Тиџани Рејндерс не успеа да се наметне како што посакуваше во редовите на Манчестер Сити, па една година подоцна прифати понуда од Саудиска Арабија. На Холанѓанецот очигледно му стана јасно дека за него нема простор во плановите на новиот менаџер Енцо Мареска и си договори трансфер во редовите на Ал Кадсија. 28-годишниот играч за врска претходното лето беше ослободен од Милан за околу 55 милиони евра, а сега Сити ќе заработи околу 60 милиони ...

Раководството на Реал Мадрид се уште размислува како да ги исполни последните барања на Жозе Мурињо, но во меѓувреме очигледно ќе успее да „резервира“ еден талентиран шпански фудбалер. Серхио Мартинез веројатно не ни можеше да сонува на вакво сценарио, но по дебито во Ла Лига со Расинг Сантандер и атрактивниот гол во првата рунда на шпанското првенство, сега е пред трансфер во „кралскиот клуб“. Мартинез е играч за врска, кој природно игра ...

Исак Хаџар заработил незгодна повреда за време на летниот одмор во Формула 1 и сега ќе мора да го пропушти претстојниот гран-при викенд во Холандија. Французинот го повредил зглобот на едната рака и не е во состојба да го вози болидот на Ред Бул во Зандворт, по што клубот одлучил да го повлече Лиам Лоусон на неговото место. Лоусон е член на вториот тим на Ред Бул, но сега ќе добие барем еднократно унапредување и ќе му биде тимски колега на ...

Хари Кејн веројатно многу брзо ќе потпише нов договор со Баерн Минхен, но тоа не значи дека се откажал од идејата до крајот на кариерата да го искористи својот потенцијал за финансиски вносен договор со клуб од Саудиска Арабија. Англиски „Ток Спорт“ излезе со ексклузивна информација дека деновиве агентите на Кејн имале средба со претставници на Ал Хилал, на која отворено се зборувало за перспективата на заедничка соработка меѓу двете страни. ...

Интер се подготвува за стартот на сезоната во која ќе ја брани титулата во Серија А, а раководството се уште не ги повлекло последните потези во овој преоден рок. „Нероазурите“ трпеливо чекаа да се оствари нивната желба уште од јануари и се чини дека конечно ќе дојдат во ситуација да го доведат Кртис Џоунс во Милано. Ливерпул не се согласи на ваков трансфер потег во зимскиот преоден рок, а во јуни повторно ја одби понудата на Интер за ...

Македонската репрезентација до 20 години ќе биде дел од Медитеранските игри „Таранто 2026“, каде што во групната фаза ќе се соочи со Мароко, Тунис и Турција. Избраниците на селекторот Александар Таневски ги очекуваат три натпревари во групата, а настапот во Таранто ќе биде значајно меѓународно искуство за македонските фудбалери. Македонија е во Групата А, заедно со Мароко (26.08), Тунис (22.08) и Турција (24.08). Целта во групната фаза ќе ...

Микел Артета успеа да ја му донесе толку посакуваната премиерлигашка титула на Арсенал, а тој и клупскиот менаџмент влечат уште подобри трансфер потези во актуелниот преоден рок. „Топчиите“ го составуваат мозаикот на маестрален начин и се зацврстуваат на најважните позиции, меѓу кои и тие во одбраната. Арсенал денеска го договорил Езри Конса, дефанзивецот кој ќе дојде од Астон Вила и за кого Артета прифатил да исплати околу 60 милиони евра ...

Хари Кејн заслужено ја доби „Златната копачка“ која се доделува на најдобриот голгетер во Европа, награда која англискиот голгетер ја доби благодарение на нестварната сезона која ја остави зад себе. Кејн постигна 73 голови во натпреварувачката сезона како член на Баерн Минхен и англиската фудбалска репрезентација, па откако доминантно го осигура престижното индивидуално признание, Хари доби искрени честитки од голем број познати лица. Роберт ...

Микел Артета се најде во ситуација да има голем број решение во средниот ред, па кога во тимот го придодаде и Бруно Гимараеш од Њукасл, јасно е дека некој ќе мора да си замине до крајот на летниот преоден рок. Самиот менаџер на Арсенал најави дека неколку фудбалери ќе си одат до крајот на овој месец, а најдобра почетна сума има продуктот од младинската школа, Мајлс Луис-Скили. Левиот бек кој одлично се докажа и како дефанзивен играч за врска ...

Винисиус Жуниор се најде во период кога неговата иднина во Реал Мадрид не беше 100 проценти сигурна, а пред да потпише нов долгогодишен договор со „кралевите“, на маса имаше понуда која нависитна го натера да се двоуми некое време. Арсенал тргна по потписот на Вини и му понуди солуција на Бразилецот кој не можеше да се договори околу платата со Реал Мадрид, но откако цела оваа ситуација заврши поволно за луѓето во шпанската престолнина, сега ...

Кошаркарскиот клуб Работнички остави лоша сезона зад себе која не се совпаѓа со стандардите и традицијата на „центарци“, па тоа беше јасен сигнал дека некои работи мора да се менуваат во ростерот. Гордоста на „центарци“ вчера ја извести јавноста за квалитетно засилување под обрачите во името на Тарик Брунчевиќ, а денеска ја извести јавноста дека е постигнат договор и со македонскиот репрезнетативец, Кристијан Николов. – КК Работнички АД ...

Претставниците на Баерн Минхен биле запознаени со кратките епизоди на невролошко отсуство кои ги има Џамал Мусиала во приватниот живот, но откако две вакви епизоди видовме на фудбалскиот терен во период од само четири дена, сосема очекувано се крена голема прашина во јавноста. Мусиала се струполи на земја на натпреварите против РБ Лајпциг и Хајденхајм и самиот мораше да објаснува со каков здравствен предизвик се соочување, а откако образложи ...

Манчестер Јунајтед стави посебен акцент да го засилува средниот ред откако остана без Касемиро и повредениот Угарте, па иако веќе беа претставени двајца нови играчи за врска, на пат е да пристигне и трет на „Олд Трафорд“. Великанот од театарот на соништата му исполни две желби на Мајкл Карик и веќе ги промовираше Андреј Сантош од Челси и Јури Тилеманс од Астон Вила како големи засилувања, но последните информации велат дека Јунајтед ќе добие ...

Астон Вила ќе има целосно нов изглед во новата натпреварувачка сезона во Премиер лигата, не само поради заминувањата на важни фудбалери кои беа столбови на тимот, туку и поради возбудливите засилувања кои се донесоа како достојни замени. Морган Роџерс, Јури Тилеманс, Лукас Дињ ги спакуваа куферите и си заминаа од Бирминге, на добар пат е тоа да го направи и Емилијано Мартинез, но Астон Вила донесе нови фудбалери и денеска претстави уште ...

Монако беше клубот кој прв му подаде рака на Пол Погба откако Французинот зад себе остави непријатна епизода со позитивен допинг тест, а долгата пауза на крајот направи тимот од „кнежевството“ да нема никаква корист од некогашниот светски шампион. Погба одигра само шест натпревари минатата сезона и имаше улога на епизодист во француската фудбалска елита, па пред да се означи официјален старт на новата натпреварувачка сезона, двете страни ...

Карлес Пујол проговори за најновите актуелности во шпанскиот фудбал и низата операции кои се случија ова лето, од кои две посебно се издвојуваат поради педигрето и прикажаниот квалитет. Жозе Мурињо за многумина е засилување број еден за Реал Мадрид оваа сезона без оглед на шесте звучни засилувања, додека Барселона вчера го претстави Родри како супер аквизиција од која треба да профитираат сите играчи во тимот на Ханси Флик. Пујол како ...

Македонските млади спортисти продолжуваат да ја претставуваат Македонија на меѓународната завршница на Плазма Спортските игри за млади во Сплит, а ова утро одличен резутлат остварија играчите на Сарај. Скопскиот тим имаше одличен настап во големото финале во кое настапуваа најдобрите од сите земји, бидејќи беше дел и од самата завршница на турнирот во Сплит. Сарај стигна до борбата за бронзениот медал, но во мечот за третото место не успеа да ...

Ник Кирјос долго време беше најголем критичар на Јаник Синер во периодот кога доби само тримесечна суспензија поради допинг, но како што стојат работите, сега и самиот се најде во деликатна ситуација откако на последниот тест бил позитивен на недозволена супстанца. Австралиецот кој долго време се мачи се повреди, сега нема да може да игра тенис и поради административни причини, а тоа е привремената забрана која му ја изречена поради позитивен ...

Њукасл претрпе нови сериозни удари во еден летен преоден рок, бидејќи покрај Антони Гордон и Сандро Тонали, на почетокот на месец август остана и без Бруно Гимараеш. Овие потези го натераа Еди Хау да си замине од клубот и да ги заврши своите обврски на „Ст. Џејмс парк“, а бидејќи тимот е воден од нов менаџер веќе две недели, сосема очекувано е да се фати и нов курс. Германецот Матијас Јајсле ќе се обиде да состави нов тим кој ќе има слични ...

Џан Пјеро Гасперини не криеше разочарување од некои некомплетирани зделки на клубот во досегашниот тек на летниот преоден рок, но тоа како да ги мотивираше оперативците на клубот побрзо од очекувањата да завршат преговори кои според многумина требаше да траат до завршната фаза од месец август. Гасперини е познат како тренер кој сака брзи крилни фудбалери во својот тим, а тоа дефинитивно ќе го добие во суперталентираниот Родриго Мора кој се ...

Шестгодишната етапа на Артур Мело во Јувентус е пред самиот крај, откако двете страни седнале на маса за да ги испреговараат деталите за прекин на договорот. Бразилецот има важечки договор уште една година, но бидејќи подолго време не е дел од проектот на Јувентус, најдобро за двете страни ќе биде безболно да ја завршат соработката и предвреме да го раскинат договорот. „Скај Италија“ информира дека сигналите од двете страни се навистина ...

Џамал Мусиала вторпат се струполи на теренот во период од неколку дена и го вклучи алармот во Германија, особено откако голем број фудбалски фанови остааа загрижени за здравјето на талентираниот фудбалер. Баерн Минхен како клуб му дозволи на самиот Мусиала да објасни со каков проблем се соочува веќе некое време, а откако Џамал и откри на јавноста дека има одредена невролошка дисфункција, со доста коментари излегоа и експерти во областа на ...

Валенсија ќе ја започне новата сезона со доста сомнежи и нецелосно одговорени прашања на неколку позиции, а на неколку дена пред стартот на кампањата, тренерот Карлос Корберан конечно добива еден десен бек. Тренерот на Валенсија цела пресезона работи без десни бекови и на пријателските натпревари се потпираше на опции од школата, па иако клубот веќе две недели водеше преговори со Џирона за ангажман на Арнау Мартинез, на крајот нов десен бек е ...

Жозе Мурињо го направи првото опширно интервју за еден медиум откако се врати во Шпанија, а таа чест да води разговор со Португалецот ја имаше Жозеп Педрелол како прво лице на „Ел Чирингито“. Искусниот новинар има позитивен однос со Мурињо уште од воведната етапа на Португалецот на „Сантијаго Бернабеу“, па покрај тоа што говореа за тоа како „специјалниот“ еволуирал низ годините, најмногу внимание во јавноста предизвика одговорот на Жозе за ...

Трансфер шпекулациите се редовна забава за фудбалските фанови додека траат преодните рокови, а во летниот има толку многу време што ретко нешто не е барем навестено, пред да се реализира. Но, Брајтон успеа да повлече еден изненадувачки потег и во Премиер лигата доведе амбициозен канадски репрезентативец, кој веќе го најави својот талент на последното Светско првенство. Промис Дејвид покажа дел од својот потенцијал и очигледно го привлече ...

Раководството на Јувентус и ова лето бараше солуција за играчите кои се вратија од позајмица, а еден од нив е бразилскиот интернационалец Артур Мело. По неколку сезони поминати во други клубови, се чинеше дека и ова лето играчот за врска ќе мора да најде солуција за заем, но на крајот Јувентус успеал да се договори со неговите агенти за спогодбен раскин на договорот. На тој начин, италијанскиот клуб ќе се ослободи од финансиските обврски кон ...

Францускиот фудбалер Жаел Трепи два дена беше во индуцирана кома после немилиот инцидент кој се случи во неделата, но вчера во текот на ноќта бил екстубиран од лекарите и најдобра вест е тоа што младиот член на Калјари е во добра здравствена состојба. Лекарскиот тим од болницата во Сасари ја информираше јавноста дека 20-годишниот Трепи е надвор од животна опасност откако успешно бил ослободен од механичка вентилација, а исклучително позитивно ...

Родри остави зад себе неверојатни седум години во Манчестер Сити и освои се што може да се освои како претставник на „небесно-сините“, но откако стана светски шампион со Шпанија, почувствува потреба дека е време за промена. Искусниот играч за врска стана првиот играч во историјата на Манчестер Сити кој ја освоил „Златната топка“, имаше директно влијание за историските четири титули во низа во Премиер лигата, како и за толку посакуваниот ...

Раководството на Астон Вила продолжува да го надградува ростерот во пресрет на официјалниот почеток на новата сезона, а на ред сега дојде и позицијата десен бек. Клубот од Бирмингем постигнал договор со Вест Хем за во своите редови да го доведе Арон Ван-Бисака, кој на овој начин ќе продолжи да игра во Премиер лигата. Лондонскиот клуб барем една сезона ќе мора да се бори за враќање во елитата преку Чемпионшип, а фудбалерот од ДР Конго го ...

Кошаркарскиот клуб Соколи е еден од оние кои ќе конкурира за добивање на „вајлд-карта“ од страна на КФМ, но за да се подготви најдобро за можниот влез во Суперлигата, штипската гордост почна да влече амбициозни потези. Соколи потврди две засилувања во еден ден, од кое второто е далеку позвучно, бидејќи во ситуацијата станува збор за некогашниот македонски репрезентативец, Александар Костоски. Во текот на денот, прво беше претставен Јован ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Рутениум

61086.42