Голема трагедија ги потресе фановите на велосипедизмот, кои се соочија со информацијата дека вчера на трката „Волта а Португал“ загинал велшкиот велосипедист Финли Тарлинг. Тарлинг имаше само 19 години, а за трагедијата да биде поголема бил удрен од комерцијално возило, кое се движело во спротивна насока од велосипедистите. Велшанецот очигледно налетал директно на автомобилот, а снимките од местото на несреќата сведочат за целосно уништениот ...

Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез се венчаа на интимна свеченост во Португалија, а медиумите излегоа со информации и околу предбрачниот договор кој го потпишале брачните партнери. Според клаузулите во истиот, двајцата ќе ги задржат приходите и имотот кои ги заработиле и тие нема да бидат предмет на поделба, освен ако не се купени/заработени заеднички во изминатиот и наредниот период. Фудбалерот дефинитивно заработува повеќе од својата ...

Чиро Имобиле е уште едно големо фудбалско име кое реши да ја заврши професионалната кариера, објавувајќи дека се повлекува од фудбалот на 36-годишна возраст. Италијанскиот напаѓач со своите настапи и голови стана клупска легенда на Лацио, клубот во кој помина најмногу време од кариерата и со кој освои еден трофеј во Купот, но и неколку индивидуални награди како најдобар стрелец во Серија А. Веројатно негов најголем успех е трофејот со Италија ...

Мајк Мењан ќе му се приклучи на Милан пред самиот почеток на сезоната, а причина е што тој и Адриен Рабио добија дополнителни денови одмор поради настапот во завршницата на светското првенство. Тренерот Рубен Аморим не може да биде презадоволен од ваквата ситуација, а францускиот голман успеа да ги изиритира фановите на „росонерите“ и со своите последни потези на социјалните мрежи. Најпрвин Мењан ги избришал сите фотографии објавени на ...

Кристијан Ромеро ја заврши петгодишната етапа во дресот на Тотенхем, го напушта клубот во кој беше капитен и со кој покрај проблемите во Премиер лигата, успеа да стигне до трофеј во Лига Европа. Аргентинецот се сели во редовите на Атлетико Мадрид, каде ќе соработува со сонародникот Диего Симеоне, па поради ова објави и проштална порака наменета за сите во Тотенхем и неговите фанови. Ромеро не играше фудбал од април до крајот на сезоната ...

Ливерпул од вчера и официјално има нов косопственик, а тоа е конзорциумот „1892 Холдингс“, кој според информациите на медиумите откупил околу една третина од вкупниот број акции. Американската компанија „Фенвеј Спортс“ претходно потврди дека преговара за продажба на минорен дел од акциите, а сега излезе со соопштение во кое ја инфорира јавноста за зделката со новиот партнер. Конзорциумот е предводен од британско-индискиот бизнисмен Амир ...

Фабијан Руиз во неколку наврати бил посочен од Луис Енрике како најпотеценет играч во модерниот фудбал, но сега дојде време кога тој силно прави притисок во јавноста „Златната топка“ да заврши во рацете на шпанскиот играч за врска. Руиз не добива доволно почит за тоа што го остварува на фудбалскиот терен и често останува во сенка на ѕвездите кои постигнуваат голови, но неговото резиме вели дека освои се што можеше да се освои, вклучувајќи ги ...

Лацио го осигура трансферот на летото кога е во прашање овој летен преоден рок, бидејќи во своите редови донесе фудбалер кој ја освои шампионската титула со Интер. Џенаро Гатузо очајно посакуваше фудбалер на кого ќе гледа како лидер во средниот ред, а сега тоа го добива во Давиде Фратези, италијанскиот репрезентативец кој ќе се обиде да ја врати кариерата на вистински правец во небесно синиот дрес. Интересно, за Фратези ова ќе значи враќање ...

ПСЖ го продаде Гонсало Рамош во Милан за речиси 75 милиони евра, очекувањата се да остане и без Бредли Баркола кој преговара за трансфер во Премиер лигата, но без оглед на тоа, актуелниот европски шампион изменаџира потпис со квалитетни фудбалери како посакувани замени. Францускиот великан веќе го договори Феран Торес и тој набрзо треба да биде претставен како летно засилување за сума од 50 милиони евра, но кога е во прашање офанзивниот дел ...

Микел Артета не сака да се доведе во ситуација во која би имал главоболки поради прекумерен број на играчи во првиот тим на Арсенал, па пред да се размислува на нови засилувања до крајот на месец август, планот на клубот е да ослободи простор со неколку продажби. Во изминатите денови се појави шпекулација дека Арсенал го нуди талентирани Луис-Скили на Манчестер Јунајтед и Челси, се шпекулира и за заминувањa на Габриел Мартинели, Етан Нванери ...

Последните членови кои имаа доцни настапи на Светското првенство се приклучија на првиот тим на Баерн Минхен, а за денеска беше закажана и официјалната промоција на едно од двете големи засилувања. Баерн го завтори летниот преоден рок кога се во прашњае засилувања уште во месец јули со ангажманите на звучни имиња како Исмаел Саибари и Натаниел Браун, со тоа што Мароканецот денеска ја имаше својата презентација во Минхен. Саибари стана ...

Во период кога се зборува кој колку пари потрошил, но и колку допрва ќе троши на трансфер пазарот во Англија, легендарниот Руд Гулит смета дека стратосферските суми не секогаш се гаранција за добар трансфер потег, па тој типува дека засилување на сезоната во Премиер лигата всушност ќе биде еден повратник во старата средина. Маркус Рашфорд имаше одлична сезона во Барселона и освои две титули со каталонскиот великан, а како играч кој со огромна ...

Џошуа Зиркзе се уште нема сигурна гаранција дека ќе остане во Манчестер Јунајтед и дека ќе биде дел од проектот за новата натпреварувачка сезона, меѓутоа ако се суди според тоа што се сподели на социјалните мрежи, холандскиот напаѓач планира да живее уредно и во ситуација да остане само уште неколку недели на Островот. 25-годишниот напаѓач се очекува да биде активен на трансфер пазарот во наредните две-три недели, но сега стана доста ...

Килијан Мбапе се уште чека на својот прв голем трофеј како голема ѕвезда на Реал Мадрид, а после две сезони во кои не беше ниту блиску до трофеите во Ла Лига и Лигата на шампиони, Французинот смета дека е вистинско време да се промени курсот. Реал Мадрид го ангажираше Жозе Мурињо и доведе тренер кој е роден победник, а токму тоа му влева доверба на Мбапе дека новата сезона ќе биде успешна за „кралевите“. Флорентино Перез го одврза ќесето и ...

Дел од шпанските медиуми ова утро пренесоа дека Барселона остварила контакти со Луис Суарез како „опција Б“ за напаѓачката улога во тимот, но неколку часа подоцна, пристигна демант од клубот преку медиумите кои се најблиски до фудбалската структура на Барса. „Мундо Депортиво“ и „Спорт“ категорично потенцираат дека Барселона не стапила во контакт со колумбискиот напаѓач на Спортинг Лисабон и дека не планира да го активира како втора опција во ...

Рубен Аморим реши да стартува од „нула“ и да направи некои коренити промени во Милан, а тоа значи и носење тешки и непопуларни одлуки кога се во прашање одредени првотимци. Португалскиот стручњак ги прецрта Фофана, Томори, Одогу и Нкунку и ги посочи како играчи кои треба да бидат ставени на трансфер листата, па во период кога има измешани реакции за оваа одлука на Аморим, најмногу значење им се дава на еден од дефанзивците и напаѓачот кој до ...

Марк Кукурелја е симбол за голема пожртвуваност на теренот и беспоштедна битка на секој метар од теренот, но надвор од него, успева да има широка насмевка и покрај тоа што се соочува со доста потешкотии во приваниот живот. Левиот бек води посебен животен режим поради еден од синовите кои е роден со аутизам и максимално е фокусиран на своето семејство, па дури и во ситуации кога не му е се најидеално во животот, тој пронаоѓа простор да се ...

Френки Де Јонг се врати повреден од Светското првенство и наиде на доста критики во овој изминат период, од едноставна причина што дел од медиумите пренесоа дека тој свесно преземал ризик да игра на Светското првенство, иако веќе имал повреда на коленото. Холандскиот стручњак веќе ја објаснуваше оваа ситуација пред еден месец кога беше потврдена потешка повреда на коленото, но бидејќи нападите не стивнаа, Френки сега реши енергично да ...

Един Џеко малку размислуваше пред да донесе одлука дали вреди да продолжи да игра фудбал по крајот на Светското првенство, но на крајот процени дека се уште чувствува голема мотивација за да се натпреварува на највисоко ниво. Откако му помогна на Шалке 04 да обезбеди место во елитната Бундеслига, Џеко реши да стави потпис на нов едногодишен договор и во новата сезона ќе го гледаме во најсилното германско друштво, а како играч кој меѓу ...

По само две одиграни кола, Арсими и Башкими се издвоија како два тима кои се главни кандидати за испаѓање во Втората лига, а третата рунда донесе пресметка на „давениците“ на стартот на сезоната. Арсими и Башкими примија девет, односно единаесет голови на првите два натпрвари, па во дуелот на најслаборангираните, како подобар се покажа денешниот домаќин. Фудбалскиот тим од Гостивар профитираше благодарение на еден момент на инспирација во ...

Новиот светски шампион Родри е последниот фудбалер кој се приклучува на Манчестер Сити на пресезонските подготовки, иако доста веројатно е дека Шпанецот ќе направи се во наредните неколку дена за да го комплетира она што ги има замислено. Родри имаше за цел воопшто да не патува за Англија и да потпише договор со Барселона уште додека е на одмор, но во ситуација кога двата клуба се „натегаат“ за одредување на вистинската цена, шпанскиот играч ...

Ева Карнеиро ја заврши својата етапа како главна доктора во Челси по инцидентот кој го имаше со Жозе Мурињо во 2015-та година, па иако подоцна таа профитираше од тој скандал со вонсудско обесштетување од клубот, оваа тема повторно стана актуелна 11 години подоцна. Причина за тоа е најновиот документарец за Жозе Мурињо кој се емитува на „Нетфликс“, а во кој отворено се говори за споменатиот инцидент од август 2015-та година од различни агли. ...

Шпанската фудбалска филозофија веќе со години наназад се поврзува со определбата „тики-така“, а ваков стил на фудбал сега очекуваат и водечките луѓе на Црвена Звезда со човекот кој беше избран за наследник на Дејан Станковиќ. Фијаското и елиминацијата од Хапоел Бер Шева во квалификациите во Лигата на шампиони предизвика вистински потрес во клубот, но неполни 72 часа подоцна, Црвена Звезда ја информираше јавноста со потврда на веста која веќе ...

Во Првата македонска фудбалска лига веќе се одиграа две рунди, но Втората ќе стартува овој викенд и тоа ќе биде едно ново искуство за реномираниот Работнички. Клубот кој е гордоста на Дебар Маало имаше разочарувачка сезона и испадна во понизок ранг како последица на катастрофалните резултати, па сега пред „романтичарите“ е тешка сезона во која тимот ќе биде целосно изменет. Целта дефинитивно ќе биде експресен кам-бек во најсилното фудбалско ...

Реал Мадрид отвора ново поглавје во својата историја со Жозе Мурињо како лидер на проектот, а дел од втората етапа на Португалецот на „Сантијаго Бернабеу“ нема да бидат играчи кои во минатите сезони имаа значајна улога. Крајот на минатата сезона означи крај и за тројца фудбалери со подолг стаж во „кралскиот клуб“, односно капитенот Дани Карвахал, стоперот Давид Алаба и шпанскиот играч за врска, Дани Себалјос. Тројцата станаа достапни за било ...

Никола Секулов ги помина речиси сите категории во младинската академија на Јувентус, беше еден од играчите со најмногу настапи во вториот тим кој игра во Ц лигата, но „бјанконерите“ не му обезбедија доволно простор за вистинска шанса во сениорскиот тим. По неколку заеми, Секулов ја заврши соработката со торинскиот клуб и во моментов има договор со Сампдорија, екипата која и сезонава ќе игра во Серија Б, но за жал нема да смета на офанзивниот ...

Хулијан Алварез сака да реализира трансфер во Барселона, но барем засега Атлетико Мадрид не сакаше да дозволи такво сценарио и не под условите на кои инсистира големиот ривал. Аргентинецот е подготвен за нов предизвик, но барем досега немаше најави дека би добил зелено светло за ваков трансфер, а се очекуваше дека топката ќе биде дополнително смирена по состанокот кој напаѓачот го имал со тренерот Диего Симеоне. Не е јасно што заклучиле ...

Ливерпул влегува во новата сезона со неколку промени во составот, но и најважно со нов менаџер, откако Андони Ираола беше ангажиран да го наследи отпуштениот Арне Слот. Клупската легенда Џон Барнс не очекува подвиг на „црвените“ и повторување на успехот кој го направи Слот во својата прва сезона во Премиер лигата и се надева дека раководството нема да брза со делење откази поради послаб пласман во транзицискиот период. – Мислам дека Арсенал и ...

Кошаркарската федерација на Македонија на 24 и 25 август 2026 година во Скопје организира задолжителна тренерска клиника, посветена на континуирана едукација и професионално усовршување на македонските тренери. Клиниката носи богата програма и предавања од реномирани стручњаци од Македонија и странство, меѓу кои Светислав Пешиќ, Хосе Мариа Берокал и Саша Грујиќ. Темите опфаќаат дефанзивна и офанзивна транзиција, позициона одбрана, развој на ...

Почетокот на првенството во Саудиска Арабија донесе и одредени заклучоци во однос на плановите и амбициите на клубовите кои ќе се борат за највисок пласман. Екипата на Ал Хилал последните години инвестираше многу пари во интернационални засилувања, па и оваа сезона во ростерот кој ќе биде пријавен за настап нема доволно простор за сите странци. Тренерот Симоне Инѕаги без размислување го прецрта Жоао Кансело, со што португалскиот ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1029
weather icon

Белград

4ᴼ / 1ᴼ
0.51
80%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
64%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.29
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
86%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
63%
1027
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
2.06
74%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
3.13
62%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
0.89
76%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 6ᴼ
3.09
88%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Калај

46.54