Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Кристијано Роналдо сам си даде предизвик да стигне до бројката од 1000 постигнати голови во својата кариера, а откако го имаше последниот настап на Светското првенство како капитен на Португалија, полека се подготвува и за последната сезона во своето богато фудбалско патување. Легнарниот голгетер во интервјуто за магазинот „Вог“ конечно даде поточна прогноза за тоа кога планира да се одјави од фудбалот, а тоа најверојатно ќе биде на крајот на ...
Хосам Хасан стана многу популарен на Светското првенство поради жестоката изјава која ја даде за ФИФА околу начинот на кој врши протекција врз Аргентина, а неполни 50 дена по елиминацијата која ја доживеа од „гаучосите“ на мундијалот, тој стана топ тема во жолтиот печат. Египетскиот селектор е познат во својата земја што истовремено има две сопруги, но токму двете негови сакани личности направиле вистински скандал за време на летниот одмор. ...
ПСЖ го стопираше трансферот на Зион Сузуки поради нереални менаџерски провизии кои ги барале агентите на голманот на Парма, па како што беше најавено од француските медиуми, таквиот потег на европскиот шампион дава еден сосема нов смер на цела ситуација. Наместо да заврши во Париз, Сузуки сега е на прагот да стане нов голман на премиерлигашот Астон Вила за идентична сума од 35 милиони евра, со тоа што клубот од Бирмингем прифатил да ги ...
Новак Ѓоковиќ во изминатите две-три години во повеќе наврати се најде во ситуации во кои многу брзо „издишува како балон“, а тоа посебно доаѓа до израз кога игра на турнирите во САД и во Австралија каде се игра во екстремни услови. Високите температури и високата влажност ги прават мечевите исклучително непријатни за големиот грен слем рекордер, кој вчеравечер загуби меч на кој изгледаше дека има добри предуслови да победи. Новак го доби ...
Американската пливачка Кејт Даглас имаше импресивен натпреварувачки ден на Панпацифичкото првенство кое се одржува во Ирвин, Калифорнија. Во финалето во дисциплината 50 метри слободно, Даглас го освои првото место со светски рекорд, односно време од 23,19 секунди. За да биде поимпресивно, Даглас најпрвин постави рекорд во квалификациите, препливувајќи ја делницата за 23,49 секунди, а неколку часа подоцна, го подобрила и тоа време во финалната ...
Екипата на Вест Хем не успеа да обезбеди опстанок во Премиер лигата и по долго време ќе настапува во Чемпионшип, а во овој преоден рок направи еден трансфер кој е достоен на сите елитни европски лиги. „Чеканите“ го потврдија трансферот на Арне Енгелс од редовите на Селтик, а за истиот ќе бидат исплатени 22 милиони фунти. Досегашниот рекорд го држеше Ипсвич со 17,5 милиони фунти, но Вест Хем отиде чекор подалеку за белгискиот интернационалец. ...
Рубен Аморим очигледно го загубил трпението со Рафаел Леао и Милан ја пренел пораката до агентите на фудбалерот дека дефинитивно треба да си најде нов клуб до крајот на преодниот рок. „Росонерите“ имаат поставено одредена сума како задолжителна за разделба со Португалецот, но досега се веруваше дека Аморим ќе биде расположен да соработува со него доколку не успее да реализира трансфер. Најновите информации од Италија велат дека Аморим му ...
Мортен Хјулманд летово го напушти Спортинг Лисабон и стави потпис на долгогодишен договор со Атлетико Мадрид и се очекува да биде големо засилување за средниот ред на Диего Симеоне. Данецот дојде на „Метрополитано“ за да ги зголеми амбициите на мадридскиот клуб, а во интервјуто за „Марка“ зборувал на интересни теми, вклучувајќи ја и таа поврзана со Арсенал. Хјулманд растел како фан на „топчиите“, па не го криеше и фактот дека има тетоважа со ...
Пропаднатиот трансфер на Зион Сузуки во ПСЖ предизвика домино ефект, во кој сега Астон Вила преговара со Парма за јапонскиот голман, а Вила веројатно ќе му дозволи на Емилијано Мартинез да се пресели во Јувентус. Угледниот англиски новинар Дејвид Орнстајн ексклузивно објави дека премиерлигашот денеска добил нова понуда за аргентинскиот голман и истата е вредна 10 милиони евра. Поточно, Јувентус понудил фиксни 7 мили0ни евра и 3 милиони евра ...
Најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски, денеска настапи на маратонската трка во рамките на Европското првенство и истата ја заврши на 46. место. Ивановски настапи во Бирмингем како наш единствен претставник, а маратонската делница ја поминал за 2:22:39, што секако е далеку од неговото најдобро време. На маратонот настапиле вкупно 60 натпреварувачи, а дел од нив не успеале да истрчаат 42 километри низ улиците на Бирмингем. Златниот ...
Кошаркарскиот клуб Партизан денеска потврди уште едно засилување за новата сезона, а истото доаѓа од НБА лигата. Се работи за Итан Томпсон, со кого „црно-белите“ ќе се засилат на бековските позиции, а овој кошаркар го доведоа од редовите на Индијана Пејсерс. Томпсон минатата сезона дебитираше во НБА и имаше просек од 7 поени, 2,2 скокови и 1,8 асистенции по натпревар, а одлични бројки постигнуваше во развојната лига. Репрезентативецот на ...
Рафаел Ходар направи голем пресврт во третиот сет на дуелот со Денис Шаповалов и обезбеди следна рунда на тенискиот Мастерс во Синсинати. Шпанскиот тенисер имаше негатива од 5:1 во третиот сет, но успеа да направи неверојатна серија, освојувајќи шест гејмови по ред, за конечни 7:5 и победа од 2:1 во сетови. Она што го привлече вниманието на фановите е фактот што Ходар два пати бараше пауза на мечот за да ги смени врвките, а вториот пат ...
Ислам Махачев ја доби борбата со Иан Гери на поени и постави УФЦ рекорд со 17 победи во серија, нешто што досега не му успеало на ниту еден друг борец во оваа ММА франшиза. Русинот имаше добри моменти во октагонот, но заработи и многу незгодни удари од Ирецот, кој се покажа како достоен предизвикувач, иако на крајот не успеа да ја прекине победничката серија на ривалот. Она што УФЦ фановите го направија вирално од борбата е „хедкик“ ударот на ...
Фановите на Њукасл се загрижени поради сериозните промени во клубот по крајот на претходната сезона, по кои екипата има нов менаџер, а во ростерот недостасуваат неколку големи ѕвезди кои не добија соодветни замени. Ова ќе биде голем предизвик за клубот кој изминатите години стигнуваше и до Лигата на шампионите, а целата ситуација како да влијаеше и на организацијата на вчерашниот пријателски натпревар со Баер Леверкузен. Њукасл беше приморан ...
Новак Ѓоковиќ мина фуриозно во првиот сет од дуелот со Тиаго Тиранте кој значеше прв меч за него по полуфиналето на Вимблдон, но долгата пауза која ја направи Србинот од третиот грен слем во годината, очигледно направи да остане без здив во вториот сет. Откако го доби првиот сет со 6:2, Новак имаше проблеми со дишењето и почна да се мачи поради големата влажност во Синсинати, па во еден момент се доведе во ситуација да повраќа и да паѓа на ...
Манчестер Сити одамна ги започна преговорите за Ајуб Буади и англискиот клуб се надева дека до крајот на преодниот рок ќе го обезбеди потписот на мароканскиот репрезентативец. Играчот за врска го потврди својот голем потенцијал и на светското првенство, а со своите 18 години ветува неверојатна кариера, која барем во моментов е поврзана со екипата на Лил. Тренерот Давиде Анчелоти вчера потврдил дека клубот преговара за евентуален трансфер на ...
Ал Хилал е задоволен од работата на тренерот Симоне Инѕаги и има голема доверба во италијанскиот стручњак, а тоа подразбира и поддршка за неговите одлуки, пред се они поврзани со скапите странски засилувања. Поранешниот тренер на Интер и летово го прецрта Жоао Кансело и Португалецот добил јасна порака дека повторно треба да си најде нов клуб, а според медиумите во Саудиска Арабија, сега на ред е уште поголема ѕвезда на екипата. Најавите се ...
Ислам Махачев ја доби главната борба на УФЦ 330 изданието и постави престижен рекорд, со кој барем одреден период ќе биде број еден во УФЦ историјата. Махачев доби солиден отпор од Иан Мачадо Гери во борбата во октагонот во Филаделфија, која на крајот беше решена на поени, а победникот имаше минимална предност кај сите судии и го задржа појасот во велтер категорија. За Махачев ова е седумнаесетта победа по ред во УФЦ, ефект кој досега беше ...
Барселона ќе ја стартува сезоната како актуелен шпански шампион и императив да ја одбрани титулата, а Ханси Флик го подготвува својот тим за сериозниот предизвик, кој треба да биде надополнет и со амбициите конечно да се дојде и до европскиот трофеј. Германскиот стручњак ќе работи со променет состав, за кого постои простор да биде и надополнет со квалитетни имиња до крајот на преодниот рок, но самиот решил да направи една дефанзивна измена ...
Манчестер Јунајтед ја заврши серијата контролни натпревари и на генералката пред стартот на сезоната, загуби од Милан со 4:2. Поранешниот менаџер Рубен Аморим успеа да ги одведе „росонерите“ до победа во Вроцлав, а актуелниот менаџер на премиерлигашот, Мајкл Карик, не криел дека е незадоволен од она што го видел. – Разочаран сум од она што го видов денеска. – Не игравме добро и има причини за тоа, треба да извлечеме поуки и да се подобриме во ...
Рубен Аморим за првпат го имаше Манчестер Јунајтед како ривал откако доби отказ од клубот пред осум месеци, а судбината посака португалскиот стручњак да биде тој кој го заврши мечот во Вроцлав со насмевка на лицето. Аморим ги подготви своите фудбалери од Милан и славеше со 4:2 на последната контролка пред новата натпреварувачка сезона, па како човек кој добро ги познава речиси сите играчи во Јунајтед, по последниот судиски свиреж имаше и ...
Екипата на Нешвил покажа зошто е актуелен лидер во МЛС и успеа со убедливи 4:1 да го совлада Интер Мајами на дербито, на кое актуелниот шампион со победа можеше да го преземе првото место. Ова не беше добра вечер ниту за Лионел Меси, кој не реализираше пенал при минимална негатива на својот тим, со што постави личен антирекорд. Меси првпат во кариерата не реализираше трет пенал по ред, серија која ја започна во дресот на Аргентина, ...
Борусија Дортмунд и Рома одиграа возбудлив контролен натпревар на „Сигнал Идуна парк“, а посебно френетични беа воведните 30 минути во кои видовме четири голови. Интересната пресметка беше отворена со ремек-дело и докторски потег на фудаблскиот мајстор Пауло Дибала, кој најпрво демонстрираше страшна контрола на топка, а потоа постигна и елегантен гол откако топката и малку среќно стигна до него. Магијата на Дибала го отвори мечот на најдобра ...
Екипата на Охрид ја одбрани титулата и го освои 54-то издание на традиционалниот меѓународен турнир кој се игра во Струга, и тоа во финале во кое на крајот одлучуваше еден напад. Вардар имаше негатива во поголем дел од натпреварот и се доби впечаток дека ќе остане без сили во завршницата, но тимот на Чупиќ не се предаде и дојде во ситуација да напаѓа за израмнување, откако претходно судиите вратија три секунди на семафорот. Охрид одржуваше ...
ПСЖ го отвори денот со потврда на трансфсерот на Феран Торес, а возбудливата сабота ја затвора со официјализирање на уште еден трансфер кој надминува 50 милиони евра. Европскиот шампион од денеска е посилен и за бисерот на Ајакс Мика Годтс, кој вечерва стави параф на договор до 2031-ва година, исто како што направи и Торес. Годтс зад себе остави сензационална сезона во холандската Прва лига и го заврши шампионатот со 17 голови и 12 ...
Новата сезона во шпанската Ла Лига стартуваше вечерва со натпреварот меѓу Алавес и Хетафе, а во дуел во кој се водеше жестока битка на секој дел од теренот во првиот дел, клучен момент беше оној во 42-та минута. Кико Феменија поради опасен старт доби директен црвен картон и ги остави гостите од Мадрид на цедило, па во таква ситуација, Алавес знаеше како да профитира во целост. Домаќините нападнаа во второто полувреме со сите сили и успеаја да ...
Феран Торес ги налути фановите на Барселона со првата изјава која ја даде како играч на ПСЖ, бидејќи шпанскиот напаѓач заклучи дека бил посебно поласкан да направи трансфер во клуб кој веќе е докажан во Европа и кој е научен да победува во Лигата на шампиони. Напаѓачот кој донесе втора светска титула за Барса заклучи дека ПСЖ е адекватен клуб за да се освои најпрестижната европска титула во ситуација кога не можеше да го направи тоа со ...
Џамал Мусиала постигна гол против Ред Бул Лајпциг на „Телеком Купот“ кој се одигра на „Алијанц арена“, но набрзо после тоа ги исплаши сите присутни на трибините откако без никаков контакт падна на теренот. Младиот фудбалер на Баерн за момент ја загуби свеста и падна на теренот, а откако дотрчаа неколку соиграчи до него, реагираа и лекарските служби. Баерн го освои „Телеком Купот“, Мусиала доби топлотен удар и се струполи на земја (Видео) Од ...
Пред големото финале кое следи на 54-то издание на традиционалниот меѓународен турнир „Струга 2026“, Прилеп и домаќинот на турнирот го одиграа натпреварот за третото место, а на крајот поуспешни испаднаа гостите со резултат 28:30. Прилеп успеа да го освои третото место и да го освои бронзениот медал на силниот подготвителен турнир, играјќи против ракометарите на Струга, но и домашната публика. Гостите успеаја да се справат во одличната ...
Фудбалерите на Силекс стигнаа до втора победа во третото натпреварувачко коло во Првата македонска лига, откако во првиот меч со кој беше отворена саботната програма славеше на домашен терен против Скопје. Гостите од главниот град одолеаја во првото полувреме кое заврши со резултат 0:0, но во вториот дел, Силекс додаде на педалот за гас и постигна три гола за рутинска победа. Хасукиќ го отвори резултатот на стартот на вториот дел и тоа им ...