Калјари ова утро излезе со официјално соопштение за голем инцидент што се случил со првотимецот Жаел Трепи, младиот напаѓач кој се нашол во ситуација да се бори за живот по непријатен инцидент во базен. 20-годишниот фудбалер решил да ужива во една вила на Сардинија додека го чека стартот на новата сезона, но мирното неделно попладне многу брзо се претворило во кошмар. Според реконструкцијата која ја прават италијанските медиуми, Трепи без да ...

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје повторно ќе биде дел од Суперлигата откако ги подмири финансиските обврски кон кошаркарската Федерација, а како тим кој пријатно изненадува и на регионален план, целта е ростерот да биде уште подобар и поосвежен во новата сезона. Тимот од Тафталиџе изгради респектабилно име и веќе никој не гледа на нив како аутсајдери, па во такви услови, ќе биде добро во тимот да се гледаат и надежни кошаркарки кои допрва треба ...

Луис Енрике го претрпе само вториот пораз во едно финале како тренер на ПСЖ, па така титулата од Суперкуп трофејот замина за Ленс наместо за Париз. Првпат по Светското клупско првенство кое се играше пред една година, најдобриот европски тим загуби едно финале на кое одново прикажа одлично ниво, но нереализираните шанси направија Ленс да извојува херојска победа која е послатка и поради фактот што голем дел од мечот играше со човек помалку. ...

Фудбалските ѕвезди одлучуваат да стават крај на кариерите во моментите кога веќе не чувствуваат доволно мотивација за да се натпреваруваат на највисоко ниво, поради тешки повреди и непријатни семејни ситуации, но многупати и поради фатена надолна линија која ги прави работите доста комплицирани во професионалниот фудбал. Последниот критериум го исполни Карл Џенкинсон и англискиот фудбалер самиот ја информираше јавноста дека се повлекува на ...

Нејмар се навикна да игра по 90 минути во последно време и конечно изгледа како играч кој ги остави повредите зад себе, а во таква ситуација, на Сантош му е многу полесно да стигне до победа. Бразилскиот великан го доби дербито со Васко со резутлат 3:0, но покрај случувањата во текот на регуларниот дел, овој натпревар стандардно доби „жешка“ увертира поради анимозитетот меѓу Нејмар и Тиаго Мендеш. Двајцата се стари непријатели од Лига 1 кога ...

Јувентус се реактивираше на тема „Емилијано Мартинез“ и оствари нови контакти за да го ангажира аргентинскиот чувар на мрежата, но домино-ефектот за кој веќе се пишуваше два дена, на крајот нема да се реализира во целост. ПСЖ одби да го купи Зион Сузуки од Парма поради високи провизии кои ги побарале агентите на голманот во последен момент, тоа остави простор за Астон Вила брзо да го договори јапонскиот чувар на мрежата, но истовремено отвори ...

Македонија последниве неколку години се покажа како земја која може да организира големи спортски настани, а изминатиов викенд беше успешно заокружено Европското кадетско првенство кое се одржа во Скопје и Гевгелија. Нашата земја беше домаќин на голем број европски експедиции и организацијата мина во најдобар ред, па со позитивни оценки за сето она што беше понудено во Скопје и Гевгелија излегоа и од ФИБА Европа. – Уште едно Европско ...

Лацио беше дел од големото финале во Копа Италија во месец мај, но само три месеци подоцна, актуелниот вицешампион во ова натпреварување доживеа срамна елиминација во воведната рунда. Римскиот тим се посрамоти на домашен терен и загуби од Мантова со 0:2 на првиот официјален натпревар на Џенаро Гатузо како тренер на Лацио, па сосема очекувано, популарниот Рино мораше да им се извинува на фановите се лошата слика која беше прикажана. – ...

Џон Лукуми блескаше на Светското првенство во друштво на Дејвисон Санчез на стоперските позиции, а бидејќи тоа беше само потврда на квалитетот кој веќе го докажуваше во Болоња, беше јасно дека Колумбиецот ќе направи голем трансфер ова лето. На 28-годишна возраст се чини дека Лукуми го достигна зенитот во кариерата, па од денеска тој е официјално големо засилување за одбраната на Лучијано Спалети. Јувентус се уште има неколку дефицитарни ...

Жозе Мурињо ги заврши летните подготовки на најдобар можен начин, односно со нова победа над Шалке 04 во тест натпрварот кој се одигра во Гелзенкирхен. Реал Мадрид победи со 0:3 на последната контролка пред новата сезона во шпанската Ла Лига, па после ден одмор кој ќе го имаат ѕвездите на Мурињо, ќе започне подготовката за воведната рунда против Еспањол. Искусниот португалски стручњак е задоволен од тоа како изгледа неговиот тим на средината ...

Расинг Сантандер се врати во елитниот шпански фудбал по пауза од 14 години, а на премиерниот меч во новата сезона понуди вистински спектакл со Вилјареал. Натпреварот заврши 2:2 и видовме два навистина убави голови, но и импресивни технички квалитети од човекот кој направи кам-бек во клубот во кое се оформи. Серхио Каналес се врати во Расинг и во шпанската Ла Лига и ги потсети фановите дека не ја загубил фудаблската магија, па неговите потези ...

Барселона во текот на вчерашниот ден си подаде рака со Манчестер Сити и го договори трансферот на Родри, но пред Шпанецот да пристигне во Каталонија, такво нешто веќе ќе направи Жоао Кансело. Португалецот кој цело лето чекаше разврска на својата сложена ситуација во Ал Хилал и се надеваше на враќање на „Камп Ноу“, сега дочекува таков расплет на настаните, откако доцна во ноќта саудискиот клуб спогодбено му го раскина договорот. Ал Хилал и ...

Џенаро Гатузо допрва треба да го докомплетира тимот и да добие уште некое посакувано засилување до крајот на месец август, а во период кога се уште е во потрага на вистинската идеја за својот тим, Рино доби прво големо разочарување. Неколку дена по возбудата која настана поради ангажманот на Давиде Фратези, фановите на Лацио беа брутално приземјени, и тоа од тим кој лани заврши деветти во Серија Б. Мантова успеа да го освои „Олимпико“ и да ...

Микел Артета се уште го нема оформено комплетниот тим за новата сезона и очекува уште некое засилување до крајот на месец септември, па иако изминатава недела сите зборуваа за Бруно Гимараеш кој веќе притигна во Северен Лондон, ѕвезда број еден во овие летни подготовки е Христос Цолис. Крилниот напаѓач кој пристигна од Клуб Бриж извонредно добро се адаптираше во новата средина и воодушеви на натпреварите од подготвителниот период, нешто со ...

Џенаро Гатузо допрва треба да го докомплетира тимот и да добие уште некое посакувано засилување до крајот на месец август, а во период кога се уште е во потрага на вистинската идеја за својот тим, Рино доби прво големо разочарување. Неколку дена по возбудата која настана поради ангажманот на Давиде Фратези, фановите на Лацио беа брутално приземјени, и тоа од тим кој лани заврши деветти во Серија Б. Мантова успеа да го освои „Олимпико“ и да ...

Деклан Рајс одигра едно полувреме во Суперкуп финалето против Манчестер Сити, но иако немаше некоја позначајна улога во менување на резултатот, играчот за врска беше еден од оние кои најмногу се израдуваа на победата. Иако Арсенал ја освои титулата во Премиер лигата, минатата сезона ниту еднаш не успеа да го победи Манчестер Сити и претрпе два порази, па затоа овој триумф доаѓа добро и за самодоверба меѓу ѕвездите од првиот тим. Рајс го ...

Џамал Мусиала ќе мора да се опоравува неколку дена пред да добие зелено светло за враќање на тренинзите, откако во саботата младиот играч за врска режираше навистина непријатна сценеа на „Алијанц Арена“. Непосредно откако постигна гол за 3:1 против РБ Лапциг, Мусиала доживеа голем шок и падна на земја како последица на топлотен удар, а иако во телевизискиот терен не беа прикажани детали од немилиот настан, сега едно видео од трибините открива ...

Реал Мадрид успешно ја положи послендата генералка пред новата сезона во шпанска Ла Лига, такашто денеска запиша нова победа против Шалке 04. Жозе Мурињо на извонреден начин го подготвува својот тим за новите предизвици и резултатите остварени на подготвителните натпревари беа навистина добри, па така беше и денеска на „Фелтинс арена“ против повратникот во Бундеслигата. Мбапе, Хаусен и Еспи беа стрелци на трите гола за победа од 0:3, но на ...

Арсенал делуваше како казнена експедиција на натпреварот во Кардиф и реализираше најголем дел од шаните кои ги креираше против Манчестер Сити, а точка на финалето стави Мартин Одегард. Капитенот на англискиот шампион го постигна голот за 3:0 на стартот на вториот дел, но на крајот испадна дека тоа е последен гол на дуелот меѓу Арсенал и Сити. Енцо Мареска брзо дозна дека има уште многу работа пред себе во новиот проект и во овој момент ...

ПСЖ доби статус на речиси непобедлив тим во изминатите две години на најважните натпревари кои ги игра тимот на Луис Енрике, но вечерва дознавме дека „светците“ сепак знаат да загубат кога станува збор за меч во кој во игра е титула. Францускиот Суперкуп натпревар оваа година му припадна на актуелниот француски вицешампион Ленс, кој мора да се напомене дека одигра херојски против најсилните тим во Европа во овој момент. Ленс поведе со голот ...

Македонската кадетска репрезентација го освои 14-то место на Европското првенство од Б дивизијата која се одржа во нашата земја, турнир кој вчера беше завршен со тежок пораз од Бугарија. Во регионалното дерби, младите бугарски кошаркари до 16 години запишаа преубедлив триумф со резултат 102:62, а во натпреварот во кој нашите кадети беа во подредена улога, доста внимание привлече и еден неверојатен кош. Бугарски кошаркар успеа да погоди со ...

Баерн Минхен беше еден од првите клубови кои изградија еден од најмодерните стадиони во светот, а како фудбалска величина која секогаш се стреми да биде во чекор со модерното време и технологијата, германскиот првак сега презентираше уште една иновација. Баварскиот великан секогаш се грижи своите фудбалери да имаат најдобри услови и перфектна дренажа на теренот со цел топката да има брз проток, па водејќи се по оваа филозофија, во иднина ќе ...

По два неуспешни обиди и две одбиени понуди, третата се покажа како дефинитивна и одлучувачка во преговорите меѓу Барселона и Манчестер Сити, па така оваа вечер сите угледни медиуми од Шпанија, Каталонија и Англија потврдија дека двата клуба конечно пронашле заеднички јазик. Барселона почна со 50 милиони евра, продолжи со втора понуда од 60 милиони евра, но откако јасно дозна дека „граѓаните“ не мислат да попуштат, мораа да ги исполнат ...

Шкендија се издвојува како претендент за титулата во Првата македонската фудбалска лига уште на самиот старт на новата сезона, користејќи го и падот во формата на Вардар кој има неочекувано лош почеток како бранител на титулата. Вардар загуби две дерби пресметки во период од една седмица, додека Шкендија по триумфот кој го оствари во Скопје, денеска славеше и на меч на кој пристапи после мало европско разочарување. Тетовските „црвено-црни“ ...

Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ денеска го заврши својот настап на Европското првенство во водени спортови кое се одржува во Париз, откако нашиот претставник ја финишираше и втората трка за која беше пријавен. Три дена по историското издание и новиот државен рекорд кој го постави на 200 метри слободен стил, Ѓуретановиќ денеска беше дел и од квалификациите за 400 метри слободно. Никола беше дел од втората квалификациска група и во ...

Рубен Аморим режираше мала слатка одмазда за Манчестер Јунајтед, откако неговиот Милан вчера победи на тест натпреварот кој се одигра во Вроцлав. Гонсало Рамош беше нерешлива енигма за „ѓаволите“ и Португалецот со две асистенции и еден гол одигра клучна улога во победата од 4:2, па сосема очекувано, по мечот расположен за давање изјави беше и Аморим. Новиот тренер на Милан во обраќањето за италијанските новинари јасно му порача на Рафа Леао ...

Карим Адејеми го отвори контото како играч на Барселона, па четвртиот натпревар во овој пресезонски период потврди дека Германецот полека фаќа ритам во тимот на Ханси Флик. Адејеми доби јасна забелешка дека ќе мора да се поправи во сфаќање на идеите од самиот германски стручњак, но пред самиот старт на сезоната во Ла Лига, изгледа дека Карим го фаќа потребниот залет. Крилниот фудбалер денеска запиша гол и асистенција во убедливата победа од ...

Веселин Вујовиќ е жива ракометна легенда која плени со својата харизма и срдечност, па како човек кој секогаш се појавува на важни ракометни настани, сега му правеше друштво на својот ментор на промоцијата на биографското дело. Славниот југословенски тренер Абас Арслангиќ ја промовираше својата книга и на 81-година ги собра влијателните новинари од регионот, а еден од оние кои први имаа збор беше токму Вујо кој своите почетоци во ракометот ги ...

Вардар го загуби и второто големо дерби во новата натпреварувачка сезона, бидејќи по непријатниот пораз од Шкендија на домашен терен, денеска играчите од Скопје со наведнати глави го напуштија и теренот во Струга. Истоимениот тим го одбрани домашниот терен и успеа да запише минимална победа со резултат 1:0, а покрај Христијан Малески кој беше стрелец на голот, голема заслуга за конечниот резултат има и Давид Бабунски. Малески го отвори ...

Англискиот Суперкуп меч традиционално се игра пред стартот на новата натпреварувачка сезона во Премиер лигата, а таканаречрениот „Комјунити Шилд“ натпревар денеска доминантно им припадна на „топчиите“ кога е резултатот во прашање. Арсенал го тестираше новиот проект на Енцо Мареска во финалето кое се одигра во Кардиф, но по само 23 секунди, стана јасно дека „граѓаните“ ќе имаат исклучително тешка задача. Калафиори доби одлично додавање од ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25