за тоа место во групата. Шабани со ...
ПСЖ утре ќе се бори за нов европски трофеј на дуелот со Астон Вила, а во текот на сезоната францускиот тим ќе има уште една голема мотивација во Лигата на шампионите. По две освоени титули во серија, избраниците на Луис Енрике повторно ќе бидат меѓу фаворитите за подигнување на пехарот, а таквото сценарио ќе значи дека ќе израмнат еден од најважните рекорди на Реал Мадрид. Под водство на Зинедин Зидан, Реал освои три европски титули по ред и ...
Жозе Мурињо открива интересни детали од неговата кариера во документарецот направен од „Нетфликс“, а еден од поинтересните моменти е отказот кој го доби во Челси. Португалецот имаше две тренерски етапи во лондонскиот клуб, а втората започна во 2013 година, кога дојде во Челси по отказот од Реал Мадрид. „Сините“ ја освоија премиерлигашката титула во сезоната 2014/15, но веќе следната сезона екипата имаше променливи резултати, а Мурињо го ...
Фабио Капело во последното интервју зборувал за активностите на италијанските клубови во преодниот рок и потенцирал дека Јувентус дефинитивно мора да доведе нов голман. Иако го почитува Микеле Ди Грегорио, поранешниот италијански тренер смета дека Лучијано Спалети мора да добие ново име меѓу стативите, а има и свој фаворит, кој не е Зион Сузуки. Јапонскиот репрезентативец е фаворит поради фактот што направи трансфер во ПСЖ, а Јувентус се ...
Матс Хумелс е уште едно угледно фудбалско име кое се вклучи во серијата негативни и жестоки коментари на сметка на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Контроверзниот проект за продажба на дел од правата за светските првенства на приватни инвеститори донесе многу критики за Инфантино како човек кој го промовираше истиот пред националните федерации и јавноста, а повлекувањето од оваа идеја веројатно нема да го спаси од гласање недоверба од ...
Фудбалската федерација на Македонија, заедно со останатите национални асоцијации членки на УЕФА, го поддржува воведувањето на Clear Line, нова платформа создадена со цел да обезбеди поголема јасност, доследност и транспарентност во разбирањето и примената на судиските одлуки во европскиот фудбал. Clear Line претставува единствен европски водич за судиски одлуки преку кој, за првпат на едно место и со отворен пристап, јавноста може да добие ...
Арсенал деновиве го промовираше Бруно Гимараеш како сериозно засилување за средниот ред, но оваа инвестиција подразбира и потреба од реализација на некој излезен трансфер, чија главна цел е баланс во финансиската ситуација на клубот. „Гардијан“ денеска излезе со ексклузивна информација дека актуелниот англиски шампион решил да го „жртвува“ младиот Мајлс Луис-Скили и наводно веќе му го понудил овој играч на ривалот Манчестер Јунајтед. ...
Јувентус денеска стави крај на турнејата во Азија и Австралија, победувајќи го Палермо пред голем број фанови во Перт. Контролниот натпревар беше можност за Лучијано Спалети да го започне натпреварот со интересна формација во која беа и Јилдиз и Алајбеговиќ, Копмајнерс играше во одбраната, додека во вториот дел шанса добија повеќе фудбалери од клупата. Првиот гол беше дело на Јилдиз, а точка на неизвесноста стави Милик во 86. минута, кога ...
Панатинаикос влегува во нова ера, во која потезите од клупата ќе ги влече Жељко Обрадовиќ, најтрофејниот европски тренер кој веќе освојуваше важни титули со атинскиот клуб. Контроверзниот сопственик Димитрис Јанакопулос во последното подкаст гостување зборувал на интересни теми поврзани со ПАО, меѓу другото потенцирајќи дека летово имал неуспешен обид да го ангажира Никола Јокиќ. – Ве молам да не се смеете, но летово испратив понуда за ...
Актуелниот европски шампион ПСЖ се подготвува за утрешната Суперкуп пресметка со Астон Вила, а претставници на францускиот клуб создале неочекуван проблем за УЕФА во пресрет на дуелот во Салцбург. На вообичаениот заеднички состанок на клубовите и УЕФА, од ПСЖ се пожалиле дека гостинската соблекувална која им припаднала е премала и барале да добијат исти услови како противникот. Премиерлигашот ја добил домашната соблекувална, која е многу ...
Вчерашните најави од каталонските медиуми денеска се потврдени од Барселона, па така и официјално Рони Барџи заработил повреда на лигаментите и оди на долга принудна пауза. Шведскиот интернационалец не беше најзадоволен од статусот во редовите на шпанскиот шампион, се очекуваше да најде нов клуб барем за претстојнава сезона, но вчерашниот тренинг му ги расипа сите планови. Барџи денеска направил детални прегледи на десното колено и било ...
Елиф Елмас е во потрага на нов клуб и ќе мора да си го реши својот клупски статус во наредните 20 дена, бидејќи одамна познато е дека македонскиот репрезентативец е ставен на трансфер листата од РБ Лајпциг. Офанзивниот фудбалер минатата сезона настапи како позајмен фудбалер во Наполи и двата клуба не се договорија за перманентен трансфер, а со оглед на тоа што Елиф е убедливо најпопуларен во фудбалска Италија, сега пристигнува информација од ...
Жозе Мурињо неуморно ја прифаќа секоја нова авантура во тренерската кариера и не се памети некоја негова подолга пауза во изминатите две децении, а судбината сега посака да добие втора шанса во Реал Мадрид. Во период кога ги води првите тренинзи со сите ѕвезди на Реал кои се вратија од Светското првенство, доста популарен е и новиот Нетфликс документарец во негова чест, а во дел од него, Португалецот испорача и една индиректна „отровна ...
Барселона се уште ги нема завршено своите активности на трансфер пазарот и планот е да доведе најмалку двајца напаѓачи до крајот на преодниот рок, но бидејќи се ближи стартот на новата натпреварувачка сезона, клубот испрати официјален допис до Ла Лига за промена на броеви кај одредени играчи. Каталонскиот гигант ги регистрираше своите фудбалери од првиот тим, а најважна е промената која ја имаме во поглед на голманската позиција. Жоан Гарсија ...